1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можност за измама во денационализацијата

Дискусија во 'Правни совети' започната од VMP, 23 октомври 2010.

  1. VMP

    VMP Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    51
    Како и други закони, мислам дека и цо Законот за денационализација се овозможува некои граѓани да бидат спречени да си ги остварат правата. Се остава простор дел од семејствата (наследници) да го сокријат постоењето на тапии, решенија и други потребни документи од некој ќлен на семејството итн.
    Ќе го изложам својот случај и се надевам дека има и други со слични проблеми, а исто така дека некој правник, упатен во проблемот на денационализацијата, ќе може да ни помогне.

    Во постапката за денационализација, адвокатот што ме застапува мене (со полномошно) и другите наследници на правото на денационализација на имотот на дедо ми, не го напишал моето име во формуларот за листата на барателите, туку го додал дополнително, иако јас кај неа го покренав тоа истиот ден кога и останатите наследници (баратели). Сите останати документи (од кои повеќе прибавив и донесов токму јас), вклучувајќи го и решението за оставинската постапка (јас сум наследник на 1/4 од имотот на дедо ми, односно делот на мојата покојна мајка), се додавани дополнително и прифатени како валидни. Во сите решенија на првостепената комисија сум изоставена. Адвокатот што ме застапува ми објаснуваше дека тоа е небитно, бидејќи на формуларот немало место за сите наследници, а меродавно е решението за оставинската расправа. Откако ме зачуди што и на подоцнешните решенија сум изоставена, поднесов жалба на првостепената комисија и ми беше одговорено дека, и покрај оставинското решение, сум “неовластено лице„. Напоменувам дека тоа спаѓа под Карпош, а во решението од Центар со истата постапка сум наведена уредно во листата на баратели и наследници со 1/4. Како е можно да се постапува различно во секоја комисија? Второ: навистина не знам кому да му се обратам за помош. На овој начин законот дозволува и остава место за измами на еден од наследниците од страна на другите наследници. Може дел од наследниците едноставно да исфрлат еден од наследниците. Лишена сум од мојот дел, доделен со судско решение и не сум се откажала од наследство. Освен тоа, приложив уверение за државјанство токму да го докажам правото да бидам барател. Како да постапам? Кому да му се обратам за помош?

    Веројатно не сум единствена со сличен проблем. Затоа ја отворив оваа тема, иако одговор испратив на две веѓе отворени слични теми.
     
  2. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    самата по себе е измама.....иначе да се изнаслушав вакви причи периодов :( :(
     
  3. yokoono

    yokoono Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    18
    Имаме ниви на Водно кој припаѓаат на повеќе членови од семејството,тапиите за сите ниви се кај една од тетките и она раководи со се,
    Јас не се разбирам баш во сите овие правни работи ама мислам дека некој лаже и крие нешто бидејки кога доаѓа ред се ова што го имаме да се продаде повеќето од роднините не сакаат да потпишат!
    Знаете ли некој добар адвокат кој се занимава со вакви работи да ми го препорачате за да ме застапува а и воедно да расчепка по сите тие мутни ствари :D