Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можно ли е младите во Македонија да живеат самостојно?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 31 јули 2017.

?

Дали младите во Македонија можат да живеат самостојно?

  1. Да

    81 глас(а)
    32,0%
  2. Не

    180 глас(а)
    71,1%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Ова се однесува на мојот пост, ама поинтересно е да не се тагнуваме. Океј.

    Види вака, не знам кој дел од мојот последен пост не е јасен. Родител е личност која створила живот и не смее да каже дека му е под чест да меша малтер или да чисти вецеа, скраја да е, да биде келнер.
    Каков е тој родител што не сака да му обезбеди повеќе од 200 евра на своето дете јер му е испод чест да работи одредена работа? Со или без факултет, си створил живот и НЕ смееш да кажеш дека ти е срам да чистиш вецеа, јер детето ќе ти мизерува.

    Нема врска што во старт не си проценил дека со тој факултет немаш друга опција освен копање бунар со тетин ти. Ако имаш висок просек, без разлика на кој факултет си, фирмите во старт ќе се заинтересирани да го платат твојот труд и она што можеш да го понудиш како еден од 10те најдобри на факсот.
    Ама, дека со сметководство и ревизија со просек како и 500 пред тебе на биро, некој ќе се интересира за тебе - можеш да се надеваш само во некој друг, подобар живот.

    За осамостојувањето веќе реков, ама проблем е што читате селективно.
     
    На Jas! и DAngel им се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @Rebecca_R, знаеш дека во Веро вработуваат до 35 години? На девојките на каса во Кам колку години им даваш? Кога последен пат имаш видено 40 годишна келнерка? Лесно е да се каже има работа. Да, без врски може да се најде слабо платено работно место ама тоа важи само кога си млад, кога ќе преминеш триеска ни за келнерка не те сакаат. Само ќе кажам, не дај боже еден ден да се најдеш во таква ситуација, самохран родител со дете кое зависи од тебе и плата од 200 евра.
    А работа во конфекција, таква каква што е сега, ни на најлошиот непријател не би му посакала!
     
    На Gosh, Annath, galapce и 14 други им се допаѓа ова.
  3. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Бре копја се искршија на темава. Што толку притресување кој колку плаќал, со пари од работа преку партија или не, дал кола или стан купил или плаќал кирија(facepalm). Зошто да е е дноставно кога може да зачиниме се и да искомплицираме а?:^). Прашањето е едноставно може или не може да се осамостои адолесцент во Р.М. За превенција од дополнитлно копје кршење ене ги резултатите од анкетата, тие нека решат. Сега за сега НЕ68% и ДА 32%. На крај секој ќе си тегне на своја страна. Некоја за слобода секој денар ќе го фрла во бунар без дно-кирија некој ќе штеди и стиска со свои и нема да има нит секс.:D(facepalm) Темава стана дно дна.
     
    На Captain-Omni му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Во оној Кам кај што пазарам јас, жената има 40тина години, исто и касиерки во Тинекс, сум видела жени околу 40-45 години. Келнерка не, ама келнерите во добар дел од рестораните, се 40-50 години.

    Јас не велам дека е лесно, не велам дека е човечно, но стојам позади фактот дека тешка физичка работа која е недоволно платена секогаш може да се најде.
    Муабетот ми беше дека работоспособни родитени никако не може да се оправдаат со тоа дека работата им е тешка и понижувачка или дека не им е по струка, а притоа со 200 евра да се обидат да го поминат месецот сите 3ца - тие и нивното дете.

    Си поминал 30ка, си створил живот и веќе не мислиш да се осамостоиш, туку да му го олесниш животот на детето, макар и со чистење на вецеа.
     
  5. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.992
    Допаѓања:
    135.279
    Пол:
    Женски
    Колку често се спомна низ темава ,,место за секс,, добивам впечаток дека за леб се трпи ама за секс не. Ако со примањата не покриваш основни трошоци чисто сумљам дека местото за секс толку ќе ти биде битно. Океј е за плата од 30000 да се шибаме у гради колку сме самостални ама на оној кој работи за минималец не верувам дека му е до таа фамозна самостојност и одење од дома дојдено.
     
    На Gosh, Annath, AURUA и 8 други им се допаѓа ова.
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Ги читам мислењата од темата, извлеков заклучок и решив да пишам.
    Не гледам причина зошто да те тагнам или цитирам кога воопшто не те спомнав лично тебе.

    Може твоето мислење беше едно од последните пишани во темава, па затоа се надоврзав...А нема потреба да се означуваме кога се надоврзуваме....Ејјј Ребека види сега ќе се надоврзам...Така да те означев? :|
    Ако сакав лично да ти се обратам, верувај ќе те цитирав.

    Како и да е...Јас зборував во врска со темата...За младите и нивното осамостојување, а ти си кажувала за цели семејства.

    Затоа во денешно време повеќето млади прво гледаат да обезбедат работа, па да застанат на нозе, па да се осамостојат и на крај да формираат свое семејство...За да не дојде до тоа ти што викаш....Конфекција, бришење газови на стари лица, келнер...

    Зошто да брзаат да се осамостојат ако воопшто немаат услови?
    Може да се почека на пример.
     
    На galapce, Tanjamm, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl тогаш моја грешка, во поинаков контекст си разбрала, а и јас тебе. Вака се разбравме.

    Инаку наназад јас пишав дека осамостојувањето за мене е луксуз, а кога би било тоа нужна потреба - веднаш би побегнала. Веројатно не си прочитала, јас пишав дека одлучив на страна да ставам 200-250 евра, а да останам во домот на родителите. Остамостојување по цена на трошење на цела плата, нека, фала.

    Е сега, кај нас поспоро оди застанувањето на нозе, ама доколку не се удираш во гради дека си осамостоен јер сам переш гаќи, туку наместо за кирија, пари ставаш на страна, процесот ќе е полесен и побрзо ќе можеш да застанеш на нозе. Наместо на 23 години, домот на родителите можеш да го напуштиш и на 25-27, со одедена заштеда. Големи се шансите дека нема да живееш сам, туку веднаш ќе почнеш со заеднички живот со партнер, ама тоа ќе биде со кеш кој можеш да го вложиш некаде.

    За жал, остамостојувањето кај нас значи преживување, стискање, трошење на платата до последен денар и тапкање во место.
     
    На AURUA, cresa-jagoda и JollyGirl им се допаѓа ова.
  8. clen1

    clen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    Колку по месец плаќаш за струја ако живејш сам?
     
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.992
    Допаѓања:
    135.279
    Пол:
    Женски
    колку шо ќе потрошиш :lol:
    зависи дали се грееш на струја или не, колку често готвиш дома, колку често бољер вклучуваш...итн инт
     
    На cresa-jagoda, clen1 и sjdgo им се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Па зависи колкав простор користиш и затоплуваш, колку време поминуваш дома, кои апарати ги употребуваш редовно...
    Ако не си во една соба... Декември-Март околу 100 евра, плус или минус, зависи колку е студен месецот, ако се грееш исклучиво на струја. Ако користиш и дрва, повеќе од пола од тоа, ама дрвата секако си ги платил. Или парно.
    Април/Мај паѓа на 2500+
    Од Мај натаму 2000 накај 1500 (лето)
    Септември до Декември оди нагоре, за секој месец додаваш +1000 отприлика
    Па доаѓаат пак тие од 100 евра.

    И треба да дежураш ноќе. Значи ова ти е многу штедливо резимирано.

    Вака напишано, не делува којзнае колку, ама кога ги даваш, малку поинаку реагираш.
     
    Последна измена: 7 август 2017
    На Gosh, cresa-jagoda и clen1 им се допаѓа ова.
  11. clen1

    clen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    Колку изнесува минималната плата во Макеоднија сега со Заев?
     
  12. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    3.550
    Пол:
    Женски
    Овде најреални се мислењата на @Црна Ружа со каков ентузијазам и црн хумор ја опиша реалната слика во Мк секоја чест. :clap:
    До кај оди човечкиот мозок значи, а можеби самите си мислат дека се princess warrior. Друга алтернатива крајно искомплексирани па имаат потреба да се докажуваат на анонимен форум, народни херои? Овација за храборст? Слободно лечете фрустрации и навредувајте членови се надевам посреќни ќе сте утре, задутре..На темата и треба клуч оти некои се крајно безобразни па спомнуваат фамилии (во негативен контекст). Ама битно не купуваат тампони :!:
     
    На Sesil, MagsDestiny, AURUA и 3 други им се допаѓа ова.
  13. clen1

    clen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    Не треба клуч темата може да биде инфомативна за тие што ке живееме сами и челнката што се скара со сите си замина

    ne e tocno. Ne znam za to vero ama rabotat vo marketite stari prodavacki. Imam eden vo komsii 50 godisen rabotese vo evn i sega e vo super market a ima fakultet !
     
    Последна измена: 7 август 2017
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    @clen1, имај на ум дека тоа што ти го напишав не е квалитетно време поминато во домот. Пази, да си принуден да ги вклучиш ТВОЈОТ бојлер, ТВОЈОТ шпорет, ТВОЈАТА машина, ТВОЈОТ телевизор не кога сакаш и можеш, туку да чекаш тарифа, оти во спротивно, одброени ти се денарите. И гледаш луѓе си се ОК со тоа, не пречи, не се бунат. Згора на се, си ја организираат неделата, слободен ден кога треба да се опушташ, за перење и рибање, бог да чува... Таман после работата традиционално да се избањаат на евтината неделна... Страшно.
    Kids, don't do this.
    Она прифаќање работни места за минималец не го разбирам. Подобро истото да го работат во странство, штом не им е проблем да работат.
     
    Последна измена: 7 август 2017
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Болјерот го уклучувам пред спиење, така наредниот ден цел имам топла вода. На болјерчето во кујна многу нормално дека не штедам. Машина за перење можам да уклучам и пред да си легнам, зошто да ја чекам да завши? Кога станам наутро ќе ги извадам/спружам алиштата. Не земам минимална плата, навики се. Сама живеам и плаќам и кирија и сметки, останува и за мене. Викендот ми е за чистење и средување, нормално дека кога стигнам во 6 (најрано) дома од работа нема да јадам и веднаш да вклучам правосмукалка. На шпорет/телевизор/лаптоп сигурно дека нема да штедам.
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Одамна престана да ме изненадува човечката игнорантност и генерален простотилак, ама некако, имам потреба да му го укажувам тоа на просечниот човек во секоја можност.

    Ај другарче, кога ќе сакаш да дебатираш, пиши ми пораче ќе се појавам, вака да се бламираш, а јас да те поттикнувам на таа бламажа, не е убаво. Уште се трудам ти гуглам станови у Ѓорче за истите пари и ти пак упорен влага, шупа. Премногу сум возрасен за празни муабети.

    Девојче зошто си на темава? :o Живееш во стан од 100 квадрата без парно, па и малку плаќаш за струја.

    Твојот пост е вистински пример за баналноста на постовите во оваа тема. Пишувате за осамостојување како млади луѓе, а очекувате да живеете како Кери Бредшо.

    Ама тоа и не е најбитно. Најбитно е што мислите дека сопствените сфаќања за животот треба да ги портретирате врз другите како единствени исправни на оваа тема. Очекувате сите да ја имаат истата желба за отселување од дома и истите вредности според кои треба да живеат оние кои евентуално би се отселиле.

    Не се исти 200 евра во вашиот и нечиј туѓ џеб, исто како што не се ни 2000. За некого се 200 евра богатство, за некого се кусур. Немојте оние кои немаат колку што имате вие да ги сметате за безвредни на начинот на кој обично сапунче го обезвреднивте.
    Луѓето кои не користат скапи shower gel-ови повторно се луѓе со желби, идеи и сонови. Можеби и смрдат по некогаш во автобус, стварно, ама имаат право да живеат според нивните верувања исто како и вас.

    Тажно е да сте млади и толку непрогресивни, да ги ограничувате луѓето, па дури и да ги сметате безвредни ако имаат желба да се осамостојат со онолку пари колку што можат да си дозволат. Макар тоа било и живеење во шупата на Црна Ружа.
     
    На MacenceEna, moonlight-girl.55 и DAngel им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @Црна Ружа јас живеам во стан од 40 квадрати на совршена локација и плаќам 100 евра кирија. Поубав е од сите гарсониери кои ги видов по 200 евра. Имав среќа, не викам дека не. Ама се наоѓа. Во претходниот стан во кој живеев плаќав 240 евра кирија (со цимерки, да). Луѓе што со години имаа живеено под кирија ми викаа дека давам премногу, дека стан од истиот ранг може да се најде за 200 евра, па и да ти попушти нешто ако се договорите. Тој стан беше совршен за фамилија, прекрасно уреден со спална и детска соба.
    До 150 евра може да се најде убаво станче, треба да знаеш кога и кај да бараш, и да разговараш со газдата, да се договорите за цена. Тоа е кога газдата го издава станчето затоа што не му е моментално од корист, значи не го опремил со мебел од втората светска војна туку е со нов мебел и човек живеел таму, а не го опремил како зандана и чека да го издаде како 80% од газдите во Скопје. Едноставно не му одгоара веќе за живеење (ствара фамилија па премал му е, на пример). Овие станови се поевтини затоа што нему не му е до некое евро плус, па што сака нека биде, и онака мебелот е од пред Тито, и да испокршат се нема штета. Тој ќе гледа да го направи по приступачен за озбилни самци/парови/фамилии кои ќе дојдат и ќе го чуваат станот 'ко да е нивни.
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Кога гледаш слики од луѓе кои живеат во такви услови (нешто налик шупа) со изветвени алишта и бледи лица, оди и речи им -Браво, самостојни сте си, што е битно што јадате леб и маргарин секојден, што има другите да ги интересира вашата состојба дома, ваш живот, вие сте си горди на него. Ако го видиш Боки некаде во близина, избркај го, на луѓето едноставно таков им е стилот. Социјалната помош за нив може е богатство ко за некој 200 евра од кои треба да плаќа ќирија и сметки се богатство, нели?
     
    На Gosh, Annath, SuperGirl24 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Сум прочитал од тебе триста смешки, ама сестро ова не е смешно што го пишуваш. Знам дека сум ти забавен да ми контрираш и тоа е сосема океј, ама ова е вистински нечовечно што го пишуваш.

    Како можеш да споредуваш луѓе кои немаат избор во животот и мораат да живеат во услови какви што ги пишуваш и луѓе кои свесно и сами се одлучиле да живеат надвор од удобноста на домот на родителите.

    Пишуваш и ти и неколку други луѓе како да е сечија обврска да живее во нечовечни услови и тоа го изедначувате со самостојност. Преиспитајте против какви ветерници се борите овде.

    Самостојност се одбира, никому не му е наметната. Се одбира и начинот на осамостојување исто така. Вие ги нарекувате оние кои одбрале да живеат сами и се бањаат со сапун од 30 денари гадни болни (вметнипогрдензбор). Супер е ако има човек 1000 евра плата, ама не е страшно и ако има 200 и успее да се отсели од дома. Тоа не ги прави глупи или небањати. Ги прави храбри.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Се пoјaви ли некoј нa темaвa дa кaже декa живеел сaм сo тaквa плaтa? Јaс кoлку штo читaв -не.
    И кaжи ми кoјa е рaзликaтa дa мoрaш дa живееш сo некoлку илјaди месечнo нaдвoр oд сумa зa ќиријa и дa сaкaш вo име нa сaмoстoјнoст aкo живеењетo е истo? Oсвен првичнaтa вoзбудa и илузијa декa си сaм свoј чoвек дoдекa реaлнoстa не те удри пo глaвa. Не е истaтa сирoмaштијa? Пa кaжи ми зoштo некoј свеснo би се впуштил вo вaквo гoлo преживувaње aкo не е примoрaн? Негoв избoр е, oк, сaмo вие нaметнувaте декa е прaвилен зaтoa штo oд другaтa стрaнa нa пaрaтa имaш живoт сo рoдители (стрaшнo). Пa кoј влегувa вo секс енд д сити филм тукa? Јaс штo велaм декa ценaтa нa тaa слoбoдa е мизерувaње и друг вид нa oкoви, или ти штo мислиш декa мизерувaњетo е уствaри нoрмaлнo и е избoр или стил нa живoт зa кoј сaмo нaјхрaбрите и нaјпрoгресивните се oдлучувaaт?
    И немoј дa си лaскaш декa си ми мнoгу интересен зa цитирaње :D нa темaвa првпaт те цитирaм ми се чини?
     
    Последна измена: 7 август 2017
    На Gosh, SexiLy, Purelove92 и 4 други им се допаѓа ова.