Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можно ли е младите во Македонија да живеат самостојно?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 31 јули 2017.

?

Дали младите во Македонија можат да живеат самостојно?

  1. Да

    81 глас(а)
    32,0%
  2. Не

    180 глас(а)
    71,1%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.082
    Допаѓања:
    134.848
    Јас можев да патувам и ќе ме чинеше 3000 месечно. Не сакав. А секој ден илјадници патуваат до Скопје.

    Иначе у моментов сум под кирија, 70 кв, 200 еу, Центар. Ама треба да се потрудиш за да најдеш, нели?

    Бтв, темата е дали можат, јас пишав преку личен пример дека можат, па за да побијат почнаа со: си преживувала, не те бивало од партија те пикнале... ако има напад логично е да има и одбрана нели?
     
    На Captain-Omni и Abeja им се допаѓа ова.
  2. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Првото твое мислење на темата:

    Прва почна со "од мајка кај сверква" муабетот.

    Додека за тебе делењето ве-це со цимери е самостојност, за мене не е. Додека за тебе самостојност е распределување на парите за сметки за живот и имање секс на раат, за мене тоа е луксуз.
    Мој избор е да штедам и да реализирам други планови, ама не на 35, туку многу порано. Приоритети.

    Не ми одговори на прашањето, зошто ја спомна лимузината? Има некаква поврзаност со темата: самостојност?
     
    На fallenangel, Tanjamm, ph.orhideja и 6 други им се допаѓа ова.
  3. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Уште се мавате од земја и покрај фактот на Државен завод за статистика дека плата над 40 000 зимаат 1.4% од вработените? Тоа е факт, не ова шо си вадите од ракав.
    Во Македонија со високо образование ВО ПРОСЕК зиаме 300 евра.
    Што значи за просекот ОБРАЗОВАНИ луѓе у Македонија е неизводливо живеење САМ, а со цимери или сопруг е друг муабет.

    @Cka твојот личен пример со 500е примања задржи си го, пошо ја познавам и со 1000е примања ама тие не влегуваат во просечните заработувања на луѓето. На темава се дискутира дали просечен човек во Македонија може да живее САМ (средно или факултет), а не со цимери у гарсоњера. Ок?
     
    На Tanjamm, ph.orhideja, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  4. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    [QUOTE/]Инаку анкетана на фемина за плати вика повеќе од 50% зимаат над 300 еу плата.[/QUOTE]
    Се извинувам што ќе одам офф. @Cka кога некој ќе ти каже колку му платата т.е. изнад 300евра во просек тоа е исто ко маж ко ќе биде запрашашан колку е искусен и ќе ти наброи во поминато и се од фантазиите.:D
    Реално веруваш во се што ќе прочиташ? Еве пред тебе некој пиша не е нормален тој на жешково што пеш од дома-работа итн. и веруваш дека е во право т.е. дека таквиот што го прави тоа не е нормален?:^).
    Јас не верувам во се напишано/прочитано на крај секој најдобро за себе си знае. А тоа дека пешачиш или возиш до било каде е за почит и јас сум правела така и покрај форма и менталната гимнастика по пат ми одела добро т.е. годела. Те исчитав ти си нашла модус да живееш сама ама како што во многу наврати потенцираше откако ти накачиле плата околу 30 000, и така е изводливо со тие примања. Прашањето е ако си без врски колку можеш да доспееш до примања од 30 000,ај ќе доспееш ама колку долго ќе ти бдат загарантирани? Како што нпомена некој 150-200евра се ниски примања кој не ти се ни загарантирани т.е. во секој момент може да ти речат си вишок, па ако не си при твоите тешко (о)самостојувањето.
     
    Последна измена: 6 август 2017
    На elimkd и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    А која е поентата на некој млад човек со примања од 250е ,од некоја населба како Аеродром Центар со работно место во К.В,да би се осамостојувал и да оди да живее во некоја уџум населба,само за да не живее со неговите :) во нормални услови :D
    Попрво таа плата може да си ја штеди и да си ја искористи на нешто многу побитно,него да троши пари за гарсоњери во Ѓорче и автобуси да стигне до работното место,мене ова ми нема логика.
    И јас сум живеела со татко ми,па нити гаќи ми перел,а нити ми
    Готвел , за тоа сум била задолжена јас :)
     
    На BoaVista, Mr. Right, elimkd и 25 други им се допаѓа ова.
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.483
    Допаѓања:
    96.985
    Лажеш!:devil:
     
    На fallenangel, Mr. Right, Tanjamm и 8 други им се допаѓа ова.
  7. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    Читам и се чудам. Само сапунче за хигиена. Настрана шминкава кај жениве која патем не ја купуваме секој месец, но ја обновуваме по истекот на рокот на траење, па не е некој луксуз, особено па што денес имаме избор и за поефтини пари, а сепак квалитетно, ама... нема деодоранс, нема пена за бричење, машинка, стик, шампон за коса, регенератор, крема за лице? Или со сапунчево и коса миеме, а брадата ја пуштаме и после ептен кога нема другде, бап ножиците и ќе се пресече.
    Добро. Сунѓерчето за садови траело. Да ќе го чуваме додека да се докине,а што треба често да се обновува заради хигиена, е тоа е луксуз. Исто е и со крпите за чистење кујнски површини. И тука доаѓаат средствата за чистење. Оцет и сода не се доволни иако вршат работа за многу нешта.
    Јадење леб и паштета. Овошје и зеленчук, не. Што лебот и паштетата немаат никакви нутритивни вредности, нема везе.
    И секако што поодалечени од градот, по можност да немате ни аптека, ни банка, ни пошта, ни супермаркет во близина, да патувате со автобус што подолго, до автобуската пат пополочен со кал, оти така се калеше челикот.
     
    На elimkd, dunika, Lella и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    На темва се оди од крајност во крајност. Сите они што рекоа(пишаа) дека не генерализираат и етикетираат, го направиа баш тоа.

    Прво и се пуштија на Гош ( @Gosh ), а потоа на Чка ( @Cka ). Додуша, не се слагам во целост со пишаното на Чка, и имаше подобар начин да го искаже своето мислење за да долови поента, ама тоа е Чка и тоа е нејзиниот стил. Ова е пишано искрено, без никаква позадина.

    Па што ако Гош по цена на слобода и мир во сопствен дом, пишала дека е на посебен спрат во куќата на нејзините ама тоа е исто во описот на дадената ситуација, извесно време се хранела/храни со тестени од 20 денари или не се греела на парно(воопшто) во зима? Или што Чка се одделила од нејзините и си превзела одговорност за семата себе и се снаоѓала како знаела и умеела, затоа што сакала нешто поинакво за себе?

    Живеела со цимери, па со пратнер, а пробала и сама? И тоа не е осамостојување? Тогаш дефинитивно некој не го сфаќа значењето на зборот.

    И на темава беа дадени и лични искуства од други членови. Кога ќе го сумираме кажаното, доаѓаме до заклучок дека ако стварно се сака и некој е цврсто решен со х причини позади себе, возможно е со минимални свои примања од 200-250 евра да биде самостоен во Скопје. Во други помали градови се живее и со помалку.

    Не мора осамостојувањето да подразбира жртви, ако на некој жртва е да се храни колку да се засити, да оди пеш до поблиски локации, да се избегнува шопинг на козметика, облека и други слични "задоволства", да се оди на фризер два до три пати годишно, масажи, маникир, педикир... Мене ништо од горе наведеново не ми е битно, не пак лишувањето од истото да ми претстваува жртва. Али приортети јбг.
    Ама подразбира напуштање на комфорна зона. Не може да очекувате уште од почеток рози да ви цветаат и да имате сѐ што дотогаш сте имале. Губите нешто за да добиете друго, а со текот на време ако се потрудите ќе добитете сѐ што сакате.

    Ако идете во друга земја пред да завршите факултет или се уште студирате, или ете, завршивте но нема да работите по струка, и треба да почнете од почеток, мислите дека ќе можете сѐ да си дозволите? Макар и примањата и трошоците да се прилагодени на тамошниот стандарт? Не.
    Ама тоа не е темата, па нема да зборувам за тоа.

    Немам полни 18, ама почнав со работа и заработувам свои пари. Колку- толку, ама мои се и си ги задоволувам своите основни потреби сама. Учам, а со сигурност ќе продолжам и со високо образование. Во меѓувреме гледам и да се надоградам на секој можен начин надвор од училиште. Не сум лишена од дружби кои ги сакам, ама не пијам кафиња во кафичи по 3 пати на ден со луѓе со кои не можам да напаравам 2 реда муабет кој држи вода. А ако сакам да зјапам во телефон на интернет, или бош муабети, можам тоа да го правам било каде без да трошам плус пари. Не ми е проблем ако сконам 2 години без одмор. А за шетање и кампови никогаш не сум била лишена ако ги сакам. Пошто не ми се оди некаде на шопинг, туку да видам и научам нешто ново, уживајќи во атмосферата таму.
    Живеам во помал град, ама свесна сум и за животот надвор од него. И можеби е точно дека животот е поефтин тука за некои работи, ама не во целост ако си малку повеќе амбициозен. Тогаш средствата на располагање ти се секаде исти.
    За осамостојување сонувам од мои 14, на 16 веќе да бидам далеку и сама на себе, и имав шанса ама ја пропуштив. Сега планирам со завршување на 4та средно, официјално да станам независна во секој поглед. Значи би имала 18 години и 5 месеци. До тогаш се што можам ќе трганам на страна за она што ќе ми биде потребно тогаш.

    П.С. Што е поразлично од животот кој го опиша Гош, и оној на поединец со најминимални примања кој живее со своите и на свој грб го носи целото сејство? Гош мизрува, другиот не? Гош е будала оти сака таков живот, вториот е херој и самостална личност? Гош јаде тестени, а вториот што?
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Michelle*

    Michelle* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    838
    Пол:
    Женски
    ми се причинува или единствен аргумент за тоа дека младите не се осамостоиле се вештачки нокти, сок од тегла, фризер за да ја скратиш косата и оти не знам сама да ги исперам гаќите? и најбитното а тоа е секс :^)

    погоре беше спомната лимузина и да, ако јас сакам дека треба да се возам со лимузина, а притоа ќе живеам со моите ќе се возам, како што некој друг сака да живее со цимери или сам нека живее
    право на личен избор нели? но да ми генерализираш тука дека мајка ми ми ги перела гаќите и дека сум лембет кој свршува на черешна се од корен корнеше, е богами нема зошто нит ми ја знаеш ситуацијата, нит па знаеш зошто живеам со мајками
    и тоа и не е некој аргумент, нели?

    инаку, спомнувате сметка за струја од 1500 денари.
    само мене ли во зима сметката за струја ми е 5.000, а некогаш и повеќе? зошто морам да се греам со панел или печка, друг избор немам.
     
    На elimkd, ph.orhideja, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  10. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    Се откажав од читање после 5-6 страна, не се може. Дефинитивно најглупа работа што ја прочитав на темава, хендс доун, било исто живеењето со цимери и со твоите дома, исто. :rofl: Оф Боже мој, исто било. :rofl:
    Претпоставувам е пишано од особа што не живеела со цимери и не знае да направи споредба. Апсолутно, НЕ Е ИСТО.
    Цимери, зависи какви ќе си најдеш, во глобала не те фермаат, секој си тера свој филм. Немало кој вода да ми тури на 40 темп. Во тоа е наголемата разлика уствари, сам си, иако не си. Дома не е така. Дома ќе ти сварат чајче, ќе те измасираат со ракија или нешто помодерно, ќе ти пеат ако сакаш, итн. Финансиски да сфатам дека е исто, но психички не е исто, блага веза нема.

    Иначе на темава, ме заболе кој како сака да живее. Јас знам како јас сакам. Мирна глава, да не се објаснувам никому. И така е засега. Дома, ако немам друг избор би се вратила, нерадо.
    Самостално во Скопје, станови да изнајмуваш сам, да не делиш со цимер, дечко, сопруг ... Само ако си богат за наши услови.
     
    На dunika и Cka им се допаѓа ова.
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Да се преселам од Кисела Вода во Волково или Ѓорче или Маџари? Да патувам до работа саат ипол, па и два? Да му плаќам на некој 150 евра кирија? Пола плата да ја давам на кирија? Зошто? Само зошто некој мислел дека така ќе бидам посамостојна. Не ми паѓа на памет. Да имам 1000 евра плата, можеби би се размислила. Во овој случај нема поента. Јас ви гарантирам дека сум многу повеќе самостојна од многу што "сами" живеат и "сами" се издржуваат.
    Леб и паштета? Сериозни ли сте? Се читате ли што пишувате? За ова воопшто не вреди ни да си губам време да се објаснувам. Абре 70% во Македонија младите земаат од 150 до 200 евра плата. Со кои пари да оди под кирија? Со кои пари да оди под кирија вработен во КАМ кој зема едвај 8500 денари плата? Толку одите до крајности и се губите со реалноста само за да се докаже нешто. Се прашувам дали сите ние воопшто живееме во иста земја? Па уште кога ќе ми направи некој споредба со Америка, Шведска, Норвешка... (facepalm) Мислам @Bridget беше што рече дека пола од нив таму ќе се самоубијат ако паднат на нашиве плати. Или ќе паднат во депресија.

    Абе што ти прави политика. :rofl: Лета магаренцето? ЛЕТА.

    Уствари на крај излегува дека овие што живееле или живеат под кирија не било тоа нивна желба, туку биле приморани ради што дошле од друг град. Како ќе се осамостои млада личност ако живее во Делчево? Ќе се пресели од оваа на другата улица подоле? Муабетов очигледно важи само за Скопје, а во Скопје под кирија живеат само оние кои дошле од друг град. Тоа значи дека кирија не е остварување на нивна желба од соништата, туку нужно зло. И во ред е, секој си бара подобро, секој бара поубаво, подобри услови. Сега да излезат подобри услови за работа во Берово, јас таму ќе одам да барам работа. Тоа е реалноста. Ама ве молам да не се лажеме дека многу сте сакале или сакате да живеете под кирија или па дека тоа било само и само ваша лична желба само заради осамостојување и ниту една друга причина.

    Во Македонија 1% живеат сами и под кирија заради нивни лични убедувања и потреби. И тој 1% навистина може да си дозволи таков луксуз, а да не го чувствува тоа во секојдневните потреби. Од друга страна пак, тие што можат да си дозволат кирија, за брзо време си земаат станбен кредит и си купуваат свој стан. Зашто на сите ни е јасно дека кирија е фрлање пари во бунар.

    Може да живеам сама и под кирија, ама не по цена да секој ден јадам леб и паштета. Кога би немала избор, тоа е тоа, ќе се борам, ќе морам. Ама кога веќе имам избор, го бирам она што сметам дека на долгорочно ќе ми донесе поголеми бенефиции.
     
    На Jason123, dunika, Tanjamm и 13 други им се допаѓа ова.
  12. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    @Cka
    Чекам неколку дена да ми одговориш, гледам пак си активна, просто прашање беше, ме интересира твоето мислење?
     
  13. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.106
    Пол:
    Женски
    Ја не планирам двајца да ос
    За двајца е друго, јас зборувам за фамилија со деца кои ќе пораснат и со тоа и трошоците. За другите трошоци да не зборуваме, кирја или кредит за стан/куќа итн... Нормален живот е да можеш да си дозволиш секое лето да одиш барем до Грција, не мора во хотел... да можеш да си дозволиш нормална кола па и да ја менуваш барем на 5,6 години...да можеш да си реновираш дома барем 2 пати во животот а не да седиш со мебел стар 30 години...едноставно да можеш да си дозволиш голем број работи за себе и за своите деца без стискање и заглавување со кредити.
     
    На AURUA и augustd им се допаѓа ова.
  14. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    Јас се греам со печка, неам парно, најмногу дошло зимно време во најладното, јануари, 3500. Инаку не ми оди сметката над 2500.
    Со 5000, алал нека ти е плаќањето, ептен е многу.
     
  15. Michelle*

    Michelle* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    838
    Пол:
    Женски
    блазе тебе
    од ноември ко ќе фати студот,до април јас сметка испод 4.500 денари не сум платила,а во јануари платив 5.465 денари за струја,башка други сметки

    @augustd потполно се согласувам со тебе
    во темава само нивното е правилно само тие се херои ние другите или татичко или грујо или сме слепци
    и мене татичко ми најде работа а притоа не е нити судија нити пратеник нити ништо туку обичен човек со скромна плата кој од петни жили се потруди и мене да ме обезбеди (колку толку) за да не страдам
    во меѓувреме јас не седев дома мама да ме рани со супа туку работев било што не знаејќи што прави татко ми за мене,сметајќи човекот дека тоа е негова должност
    којшто сака нека мисли ама остајте секој да се залага за себе како сака без притоа да осудувате и навредувате
     
    Последна измена: 6 август 2017
    На AURUA, Gosh, Purelove92 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    Ако си на панели, тие ти се најлоша инвестиција, најмногу троши, не затоплува долготрајно. И јас иам два, скоро никогаш не ги пуштам.
     
    На Michelle* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Сериозни сте дека со 200/250 евра плата можно е да се осамостоиш?
    Да, можно е ако живееш во подрум без да плаќаш сметки и 3 недели со ред да јадеш паштета од 7 денари.

    За лична хигиена доволно ти е сапунче?
    Може баба ко била девојка и било доволно сапунче.
    Во овој век да користиш само сапунче богами лошо ќе се заебеш.

    Во некои екстремни случаи каде што младите се психички и физички малтретирани дома... Каде што живеат со очуви/маѓеи што се изживуваат со нив... Може би си заминале од дома и со 200 евра, па да мизеруваат, да користат само сапунче, да спијат во влага, да јадат паштети и да не излегуваат никаде освен на работа.

    Ама во нормално семејство каде што млад заработува 200 евра, не би заминал, не за да не крати од вештачките нокти туку едноставно не може да живее нормално.

    За плата над 1000 евра (што во Македонија е научна фантастика) е друга приказна.


    Од ко постои форумов, па се до сега, дури и врапчињата на гранка знаат кои членови се способни и сами се снаоѓаат... А останатите млади не сакат да се отселат од дома, пошто нема да можат на фризер да одат... А не дека 200 евра земаат и ќе бидат помизерни од го*но ако плаќаат кирија и сметки.

    Во Македонија живееме.
     
    На Annath, AURUA, Jason123 и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    Пола пишано овде е "Зошто некој смета дека така ќе бидам самостојна личност" и правдање зошто вашиот избор е таков каков што е.
    Никој не ве напаѓа. Ни вие кои живеете со вашите, ни оние кои живеат со цимери/партнери, ни оние кои живеат сами. Па нема потреба од ниски коментари и навреди.

    Секој има право на избор. Ако некој ве става во групата на "паразити" или штотизнам, што ви е гајле, нели не е важно мислењето на другите?

    И да, се живее со 200 евра. Ако се најде зачувана гарсониера со пристапна цена во место каде ви одговара, и најдете личност да делите на пола, може. Ќе замижите за неколку работи. Па и сами да сте, може.
    Во две куќи кои се на ист струјомер и водомер, петчлено семејство за струја плаќа 3000-3500 денари и за вода околку 1000-1500. Имало сметки и со 5000 за струја и 3000 за вода, но тоа се исапди еднаш годишно. Значи сам човек, за сметки би плаќал околу 3000 денари со вклучен интернет.
    Греењето во зима е на парно и печки на дрва, значи тоа е трошок плус, ама и тоа се решава кога е му дојде времето.
    За лична хигиена, па косава освен поквалитетен шапон и маска која е 100 денари за користење од 2 години нема друга нега. Телово освен соодветна купка исто. А бидејќи имам сува и чуствителна кожа ќе се намчкам некогаш со кокосово масло или некоја помада/ млеко за тело. Антипреспирант е маст хев, Рексона спреј од 100 денари. Парфем најобичен од 400 денари за месец и пол. Шминка не користам. Лицево со пена за чистење и соодветна помада од 200-300 денари кој ја користам со месеци поминува. Шминка не користам. Ова е моето козметичко катче и одржувањена хидиена.
    Прашак има по 300 денари од 3 килограми, ќе се користи месец и пол сигурно. Омакнувач не мора.
    Хлороводородната кисллина е 30 денари, заедно со Варикината.
    Има сјај за миење садови од 50 денари. Ќе се користи исто 2 месеци со сигурност, сам човек или двајца.
    Одам пешки. не ми претстваува проблем, 2 километри минам за помалку од 10 минути. За ептен далечни дестинации постои автобус(ако си во Скопје), во нашиот град нема ни автобуси.
    Алиштата не се да се облечат само 2 пати.
    Е не си купувам облека од Ејч Ем и Страдивариус и сличните. Гледам да е квалитетно па макар и од пазар купено. Не мора да е последна "мода". Кои смешки ми се кошуливе/блузи со голи рамења и ракави надолу до над лакти. Или влечките со волна или машна напред. Битно да е комотно и соодетно со пригодата за која се носи.
    Од обувки оригинал патики носам по неколку години, лете и зиме, а се 2-3 пара. За други пригоди ќе се најдат балетанки или некои чизми од 300-500 денари.

    Сѐ опфатив? Значи се може доколку се сака.
     
    На Captain-Omni му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Michelle*

    Michelle* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    838
    Пол:
    Женски
    остана уште розовите наочари да ги извадиш и топ ќе биде
     
    На Belgin1, AURUA, cresa-jagoda и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    Каде, според пишаново, увиде дека носам розови наочари? :)