Темите се само за девојки, или...? Затоа што сум многу повлечен, срамежлив итн, да и пријдам на некоја ми се чини како најголем проблем на свет.
Не, темите не се само за девојки. Можеш да си прашаш се што сакаш, па ако некој може да помогне со некој совет, идеа, тука сме
Хм другарка ти бара некој финансиски појак од колку што е таа,заклучок - не сакам некој да ги искористи моите финансии,барам некој на кого јас ке му ги искористам неговите финансии Колку само ние жените знаеме да бидеме .....
Не е убаво тоа што го кажа. Не е само околу трошењето. Работата е и во тоа тој како би се чувствувал покрај стабилна и самостојна жена. Со какви очи ќе ја гледа, и дали тоа нему би му сметало. Бидејќи знаеме дека мажите сакаат да имаат моќ и да знаат во себе дека успеале доволно да оформат семејство. Се повеќе ми е факт, дека мажите сакаат да помагаат, и за мали и големи работи.
Причина бр. 1: Премногу долг интервал помеѓу врските Можеби е до тоа.. Причина бр. 3: Треба да го промените вашиот надворешен изглед да треба да ги намалам килограмите , мислам дека тоа е најголемата причина
Мислам дека меѓу причините би спаднала и „премногу се трудите“. Кога една девојка е ОПСЕДНАТА да најде дечко, да се омажи и сл.тоа се приметува на километри и машките бегаат.
Точно јас кога се откажав од се во животот а посебно од тоа да си најдам дечко,тогаш се појави љубовта на мојот живот,блиску до мене бил колку повеќе се трудиш толку помалку добиваш,некогаш треба да оставиме работите сами да се случуваат.
Причина бр. 3: Треба да го промените вашиот надворешен изглед Втората грешка – точно спротивно на првата е дека се обидуваат да изгледаат многу добро. Тие се разубавуваат со часови и се облекуваат предизвикувачки, дури и кога треба да излезат надвор за да купат леб, а тоа ги плаши мажите. Хахах тоа сум јас дефинитвно. Секогаш сум тип-топ средена. Но, не е тоа причината. Јас не сакам да имам партнер, а не дека не можам.
И пак на крајо може да се најди "рачка" да се скарате. Не сум најсовршен, ама можам да го посветам сето внимание, време, искреност и лојалност. xD
Јас да не почнувам со моите истории на bad choises Последниот беше уште недозреан на 30 години и буквално се однесуваше како дете. НЕСЕРИОЗЕН за било што Тој пред него мамина маза и од сигурни информации она му рекла да прекине зашто јас сум била многу слободна во паметот( жената еднаш ме запознаено, како дојде до тој заклучок стварно не ми е јасно) Пред него, кратко гледање со еден откако ми кажа дека од девојка очекува само секс (за негова жал, не го доби) хаха И остали Можеби е до мене, можеби јас ја имам таа среќа да наидувам на шупаци, ама не се откажувам Сакам да ми е привлечен на изглед, ама она внатрешното, муабетот, согласувањето, почитта ми се многу побитни
Исто така викаше и бившиот и легна со друга А за да дојде до карање мора да има причина, јас без причина и без да бидам испровоцирана не се карам.
Јас сум свесна за вистинските причини ама сеуште не сум спремна, т.е. немам желба да променам некои од тие работи само за да имам дечко. Премногу сум тврдоглава, си ја сакам слободата, себична сум кога станува збор за моето слободно време, мора да осеќам психичка конекција, не сакам луѓе што имаат слаба комуникација, премногу сум саркастична...и иронична, имам чудна смисла за хумор, премногу сум директна, не знам да молчам, кога не се согласувам кажувам гласно, не ми е гајле за туѓото мислење, ако дечкото ми каже да не правам нешто заповеднички- правам нешто уште полошо, сакам демократија во врската, не се јавувам често на телефон, многу брзо ми здосадуваат луѓе, не давам отчет, се расправам кога некој ќе ми побара отчет, имам многу машки пријатели итн итн итн.. Нооо и покрај сите овие карактеристики сум имала случаеви каде знаеле да ме доведат во ред или пак иако сум таква ме прифатиле и сме функционирале одлично, па јас сметам дека сепак има надеж во иднина хаха Искрено секогаш сум викала подобро да ме мразат заради тоа што сум отколку да ме сакет заради нешто шо не сум. Така да промената на мојот карактер или на некои од моите карактеристики само за да сум со некој некако не ми е баш добра идеа зошто тој не се заљубил во мене туку во тоа што јас му презентирам дека сум. Добри вести, знам да направам компромис ама не за луѓе кои ми се краток период во животот.
Главна причина зошто (мој личен избор е да) немaм партнер е заради моите налик превисоки критериуми и идентификација на неприфатливите за пошироката маса, мои каратерни одлики и ставови. Затоа што не сум за секој ! Апсолутно нетолерантна сум на било какви шовинистички излети, не културни критики, ами од типот забрани околу апсурдно не-машки работи од типот гардероба, фризура, шминка. Затоа мажот за мене не е роден, барем не во ова југословенско поднебје Спојлер наравно дека ќе ја хејтам Македонија во секој пост lol Во разговор со драг форумски пријател му пишав вака.. Спојлер Не е да не сум типичен пример за балканска домаќинка. Готвам одлично, поразнично и убедливо вкусно. Има low key OCD за чистење по дома. Бели алишта перам исклучиво со варикина и ариел на 90 степени машинско. Чувствителни ткаетини со Нила рачно. Обоени со течен Савекс на 60. Знам да тегнам мазник. Приборот за јадење го вријам еднаш неделно со сода бикарбона. Своевремено стажирав во домот за доенчиња, обожавам деца, секако би сакала да имам свое некој ден. Проблемот е што стегам ракија повремено, а пиво пијам на поручек секој ден. Исто и џоинт. Враќам на муабети, можеби по нечиј вкус се облекувам провокативно.Имам тетоважи. Некои се гледаат. И пиросови. Ни еден не се гледа. Враќам на муабети, излегувам од кола да се тепам со мажи два пати поголеми од мене. Се снаоѓам сама. Сама живеам , сама плаќам. И сметки и пијачки по кафичи .Поправам се по дома и кревам несвојствено многу за женско. Во брак предлагам тројки со најдобрите другарки , и го поттикнувам мажот да си фати швалерка за да имаме тројки со неа. Конкретно околу верноста се адаптирам на партнерот, во генералија не верувам во моногамија. Еволуционо е докажано дека е неприродна. Ама можам да бидам верна. Проблемот е што не може секој. Останато имам ужасна потреба за приватност, не дека планирам да кријам нешто, јас сум и ќе бидам месијата кој ја плеска вистината в лице и стои зад кажаното. Но секој сомнеж, детинесто пребарување по повици и чатови од телефони, читање е маил и манијачење по работни места не кореспондира со моето ексцентрично, театрално изливање бес поради истото. За мене е неизводливо да живеам во традиционална заедница каде би глумела помала ќерка на свекрвата. Имам родители кои ги почитувам, меѓутоа и во нивно присуство се однесувам независно соодветно на возраста. Сакам да кажам, ми треба маж - не старател. Кога би живеела во заедница, би функционирала по взаемен компромис. Но секоја можност за полова хиерархиска деградација од македонски вид е исклучена. ОМГ ќе умрам сама