Дали мажите во Македонија денеска можат самите да го издржуваат семејството финансиски или тоа е нешто што ретко кој може да го доживее? колку мажите се способни да се грижат за семејството финансиски? Очекувам и мажите и жените да се изјаснат на темава рационално. Тука имате многу прашања на кои можете да си го искажете ставот. Како на пример: 1. Дали ако како маж имате доволно средства да го издржувате целото семејство, би и сугерирале на сопругата да батали работа и да се грижи за децата и домот. Од друга страна ако сте жена дали би го прифатиле тоа? 2. Дали и покрај тоа што како маж заработувате доволно пари, повеќе би сакале сопругата да има своја кариера и да заработува? 3. И секако трето прашање (ова само до жените). Спаѓате ли во процентот погоре, дали и вие порадо би се грижеле за децата и домот наместо да градите кариера? 4. Прашање до мажите. Мислите ли дека би можеле да стигнете до степен да го издржувате самите семејството?
Во Македонија тешко да се издржува семејство со една плата, освен ако сопругот не зима плата од 1.000 евра па нагоре. Не. Не сакам сопруга која седи дома и ќе чува деца. Сакам сопруга која ќе напредува и ќе се надоградува себе си во кариерата, ќе работи и ќе заработува. Одговорив во претходното. Да, сакам. И да имам доволно пари за да издржувам семејство сепак добродојдени се пари и од двајцата партнери.
Просечен маж во Македонија, со просечна плата, не би можел. Едноставно нема да може да ги задоволи најнеоходните трошоци, а да не зборувам за друго. Доколку зема над 1000 евра плата, можеби. Јас како жена не го прифаќам тоа. Прво, затоашто ми е понижувачки ако сум здрава права, од некој финансиски да бидам зависна. Целосно да го посветам животот на децата и семејството, не можам. Не се само парите во прашање, може да заработува и 4000 евра месечно, ама ако мене ми причинува задоволство некоја работа, и за незначителна сума ќе работам. Второ, затоашто сакам да се надоградам себе си, да ги проширам гледиштата. Потоа, затошато ќе придонесам за општеството, а ќе можам и да им помогнам на многу луѓе. Потоа колеги, пријатели, контакти, дружба. Можност и за професионален и за личен напредок. Верувам дека мојот иден сопруг не би сакал жена покрај него која ќе биде домаќинка и ќе чува деца. Не сакам ни да замислам како би изгледало тоа. За мене е премногу понижувачки, една емаципирана жена не би требало да сака да биде финансиски зависна од сопругот. Освен ако се работи за јавна функција на сопругот, па во тој случај не може другиот да работи. На пример: Претседател, првата дама не може да работи, туку се занимава со друго. Во тој случај, не се противам. Некогаш тоа било одлика на семејството, денес семејството негува други вредности.
Со платите во Македонија тешко дека е возможно такво нешто, освен ако зема плата над 1000евра. Иначе јас лично не би сакала да зависам од никој, сакам сама да си работам и да заработувам, без разлика и колкава да е платата на мојот партнер, не би сакала да бидам само жена, домаќинка и мајка.
Човек со македонска плата не може да си дозволи воздух, а не па да издржува семејство. Како сите преживуваме е вистински екстремен спорт
Процентот на луѓе каде едниот работи, а другиот одржува дом, мислам дека е мал. Затоа ќе зборам хипотетички, зошто јас не сум во тој процент. Јас радо би работела. Имам и онака сиромашен социјален живот, ако не работам и само гледам деца, ќе имам уште посиромашен, ќе бидам осамена, и кога ќе имам деца ќе ми бидат цел живот и кога ќе го напуштат домот јас ќе останам сама и депресивна. Од овој аспект, убедливо би работела, можеби не би бркала кариера, ама би работела, макар и на пола работно време ако не морам да работам, макар и би волонтирала негде. Само дома да седиш, да чистиш и деца да гледаш не би ми било здраво за психава.
Во Македонија не можеш да издржуваш семејство со само една плата освен ако е голема. Ама се знае каков е животот овде и ретко кој тоа може да си го дозволи. Од друга страна, јас како жена не би седела дома додека само мажот работи. Сакам и јас да придонесувам за семејството, не сакам да сум финансиски зависна од него и за се' што ќе посакам да си купам да го прашувам него за пари. Барем сега во денешно време жените можат да бркаат кариера и да се успешни, не како порано кога знаеле дека бидењето домаќинка им е единствена "професија". Не мора ни да се брка кариера, доволно е да се работи за соодветна плата. А домашните обврски да се делат помеѓу двајцата партнери, ништо да не е на товар само на едниот. И децата не се само на мајката, туку и таткото треба да се грижи за нив исто толку. Со согласност и разбирање меѓу партнерите, верувам дека ова може да се постигне во семејството и дека е најдобро решение.
Можат мажи воодреден круг професии и бизниси. Претпоставувам повеќето можат ама со прилично неудобен живот. Од лично искуство, да се биде издржуван не делува убаво на мојата психа, ме тишти, плус тука е стравот ако му се случи нешто, како ќе се справуваме. Подобро и жената да работи. Еден од најубавите аспекти во странството е работењето парт тајм. Ем не работиш за кикирики, ем имаш време за логистика в куќи. А доста работат по 4 дена и мажот и жената , особено на бебиња родители, па 2 дена беба има родител дома. Или комбинација со работа од дома. Се надевам и во мк ќе биде така еден убав ден.
Токму во оваа тема се крие причината зошто се уште не сум се одлучил да стапам во брак, имено, вложувам многу труд да го постигнам посакуваното ниво и воедно внимавам да не ми пројде времето. Мојата филозофија е дека мажот треба да заработува доволно за да го издржува своето семејство, да овозможи да бидат задоволени основните потреби на семејството, жената е во ред да помогне во семејниот буџет со нејзините лични примања, но сопругата да го издржува семејството, за мене е не сфатливо, тогаш за што ќе им се мажите на жените, ако мажот не може да пружи основна грижа и заштита на сопственото семејство? Обезбедување на покрив над глава, плаќање месечни сметки, за храна, и задоволување на основни потреби на сопругата и децата, тоа е обврска на таткото, па макар бидат и најмодерно семејство. Ова е мое мислење, но и утре како татко за мене ќе биде срам да не можам да овозможам задоволување на основни потреби на моето семејство, токму затоа сега работам многу и се жртвувам многу на сопствен план, па ако треба меѓу последните од моја генерација ќе се оженам, со цел утре на моето семејство да овозможам пристоен и нормален живот. Тоа е тоа
Велат ако се сака се се може. Мм вели ќе работам од дома плус ако треба, не дозволувам да работиш за никакви пари и било каква работа. Тоа не значи дека нема да работам, секако дека не е на одмет плата плус. Е сега, не дека јас дома само седам. Или гледам само куќа и дете. И од дома гледам да заработам колку можам. Тешко е со една плата, но сите се трудиме да постигнеме нешто повеќе. Ако јас најдам работа, тој ќе може да се опушти и повеќе да се посвети да бара подобро платена работа. Повеќе ме плаши што во денешно време ниедна работа не е сигурна со оглед на тоа дека повеќето работат во приватен сектор. Друг момент е колку е позитивно да излезеш од дома, малце да се тргнеш од секојдневието. Не се доседува дома.
Зависи што работи, голема улога играе платата. Ако е голема може да го издржува семејството, но можеби за повеќето основни работи, а за многу повеќе не би рекла, за повеќе опуштање подобро е и жената да работи. За во странство секако дека може со една плата.
Некои денови како ми иде да баталам и работа и све, ама не можам. Заработувам повеќе од маж ми, така да, и да сакам, не сум баш во можност да ја баталам работата, доста зависиме од мојата плата.
Не може и не треба. Јас никогаш не би сакала да зависам од идниот ми маж, жените се на денешно време самостални и не бараат од мажите пари за влошки или за пудра.
Не сакам да зависам од маж, не би оставила работа дури и ако тој добро заработува. Сакам да придонесувам, но она што го гледам во пракса, мислат дека мажите не се независни, има многу од нив што скоро накај 40 години се, а живеат во домот на родителите, немаат свое и не планираат да прават, сметки не плаќаат сами, значи заработуваат за себе, но не и за жена да издржуваат. Тоа е мое мислење.
1. Дали ако како маж имате доволно средства да го издржувате целото семејство, би и сугерирале на сопругата да батали работа и да се грижи за децата и домот. Од друга страна ако сте жена дали би го прифатиле тоа? Алергична сум на коментари од други што и како да правам со животот. Не би била со некој кој ќе ме ограничува. 3. И секако трето прашање (ова само до жените). Спаѓате ли во процентот погоре, дали и вие порадо би се грижеле за децата и домот наместо да градите кариера? Извесен период да, првите неколку месеци, иако не е факт, зависи од работата секако. Повеќе задоволство ми носи градењето на себе си како личност, тоа секогаш ќе ми биде приоритет, а работата која што ја сакам е само еден од начините. Познавам жени кои не би сакале да работат, повеќето се нешто постари, ама знам и помлади од мене кои радо би се грижеле за децата и домот, вложувајќи го своето време исклучиво таму. Лично, ова не ми е разбирливо, ама нивен живот, нивно право. Што се однесува до тоа дали со платата на мажот може да се прхрани едно семејство, плус да се покријат сите останати трошоци - во најголем број од случаите не.
Може. Мајка ми не работи веќе 5 год. Сметки, патувања, храна, облеки се тоа плаќа татко ми. Моите си се имаат договорено како ќе функционираат и не сум чула да се жалат досега.
Од сам старт темава, односно од самиот наслов не ми се допаѓа. Зашто сам маж!? Еве јас сум жена, маж ми веќе месец дена ако не и повеќе е дома чува дете. Под кирија сме и немаме никаква финансиска помош од никој од страна (фала богу) и добро се држиме. Е сега, се зависи од две работи. Од примањата и од човекот. Ако примањата се многу ниски тешко дека ќе издржи. Но ако примањата се во ред а човекот не знае да води рачун кај троши и на што троши... Џабе е и високи примања.