Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можно ли е младите во Македонија да живеат самостојно?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 31 јули 2017.

?

Дали младите во Македонија можат да живеат самостојно?

  1. Да

    81 глас(а)
    32,0%
  2. Не

    180 глас(а)
    71,1%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Michelle*

    Michelle* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    838
    Пол:
    Женски
    па jaс лично во последно време и не познавам студент кој не рмба преку лето било дали е заминат некаде преку work & travel,било дали во кафиќ,бутик,маркет или со неговите
    ретки се тие што не,така да секој од овие е херој сам за себе
     
    На Daydream, AURUA и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Ако за време на секс кондомот пукне, ни за Норлево ќе немате пари.

    За преку work&travel колку пари ви требаат за агенција, виза и карта до таму? Заборавате на оние 2000 долари кои треба да ги земете од заштедата на родителите или да подигнете кредит. Некои едноставно не се одлучуваат на толкав ризик. Е ако не добиете виза, тогаш ќе сте во голем минус и треба да работите цела година овде, без да потрошите ни еден денар, за да ги вратите парите.
     
    На Annath, Daydream, Mr. Right и 2 други им се допаѓа ова.
  3. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Во ред е да се дадат насоки за заштеда, евтин маркет, вршење поголеми работи во домаќинството на евтина струја, користење евтин детергент или пак замена на кола, со велосипед или автобус. Не е во ред кога барате од народот да преживува, а вие како поединец зимате 500 евра плата, пошо не има и со 300 и со 200 евра. И тука не се работи за неспособност на индивидуата туку моментално пазарот на труд во Македонија толку нуди за замена на нашата услуга, дали амалска или интелектуална.

    Изводливо е да се преживее така неколку месеци, верувам дека многу од тука имале и кризни периоди каде морале да кратат и од основното, ама тоа е МОМЕНТАЛНО, а не ЦЕЛ ЖИВОТ.

    За да попувате некому дека е доволно само да сере и да оди на работа а при тоа истиот да нема право на социјализација е веќе недостиг на емпатија, дури ќе речам и психопатски пошо докажување на херојството низ призмата на сиромаштија не е секогаш правилен начин за оценување на способноста на поединецот.
    Не е нормално некој од некого да бара да го помине животот како експериментален глушец, затоа што истиот тој можеби некогаш бил приморан да поминува низ истото.
     
    Последна измена: 6 август 2017
    На Belgin1, Annath, Jason123 и 22 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.852
    Едно е ако МОРА да се живее со 200 евра.Тоа значи дека нема друг начин и излез и мора да се преживува.
    Друго е да експериментираш.Да се занесуваш дека си самостоен.
    Ако гарсониерата е 130 евра,тогаш е во Ѓорче 2..а тоа значи пари за превоз.Струја ,вода,парно,мобилен и чистачка се 50 евра.
    Е..со преостанатите 20 треба да јадеш,градски да платиш,и да си купиш влошки.
     
    На Annath, Jason123, Priroden и 22 други им се допаѓа ова.
  5. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    Ова е делот кој се однесуваше на мојот пост, па ајде да ти одговорам, да не осатанеш во мрак на шпански серии и митови, може? :D
    Бидејќи го игнорираш мојот пост кога си ме цитирал, повторно да прашам: Колку време се користи сјај за садови од пола кило кога со него би се миеле две чаши, чинии и прибор пута 2, а? Или и сега ќе игнорираш и ќе се правиш паметен?
    Или пак личности кои пола ден го поминуваат на работа, затоа што нели, тие 200 евра не и паѓаат на небо на сомостална личност, колку трошат струја и вода во преостантите 8 саати? Преостанатите осум да речеме дека ги отспиваат, а од тие 8 што се наведени погоре стриктно ги поминуваат таму каде што живеат, затоа што нели тие не излегуваат ни во парк каде што можат да седат барем на клупа, без пари е.
    И да, не се сите толку нежни, не е проблем да отидеш некаде на 40 со капа на глава или да застанеш некаде на ладовина и да почека колку толку да залади. Можеби и ќе завршиш некоја обврска во некоја просторија каде има и клима, замисли еј. Пошто клима ти да пуштиш каде што престојуваш е луксуз.;) :(

    Како беше она "Kако бе не им се спуштај на ниво? Смачкај ги и врати си се назад.". Затоа што гледам нѐ направи и со психички проблеми. :( :D

    На последното мислење на @Rebecca_R каде ме цитирала, нема што да признаам. Заначи заклучувиме дека се живее. Ако на некој нешто му е тешко, на друг не му е. А повеќето немаат избор ако отидат некаде поради работи кои ги нема во нивното место на живеење. Знаеме дека повеќето се приморани да се осамостојат кога студираат.

    Овде завршувам.
     
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    52.031
    Пол:
    Женски
    А забар? Гинеколог?
    Инфекција на око, главоболка?
    Расипан телефон? Свадба на другарка? Болен родител?

    Месечно по барем еден непредвидлив трошок ми се случува. Каде е тоа во пресметките?
     
    На Annath, MissSpark, Askopje и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Добро де, не сум го видел скромиот пост, не сум премногу упатен во деталите на разни видови детергент за садови али од мои искуства низ живот под кирија би рекол месец дена преку сила.

    Не фантазирај за сметка за струја од 1500 денари, може си дете или крајно неупатена особа но сепак треба да се има некоја смисла. Нема да ти кажам дека штркот носи деца а ти не ми кажувај за струја од 1500 денари месечно. Мислам да се задржиме барем колку толку во реалноста :devil:

    Одење по саат време на +40 не е никакво челичење туку неможење поинаку, dotako_sam_dno_zivota.mp3 Тоа е тој живот со акање по пола ден на +40 и на -25 на зима. WOW !:party:
     
    На Annath, Jason123, Priroden и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Мислам дека фантазијава со осамостојување може да заземе толку големи размери, па да почне да се докажува како со 12 000 плата, не само што се живее комфорно, туку и останува за одмор во Грчка и рата за автомобил. :D
    Наместо фалење на форумов која била поработлива и понамачена, пропратено со тезата: “На младите не им се работи во Македонија“, да изведеме заклучок дека „На младите не им се робува во Македонија.“
    Сигурно сте свесни дека половина од работоспособното население си заминува заради ниските плати, не дека не им се работи. Платите од 8 000 и 12 000 се модерно ропство, илузија дека имаш плата.
    Ако имаш поголеми трошоци, кола, патување секојдневно, ни плата од 18 000 нема да биди доволна.
    И ете, оти сум имала можност да заминам од тука и да живеам надвор, знам дека проблемот со осамостојување, живеење сам/а или со цимерка го има и во други земји, кои тука се симбол за развиеност, а имаат голем проблем со невработеност. Една од нив е Италија. И таму се принудени да живеат со родителите, се до брак, поради тоа што платите не им стигаат.

    Ама најдобри фаци ми се оние кои заминуваат во Ск за студирање, тврдат дека се самостојни (со парите од мама и тато). :drunk:
     
    На Annath, Daydream, AURUA и 5 други им се допаѓа ова.
  9. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Темава околу ненормалното штедење ме потсети на
    Extreme Cheapskates ја даваат на TLC.

    Имаше семејство каде полнат када со вода и во истата вода се бања секој член еден по еден.
    Друг пример каде наместо тоалетна хартија се користеа весници што ги собираат по трафики.
    За време на реклами се гасеше телевизор да се заштеди струја.
    Прозори се бришеа со некористена улошка и малку кока кола ради киселината.
    Ако имаа гости става мелено месо со повеќе сало.
    Во машината за миење садови истовремено и готвеа ради тоа што достигнувала одредена температура на која може и да се готви. Тоа што месото има вкус на детергент за садови, нема везе.
    Една сијалица носиш со себе и ја ставаш зависно која соба од домот ја користиш.
    Закопуваа фрижидер во дворот на земјата бидејќи истата има константна температура од 10 степени.
    Итн..


    Поентата ми е дека постојат начини за преживување, дури и вакви несекојдневни.
     
    Последна измена: 6 август 2017
    На Daydream, cresa-jagoda, referentka и 4 други им се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    250 евра биле доволни... Фејспалмови не се доволни.

    Струја плаќам и по 7000 денари во студените месеци. Мајска сметка доаѓа нешто под 5000. Во лето кога ќе се згреши некогаш, под 1500. Живеам во поширок простор и тоа е, се трудам да функционирам ноќно време за да заштедам. Не сум под кирија. Во супермаркети оставам 1000-1500 во неделата, од кои 90% за храна. Какви 50 евра месечно за јадење + друго, одете да си проверите крвна слика. Иако се надевам дека не сте сериозни и дека уште мама и тато ви помагаат, и тоа многу.
     
    На Daydream, AURUA и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    За еден човек?
     
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Да. Напишав поназад дека живеам сама.
     
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Што правиш за да имаш сметка 5000 жити се?
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Не е 5000 мајската сметка, туку под 5000. И шо ти е гајле тебе, жити се? Нема отчет да ти давам.
    Живеам, што правам.
     
    На MissSpark и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па збориме за самостојност и колку пари се потребни. 5000 за струја секако не се.
    Во склоп на темата е, ако ти ствара нервоза размисли како може да заштетиш на сметката за струја и да ја искористиш заштедата за одредени "третмани за смирување". |(
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ако тебе, во станот во кој живееш, не ти се потребни приближно 5000 за струја, ете гледаш како на некого му се. За ова другово, не ти земам здраво за готово, во ред е, не требаше ниту да ја проверувам игнорираната содржина за да читам мислења од неуморни спамери во политика.
     
    На Jason123, cresa-jagoda и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  17. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    2700 - 3000 со рестрикции, односно користење на повеќе евтина струја праќам летно време.
    4000 - 6000 плаќам зимно време кога температурата паѓа под нулата.
    Зборам за стан околу 100 квадрати без можност за парно.

    6000 е една третина од мојата плата.
    Само струја.
     
    На cresa-jagoda и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    И некако упорно ми ги проверуваш, те копка?
    Не знам што мешаш политика во теми кои немаат никаква врска со тоа.
    Дрска си и безобразна.
    Реално, нормална живеачка за едно лице никако не може да оправде сметка за струја од 5000 денари во пролет.
    Сама живееш?
     
  19. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Да, ја издржавам мајка ми и имам увид бидејќи ги покривам СИТЕ ТРОШОЦИ дома.
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Друго е, пак е фамилија и има некој постојано дома.
    Јас до сега во 3 различни стана имам живеено, најголема сметка за струја што дошла е 2400 денари (без разлика дали сама или со цимерки). Не сум се греела на струја никогаш.
    Знам дека и моите плаќаа по 3-4000 за струја редовно, ама веќе збориме за куќа, во куќа трошоците се поголеми.