И јас сум повикана на тестирање во вторник, по англиски...тоа ме интересира каков тип ке биде тестирањето, отоврени прашања или...
AngieVi беше ли на тестирањето во PWC, јас не бев а ме интересира како беше...сподели ако си била...поздрав
Дали некој беше повикан на интервју или било што кај некоја од овие организации? Јас аплицирав и уште ништо ме немаат известено Незнам дали да очекувам и да се надевам уште ...
Има некакви резултати од PwC? [/quote] Да има...уште пред недела две ми стигна мејл НЕ СУМ ИЗБРАНА...немаше ни резултати од тестот ништо. Тоа беше се... Нека сподели некој друг ако има искуство со последново тестирање од PWC
http://www.fakulteti.mk/news/13-02-04/s ... o_one.aspx Пракса за One. Интересно би сакала да аплицирам е сега ова што е придружно писмо како треба да изгледа?
Дали некој од вас има искуство со обуката за менаџирање на ЕУ проекти од областа на културата?Ми требаат подетални информации дали вреди да се посетува оваа обука и дали истата може да најде соодветна примена во пракса.
Здраво женски, ме интересира дали некоја има одено на пракса во штедилница ФУЛМ и ако може да сподели искуство дали вредеше за нешто. Ме побараа , да потпишам договор од 3 месеци дека ќе работам полно работно време и ми е страв да биди после тоа ФАЛА МНОГУ ЧАО а во меѓувреме да си изгубам шанси за вистинска работа друго место. Па ако некоја може да поможе со искуство кај нив... пишете..
не знам како е во другите градови, ама во мојот не даваат многу.. уствари даваат многу малце, ама сепак тука е шансата да го научиш занаетот
Тренквалдер Времено Вработување е Агенција за привремени вработувања која организира и најразлични обуки . Актуелна обука во периодот е Тродневната обука за вештини за работа во малопродажба со цена од 1.500,00 денари , за повеќе информации обратете се на телефон 02/ 3246 899 , или office@trenkwalder.com.mk. Воедно можете да ја посетите и фејсбук страницата Trenkwalder Macedonia на која покрај огласите за обуки можете да ги следите и огласите за работа. Аплицирајте
pozzzz dali nekoj znae kade se polaga курс за работа со деца од предучилишна возраст како професионален курс i od kolku ispiti se polaga
Феминки, ме интересира дали некоја од вас била на обука за сметководство од НОВА КОНСАЛТИНГ или др...се исплаќа да се иде,дали може да се научи нешто...поздрав
Заинтересирана сум за обуки поврзани со правото ( правен факултет). Доколку знаете некоја конкретна или било што што би овозможило докфалификација, споделете.
Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) денеска објавија оглас за обука на невработени лица за напредни ИТ вештини, како дел од Оперативниот план за вработување во 2014 година. Планирано е да се спроведат 100 обуки за исто толку невработени. А за оваа мерка од буџетот ќе се одвојат 8.305.800 денари. Право на обуките ќе имаат сите невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување, со пријавување во работниот клуб во центрите за вработување при АВРМ каде се евидентирани како невработени лица. Обуките се за неколку програмски пакети како ЈАВА, обука за веб програмер,ЦИСКО, Мајкрософт, Аутодеск обука за 3Д моделирана пост-продукција. (преземено од мкд портал) АВРМ дава бесплатни обуки за напредни ИТ вештини, на невработени лица. За горенаведениве обуки се полага квалификационен тест, па најдобрите (од 18-20 луѓе од прилика за една обука) ја добиваат обуката. Ова е супер работа, ако се си оди регуларно, нели. Но, иако знаеме како идат работите, мислам дека вреди да се проба. Еве информација за тие што не знаеле, а прашањето за тие што се информирани ми е: Каков е тој квалификационен тест? Има некој што ги полагал обукиве? Мене во план ми е да се пријавам за Адобе обуки, и ако има некој што знае да ми подобјасни за ова, ќе му бидам благодарна ако пише