1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Може да те чeстам пијачка?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 23 јули 2012.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Излезени сте во кафич, дискотека... И од нигде - никаде ви приоѓа некој дечко : - „Што ќе се напиеш од мене? “.
    Некогаш пак, дарежливиот, не доаѓа лично, туку ќе го прати келнерот да ве праша, што ќе се напиете од дечкото на шанкот.
    А понекогаш пак, не ве ни прашуваат, доаѓа келнерот и ти сипува уште една вотка во чашата притоа кажувајќи ви дека некој сакал да ве почести.
    Се случува пак, кога ќе сакате да си ја платите сметката, да дознаете дека веќе е платена.

    Сигурно ви се има случено барем еднаш. Прифаќате ли пијачки од непознати? Што во последните две ситуации, како реагирате?

    Мене многупати ми се има случено. Обично не ги прифаќам ваквите гестови, но се случувало некогаш со другарките и да прифатиме, кога веќе „испраќачот“ сака да почести, да не му го расипуваме ќефот :lol: Еднаш, се сеќавам, бев излезена со другарките, женско друштво, разиграни и развеселени, цела вечер келнерот ни носеше пијачки од некој обожавател :)
    Многупати сум размислувала на оваа тема, што е она во машките што ги тера да се расфрлуваат со парите. Некои секако тоа го прават со намера, ама има и такви што чисто онака ќе почасти друштво девојки без задна намера, без притоа да замара некоја од нив.
    Не можам да сфатам како некој е толку расположен да си ги потроши парите на некои кои едвај ги познава?
     
    На Lolipop23 и Alesii им се допаѓа ова.
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Може да те частам пијачка?

    Да ми се има случено во кафана, едни дечки цело вино ми пратија на маса :rofl: Секако не го ни испив, зашто не пијам, а и еден дечко таму работеше,ми праќаше пилешки прсти на маса, е нив си ги изедов :D и во Штип имаше еден кафич, често одев таму, тој келнерот многу ме свиѓаше, па никогаш не ми наплатуваше :lol: Ете толку примери имам :)
    Едит- Сум имала и уште неколку случки со вотки мотки виски, ама се тоа на другарка ми сум и го давала, таа е по пиењето :)
    не знам искрено зашто, ама после таа случката во Колосеум, не би се осудила да земам пијачка од непознат!
    Можеби си имаат одвишок пари па сакаат да си ги фрлаат кој ги знае :)
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Може да те частам пијачка?

    Мислам дека скоро и да нема девојка на кое ова и се нема случено. Мене ова праќање пијачка ми е некако глупаво, несфатливо, копирано од филмови... Ако дечкото кој испраќа пијачка сака да стапи во контакт со девојката или да се запознае може фино да пристапи.
    Е сега дали ова праќање пијачка е со цел да биде забележан, да испрати сигнал дека му се допаѓа девојката или да покаже дека добро стои финансиски и може да си дозволи да се расфрла сo пари - знак прашалник.
    Досега не сум прифатила вакво нешто. Т.е не кога било наменето само за мене.
    Баш би сакала да слушнам машко мислење за тоа што се крие зад оваа испратена пијачка...
     
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Може да те частам пијачка?

    Не мора некоја-некого да познаваш па за да ти се допаѓа. Но друга приказна е дали таквиот начин е воопшто (не-)соодветен. Можно е дека типот има потреба да се пофали себе си пред сопствените очи или пред очите на другите(пријатели, келнери-познаници и сл.), дека ете му се може бидејќи е полн пари или победил омилениот фудаблски тим :lol: или се поистоветува себе си со некој филмски лик кој згодната женска ја легнал демек на таа финта.

    Частењето пијачка мене ми има смисла само по претходен нормален муабет, и тоа ако се гледа дека нема отпор, а не одма од прва: „женски, ја сум мистер Непознат, ај ве частам!„.
     
  5. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Може да те частам пијачка?

    Зависи како сум расположена... инаку ок ми е, многу пати ајде ќе прифатам си велам абе и за ове треба храброст :lol: ама типот што ми ја праќа пијачката не доаѓа да се претстави.. не ја сфаќам поентата.
    Еднаш бевме 3 другарки на маса и овој сакал да ме почасти па покрај мене и другарките, а ние пиевме некои коктели бакрачи, и гледаме туп уште една тура ни стига и келнерот вика, од дечково во белата блуза. Чекаме да се заврти, да му наздравиме во најмала рака тој ништо, не се ни сврте кон нас :rofl:
    Си ги испивме коктелите и никому нисто.
     
  6. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Може да те частам пијачка?

    Не прифаќам од непознати, а се случило да понудат или испратат и културно да бидат одбиени.
    Ако си маж бре дојде претстави се, запознај се па после нуди пијачка. Прашање е пак дали ќе ја прифатам. :lol:
    Се сетив на интересна случка од лани летото. Со другарка отидовме во некоја од летниве дискотеки во парк и си застанавме на шанк, си пиеме и си муабетиме. Милина. У меџувремену, некој дечко застанал тука до нас и шанкерот прашува што пиеме, демек од дечкото. Не ни погледнавме кој е само кажавме не треба, фала. По извесно време од другата страна на шанкот двајца момци, очигледно тргнати во лов, го понудија истото. Пак ист одговор.
    Доаѓа шанкерот после со шејкер в раце и ни вика као Супер сте девојки, колку ладно и културно ги одјебавте, реткост да видиш вакво нешто во последно време. Ни кажа дека му е роденден и ќеиф му било да не почести, без да го сфатиме погрешно, ни ги остави чашките и шејкерот и само ни рече Уживајте. Му честитавме роденден, наздравивме, типот си продолжи да работи, уопште не не замараше, ние си се запивме и така дрвосани си се вративме дома. :D
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Може да те частам пијачка?

    Прифаќам само ако дечкото ми е симпатичен :D Нема поента да прифатам од некој што не ми фаќа око, кога логичен редослед на настаните е после пијачката да се запознаете и помуабетите.

    Ама прифаќам само ако не ме праша директно дали може да ме части, некако безвезе е, поубаво да прати преку келнерот и да ми наздрави, отколку така да ме праша, и да сакам ќе му речам не.

    Еве, баш вечерва одбивме частење од газда на еден кафич, сепак човекот беше од 60тите :D
     
    На Trendafilka и pamelche им се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Може да те частам пијачка?

    Мене не ми е несфатливо зошто културните мажи имаат обичај и ќејф да частат пијачки, еве јас да сум маж и да имам доволно пари, би ми било мило да почастам непозната девојка или група другарки, само затоа што ми се симпатични или придонесуваат за фина атмосфера, убави ми се за око, едноставно го осветлуваат просторот бре. :D
    Зошто да не пратам пијачки за уште подобро расположение, би се чувствувала многу фино сама со себе. :)

    Е сега, со причина го потцртав културните мажи... кај нас менталитетот стана глуп и шабански, праќањето пијачка и прифаќање на истата од страна на девојка по автоматизам стана - аааа, ќе се плеснеме вечерва, ја ти пуштив пијачка, ти ја прифати.
    Па уште и се лутат ако не им обрнеш внимание или недај боже ги одбиеш за дружба, добро роб ли станува девојката или должна ти е нешто ако ти си решил да и пратиш едно мартини или вино???

    Ете токму од овие сељачки причини не прифаќам пијачка од никого.
    Еднаш прифатив и зажалив, типот навали, и викам - ајде да бидеме фифти фифти, што пиеш, му нарачав му ја платив и ајт со здравје, усул да се немало. Малограѓанштина.

    Не знам од кога честење пијачка стана синоним за - ќе легнам ја нешто оваа вечер. |(

    А јас еднаш му пратив пијачка на еден многу симпатичен дечко. :$
    :D
    Ама самошто ја добив првата плата, многу бев расположена, он прво се збуни, а после дојде да се заблагодари и да промуабетиме како за се' има првпат. :D

    Ништо страшно, фина работа за оној кој го сфаќа концептот.
     
    На PaLaVa, Foreveryoungiwannabe, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  9. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Може да те частам пијачка?

    Со ова се согласувам со Трендафилка. Летово мене ми се случи во една вечер во еден кафич три пати да ни пратат шотови и тоа од келнери, од кои само еден не служеше. Никој од нив после не беше напорен или се пушташе.
    Ама имаше и едни дечки што ни пратија цел шејкер, и они мислеа дека со тоа не имаат за вечерта. Молим лепо! Понапорни суштества не сум видела, не прифаќаат не за одговор и крај.
    Нема ништо против да частам, ниту да ме частат. Ама кај нас частењето очигледно значи дека ако прифатиш пијачка, готово цела вечер си резервирана за дечкото.
     
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Може да те частам пијачка?

    Јас никогаш не прифакам од непознат незнам ептен ми е глупа таа работа, едино може да прифатам кога ќе ми пратат по ќелнеро истата пијачка што веќе ја пијам без да праша. И друга работа ептен ми е сељачки кога ќе дојде некаој и здраво јас сум тој и тој што ќе се напиеш од мене |(
    Имав една таква случка еден дечко нон - стоп ми досдуваше за пијачки и секогаш одбивав, негов проблем што неможеше да сфати дека не сум заинтересирана за него и еднаш ми прекурчи бевме излени цело друштво и бевме многу и типот како и по обичај доаѓа и “ здраво како си што ќе се напиеш од мене“ - паааа кога пијам јас со мене пијат и сите другарки, а тие така окезени застанти :* типот се заврти и на моја среќа никогаш не се врати.
     
  11. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    177
    Може да те частам пијачка?

    Не сакам такви начини на запознавање
     
  12. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Може да те частам пијачка?

    [​IMG] МОЖЕ ВОТКА-НЕЕеее
    [​IMG]ТОГАШ КОКА КОЛА-НЕЕеее
    [​IMG]ТОГАШ КАФЕНЦЕ-НЕЕееее
    СЕКАКО ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА МЕ ЧЕСТИШ ПИЈАЧКА-ЕПТЕН ПРОВИДНО
     
    На Prijatelot му/ѝ се допаѓа ова.
  13. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Може да те частам пијачка?

    Ми се има случено многу пати , но сум велела благодарам не сакам , а дечково ако ептен ме напне ќе му кажам дека сум способна да одам до шанк да си земам пијалак 8)
     
  14. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Може да те частам пијачка?

    Се ваквите ситуации ме тераат да се ставам во машка кожа на момент.Кутрите тие колку ли храброст им треба да направат вакво нешо.Ќе го одбијам секој но секако културно.Никако нема да превртам со очите или да ја истурам пијачката скраја да е.Да му се развикам или да го понижам.Сепак не е човечки.Ако ме праша што ќе се напијам кулутрно ќе одбијам,а ако келнерот веќе носи пијачка и ми пренесува поздрав, ја прифаќам и му испраќам иста таква на дотичниот срамежлив обожавател.Мислам така е најфер.
    Инаку вака групно друштвото прифаќаме пијачки, од оние на сметка на куќата.Срамно е да кажам ама каде и да се појавиме привлекуваме внимание на кое рамнодушен не е никој.Со самото присутво на вакви откачени е благословен локалот,па решиле да ни се заблагодарат.Нема ништо лошо во тоа.

    Башка муабет : Бевме излезени со дечко ми и тој забележа една девојка која му била редовна муштеривка.Испадна дека е менаџерка на локалот кој го посетивме.Седеше една маса подалеку од нас.Реши да направи убав гест и да ја части пијачка.Го испрати келнерот да ја праша што ќе пие, не само неа туку и нејзините тотално непознати другарки |(За да не испадни педерската.Фатален беше моментот кога ладнокрвно си порачаа сите три без да погледнат од кој го плаќа пијалокот.Не се ни заблагодарија а нарачаа најскапи коктели од менито.Срамота,резил.
     
  15. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Може да те частам пијачка?

    Може да те частам пијачка? Не !
    Мене ова ми е несватливо доаѓа некој до тебе и те прашува.

    Е сега доколку келнерот или келнерката ми донесе а ми се сличило знам да ја испијам и да се заблагодарам а понекогаш ако не сум расположена и да не ја погледнам пијачката.

    Еднаш ми доаѓа еден и ми вика "Може да те частам пијачка"? А на сепаре бев со другари и другарки и му реков ако донесеш за сите ќе пијам и јас (ама тогаш бев под дејство на коњак :D ) и после тоа доаѓа келнерот и носи за сите :D
     
  16. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Речете дека сум чудна ама јас сум против.
    Едно е да собере храброст и со пијачка во рака да дојде и да ми ја даде, живели, некој ред муабет, ајде де, ми изгледа храбро и слатко.
    Ама преку келнер да прати ми е многу ХАј, демек тежок фраер? Ноу, ноу.
    Врв е кога ќе добиеш пијачка, па се вртиш да видиш од кој е , а он живели ти прави од 100 метра.

    Само еднаш сум прифатила, бевме со другарки, и всушност побаравме сметка келнерот ни рече дека ни е платено од оние дечки. Веќе бевме во одење и така спонтано набрзина искочи да си одиме, неможеше да се тегачиме 10 мин, а и другаркиве прифатија многу полесно отколку јас, и брзо заврши се, така остана.
    Се каев и нервирав наредните 5 дена можда, главите им ги пукнав.
    Затоа викам тоа било само еднаш.

    По нашиве диска или кафичи, едноставно ќе си кажам не,благодарам, и тоа е се.
    На одмори не имаат частено цели флаши со додатни сокови и енергетски пијалоци, камикази, шатови за цело друштво, ама јас како црна овца ниту лизнувам од тоа, ниту погледнувам од кој е, ниту сум опуштена.


    Кажете што сакате ама таква сум.
     
  17. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Незнам зошто јас се мислам многу спонозрушки кога ќе прифатам пијачка ко од пушка.
    Најчесто прво не, не, па се натегаме ајде ќе пиеш, не пијам.
    Сум се натегала со еден дечко, мене не ми се пиеше таа вечер алкохол, тој онака фино,ама напна да ме части. После некое време се изгуби и ми се враќа со пиво, кога веќе неможел да ме убеди.
    Или седиме на шанк со другарка и сами си доаѓаат пијачките. Не ми е згодно да не ја испијам или да не се напијам барем малку или да не наздравам. Сепак тоa е знак на внимание, среќа не сум наишла на некои тешки сељаци.
     
  18. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Еднаш бевме женско друштво собрани и рековме да платиме и келнерот ни вика веќе е платено! 8)
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.235
    Доаѓа келнерка и вика “што ќе пиеш од дечкото“, а јас во гужва не ја слушам и мислам дека бара да подадам некоја пијачка од мене натаму. Пак ми повторува, викам “не“ и дечкото посрамен. Гледа цело време како ќе реагирам. И во друг град не частеше човекот, и дури утре го сретнавме во градчето и по муабетите сфативме дека тој не частел. Постар беше од нас некои 15-16 год. Се смеевме после.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.574
    Пол:
    Женски
    Мене ми се случило да ми ја платат пијачката ама познат ми ја платил а и еднаш ми донесоа две пива но исто така од познат беа. Од непознат не би прифатила, најкултурно ќе одбијам заблагодарувајќи се и велејќи дека тој мене не ми е должен да ми плаќа и носи пијачки. А и од каде да знам дека во пијачката нема нешто ставено. И симпатичен да е пак ми е некако глупо, сепак е непознат.