Не ја барајте грешката само кај машките.. Вие самите женски во 80% од случаите (секоја чест на исклучоци) оставате впечаток дека сте „лесни“ погледни го само инстаграм и се ќе ти стане јасно. Провокативни слики еден куп со испрчени газови и отворени деколтиња па така што „зрачиш“ тоа и привлекуваш, не очекувајте дека со такви слики ќе бидете таргет на фини момци за сериозно оти истите не се гледаат да завршат со таква некоја. Ќе бидете на таргет на сељаци кои ги интересира само секс и тн фраерчиња што гледаат да набилдаат само бројка.
Абе океј секоја втора слика нека ви биде со изпрчени газови, цицки на изволте па после плачете на форуми и по другарки како само манијаци и момци што сакаат само секс (не за сериозно) ве викаат на кафе.
Може да биде причина, но и не мора. Еве јас имам пријателка екстра убава и пристојна наврши 35 години, слободна е, и нејзе и пратил млад дечко за кој мислела дека е ниво видео како мастурбира. Е ајде сега кажи ми како таа го испровоцирала? Со кошули со крагни? Провокативни фотки нема. И зад „фини и богати момци“ се кријат секакви луѓе, не можеш да знаеш. Овој беше од угледна фамилија, и си дозволил да мастурбира и да и праќа видеа. Манијак. Друга работа е што и прифаќањето за кафе некои машки почнаа да го сфаќаат демек готово, ако прифатиш значи те резервирал господинот си мисли. Еве јас еднаш дадов шанса на еден кој беше ок на изглед, не беше грд, викам ајде ништо не е ако испијам едно кафе. Седнуваме во кафиќ, уште не сме нарачале тој сака да ја вика келнерката да не сликала. Викам, па зошто да се сликаме нема потреба. Баш чудно ми дојде, прв пат го гледам, само што седнавме, поминаа две секунди, да не сликале заедно. Ме честеше, но не сакав да останам должна, па седнавме потоа во уште еден кафиќ и јас честев. Но, видов дека не е тоа што очекувам, почна да врти муабети дека ќе дошол кај мене, ќе видел кај живеам, местото дека не бил досега. После ме манијачеше, не сакаше да прифати дека следно излегување со него нема да има.
Добро коментаров повеќе се однесуваше за оние со кои веќе сте се согласиле да испаднете, и сте виделе барем површно дека се “ок“ а не убер манијаци како овој што го опиша во првиот дел - за такви нема лек. Јас само коментирав за можни причини, барем од она искуство што јас го имам и мојот круг на пријатели Огромен дел од машките кога ќе видат девојка од оние што ги опишав погоре воопшто не помислуваат за нешто сериозно, затоа и одма директно пробуваат ако пројде пројде ако не одат на следна. Друго оние што трчаат по фраерчиња исто така треба да знаат дека истите имаат уште барем 10тина девојки со кои пишуваат/гледаат/ па и веројатно со дел од нив многу полесно може да дојдат до секс. Така да кога си една од многуте опции многу јасно дека шансите да бидеш разочарана на крај се зголемуваат значително.. Овој од твојата ситуација со сликата, рачунај дека веќе на другарите им се пофалил дека сте имале нешто иако ти си го откачила после првото изглегување
Го земаш инстаграмот и сите нè ставаш во ист кош. А се надевам после ова ќе одиш на инста и на некоја таква ќе ѝ стиснеш лајк. Пошто нели, тоа не е лошо.
Aма не се сликавме, тоа е работата. Ладно реков „не“, зошто би се сликала со некој што прв пат го гледам, а инаку очигледно беше дека ќе му биде за фалење, за што инаку.