1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можни причини поради кои сте без партнер

Дискусија во 'Сингл' започната од anastasija85, 25 декември 2010.

  1. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    [​IMG]
    Вие сте млада, образована и привлечна жена. Но не ви е јасно зошто не можете да си најдете постојан партнер за сериозни односи. Можеби поради некоја од следниве причини:

    Причина бр. 1: Премногу долг интервал помеѓу врските :?:

    Човечкиот мозок е направен на тој начин да ние се навикнуваме на нешто и се трудиме постојано да ги повторуваме шаблоните на таквото однесување. Со други зборови, девојката што била во подолги односи со маж, по разделбата со него, веднаш ќе си најде друг партнер. Но ако вие одамна не сте имала партнер во животот (вклучувајќи и секс за една ноќ) – тогаш вие уште долго време можете да бидете во ова состојба.

    Што да сторите?
    Променете ги вашите навики. Не заборавијте ги симпатичните млади, флиртувајте со нив (а можете да си дозволите и повеќе). Запомнете дека вашата задача е да го потсетите вашиот мозок, како изгледа тоа да се бакнувате со маж, да имате секс. Покрај тоа, овој краток роман може да придонесе за подобрување на вашето самооценување.

    Причина бр. 2: Не се сметате за секси жена :?:

    Вие сте работохолик и не мислите за никакви забава. Вие барате утеха во својата работа и целосно сте заборавила за сексот, дури и сте престанале да се загледувате во симпатичните мажи. И што е зачудувачко, мажите, исто така, престануваат да се интересираат за вас – тие како да ги примаат невидливите сигнали, дека вие изгледате како порано.

    Што да сторите?
    Обидете се повторно да го засакате сексот. Ако немате партнер, гледајте секс филмови, облекувајте се женствено, мечтајте и фантазирајте за секс. И тогаш се ќе се врати во рамките на нормалното.

    Причина бр. 3: Треба да го промените вашиот надворешен изглед :?:

    Многу жени, кои долго време не се среќаваат со мажи прават една од најраспространетите грешки: Престануваат да се грижат за својот изглед (“Што има значење како изгледам?”, Размислуваат тие). Втората грешка – точно спротивно на првата е дека се обидуваат да изгледаат многу добро. Тие се разубавуваат со часови и се облекуваат предизвикувачки, дури и кога треба да излезат надвор за да купат леб, а тоа ги плаши мажите.

    Што да сторите?
    Треба да се научите да бидете истовремено и атрактивни и природни. Фармерките, чевлите со штикли, секси маичките и можете да одите каде што сакате. Не заборавајте за убавата фризура и умерената шминка. Научете се да го користите говорот на телото (женствени движења, убави гестови) и тогаш мажот на вашите соништа ќе се појави пред вас.

    Причина бр. 4: Не ги сакате мажите :?:

    Можеби не сте согласни со ова – вие сигурно ги сакате својот брат или пријателите. Но, ова се однесува само за оние претставници од силниот пол, кои одамна ги познавате и на кои целосно им верувате.
    Најверојатно сте имала лошо искуство со неколку мажи и сте ги пренела своите чувства на сите други мажи. Вие го гледате во нив само лошото и не можете да најдете партнер. И за жал мажите со кои се среќавате, почнуваат да се однесуваат со вас баш како што очекувате.

    Што да сторите? :o
    За да излезете од овој непријатен круг уверете се дека при следното запознавање ќе очекувате од мажот нешто добро, а не лошо. Прифатите дека тој е добар човек, додека тој не ве убеди во ова или го докаже спротивното.

    Се надевам дека ви помогнав со овие информации ;)
     
    На Jessie-J, crazylady, aleknovy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    можни причини поради кои сте без партнер

    Причина бр. 1: Премногу долг интервал помеѓу врските
    сум немала врски,така да некако не ми одговара овој пример

    Причина бр. 2: Не се сметате за секси жена
    Не работам но приврзна сум з аучењето книгите,а малечка сум си за секс така да ни ова до некаде...не одговара

    Причина бр. 3: Треба да го промените вашиот надворешен изглед
    Може да се каже дека треба повеке и почесто да си носам штиклички,шминка...и сл....


    Причина бр. 4: Не ги сакате мажите
    Аууу далеку од ова да бегам од машкиот пол па напротив на училиште сум повеке опкружена со момчиња од колку девојки ..И ова не бива...


    сигурна си anastasija85 ^ дека нема уште некоја причина ? :)
     
    На Bieber-Fever и Lux им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    можни причини поради кои сте без партнер

    Кенди мислам дека ова не се однесува за твојата возраст :)
    Рано ти е за вакви истражувања да читаш :rofl:
     
    На srcekrsacka, Sramezlivoto и GIGN им се допаѓа ова.
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    можни причини поради кои сте без партнер

    :lol: :$ рано не рано,јас си читам пред време :lol: живот не знаеш што ке ти донесе :P :tmi:
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    можни причини поради кои сте без партнер

    Причина под бр 1 само ми влегува во профил...Другото се е кај мене спротивно.Ама сепак моето познато - нема правила за љубовта - си стои.
     
    На Go-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    можни причини поради кои сте без партнер

    Kенди, кај тебе дефинтивно има некоја причина што не ја знаеме, за твојата асоцијалност.

    Да ти кажам порано те сфаќав, се трудев да ти дадам некој совет како да си ја смениш ситуацијата, ама после сознанието дека имаш сестра, се прашувам што е проблемот со тебе? :^)
    Мора да има нешто што те мачи, нешто што те кочи да се соочиш со надворешниот свет.


    А статијата е за жени над 30 ;)
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    можни причини поради кои сте без партнер

    окс... ;) се извинувам за постот погоре...што го пишав...штом е за 30 год..... :^) :)
    само сакав да прокоментирам,право на мислење ;)
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.102
    можни причини поради кои сте без партнер

    Кенди добронамерен е коментарот на Сесилија и убаво би било да не го игнорираш со извинување и бегање од темата...
     
  9. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    можни причини поради кои сте без партнер

    кенди мислам дека не е баш темата за тебе,се работи за повозрасни а кои се сингл,така да покомпетентни се тие да одговарат.а за други причини сигурно има уште многу,јас овие ги најдов,ако има некој идеа и причина слободно нека ја каже.кенди нема шанси ниту една причина да не погоди некој :lol: :lol: . :)
     
  10. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    34
    во мојот случај едиствена причина е што не се заинтересирал некој што вреди
     
    На iloveyou29, donna.17 и inmate1807 им се допаѓа ова.
  11. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Причина бр. 5 - повеќето од мажите не ве заслужуваат. ;)

    Моите врски се прилично кратки затоа што мислам дека до сега повеќето од нив не ми докажале и покажале дека треба да ги задржам подолго. Не ме сфаќајте погрешно, не сум нарцис ниту мислам дека сум "нај" во се, ама знам колку вредам и знам тој што треба да е со мене колку треба да вреди.
    Се надевам дека ова мое мислење нема да наиде на многу критики...
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.102
    ^Што има ние да критикуваме...имам тетка,има 48 години,сеуште не е мажена,затоа што сеуште мисли дека никој не може да ја заслужи или пак да и понуди многу.Исто вика,не сум најдобра,ама заслужувам квалитетно.Пред нос и поминаа златни момци...а таа сеуште се занесува дека ќе се заљуби.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    На една другарка и двете тетки и се немажени(околу 50год), токму од оваа причина. Едноставно беа предобри. Немаше маж што ќе ги достигнеше нивните квалитети. Ама што да прават они кога едноставно не е до нив, па не се они криви што толку се ценат самите себе. :)
     
  14. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    34

    па што! тоа може да е вистина , не е ништо чудно што останале сами од што не нашле некој што ги заслужува, што требало да бидат со некој што не ги заслужува? да му се дадат себе, сето свое знаење квалитети способности убавина на некој што не вреди? само колку да не бидат сами ? :!:
     
    На Lolo5, hedonistka и Night.Star им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Не е тоа работата. Работата е што имаат таков комплекс на преценета вредност. Поради тој комплекс останале сами. Според мене сето тоа потекнува од мајката. Цело време им збореше како никој не е доволно добар и ваљда тоа во глава им се врежало.
     
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ех да можеше се така лесно во животот да се одвива по некои шаблони, ќе наоѓавме решенија за проблемите со помош на равенки :)
    Вистината е дека колку сме постари толку повеќе или поточно помалку земаме од животот „дај шта даш“. Имаме изградено став, карактерно сме оформени, и плус кога ќе додадеме разноразни искуства - ете ти зошто „никој не ни е доволно добар“. Јас мислам дека не се работи за тоа колку и дали некој е доволно добар за нас, туку тоа што веќе не изгорело не сакаме да го примиме во животот. Таа листа на непожелни особини кај мажот е секако посиромашна кога имаме 20 и далеку поинаква.

    Сега зборувам за сите сингл жени после 30та. Јас сум сингл т.е. сеуште немажена...е сега така ми се погодило, во неисправно време, на неисправно место со неисправен човек, ама не можам да речам дека припаѓам во која и да е од горенаведените групи.
    Сигурно дека не ми е тешко да најдам кандидат за мажење, ако се заинаетам утре ќе го најдам. Ама не сакам билокој. Таквите „билокои“ живците ми ги изедоа, а мене ми е мил животот. А и не би сакала да се разведувам за некое време или не дај боже детето да ми биде сведок на секојдневни караници и несогласувања затоа што нејзината очајна мама од пуста желба да не остане сама го фатила првиот што и дошол под рака по пат накај Зелено пазарче. Јас за секој случај ќе се прошетам до Кванташки, не ми пречи што ќе трае малку подолго :)
     
    На Thallia, Lilliana, MariaWaldorf и 4 други им се допаѓа ова.
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    И јас мислам така. Имам роднина која е 36 год и е сингл. Никој за неа не беше добар, а имаше добри понуди од доктори до ....ама ете чека принц на бел коњ ама нема ни принц па ни коњ. Немаше некоја подолга врска или што ти ја знам - некое разочарување во љубовта и сл. ама ете за неа нема адекватен човек....бог знае што и се поминува низ мозочето.
     
  18. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Дали човек е добар или не се одредува според професијата??? Па што ако некој е доктор или директор кога едноставно не и се допаѓа, не и одговара, едноставно не ги задоволува нејзините критериуми, па какви и да биле тие.
    Сепак јас мислам (што не значи дека некој треба да се согласи со мене) порано да си сама отколку да си со некој колку да се рече дека имаш маж покрај себе или пак со некој кој се ќе ти вади на нос и ќе ти го загорчи животот. Затоа како рекле старите, три пати мери, еднаш сечи (или сестра и, кој како милува :D )
     
    На Lolo5, faye, HeidiDiWalt и 2 други им се допаѓа ова.
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Сакав да кажам дека биле умни, образовани, финансиски ситуирани луѓе, симпатични. А работата е тоа што неа никој не и се допаѓа ниту пак одговара а чувај боже пак да некој задоволи некој нејзин критериум. Ок, нејзин избор како и избор на сите др. што се сингл.
    Ама да се разбереме, не е лесно после 35 год. да останеш сам, кога сите се со фамилија а и на крај краева немаш многу избор. Секој си има своја причина...
     
  20. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Убаво е да се цениш и сакаш, но не може да бараш совршенство. Па и ние не сме совршени нели? Јас имам другарка која до сега немала ниту една врска, значи не велам озбилна врска,велам било каква, макар мување. Знаете зошто? Зошто убав, згоден, со дефинирани мускули, богат, со факултет, од добро семејство, поголем од неа најмногу до 2 години, од убаво и ценето семеjство,што ќе ја сака најмногу на цел свет и ќе и ги исполнува сите желби....НЕ ПОСТОИ.... :!: Пробав да и кажам и гледам дека и пречи тоа, но ако сам не се смениш,друг неможе да те смени, да ти зема може, но да ти даде на сила никогаш..