1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можни причини поради кои сте без партнер

Дискусија во 'Сингл' започната од anastasija85, 25 декември 2010.

  1. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    34
    едно е да се претерува , тоа е веќе ароганција
    но како да се прифати некој со каракеристики што ти пречат, кои ке те нервираат и растажуваат ,???? а ќе бидеш со некој и не запознаваш нови или во спротивно
    што најчесто мислам се случува,
    не зближувањето со нив е најчесто водено од мислата, ако сум со него ке се нервирам а ако сум сама можеби ќе сретнам некој подобар со кој повеќе ќе си одговараме
    ...проблемот настанува што не се сретнува некој со кој вистински си одговараме , а оние со кои помалку си одговараме веќе сме ги пропуштиле
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.997
    Пол:
    Женски
    Па ако човек бара совршенство, нормално е дека ќе остане сам. Треба да тргнеме од себеси - не сме совршени, па не ни треба да очекуваме совршенство од другите. Секоја врска во животот (притоа не зборувам само за љубовните врски) се заснова на заеднички интереси, взаемна доверба, толеранција и компромис. За да бидеш со некого, треба да го прифатиш со сите доблести и недостатоци, исто како што сакаш да бидеш прифатен. Ама, треба да се преиспиташ дали ќе можеш да живееш со некои од тие недостатоци, затоа што некои се толерираат, а други не. Ако не можеш, нормално дека ќе сакаш да продолжиш понатаму, додека да го сретнеш оној со кој што можеш да се замислиш до крајот на животот. Сепак, се случува да не го сретнеш идеалниот партнер (за тебе), и тоа секако не значи дека треба да бидеш со првиот што ќе налета само колку да не си сам.
    Но, факт е дека никој не сака да биде сам цел живот. Тоа е точно. Колку и да мислиш дека можеш да функционираш самостојно, сепак, подруго е чувството кога имаш некој до тебе со кого го делиш животот.
     
    На Thallia, srcekrsacka, slobodka и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Па ова е мошне сериозна тема, ја имам простудирано многу пати, што сама со себе во мојата глава, што со другарки, познати и непознати, со машки, со постари итн.

    Не верувам во реченици - Така требало да биде или Како што ќе даде Господ, или Судбина, ама па не можам да кажам дека буквално се' е до самите нас. :(

    Причините можат да бидат различни -
    срамежливост,
    асоцијално однесување,
    комплекс од ниска вредност,
    комплекс од (пре)висока вредност,
    ...

    Да не набројувам, значи можеби едноставно си е до вас, преиспитајте се себеси и својот карактер.
    Ако некој ви укажува на грешки во вашето однесување, не си ја млатете главата од ѕид и не давајте аргумент - Некој ако ме сака ќе ме сака таква каква што сум |( , туку пораснете, поработете на себе и пред се' за себе, а потоа правете компромиси со некој друг.

    Некои премногу пребираат, некои очекуваат дека сам ќе тропне принцот на врата, легнале па заспале чекајќи истиот да ги бакне и разбуди од сон, некои се посветуваат на кариера и правење пари, отколку Љубов...

    Ако недај Боже имате некаква сексуална дисфункција и тоа е голем проблем. :(

    Во нашето општество ќе си кажам искрено голема улога играат и парите.
    Еве, убава млада девојка сака да си излезе за време на викенд, да се прошета со другарките, да си помине убаво, да флертува и да запознае некој.
    Ама каде да отиде без пари?
    Нели треба да се дотера, да се нашминка, да се отиде барем на две места, пред дискотека, во дискотека, влезница, пијачка, такси...
    Не може секој да си го дозволи тоа и се останува дома :( , а дома се знае колку може да си најдеш партнер, освен некој кој ти го манијачи ФБ и те лајкнува или poke-нува. |(

    Понекогаш и околностите не ни се наклонети, тоа е тој дел - Судбина, така сакало да биде, :D иако одбивам да поверувам во тоа.
    Едноставно, лош тајминг, кругот се стеснил, нема и некој голем избор, сакате, се трудите, ама ко за инат не се случува ... :(

    Верувам сепак дека - за секое тенџерче си има и капаче.
    Сега ако сте Цептер па премногу пребирате, до вас е.
    Ама па и не може да си со било кој по секоја цена , само за да не останеш сам. :^)
    Таквите девојки за мене немаат никаква самопочит, плашливки се и кукавици.
    Како и да е, надеж не треба да се изгуби.
    Никогаш.
    ;)
     
    На Lolo5, Thallia, SparkyAngel и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    Единствено не се сложувам со ова во целост (со останатото со се).Знам дека парите играат голема улога во денешно време меѓутоа дефинитивно има начини да се запознаат добри дечки и на места каде што не требаат многу пари.Треба почесто да се оди во парк да го шеташ кучето,на џогинг или одење на излети, на планинарење, многу почесто излегување од дома без разлика дали е по гости, во фитнес центар, приватна забава или на курс по шпански :)
     
    На srcekrsacka и sonuvacka им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.997
    Пол:
    Женски
    Токму така Бибко, потенцијалниот партнер може да го сретнеш било каде, ама кај нас некако излегувањата се сфаќаат како најголемата можност да запознаеш некого. А лесно е некого да запознаеш во продавница, на пример. Ама секогаш, секому, било каде да си го запознал, можеш да му најдеш маана, ако веќе тераш до толку. Само прашање е колку таа маана навистина ти пречи. Нормално дека не треба да се преценуваш, ама ниту пак да се потценуваш себеси. Да бидеме реални, никој не е совршен.
    Ама, за да го добиеш она што навистина го сакаш - не треба да седиш со скрстени раце. Не за џабе си велам - што е мое ќе си дојде, демек :P ама поарно сама ќе си го земам ;) :D

    Освен тоа, можеби стравот од семејство, од заеднички живот, од обврските што тој ги носи е причината што некој останал сам цел живот? Има и такви луѓе, не велам не :?:
     
    На Trendafilka и Bibko им се допаѓа ова.
  6. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    34
    добро тука е обработено од сите гледни точки, кои истовремено се сите точни но контрадикторни па не сфатив што според тебе е најлесно да погодиш најпогоден партнер?
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    ^ Знам дека е малку контрадикторно, свесна сум за тоа :D не велам не.
    Поентата е сепак да не се препушти се' во рацете на Така сакал Господ и Судбината или Така било пишано, туку да се преземе малку иницијатива.
    Умре тоа време на додворување и чекање серенада под прозорец.
    Жените треба да го сфатат тоа.
    Никој не сака срамежливост и намќори и ќутење, туку сакаат самоуверени и силни девојки.
    Малку самодоверба нема да на одмет.

    Контрадикторното доаѓа тука - со сила убавина не бидува.
    Ако не оди, не треба по секоја цена сега да се бара некој, кога едноставно околностите не го нудат тоа.
    Значи за се треба баланс, некоја идеална средина.

    Муабетот е - кога типот кој ви се допаѓа конечно ќе ве повика на кафе, не му глумете лудило како што знаеме ние жените, ај ќе го откачам да видам колку е сериозен или дали ќе ме моли ако го откантам, значи храбро, дотерајте се, насмеани и шибајте, а не ќе се мислиме едно три недели за едно кафе мајка му. :^)
    Грешка бр. 2 - му доцните на состанок.
    Кое непочитување е тоа.
    Која глупача го измислила тоа, дека треба да се доцни 10-20 минути за да тој ве чека и оставите доза мистериозност кај него.
    Која доза мистериозност бре, може само да го накурчиш, да си отиде и никогаш очи да не му видиш.

    Значи помалку глумење лудило, помалку преценување, многу труд и трпение, зашто кај нас, ако нешто не им е погодено на девојките од прв пат, веднаш креваат раце.
    Епа нема совршенство.
    Првиот состанок може да биде ужасен, првиот секс со сигурност ќе му фали нешто, и ќе му најдете 100 маани на типот, а и тој вам.
    Ама ако сметате дека има потенцијал и вреди, нема да ни се срони бисерот ако се потрудиме и ние малку.

    Забегав со темата, ама тоа е моето мислење.
    Не измислувам, си кажувам факти од мојот живот и од животот на моите блиски другарки.
    Истите проблеми ги имаат и тие, само кога се пијани признаваат дека не им се мрда со малиот прст, дека не излегле на кафе зашто ги мрзело да се издепилираат :^) или им било ладно, поудобно им било сами во кревет, во пижами и мрсна коса.
    Епа јбг.

    Нема некоја универзална тајна како да го најдеш најпогодениот, треба само малку труд, трпение и оптимизам.
     
    На Thallia, srcekrsacka, Neytiri и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Поодамна една другарка ми кажа:

    мажите сакаат девојката да им е убава, ама не премногу убава, ќе и се додворуваат па премногу машки.
    Да е паметна и интелигентна, ама не премногу, не смее нив да ги стави во сенка.
    Да е вредна, ама не премногу, тоа значи дека е премногу амбициозна.
    Да е самоуверена и со самодоверба, ама не премногу, ќе лета во облаци.
    Да е искусна во секс, ама не премногу, кој ќе ја мисли после каде се тоа го научила.
    Да е друштвена, ама не премногу, онака таман, колку да се забавува во друштвото на дечкото.

    итн. (извлечено од реални муабети, со реални мажи)

    Сума сумарум, ај оди најди нзс :) Многу мозгање за едно happily ever after..., ама за воља на вистината, сите се стремиме кон тоа, што и да значи за секој еден од нас.
    Едноставно не сме создадени за да сме сами на овој свет. Убаво е кога знаеме дека можеме да застанеме сами, а уште поубаво кога знаеме дека кога ќе не здоболат нозете од стоење некој ќе биде тука да не придржи за да не паднеме.
    Премногу трудење не е на арно, затоа што тогаш кога најмногу нешто сакаме, ко за беља не го добиваме. Тогаш кога најмалку нешто очекуваме, како гром од ведро небо ќе се појави. Чудно функционира природата, најсериозно.
    Од друга страна пак, принцот на белото магаре на балкон нема да ни слета. А уште помалку директно во дневна каде си ги квасиме ноџињата во лаворче кукајќи колку немаме среќа.
    А некогаш, рака на срце, е и те како потребна и знае ама баш квалитетно да ни ги замеша животните карти :)
     
    На Thallia, srcekrsacka, miss.pretty и 3 други им се допаѓа ова.
  9. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    34
    Ова повеќепати сум го слушала , читала ...кога ќе престанеш нештото да го посакуваш ќе го добиеш, кога ќе престанеш да го бараш ќе го најдеш
    Но како ? кога едноставно сакаш да го најдеш, како да престанеш да го бараш :rofl: за да го најдеш, кога природно ти иди само од себе? :?:
     
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ех како, така, некој си игра со нас, ете така :)
    Шала на страна, еве ти ја мојата теорија. Кога нешто очајно многу сакаш - во случајов дечко, таквите девојки „вриштат“ на километар. Од авион се гледа дека очајно посакуваат дечко да си најдат, и обично ко за беља токму во тој момент не им се привлечни на машките.
    Додека пак еве, сакаш да си најдеш дечко ама ете да речеме не се замараш со тоа, си поминуваш убаво, си се посветуваш самата на себеси, силна, забавна, опуштена девојка со самодоверба, со свои интереси, чекориш со крената глава и насмеана - и оп да видиш ти како во тој момент се привлекуваат погледи и интерес. Магнет за мажи. Не очекуваш - добиваш!
    Ете ти. Има нешто вистина во ова. Една моја другарка пред некое време беше очајна затоа што нема дечко. Се запозна со еден ама тој кидна веднаш после тоа. Го сретнав во една прилика и на пијано ми се отвори човекот, ми вика - „абе другарка ти е супер ама многу вришти од нејзе тоа дека бара некој за мажење, да се исплаши човек“. Теорија преточена во пракса.

    Има уште една интересна работа, секогаш кога девојката ќе најде некој, ко за беља уште повеќе мажи и се додворуваат. Ви текнува? Исполнетост, среќа, самодоверба. Ете тоа е аурата која привлекува, сигурно не привлекува аура на девојка која е потиштена, несреќна и очајна по тоа да најде некој.
     
    На Thallia, srcekrsacka, slobodka и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Искрено...според мене мислам дека е до пристапот. Моето искуство зборува дека сакаат шармантни забавни и интелегентни девојки...Смејте им се на шегите ама не се согласувајте на се што ќе каже. Сакајте го ама дајте му на знаење дека во вашата приоретизација иде кралица па крал. Без нападни љубоморни ситуации, без - ти си љубовта на мојот живот - додека не поминат барем неколку месеци, без очигледна восхитеност од неговата појава...Фина културна...ама не импресионирана... Жените некогаш знаат да се удават сами во своите емотивни лиги. Се во свое време. Задржете ги уздите додека не помине оној првичниот ( честопати фатален) улет и занес за да можете да го гледате со нормални очи... И мој совет - во ДИСКО не се наоќа дечко...Во диско се наоќа мувач, се наоѓа - флертувач ( :lol: ) ...Пастув....
    ДЕЧКО, хауевр, мора да биде некој, и најчесто Е ...некој кој го знаете ПРЕКУ НЕКОЈ...
    За жал во прво време секоја машко-женска релација е налик лоша среќа во покер...Ако идете ол ин... ќе изгубите.
    Има време за големи влогови, почнете со ситни. И храбро. ;)
     
    На Miss.M5, srcekrsacka, lebarka и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.997
    Пол:
    Женски
    Па тоа е и поентата, да се почне, макар и со мал чекор. И да не се очекува премногу, оти, нормално, од преголеми очекувања вообичаено следи разочарување :)
     
  13. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Имам пријателка сингл. И тоа многу долго. Навистина на секој му наоѓаше мана. За 5 секунди забележува каков нос има, какви уши, што облекол. Неверојатно анализирање и потсмевање.
    Е сега пред некој ден ми се јавува и вика ајде деновиве пред Нова година да шетаме, викам ајде. И кога се издоговорив и и се јавив, ми рече не и била миена косата.
    Стално кука дека не излегува, дека е сама, а секогаш кога ќе ја викнам или е преуморна од работа, или нема што да облече во моментот, или косата не и чини. Годинава сме излегле само еднаш заедно (ианку, на кафе си одиме), се нешто измислува. Е па каде ќе го најде принцот. Вака меѓу луѓе ќе сретнеш некој, па тој познава друг некој. А таа си игра со децата на сестра и. А бе излези надвор имај свој живот, тоа е живот на сестра ти, а не твој, напрај свои деца. Плус дури и сама понекогаш вика дека толку си е навикната сама, да дури не може ни да помисли да живее покрај некој. Многу ми е жал, ама никако да ја убедам малку да се смени. Многу е тврдоглава. Некако луѓево сами си го прават, и доброто, и лошото.
     
  14. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Мислам дека оваа фаза е прикриена фрустрација всушност... Зошто ретко кој - читај-никој не тргнува со помислата дека е крал на светот и дека е предобар за се што оди со пар тестиси ( пардон) по светов. Искрено мислам дека се работи за брзо обесхрабрување и активирање на некој одбранбен механизам...Нешто по принципот - ако не пробам нема нипшто да изгубам и нема да преживеам уште едно разочарување... Само забораваат и дека нема ништо да добијат. Не е ни до физикусот на девојките што се хронично сингл, туку до ставот... Влегуваат во некоја апатија страшна после некое време и тоа личи на синдром - предобра сум за било кој...ама всушност го чувствуваат токму обратното...Мислам дека може да помогне коренито менување на секојдневие и ставови... па дури и стил на однесување и облекување....
     
  15. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    И јас имам другарка има 29 год. нема ни дечко ни абер за дечко, а нејзините другарки се со деца првачиња. Убава е, комуникативна, има добра работа е проблемот е што ептен си се преценува. Си мисли дека таа треба да има најубав дечко, со стан, кола и добра работа перед се...епа сите и викаме таков, само во бајките. И кога ќе почне да се сожалува ужасно ме нервира...таа ќе останела стара мома, немало никогаш да сака,сите имале дечкови само таа не, епа таквите сами си ја бркаат среќата...
    Малце попозитивно да се гледа на работите, да не се губи надеж и да се поработи на случајот. Пример јас прва му пишав порака на дечко ми и до ден денес ми вика браво за храбоста, не чекаше се на мене...
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Сериозно мислам дека за дел од ваквите фрустрации си е потребно стручно лице.
    Ама најсериозно.
    Просто не може 5 години да не си излегла на ниту еден состанок, а на мобилен да ти ѕвони само мајка ти и најдобрата другарка. :^)
    А имаш над 20 години.
    Па што живот ќе беше тоа?

    Една од погадните грешки кои ги прават еве моите другарки - запознаваат тип, се оди нормално, се договараат за тоа историско кафе, со 1000 консултации од наша страна ние ја убедуваме да оди и ајде некако тргнува.
    Неочекувано демек си поминува убаво и паднал договор за второ излегување... па трето...
    И поминуваат некои 2-3 недели и слушаш некое кисело гласче - ама он сака да имаме секс.

    :^)
    И?
    Проблемот тука - кој е?
    Напоменувам , имаме сите по 25 години, ниту една не е невина и најтрагичниот дел - нејзе и се секса едно 3000 пати повеќе од него.
    Ама како малите тинејџерки кои глумат лудило, така и дел од моите другарки, замислуваат дека
    - тоа ја убивало романтиката |(
    - секс по само 3 недели ќе ја етикетира како лесна девојка :^)
    - рано е, има време...

    Кој возрасен, воспитан и фин тип ќе чека некоја умислена типка 6 месеци да се реши за секс?
    НИКОЈ.

    Не знам до кога нашите девојки кои изгубиле невиност и кои ужасно посакуваат здрав сексуален живот, упорно истиот ќе го одбиваат кога им се пружила совршена шанса за тоа.
    И после друг е крив.
    Е не е.
    Самата си е виновна.

    Инаку, ако земам да почнам да давам примери и да набројувам поради кои се причини мои блиски се без апсолутно НИКАКОВ партнер - ниту мувач, ниту дечко, ниту Fuck Buddy, ниту лапач, побогу, на овие години срамно ми е да кажам, ама ни таков да се немало :tmi: ќе треба да преноќам на Фемина.
     
    На srcekrsacka, eutixismena, DESTIN и 12 други им се допаѓа ова.
  17. inmate1807

    inmate1807 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    4

    овааа, ова е богами добра причина ;)
     
  18. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Овие критериуми важат за 90% мажи но не и за мене.Не мора девојката да е многу убава за да ми се допадне.Доволно е надворешно да е симпатична но најбитна е внатрешната убавина.Ако сакам физички да ја разубавам ќе ја однесам на пластична операција ќе платам колку што треба и ќе добијам физички прекрасна девојка бидејќи најсовремената технологија во медицината го овозможува тоа но што правиме ако физички е убава а внатрешно е катастрофа?Со каква операција ќе го поправиме нејзиниот карактер?Со никаква!Значи се што е физичка мана може да се отстрани додека она духовното е во рацете на господ и никој друг.Камо среќа да е паметна и интелигентна бидејќи и двајцата ќе се надополнуваме во муабетот.Камо среќа да е вредна не би имал никакви проблеми во извршувањето на домашните задачи или амбициозна па нека носи материјални средства а јас би се грижел за останатите обврски.Било кој од двајцата мора да ја жртвува кариерата за да му се посвети на семејството односно децата бидејки тоа е основен услов за нивниот правилен психофизички развој.А за сексот има една поговорка која гласи:БЕГАЈ ОД ОНАА ДЕВОЈКА КОЈА ЌЕ ТИ ГО ОВОЗМОЖИ НАЈДОБРИОТ СЕКС ВО ЖИВОТОТ и сметам дека во 99% случаеви е вистина. ;)
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Е ај сега! Зошто? Елаборирај да си знаеме ние девојките каде грешиме или поточно каде треба да грешиме :)

    А за ова другово, епа сега, некаде, кај некој, секогаш ќе пукне некоја статистика, нели? :) Во глобала сите сакаме просечни, нормални, реални луѓе. Ништо беспрекорно совршено не постои.
     
  20. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.641
    Допаѓања:
    251.422
    Пол:
    Женски
    Не е доволно само-Ми се допаѓа, морам вака сликовито :bow: :bow: :bow: