Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можно ли е младите во Македонија да живеат самостојно?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 31 јули 2017.

?

Дали младите во Македонија можат да живеат самостојно?

  1. Да

    81 глас(а)
    32,0%
  2. Не

    180 глас(а)
    71,1%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    2500 струја се плаќа во пролет, кога вегетираш ноќе. Тоа е живуркање, ко за греота сум тогаш.
    Ако треба да станам наутро, нема грешка дека ќе подготвувам јадење, ќе греам вода и ќе перам после 10 навечер.
    Нема грешка исто дека сите сме цел ден надвор и така штедиме струја. Не дека некој работи од дома.
    И не дека секој живее во гарсониера или двособен стан. Или дека сите апарати во домот му се штедливи.
     
    На Црна Ружа и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Добро, до навики е. Јас никогаш не си легнувам пред 1 часот, не сум си легнувала ни како мала.
    Ако не сакаш да переш облека после 10 навечер, пери во недела.
    Јас готвам и обожавам да готвам. Моментално ни еден апарат во станот кај што живеам не е штедлив.
    Едноставно не знаеш како, прифати го тоа.
    5000 за струја преку лето не може да е нормална сума за еден човек.

    Сте запнале за таа сума од 1000 евра и сите кажувате дека не може човек да живее ако зема помалку од 1000. Зошто не би можел со 500-600? 200 евра за стан со сметки, 200 евра за останати трошоци (што ти доаѓа по 400 денари дневно, во просек), и 100-200 евра остануваат за непланирани/заштеда/опуштање. Зошто е ова нерелана проекција? (прашањето се однесува на останатите, не на sjdgo)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Се читаш ли што пишуваш? Ако мислиш дека така лесно се наоѓа работа, не би имало толку невработени во државава. Па уште и ќе си одземела нечие родителско право, ако нивните приходи им се 200€, бидејќи работи само едниот родител. Попрво најди им работа, ако толку лесно се наоѓа. Ретко кој денес се вработил без партиска книшка, без пријателски/роднински врски или без плаќање однапред неколку илјади евра.
     
    На Kathrynn, AURUA, JollyGirl и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.071
    Допаѓања:
    12.809
    Луѓе бре, ова е Македонија. Еве јас не сум мрзлива, иако ова самобендисано ќе звучи. Работам постојано, не сум без работа подолго време и работам турбо, давам максимум, ама плата тешко покачуваат. Не се живее во луксуз со 200 или 250, па ни 300 евра. Ако е работата да одиме небањати, непотстрижени, искинати, ок ќе бидеме „самостојни“, иако тоа не е самостојност.
     
    На sjdgo, SuperGirl24, Aquamarine93 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    Малку офф, ама политиката со ефтина струја ми е потполно несоодветна и се одвива при отежнителни околности и се коси со правилата за домување кои горе-долу секоја заедница на сопственици ги усвојува. Прво, дали е во ред машина за веш или садови да тропа навечер. Па, ако е на 800 или 1100 вртежи навистина е бучна центрифугата, а како ја слушаме на самиот крај при целосен програм за перење од на пример 60 или 90 степени, би не фатило 24.00 часот.
    друго, во зградава имам и такви што усисуваат во 23 часот во име на ефтината струја. Јас сум една од оние која секое утро за на работа орам да станам околу 5 и 30 и навистина да спрострам веш толку рано
     
    На AURUA и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.572
    Допаѓања:
    43.025
    Пол:
    Женски
    Maлку претерувате со генерализирање на темава. Факт е дека и едните и другите сте во право, има и такви кои можат да си дозволат ама не сакаат оти им е убаво да не прават ништо сами, има и такви кои не можат, а сакаат па се трудат колку толку и дома да се однесуваат што посамостојно.
    Јас сум од вториве, после 4 години живеење настрана како студент, кога се вратив дома последниве две години не ми е баш пријатно. Многу сакам да се иселам и да си се осамостојам, не дека дома моите не се пријатно друштво, ама веќе сите сме возрасни и си сметаме едни на други, различни навики, различни размислувања и така. Е сега не значи дека ако живеам со моиве се понашам како паразит, а и не знам од каде толкава потреба да генерализирате за вакви ситуации, пошто јас знам многу луѓе што живеат со родителите ама сами си готват, перат, чистат, купуваат храна и плаќаат сметки.
    Јас со мојава плата иако живеам во мал град, сама нема да можам да се издржувам под кирија. Плаќам сметка за интернет и телефон од околу 2000, плаќам кредит од исто толку, храна купувам јас, готвам, чистам, си перам и правам се што би правела ако живеев сама. Не одам често на фризер, не си ставам нокти, не одам по ресторани, ама имам работи кои ми причинуваат задоволство и не гледам зошто ако веќе работам не би си ги задоволила. Тоа што живеам со моите ми помогна да заштедам за курсеви, за надоградување и сл.

    Реално колку сакате зборете со 200 евра плата сам не можеш да живееш. Уствари може ќе можеш ако штедиш екстремно на се и ако не плаќаш кирија, поинаку, сосем сам не знам не верувам. Јас со цимери живеев па месечно 5000 само ми одеа на кирија и сметки, 1000 неделно минимум за храна, првоз и други трошоци и може ќе ти останат 1000-2000 за живот. Што мене не ми е прифатливо, па мислете ме за лигава ако така ви е удобно.
    Со дм планираме или да се селиме во странство што ќе е предност ако живееме со две плати, овде може да делиме кирија и сметки и да се осамостоиме, ама ќе биде многу тешко дефинитивно.
     
    На Doozy, zhap4e, Giovanna и 8 други им се допаѓа ова.
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    И убаво ти е? Тоа е проблемот со луѓето како тебе, се задоволувате со некоја таква мизерна плата и кога
    работодавецот има личности кои ќе рмбаат ко магариња на нива за тие пари, он пун стомак, а ти сјај два месеца ќе користиш.
    Сакаш да ми кажеш како девојка, која треба некогаш пудра, кармин, маскара да стаи, треба ко Јети да шета, на сметка на тоа дека била самостојна. И во што јадеш девојко побогу, во раце, па сјајот ти трае 2 месеци. Алал ти вера. Ако не дај и со свински сапун ќе переме на рука, ќе билдаме бицепси. И зашто да немора омекшивач, па што има поубаво од тоа алиштата да ти мирисаат на чисто. И како бе алиштата не се за 2 пати да се облечат само, незнам од кој аспект го кажуваш тоа, дали од тоа дека немора често да се перат, ако е така, ау девојко, немој. А гаќите што, по 3 дена ги носиш истите, или ги луфтираш на балкон. Шампон исто, ако ти немаш проблеми со скалпот, има луѓе што неможат да ги користат оние ефтинине и комерцијални препарати, ако не ќе шетам ко Елса целата снежна, пошо ете може и така да се живее.
    А чекај ти чистиш уопште, каде е тука хигиената на домот.
    За маркирана облека, го делиме истото мислење, не паѓам у несвест ако облеката не ми е некој бренд, ама пак, таа се оштетува, избелува и треба нејзино обновување.
    Зарем ти на доктор не идеш некат у животот, онака чисто ради преглед,па едно идење на стоматолог или гинеколог ти е 1000ка, кое впрочем треба да се посетува минимум 2 пати годишно.
    Или не живееш во Скопје, или мама и тато ти праќаат пари или ти едноставно си легенда, левел мастер живеење ко на Survivor.
     
    На Belgin1, Annath, Jason123 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    Секаде во странство со навршување на 18години родителите ги пуштаат од дома децата сами да се снаоѓаат, тоа е многу паметно но важи за развиените земји каде со труд и работа ќе се снајде секој и одлично ќе заработува, но кај нас да не се залажуваме многу тешко можат да се осамостојат, речиси и невозможно затоа што финансики не е изводливо.
    Препрочитајте се пред да пишете дека со 250-300евра примања некој се осамостоил поготово во Скопје со кирии и сваштарии, оти некој стварно ќе ви поверува.
    Цените на кириите се драстично зголемени, кога во Ѓорче гарсоњера е минимум 150е, а камо ли во други населби поблиску до центар.
    Јас не можам да ги сфатам тие што имаат услови (добра плата, сопствен стан) без разлика дали се во брак или не и што сеуште си живеат со мама и тато.
     
    На dunika, Annath, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Не плаќам 5000 во лето, последната сметка (јуни-јули) ми беше илјадарка.
    Не плаќам 5000 ниту во пролет, ниту во есен, туку под 5000. Под 5000 е и 3000, и 2500 и се што е под 5000, означува нешто под 5000. Си вадиш муабети како и обично во дискусија, нејсе, не сум ти ни прва ни последна. Јас можам да сликам сметки за попрецизно, ако постои интерес :wasntme: Знам како се организира времето по дома за да се искористи евтина струја, не мисли дека си нешто поспретна.
    Во зима, греејќи се на струја, со цифра под 5000, затоплуваш само две простории, во другите ако ти притреба да влезеш, ќе мрзнеш. Ама тоа луѓето во оваа држава, си го сфаќаат како нешто нормално. Психички се измачуваат ако заборавиле сијалица во ходник.
    Е сега, ти не се грееш на струја, а се зафати како плаќам сметки за струја над твоите.
    Во зима, до март, само струја, +/- 100 евра во просек, со по некоја триумфална од 50-60 евра измеѓу, а тука членови убедуваат дека 100 евра се доволни за сите сметки на куп, струја, вода, интернет, цела година???

    По тоа што изнапишуваа овде, испаѓа дека млади луѓе кои се под кирија во Скопје, со цимери или дечко или така некако, не се свесни колку е всушност покомплицирано да се одржува сопствен дом.
     
    На crimson, SuperGirl24 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.079
    Допаѓања:
    134.838
    Која иронија. Самостолност е кога си одвоен од родителите и сам си плаќаш за живот. Има и таквки кои не мораат да плаќаат кирија, оти имаат стан, ама подобро им е со мама да живеат.

    И следуваат неколку твои постови каде обезвреднуваш и омаловажуваш. Кај да е сама со себе ќе се скараш од што ти се дијаметрално спротивни твоите мислења.

    Очигледно е дека немаш живеено со вработени и возрасни цимери туку со неизживеани студенти. И е многу различно. Искутвото поинаку покажува.


    како со просечна македонска плата купивте стан со дечкото? Како со просечна плата двајцата си купивте сопствени коли?

    И не се мерам со тебе да знам дали си во предност или не. Останативе членови од фоумов сека ке речат дека тато ти дај работа, или партиски те вработиле и тебеи дечкот ти оти е ненормално да сте двајца вработени и да можете на 25 години да купите стан и 2 коли.


    Уште една што живее сама, не знам дали и нејзе ќе ја сметате за луда и вработена од партија?


    1000 евра е доволно за двајца. Извини колку заработуваат твоите родители што можат да одгледуваат 2 деца?

    Неколку пати пишав, кириите не се астрономски. СЕГА во 2017 сум под кирија и знам колку се. Не ми треба да ми кажеш.

    Кога ќе си бираш сама стан а не со мама, ќе си најдеш со парно. Јас сметка макс 3000 платив и тоа зимово оти имам бебе. Сега по 2500 затоа што секој ден имам маѓина пуштено, секој ден се варат или печат 3 оброци за бебе. Кога бев сама макс 1700 е, затоа што цел ден сум на работа, а работи само бојлер и машина еднап неделно. АМа не сте живееле само да знаете.

    што си прашал де?

    Не ни знам колку пари е, ама ти ако знаеш пиши да се пресметам.

    Гинеколот е бесплатен и е еднаш годишно. Забарот е контрола и е 300 денари. Телефон не ми се расипал, за свадба 3000 давам подарок, што е еднаш до два пати годишно.
     
    Последна измена: 7 август 2017
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.079
    Допаѓања:
    134.838
    Каква навреда за секое сменесјтво кое живее со еден вработен.
    Уште еднаш, во тие 1.4 спаѓаш?

    ППС Морав у два поста, не од што не знам, туку форумот има ограничување за бројот на карактери.
     
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Зошто мислиш така и како би ти одело некое сознание во прилог?
     
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Колку време го правеше ова, не ми стигна ниту известување од што си вадела толку постови...
    Што те снема сега откако те цитирав, ајде дискутирај. Нема што некој мене да ме смета за луда :D или вработена од партија, затоа што не сум ниту едно, ниту друго. Јас живеам сама, но не сето тоа што го плаќам доаѓа од моја лична заработка. Така да, нема ништо спорно во моите ставови, туку во твоите.
     
    На galapce, crimson, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Како дојде до заклучок дека некој од нас има 25 години. И како си даваш заклучоци како сум си нашла работа. Ни партија, ни родител никој не ми помогнал, знам колку вредам и колку можам, ете така си најдов работа. И нормално е да си го оствариш тоа што си го зацртал, ако не скокаш да глумиш самостојност на 18. Еве оставам на тебе да си ја одгатнеш мистеријата, а ја продолжувам со моите планови и нивна реализација.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Или ќе плаќаш греење на струја или на дрва/плин/пелети било што и нема некоја разлика, 200-300 денари е со струја поскапо пошто и кубикот се поскапува секоја година ама затоа нема чадови, саѓи, палење печка, пепел, кречење на три месеци, така да е подобра опција во случајов.
    Од гледна точка на топлина и пријатност - подобро е на дрва. Али и тоа кошта, квалитетна печка не е под 300 евра.
     
  16. Michelle*

    Michelle* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    838
    Пол:
    Женски
    wooow импресионирана сум.
    секогаш кога остануваш без добар аргумент се браниш со мама? а гледам ретко и кога имаш аргумент
    извини семоќен брус, но јас и без бебе користам шпорет за варење и печење неколку пати во денот,а користам и бојлер почесто зошто на овие жештини и по цел ден на работе,бојлер еднаш неделно незнам баш :worried:и просто ме занима како дојде до заклучок дека не живеам сама?
    а и уште нешто,гледам си ги цитирала сите членови што воопшто коментирале на темава.Сакаш да кажеш дека во сите нас е проблемот,а ти си единствена што е во право?и тоа незнам баш.

    и немора да ми реплицираш знам што ќе биде,и онака цело време верглаш во место
     
    На galapce, Tanjamm, augustd и 7 други им се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Кој прочита и други реплики на Cka, освен онаа што се однесуваше на него?

    Германска просечна сметка за струја е помалку од 100 евра отприлика :D, добро, они мислам дека користат други методи на греење. Ама пак, германска просечна електрисити бил, факинг 100 евра.

    Пошто осеќам дека некој пак ќе пројаде бубрези, да расчистам, не плаќам 5000 ден. сметка во пролет, туку пола од таа сума.
    Ама, се случува во зима да дојде сметка од ~7000 денари и нема начин да превенираш со мерки на штедење (facepalm) Па уште да си платам со парите за струја, интернет, вода и се останато од даноци.
     
    Последна измена: 7 август 2017
    На cresa-jagoda и Michelle* им се допаѓа ова.
  18. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    За во КАМ треба партиска книшка? За келнер/келнерка треба партиска книшка? За да чистиш по домови или да чуваш дете треба партиска книшка? За конфекција треба партиска книшка? За градежен работник треба партиска книшка?

    Ја ке ти кажам - НЕ треба, ама треба да си го испотиш газот или да си ја подгазиш честа, зависи како гледаш на работите.

    За у администрација треба партиска книшка, ама за да 'рмбаш од јутра до сутра, е ја гарантирам дека не треба.

    А си створил живот, со 200 евра трочлено семејство не може да преживее, како сакаш кажи. А двајца работоспособни личности можат да рмбаат и да донесат дома 350-400 евра. И не зборам од памет, имам роднини и пријатели/пријателки кои работат како продавачи, келнери, стражари, чираци итн.

    Ова зборам за личности кои можат да понудат само физичка сила, а они личности кои имаат добри познавања на англиски и/или програмирање, можат многу лесно да најдат работа и на интернет, која ќе биде многу подобро платена.
     
    На SuperGirl24 и joy1 им се допаѓа ова.
  19. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Грешка си, на гинеколог се оди два пати годишно, пап се прави два пати годишно. Не секој сака на државно да иде, и што има да иде, знаејќи што се дешава таму. Знаеш дека сиромавиот дупло плаќа, така? И на забар се иде 2 пати годишно, не за друго забен камен се чисти на секои 6 месеца. Сакајќи некоја поента да докажеш, немаш елементарни познавања во одржување на здравјето.
     
    На Gosh, Tanjamm, Jason123 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Не излегувајте на улица, слушнав вработувале :?:

    По 5 месеци немаат плати земено во конфекција, битно на работа одат :handshake:

    Или си учел факултет и сега ќе одиш ќе чистиш вц шолји на богаташи...или... ќе одиш келнер секој да се дере по тебе...Нема врска што на време сите испити си ги зел и нема врска што немаш работа по струка...Битно е да мизеруваш за 200 евра и да се осамоистоиш од твоите...Пошто што ќе речат комшиите и луѓето на форумов?

    Некои луѓе ко да немаат доприна точка со реалноста.
    Кој знае во кој свет живеат.
     
    На Gosh, Annath, galapce и 14 други им се допаѓа ова.