1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можеме ли да бидеме совршени родители во денешново време?

Дискусија во 'Дете' започната од baba Rada, 12 април 2019.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    За да се каже толку со сигурност дека некој е совршен родител, мислам дека треба да поминат лудите години на детето, да дојдат зрелите години каде што ќе се види неговата емоционална, психичка, физичка, целокупната здравствена состојба....е тек тогаш можеме да анализираме што сме створиле, што сме направиле, колку сме успеале да извадиме максимум од тоа дете за да го усмериме на прав пат..да биде послушно, културно, вредно и најбитно да има самодоверба.

    Денешниве родители повеќе вложуваат пари наместо време за своите деца....па доволни се податоците колку само имаме незадоволни, агресивни, депресивни, некултурни деца.
     
    На tamche995 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    Доколку се запоставува се друго после добивањето дете, тоа мене ми делува како да некој не е спремен да биде родител.

    Родителството е огромна обврска, за цел живот, потребно е привикнување на новонастанатата промена, секако и првите години од животот на детето бараат повеќе внимание.

    Можеби и делува старски, како што кажуваш, но додека т.н. модерна мајка се тупи со прирачници, а детето гледа како истата запоставува " чисточа ", хигиена и оброци ( бидејќи тоа не е за лична потреба, туку нели е за пред комшиите ), ќе го следи истиот пример.

    Џабе потоа со зборови ќе објаснуваме дека креветот после спиење треба да се среди, дека треба да се внимава на хигиена, дека би било убаво детето да знае да си спреми нешто за јадење додека е само дома итн. итн. кога примерот кој како родител му го прикажуваме, се коси со тоа, па како да нафрлуваме празни зборови по упатството на прирачникот.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Баба ми ми кажуваше дека кога и' биле малецки децата (бебе едното), ги носеле со нив на нива за да жнијат.
    Се жнее во август, август е најтопол месец, па за да не им жежи, ги оставале под некое дрво кое било на крајот од нивата.. Замислете ова во Пелагонија житниците колкави се, и колку дрва има.
    Значи, децава на еден крај под дрво, возрасните на друг крај работат.
    Одела на 2-3 саати да ги провери и да го надои бебето.
    Едниот пат кога отишла, го начекала бебево истркалано настрана, на сонце. Појма немала колку време било таму.. Може цели 3 саати.. А ко шо немале часовници, може и 5.

    Е арно ама, тогаш сите така знаеле, и така праеле. Не дека таа била 'полош' родител од другите, туку така било за сите.

    Е денес е вака, и вака знаеме и вака прајме...
    Секое време си има предности и маани..

    Ќе видиме какви деца 'сме произвеле' кога ќе пораснат.
     
    На JoyJoy, kalinaka, marchi-cool и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Па сега ако си претставуваш како родителите цел ден со книгите во раце се за да научат како подобри родители да бидат додека одоколу свињнарик е...така ќе е. Ама тие прирачници или книги не се за на факултет и се читаат во слободно време.
     
    На zuto, sofi2107 и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  5. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од совршенство се додека не си лош родител.
    За мене лош родител е тој што ги размазува децата ( купи и дај се што ќе посакаат, па да не знаат кога е доста ), родител што тепа и што се изживува и тој што своите комплекси ги лечи преку детето ( да биде најдобар, најпаметен, науспешен..).
    На децата треба да им се овозможи топол дом, љубов, храна, култура и пример на однесување. Да им се дозволи да искусат се што е потребно за сами да научат каков е животот.
    Мене никогаш не ми рекле Не смееш да излезеш денес, или па Врати се во толку и толку ни минута покасно. Немало потреба од вакви мерки затоа што ме научиле сама на се што треба. Да, ретко ме одбиле кога ќе кажам дека сакам нешто ново, затоа што јас ретко и имам такви побарувачки.
    Секој родител што ќе го научи детето на скромност, на култура, на ценење и почит е добар родител ( тера накај совршенство). Се друго..
     
    На Feminka22 и baba Rada им се допаѓа ова.
  6. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    35.985
    Мајка ми верувај, ама уопште НИКОГАШ не запоставуваше "чисточа" и готвење.
    Сакаш да знаеш како изгледа тоа кај вработена жена?
    Сабота , недела беа денови за бесомучно чистење, наместо да шетаме и со неа, ние излегувавме само со татко ми во парк за да не "пречиме " додека чисти.
    Кога бевме тинејџери, тоа значеше правосмукалка во 7 и пол или 8 наутро, тропање во недела.
    Ако нешто направиш- не чини, таа ке го преправи. Ако не направиш- се кука не помагаш.
    Можам да ти кажувам уште, ајде таа можда екстремна беше,можда нешто друго компензираше со чистење, можда и беше бегство од нешто чистењето, пошто не канеше гости баш, а ако дојдеа пријатели, се убиваше од спремање и служење и немаше време да се дружи. И се нервираше. Жените за чистење НЕ ЗНАЕЛЕ да чистат и слични небулози.
    Ова сето, иако велам можда екстремно кај неа, кај мене создаде аверзија одвратна . Кога бев мала си викав- кога ќе заработувам обавезно за жена за чистење ке давам пари. Кога иде ше мајка ми во ск на гости, со маж генералки праевме, оти кога ке дојде ако види мал детал кој не чини, или збори или сама зема да чисти па пак не уживаме заедно.
    Ми требаше време траумите во врска со неуморно чистење да ги канализирам, за да не бидам сушта спротивност и кај мене по пола се чисти со сопруг, се вика жена итн итн.
    Ама шеткање со маж и дете и разговор сп дете во 100 од 100 случаи имаат предност пред чистење.
    Фала богу, овде и прозори чистат од зграда однадвор редовно, минимализам мебел и ткаенини за да нема тони прашина, вц и купатило имаат примат, имаме мачка и ИДЕАЛНО не може да биде. Оброци готвење е ок, не е страшно ако се купи готово некогаш.
    Јас моментално дете запоставувам заради учење и и ветив дека брзо ке биде готово. За чистење да ја запоставам- никад!!!
     
    На kozuf, Цвет88, Sexybaby86 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    Нема потреба се да биде идеално и совршено, треба да се најде баланс меѓу секојдневните обврски и родителството и во тоа е тежината.
    Доколку било што на долг рок се запоставува, нешто не бива :) или како што претходно напоменав, не сме спремни да се носиме со тие обврски.
     
    На candy.cane, baba Rada и WildMk им се допаѓа ова.
  8. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    19.574
    Пол:
    Женски

    Ние само читаме. Децава сами се гледаат. Ручекот сам се прави. Куќата сама се чисти. (facepalm)
    Муабетот е, ниту комшиите, ниту свекрвата, ниту кој што рече, ниту прашината се поважни од децата.

    Децава ги гледаме според прирачник. Оти сите деца исти се и за сите важи исто правило.

    Не знам што не е јасно кога велиме дека наместо да тепаме за да решиме некоја ситуација со детето, која се чини ненадминлива, ние пре би употребиле соодветни начини и би се консултирале со стручни лица. Ние сме 24/7 родители. А не над книги. Ама да чистам 24/7 како некој некогаш и да не се посветувам на децата? Ако вие така сакате, слободно. Запоставувајте си ги децата.

    Замислете имаме и наместени кревети, та дури и си ги учиме децата да ги местат своите.

    Ама ако не избришам прашина денес, тоа ќе биде утре. Сигурно не живееме во штала, ниту пак така деца растеме.

    За чистење, дете не запоставувам, макар последно ми било.
     
    На Abc07, Sexybaby86, zuto и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    35.985
    Сериозни обврски - френдица моја спрема и докторат и јазик учи и плус и нешто друго спремаше и работи , и деца гледа ,и сама се негува, и на маж обрнува внимание , и на работа е успешна, тоа 1 во 100 или 1000 жени го може, жена-змеј. Не сме сите такви. Јас не сум, еве прва велам.. Тоа значи неспиење, нерелаксирање секојдневно . И нема време за базен кој ја релаксира а некогаш и има кога ке си направи. Нема време за форуми, тоа дефинитивно:D И нема хипо- тироидит. ( ко некои:$) . И е стваааарно звер и ја обожавам ама јас така за месец дена тежок burnout би имала. Е таква особа, може се совршено. Ретки се.:l:
     
    На kozuf, DraganFem, marchi-cool и 2 други им се допаѓа ова.
  10. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Ова некако како Жена-Мајка-Кралица :D
     
    На WildMk и Dentina им се допаѓа ова.
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    35.985
    Ќути, ама стварно таква е:nod: , со опасна челична дисциплина. Фала богу има време за мене кога одам мк:D:D И тие шо ја неќат, и признаваат.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    За мене, секој родител што наоѓа баланс меѓу децата и сам себе е ЦАР/ИЦА.
     
    На Dentina, vaga95 и baba Rada им се допаѓа ова.
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Во ниедно време не може/ло да бидеш совршен.
    Што е совршен родител?

    Секој што се труди, воспитува и посветува доволно време за детето е совршен родител.
     
    На Sexybaby86 и baba Rada им се допаѓа ова.
  14. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    597
    Допаѓања:
    2.027
    Пол:
    Женски
    А какви се тие модерни мајки, кој тоа чита од прирачници? Еве ниту една мајка околу мене не ги воспитува децата по книга.
    Еве јас не го тепам моето дете, зошто јас така сум решила и затоа што сум свесна дека со ќотек не се постигнува ништо,а не дека негде така пишува. Гледам максимално да го поминувам времето со него и не сум роб на куќата, зошто јас така чуствувам и така ми е убаво.
    Кога ке го прочитам тоа модерни мајки и деца чувани по книга кожата ми се ежи.
     
    На candy.cane и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  15. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.228
    Допаѓања:
    30.383
    Пол:
    Женски
    Секој родител во очите на своето дете е совршен.
    Целиот негов свет додека се држат за нашите раце, сме ние, неговите родители.
    Не знам дали постои и некаде има дефиниција за совршен родител.
    Родителството не е дефиниција или книга па да се научи на памет.
    Родителството не’ води по пат на кој ние секој миг учиме по нешто.
    И се разбира, не може да е совршено, ако нема падови и препреки со кои ние ќе успееме да се справиме.

    И не, никогаш не сум ни помислила на такво совршенство.
    Доволно ми е само задоволството на моето дете, светлината во неговите очи кога сме јас и татко му до него, зборовите кои ни ги кажува и се разбира, љубовта која наизменично си ја пружаме.
     
    На Lolipop23, darcy и baba Rada им се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Далеку сум од родителство, но нешто што го имам забележано кај себе и кај другите деца, млади и тн. е дека децата најчесто го прават она што ќе го видат и доживеат дека и родителите го прават.(и оние кои се најчесто со нив како на пр. брат, сестра, баба, дедо...). Но тоа најчесто не се одвива на свесно ниво. На пр. ако родителите претежно не се искрени во комуникацијата меѓу себе и/или со другите луѓе (така речи: лажат) тогаш лесно може да се случи детето да стане лажливо. Со погрешни мерки како ќотек, казни и закани или споредување со други деца (другите деца имаат други родители, други гени и други животни околности) таа неубава особина понекогаш може да се потисне привремено, но тоа ќе се одрази веднаш или подоцна во друга полоша форма.

    Не можете да станете совршени родители, но бидете свесни дека сте секогаш своевидни совршени примери за своите деца како нешто треба, може или не треба да се каже, пристапи, направи.

    Додека е детето мало и не прави разлика помеѓу добро и зло, одговорноста е кај родителите. Тие не можат да бидат совршени но можат да одберат дали ќе се информираат и дали ќе ги шират своите погледи кон светот или ќе одберат да останат во тнр. „комфорна зона„ со изговори од типот, „Па така правеле и моите, па што... „ и сл.

    Откако детето ќе стане возрасен човек (особено некаде околу дваесетатта) таа/тој има слободен избор дали сака да продолжи да се однесува според добрите и лошите шеми научени од родителите (и средината) или сака кај себе да ги промени.

    Ако е целта подобрување на личниот живот и раскрстување со старите штетни навики, стравови и трауми кои го попречуваат патот кон среќа и мир, работењето врз себе преку индивидуална или групна психотерапија може неизмерно многу да помогне. Таа помага и подобро да ги разберете своите деца и родители а со тоа да бидете поблиску до совршениот родител ;)
     
    На WildMk и baba Rada им се допаѓа ова.
  17. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Што е тоа совршен родител?? Совршен во чии очи? Ако ги прашувате децата секако дека ќе бидете совршени ако се му одите по газот. Со првото не, вие веќе не сте совршен родител.
    Ако е за вас, чисто е, најадени се, перени, пеглани, заспани на време, имаат се што им треба- вие сте совршен родител.
    Се трудам да бидам добар родител. Да ја воспитам правилно. Да има свое јас... да се грижи за себе, за околината...
    И секогаш таа е на прво место.. но, не за нејзините хирови, туку за она што навистина треба да е на прво место.
    Подобро ќе седнам и ќе и прочитам книга, ако таа тоа бара во моментот, него ли да и пуштам тв и да зјапа 2 саати за да исчистам.
    И ете го резултатот. Моето дете не знае на 19 м да штрака на телефон, не гледа тв(гледа кратко, никогаш не се задлабочува и да не игнорира, и тоа исклучиво песни).
    Ама затоа, знае уште сега дека кревет се мести после спиење, патики се соблакаат во ходник. Се јаде на маса итн.. играчки се раскреваат после игра.
    Кај нас никогаш немало расфрлени играчки.
    А јас се уште мислам дека малце работам со неа.. ете баш зошто треба да се зготви, зачисти...
    Не памтам кога последен пат сум испила кафе раат, дури ни сега кога сум сама а таа е во градинка.
    Па ако еден ден не чистење ме прави не родител, треба да се убијам.
    Оние што имаат малце по темпераментни деца знаат дека и секој ден да чистиш, нема да ти се гледа трудот. Едино ќе си мирна што детето не ти дише прашини.
    И да, моето дете е стално прљаво, секоја блуза со флека(добро де, не секоја, само оние за по дома, другите не дозволувам), ама моето дете јаде исклучиво сама, буквално се... сама сака да си стави и крема на лице, сама сака да се облака, се сама... па ако и тоа ме прави лош родител(блузата со манџа на неа), значи треба да ми го одземат детето.
    Ама сите ја гледаат блузата, а не кофата со покиснати алишта во купатило, купот за пеглање што не чека.. а се тоа не чини време...
    Да се биде родител не е така едноставно. Совршен, тоа па никако.
     
    На minne992, TeddyGrey, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.