Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можно ли е младите во Македонија да живеат самостојно?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 31 јули 2017.

?

Дали младите во Македонија можат да живеат самостојно?

  1. Да

    81 глас(а)
    32,0%
  2. Не

    180 глас(а)
    71,1%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Michelle*

    Michelle* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    838
    Пол:
    Женски
    во твојот „оптимизам“ дека со 200 евра еден човек може да го истурка месецот од 30 дена со кирија,сметки и храна,а да ги тргнеме настрана сите други човечки потреби кои не се дезодоранс од 100 денари и сјај за миење садови
    млада си,допрва ќе видиш
    п.с.со 200 евра не се живее,а незнам ни дали се преживува
     
    На Annath, Daydream, AURUA и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.519
    Допаѓања:
    17.552
    Пол:
    Женски
    Не сум оптимист, туку досега сум видела и проживеала работи кои многумина возрасни личности не ги проживеале. И минувам низ некои се уште.
    Живеам со еден родител, кој имало период кога добил отказ од работа во период кога семејството се распаѓа. Па работел како таксист со плата под 8000 денари, а издржувал девојче во основно со свои потреби. Затоа што сега знам дека можам без многу повеќе што тогаш сум имала, иако сега можам многу повеќе да си приуштам или да ми биде приуштено.

    Знам како е да се нема и да се живее со минимум средства. И знам дека можам да живеам со 12000, што е 4000 денари плус од подолг период во мојот живот низ кој сум поминала, во помал град. Па тие 4000 плус би ми биле доволни за да се снајдам во Скопје.

    Затоа реков, полека со заклучоците и етикетите. Може?
     
  3. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    5.579
    Пол:
    Женски
    Одамна имам впечаток дека во нашава земја народов се помирил со преживување, па си крати од задоволства и потреби. Цело време, не мора тоа, не мора ова, замижи премижи, издржи. Ако навистина се ослободиме од овој став, барем ќе направиме прв чекор кон подобро. Зошто да несе стремиме кон подобро, повеќе, поквалитетно. Зарем не заслужуваме?
     
    На Annath, BoaVista, Daydream и 24 други им се допаѓа ова.
  4. Michelle*

    Michelle* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    838
    Пол:
    Женски
    едно да разрешиме:нити те етикетирав,нити ништо,во ред? незнам каде ме сфати дека етикетирам
    и не е тоа никаков заклучок, туку само ти ја кажувам моменталната,РЕАЛНА,состојба во нашата држава
    жал ми е за тоа низ што си поминала,потполно те разбирам зошто сум осетила на своја кожа
    но исто така сум осетила дека врти-сучи,што сакаш прави со 12.000 денари, посебно не во Скопје, неможеш
    али добро,оставам сама да увидиш и ти посакувам да се снајдеш како што си замислила
     
    На cresa-jagoda и Црна Ружа им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Јaс кoгa рaбoтев зa 150 еврa и живеев сo мoите (пooдaмнa) нa пoлa месец oстaнувaв без пaри a не плaќaв ни сметки ни ќиријa. Ни зa oдмoр имaв ни зa шoпинг сaлaм ни зa нoкти ни зa фризури. Еднaш ќе гo нaпoлнев фрижидерoт дoмa зa 50 еврa, зa кoзметикa oкoлу 30 еврa месечнo oти сепaк женскo, еднo пaрче oблекa, некoлку излегувaњa преку викенд, пoјaдoк зa рaбoтa и тoлку.
    Нa прoслaви кoгa ме кaнеa кaкo свaдбa нa пример рaчунaј пoлa плaтa oди зa неa, oстaтoкoт кoлку зa џепaрaц.
    Плус тoa беше пooдaмнa и збoрaм зa мaл грaд, сегa цените пoкaчени се нa се' плус зa Скoпје претежнo се збoри.
    Не јa слушaјте cka, дa билo тaкa леснo и oнa сaмa ќе живеелa уште кoгa билa сo пoмaлa плaтa. Зoштo тoгaш не се oсaмoстoи? @Cka
     
    На Annath, Daydream, Mr. Right и 15 други им се допаѓа ова.
  6. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.117
    Пол:
    Женски
    Пак ќе кажам живеење и преживување се две различни работи. Во оваа држава со овие примања мал дел можат да живеат а другите преживуваат, без разлика дали биле самостојни или не.
     
    На AURUA, Tanjamm, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.519
    Допаѓања:
    17.552
    Пол:
    Женски
    По тоа "во твојот "оптимизам"", што ме прави мене оптимист по дифолт.

    И општо пишав во моето прво мислење на темава дека се генералиира. Повеќето луѓе преживуваат, не велам не. Ама да се каже дека луѓето во Македонија преживуваат и се задоволуваат со малку, не знам што е ако не е генерализација.

    И тоа го велам затоа што сум била во тешка состојба. Знам што ми е доволно, кога не сум ги задоволила потребите, и кога имам за нешто плус. И она што го планирам знам дека е многу блиску со реалноста, нема големи разлики во пресметките. Освен тоа, знам што можа да направам и со што можам да се справам.

    Луксуз ми претставува да си купам некоја литература или некој производ од најонова технологија, не дезодоранс или сјај за садови. Ниту гардероба или пак храна. Тоа ми е небитно и основата ми е доволна.

    Ова е четврто мислење пишано од моја страна на темава со иста поента, не планирам да пишувам и понатаму.

    Уште и да додадам, јас сум последниот човек за кој може да се каже дека се задоволува со малку. Само се приоритети во прашање.
     
  8. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Неколку пати препрочитај го болдираното. Самата велиш БИ ми биле.
    Ај да почнеме од живеалиште, кое, штом не живееш во Скопје - го немаш. Во старт имаш потреба од стан под кирија. Наврати се наназад и прочитај колку се минималните трошоци за кирија и сметки. На ова додади го јадењето. И превозот да не го заборавиме, најчесто е неопходен. Останатите луксузи како козметика, алишта и пари за кафе - здравје, ако има. А ќе нема, јер со 200 евра ни за неопходното нема, а не пак за основното.

    Со 200 евра во Скопје можеш да поминеш месец, остамостоен се разбира, ако и само ако ти се насмевне среќата и сите коцки ти се поклопат. Значи секој денар е планиран кај оди и нема простор за ненадејни трошоци како роденден, настинка или некој квар.

    Интересен е делот во кој се идеализира и наоѓањето стан се поистоветува со купување фармерки. Ми треба таков и таков стан, таму и таму, до толку и толку пари. Крајна цел - да избегнеш додатен трошок за превоз и пеш да можеш да стигнеш на повеќе дестинации.
     
    На cresa-jagoda и Michelle* им се допаѓа ова.
  9. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.519
    Допаѓања:
    17.552
    Пол:
    Женски
    Ова "би" е за таа една третина плус од вкупната сума од претхоходно, која стварно како плус, би ми била доволна за нешто плус во Скопје.

    Од вториот пост тука, пишав дека доколку се најде гарсонијера до 150 евра во место кое ми одговара, сметките би биле горе-доле околу 3000, груба пресметка е 100 евра за ќирија и сметки. Имам уште 100 евра на располагање, и се повеќе од доволни за мене за преостанатото што ми треба.
    Заедно со она "Ќе се замижи за некои работи".
    Ова се однесуваше за со цимер, да не дојде до недоразбирање.
     
    Последна измена: 6 август 2017
  10. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    3.194
    Колку сте тупаџии, ау.
    Значи ако некому му стигаат 200 евра за да преживее сам во Ск, ви набројува и детално за што троши пари, вие не, не живееш ти, оптимист си, не си во право. Свесни сте дека фамилии живеат месец за месец со 200 евра, не па сам човек?
    Со 200 евра и цимер/ки, ќе преживееш. Нема секој ден да трчаш по нов фустан, штикли и марки козметика, али ќе преживееш.
     
    На theowndemon, Captain-Omni, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    48.656
    Пол:
    Женски
    Сите вие што барем еднаш сте биле во полуксузен ресторан, еднаш сте си купиле парче облека и еднаш сте јаделе кременадла наместо паштета да знаете не сте успеале во животот и сте лешинари кои живеат на грбот на мајка им и татко им.

    Просто безобразни сте со осудиве, чунки сите тука што јаделе леб и паштета меродавни да кажуваат како е тоа успех во животот. Не! Не е успех да се храниш погрешно, не е успех да немаш никаков социјален живот и од дома да не излегуваш, не е успех да идеш со еден пар чевли и во лето и во зимо, не е успех да пешачиш од Ѓорче до Драчево секој ден, не е успех да живееш со 6 души во гарсоњера јер си самостален, не е успех да лижеш гз по партиски големци за да ти дадат работа.

    Трагично е да се потсмевате на луѓе кои едвај кубурат секој месец со 200 евра плата и да им кажувате како сте успеале во животот зошто да не била партијата да ве бутне во некоја институција и вие во приватен сектор ќе сте кубуреле за минималец и ќе сте се треселе секој месец дали ќе ви стигне платата.

    Платата ми е над просечната а ете живеам со моите иако имам уште еден стан и не морам да плаќам кирија за разлика од другите. Живеам со нив зошто сакам, зошто покрај нив имам прилика секој месец да тргнам солидна сума на пари на страна за иднината наместо да ја трошам за аздис и за секс на само, зошто утре коа ќе се омажам до крајот на животот ке бидам сама а времето поминато со моите никој нема да ми го врати, зошто побитно ми е утре кога ќе се омажам да имам свој капитал на страна без разлика дали ќе го дадам за учество за стан, за нова кола или за покуќнина во новиот дом кој ќе го градам со сопругот.

    Дали може да се живее сам? Да, може. Ама не секој има прилика за истото. Убаво кажа некој погоре, мал е бројот на луѓе кои имаат солидна плата да можат да се одвојат а притоа нормално да живеат без да јадат паштета секој втор ден. Не велам не, и со 200 евра може да се живее, ама кога би бирала пре би да живеам со моите и да имам нормален живот и нормална младост него ли да се пукам во гради како врв достигнување ми е платената кирија и одењето пеш од Ѓорче до Драчево.
     
    На Belgin1, Annath, Daydream и 23 други им се допаѓа ова.
  12. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Сјај два месеци :D

    А чај пиеш или многу ти е мрсен?
     
    На Priroden, Tanjamm, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Јас мислам дека малку не се разбирате во темава.

    Мислам дека таборот што вика дека може повеќе алудира на фактот дека голем дел од луѓето во Македонија се мрзливи и порадо би само да седат и да кукаат како се нема пари отколку да преземат нешто.

    Е сега, тоа е малку офтопик, ама и коментаров мој е веројатно офтопик, ама ај. :D

    Реално да ви кажам, еден куп познавам такви. Секогаш се има некој изговор зошто да не се сработи нешто или зошто да не се почне нешто да се прави за да се мрдне од мртва точка. Не знам ни сама на колку се имам понудено да помогнам и на прсти се бројат тие што стварно прифаќаат помош... другите само коментираат колку ми е лесно мене или како сум си ја наредила работата.

    А пази богати, јас се' сама си правам, сама се буткам и се борам и тоа на ГЛОБАЛЕН пазар, ама после мене ми било лесно, океј, нека ми биде.

    Да се вратам онтопик - со 200 евра не можеш баш да плаќаш сам кирија, сметки, ајдење и слично.

    Сега пак офтопик АМА ОКЕЈ, морам да кажам посилно е од мене. :D

    Кога гледаш дека ситуацијата е таква каква што е, тогаш правиш план како да се снаоѓаш најдобро што знаеш и умееш со оглед на околностите. Било тоа да е тргање сума на пари за да се осамостоиш по некое време, било промена на професија, било промена на работно место... пасивноста е тоа што нервира во случајов.

    И јас едно време работев за просечна плата, ама кога гледаш дека не бива, се доусовршуваш, се надоградуваш и си го бараш чарето. Е сега не иде чарево бе на тацна, шо знам, мене барем некако не ми иде, еден Господ знае шо правам и како се снаоѓам. Легално, да се разбереме. :rofl: Е и мене сега ми се плаче што претходнава недела само двапати испаднав од дома и што очиве ми се воспалени веќе трети ден ама сакам независност и тоа е цената шо сум спремна да ја платам.

    Кога студирав немав пари за тоа што сакам да си го приуштам, па одев 'рмбав летно време, и така имав. Кога како студент овде пишав дека ми требаат пари и кога ми се понуди членка одовде да си ги одработам најпоштено, прифатив. Дека стварно ми требаа и стварно ми мењаваа на неделно ниво. И никогаш нема да можам да и' се оддолжам за тоа. :hug:

    Да земам да пуштам оглас сега дека барам некој да дојде да ми помогне со работа, знаете дека со месеци ќе барам асален човек за работа?

    Не знам, бар мене ако ми смета нешто гледам да го променам.
    Бат детс џаст ми.
     
    На Annath, Captain-Omni, Mr. Right и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.519
    Допаѓања:
    17.552
    Пол:
    Женски
    Колку време се користи сјај за садови од пола кило? Затоа што толкава е количината за 50 денари.

    И штом толку те интересира, не пијам чај. Калоричен е доста.
     
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Фaмилии штo плaќaaт ќиријa?
     
    На Michelle* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Абе коа ќе прочитам дека само еднаш годишно е сметка за струја 3000 или 5000 денари одма престанувам да читам.
     
    На Annath, Daydream, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Изгледа имаш проблеми со разбирање.
    Не негирав дека може да се најде место за 100 евра само ти соопштив какво место ќе биде тоа.
    А за овие огласиве, јас би ти препорачал да живееш во "куќа" од 60м2 во Волково која не е издадена од Октомври прошла година најмалку, пошто на линкот нема да те удри смрдеата од влага во глава.

    Не успеа да направиш пресметка за тоа како се живее со 50 евра за се останато надвор од сметки и кирија.
    300 денари за хигиена месечно се за некој кој смрди во радиус од 40 метра и муви паѓаат околу него како жртви на неговата штедливост. Пошто гледам си запознаен со крајни лишувања и не си бил во можност за основна хигиена, некако ме удри депре, не за тебе лично пошто ми е соврешно сеедно дали си ок или ќе умреш, но морам да укажам дека постојаните, долгогодишни лишувања од основни потреби резултираат и со умствени проблеми.

    Затоа имаме и муабети за 50 евра како доволни за живот во тек на месец дена.
    Покрај сјајот кој трае подолго од шпанска серија имаме и митски сметки за струја од 1500 денари и некористење на шминка, настрана патешествија од саат време на 40 степена пешадија за да не се потрошело на автобус.

    Да не беше касно би рекол памет во глава, но очигледно е прекасно, понекогаш некои животни одлуки влијаат не само на физичкото туку и на менталното здравје.
     
    На Jason123, Priroden, Daydream и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Дај не зезај, и повеќе од доволни, фали уште да кажеш дека можеш и да заштедиш. Биди реална и кажи дека 200 евра се доволни да преживееш и ништо повеќе од тоа.

    Ако на фамилија мислиш двајцата млади, здрави и прави, возрасни личности, е тогаш нека им е. Можат најмалку 350-400 евра да внесат во куќата, а тие со 200 се снаоѓаат. Нивен проблем, не мој.
    А ако оваа фамилија се состои од родители и дете, е тогаш ја би им го одзела правото на родителство.
     
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.041
    Допаѓања:
    52.411
    Пол:
    Женски
    Има еден човек што живее во напуштен автобус веќе повеќе од година. Го гледам секој ден кога одам на работа. Нема плата, нема стан, а живее.

    Значи и без плата се живее.
    Ајде да даваме такви примери сега за да докажеме дека некој што живее со родителите е мрзлив и неспособен.
    Секако дека може да се најде начин, и, каков живот е тоа?
    Со стресови, хронични болести, намален имунитет од нездрава храна и немање основни услови за живот? Со мизерување, без социјализација?

    Па еве и за секс да е, кај ќе најдеш дечко за секс ако немаш пари да излезеш од дома и плус живееш на крај на свет?

    Бидете малку реални.
    Се може, ама треба план.
     
    На Annath, BoaVista, Jason123 и 18 други им се допаѓа ова.
  20. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    29.393
    Пол:
    Женски
    Реалистично гледано, многу тешко. Јас би рекла не.

    Во Америка е возможно од многу причини. Плус има и други фактори кои влијаат таму. Мои познаници таму живеат сами уште од 16 години, имаат работа и се веќе возрасни на некој начин. Бидејќи често сум во контакт со луѓе на мои години во Америка, често ми раскажуваат за ова. Голем дел од нив се приморани од дома да се иселат, не е како тука цел живот да бидеш товар на родителот. Ама други се стандардите таму. Живеат со цимери/цимерки, си земаат убава плата, ако им треба некој денар плус ќе си обработат прекувремено, ако работат плус фриленсинг ехее не ни мора да имаат basic job. Од друга страна пак кај нив е проблем ако сакаш да запишеш факултет, бидејќи кошта многу. Земаат студентски кредити, остануваат должни за грдно големи пари кои после тоа цел живот ќе треба да го исплаќаат, ама нема сите убавини. Ама и без факултет можат да си најдат убави доброплатени работи.

    А кај нас тука кај можеш да го изведеш тоа?
    Прво никој не сака да те вработи ако немаш искуство, а како да имаш искуство кога никој не сака ни да ти даде шанса?! Ќе треба да волонтираш неколку години, за да се сожалат и на крај да те вработат, а ќе те вработат за минимална плата, пошто нели почетна работа ти е. И со тие 12000 што би правел побрзо? Да живееш под кирија со некој, ај по 100 евра ќе давате и уште некој денар за сметки. А со другите пари да јадеш, да пиеш, да излезеш евентуално некогаш, да им помогнеш на твоите можеби... А ако се разболеш не дај боже и отидеш под фонд? Отиде јабана.

    И не е дека новиве генерации сме мрзи, па нема што да работиме. Иако не викам не дека има такви поединци, ама не е истото за сите. Колку познавам луѓе некоја година постари од мене со дипломи дома седат пошто никој не сака да ги вработи, а сите знаеме како функционира она со партиската книшка.

    Како што одат работиве во држава тешко дека некогаш ова ќе им биде овозможливо на младите кај нас.
     
    На AURUA и Someonespecial им се допаѓа ова.