Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можно ли е младите во Македонија да живеат самостојно?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 31 јули 2017.

?

Дали младите во Македонија можат да живеат самостојно?

  1. Да

    81 глас(а)
    32,0%
  2. Не

    180 глас(а)
    71,1%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас не познавам никој што платата му е 200 евра, а живее под кирија освен ако апсолутно не мора. Ако знаеш некој би сакала да го запознаам и да го прашам како преживува. Сите што ги знам и седат оделно од родителите, а земаат 200 евра плата живеат во станови кои се во нивна сопственост/сопственост на родителите.
     
    На fallenangel, Gosh, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Верувам дека според мислењата сама ќе ја најдеш членката која со толкава плата живеела со цимери и се остамостоила. :)

    И јас не познавам, ама излезе дека има супер-херои кои преферираат сами да ги перат гаќите, иако не мораат т.е. никој не ги истерал од дома и односите им се океј.
     
    На augustd му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    :hai:
    Многу ја спомнувате и оговарате.

    [​IMG]

    Се буни затоа што не добива ич внимание. :D
    [​IMG]

    Било како било, парите се како
    [​IMG]

    Ни ги треба за да преживееме.

    Ова е на некој начин во склоп со темава, ама пари има доволно по светот. Кај и да отидете по светот, money rules. Има и кај нас многу пари (од каде 1.5 милијарди евра депозит во македонските банки од страна на граѓаните тогаш? :^)), само што изгледа не се правилно распределени (многу богати vs многу повеќе сиромашни). Иако може да има посолидни плати кај нас, газдите не ги даваат, пошто да можат би земале 100% од профитот. Не е тоа единствен проблем. Секогаш има работници што би прифатиле за пониска плата пошто им требаат пари, така што и јас да сум газда не би плаќал некому 300 евра, ако има десетици други со желба да работат за 200 евра. И вие би постапиле вака, да не се лажеме сега. ;) Не е ова себично, ама на крајот на денот, секој си гледа за себе. “Ако некој не се буни и прифатил работа за таа пара, значи му одговара.“ си мислат 99% од газдите, иако не се наивни и знаат дека они не можат да преживеат на таа плата што ја даваат. Друг аспект е и професијата. Не може да очекувате работни места што не бараат скоро никаква квалификација како продавач(ка), келнер(ка), таксист, магационери итн. да нудат високи плати пошто скоро секој може да го работи тоа = суфицитарна професија. Секаде е така во светот. McDonalds anyone? Flipping burgers се учи за 1 ден, секој го може тоа. За некои професии секогаш ќе има лесно вработување, ама никогаш нема да се добро платени. Екстра поента е ова мислам. Не верувам дека има економист или правник што работи за 200 евра плата (многу ретко). За постручни професии како ИТ, информатика, хирург, судија итн. да не правиме муабет. Градежни работници, електричари, механичари и сл. професии исто не можат да се пожалат. Странски преведувачи, просветни работници и сл. се над 200 евра сигурно.

    500 000 што ја напуштиле Македонија, сигурно не се иселиле од што им е убаво и добро овде, пошто никој не бега од добро.

    Проблемот кај нас е што и да имаш нај нај титули и дипломи има шанси да не успееш пошто таква земја сме. Воглавном иде преку врски и партија, така што можам да замислам како им е на тие што дипломирале со просек 10.00 и сега аплицираат за далеку пониско платени работни места од оние за кои мечтаеле и се надевале ќе ги имаат кога се растурале од учење по цели ноќи. Во суштина, таквите веќе ја напуштиле земјава. Кај нас има тенденција се' да се множи со 0.

    Стварно не треба многу пари да се живее кај нас (одлична земја сме за странци од тој аспект), ама изгледа и тие пари недостасуваат на многумина. Чаре? Преквалификација или одење на 3 месеци работа во Германија со македонски пасош и враќање назад со пари за кои овде ти треба 1-1.5 година да ги спечалиш или па наоѓање работа во Малта што е исто популарно во последно време, еве дел од моите совети. :D

    Во суштина со постов сакам да потврдам дека капитализмот царува. Што имаш да понудиш - толку ќе си платен (кај нас веројатно потплатен, ама зборам за нормалниот свет). Сметаш ли не си доволно платен за она што го знаеш, имаш опција отказ и наоѓање работа кај што ќе си ценет и плаќан.

    И така... потсвесно си се наметна прашањето што работите или што работат тие што се плаќани стварно минимални 200€ или уште помалку пошто нема шанси да се преживее со такви примања, јасно ни е на сите. И сега ако наброите суфицитарни професии што ги спомнав...
    [​IMG]

    Сега некој може да каже економисти и правници се исто суфицитарни и премногу ги има, ама сепак наоѓаат работа, нели? Не може секој да е економист и правник, треба да знае за тоа.

    И апсолутно за крај, не деградирам ниедна професија, ама едноставно некои работни места не нудат прогрес и кариера во животот. Се знае дека нема да бидат најдобро платени. Тоа е што е и нема мрдање од мртва точка. Едноставно, така е секаде во светот, само што во некои земји и со тие пари ќе преживееш.

    Проблемот е што скоро се' e сконцентрирано во Скопје, така што во помалите места се осеќаат опустошено. Источна Македонија посебно мислам дека е руинирана, со плата од 400 евра таму си (како) богат.

    И убедливо најголем проблем за заокружување на постов е што секоја професија кај нас е потплатена во однос на нејзината реална вредност (не мора да биде платена како во ЕУ земјите, ама може да има такви аспирации) и што најголем % од профитот завршува во сопствениците на компаниите. Огромен % работи за да мал % го собира кајмакот и да пушта трошки за овие доле - е така е најдобро дефиниран работниот пазар кај нас. На бизнисмените не им одговара да даваат високи плати пошто губат % од профитот, а не е дека не можат. Секоја чест за тие компании што реално ги исплаќаат работниците пошто знаат дека среќен и мотивиран работник најдобро работи.

    Она што ми се свиѓа во странство е што колку повеќе работиш, толку повеќе ќе имаш. Кај нас не е така.

    Значи земја преполна со проблеми сме. Работа има колку сакаш... работа за решавање на постоечките проблеми.

    Moral of the story: испаѓа дека решението е во рацето на политичарите што не е далеку од вистината. :rofl: Они се тие што предлагаат и носат закони и што можат да го покачат стандардот на народот пошто народните пари се во нивни раце.
     
    На Captain-Omni му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Можно ли е младите во Македонија да живеат самостојно? Секако. Сѐ зависи од вашата дефиниција за „млади“, „живеење“ и „самостојно“. :D

    Ако под „млад“ подразбираме човек кој штотуку го добил своето прво работно место, непосредно по завршување на средно или факултет, под „живеење“ подразбираме нормален живот, а не преживување и под „самостојно“ подразбираме без никаква материјална поддршка од родители, роднини и пријатели, е тогаш... Малце потешко е. :)

    Можеме да се преправаме колку што сакаме, но главниот проблем генерално во земјава се ниските примања, т.е. високите животни трошоци. Кој што сака нека каже, ама плати од 200-300 евра (нив ги земам како „посолидни“, јасно е дека има и доста што земаат помалку и од ова) се едвај доволни за да се живее над границата на егзистенција. И генерално така и се живее во Македонија – едвај над границата на егзистенција.

    Да, несомнено може да се живее вака – затоа што многумина и живеат баш со вакви примања, но мене ми е загрижувачки фактот што многумина тоа го прифатиле како нешто нормално. Јадење леб и паштета за доручек, ручек и вечера, одржување на лична хигиена само со сапун и паста за заби, пешачење до работното место оддалечено 5 километри од местото на живеење – ништо од ова не е нормално. Несомнено, за многу луѓе ваквиот живот е реалност, но тоа сепак не го прави да биде нормално. Едноставно, не е.

    Лошата исхрана, физичката премореност, живеењето во незатоплена, неклиматизирана или мувлосана просторија порано или подоцна ќе остават последици по здравјето на човекот, а здравјето нема цена. Лекувањето, од друга страна, има цена, ама и таа е најчесто е превисока за обичниот човек со просечни примања.

    Во суштина, сѐ се сведува на кратење од едно за да се има за друго, ама тука збориме не за луксузи, туку за основни животни потреби. И повторно, сѐ се сведува на тоа дека платите се премногу ниски, а животните трошоци премногу високи.

    Во однос на самостојноста или независноста на младите – денес ретко, исклучиво ретко кој млад човек е вистински независен од родителите. Скоро на секој родителите му помагаат на некој начин – дали со тоа што ќе му го отстапат станот за живеење, ќе му купат стан, ќе му даваат пари, ќе му даваат храна – сеедно. Реалноста е дека се ретки оние млади луѓе кои се целосно и потполно финансиски независни – од проста причина што надоместокот, односно платата која ја земаат не им го дозволуваат тоа.

    Да се навратам на прашањето од насловот од темата – да, младите можат да живеат самостојно во Македонија. Но дали со македонските плати можат да имаат пристоен и нормален живот? Повеќето, најголемиот дел од нив – не можат.

    Сфаќам дека поими како „пристоен“ и „нормален“ живот се доста апстрактни и субјективни, но мислам дека сите може да се сложиме дека јадењето на здрава и разновидна исхрана, живеењето во санитарни услови, имањето основни средства за лична хигиена и хигиена на домот, доволно пари за покривање на месечните сметки, трошоци за здравствени прегледи, облека, превоз и сл. спаѓаат во овие категории.

    А факт е дека повеќето млади кои живеат самостојно, поради личен избор или поради немање на избор, живеат самостојно за сметка на некои од овие основни услови за водење на нормален живот.
     
    На Belgin1, SuperGirl24, Gosh и 20 други им се допаѓа ова.
  5. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Зошто да ти пишувам бре порака? Што тоа имаш да ми соопштиш, за подрум во Припор од 75 евра месечно? Огласите беа очај, немаа слики, тоа треба на лице место, и коа ќе влезеш внатре ќе доживееш ударен бран на мемлива реа како радијација, бууум во фаца и три метра назад те фрла.

    Нема никаква игнорантност, не употребувај такви поими пред да научиш што значат.

    А влијанието на лошите услови на живот врз физичкото и менталното здравје не е никаков цинизам, тоа е реалност која е позната од дамнешни времиња, не е нешто кое е тајна. Години лишување од све и на крај ќе платиш лекари и аптекари. Све е трејд, зависи што добиваш и губиш.

    Има многу особи кои си сјебале здравје со живеачка по нездрави места под кирија. Какви хорори се имам изнагледано кога барав порано низ Ск стан тоа беа маки. Една бабетина ме убедуваше колку било јако во Дебар Маало, се ти е на дланка а тоа едно адаптирано гаражиче, некаков недефиниран обид за стамбен објект и внатре мава реа на влага до небо, една сијалица од 60 вати обесена на жица полутемница и мебел кој не само што е стар туку не би издржал ниту една партија секс. И све раскапани срања, маси столици и нешто ќе се сјебе секако и после ќе те трза бабетината за да не ти врати капарот/гаранцијата бараше месечна сума однапред на рака плус кирија, значи 300 евра веднаш да и се даде:x

    А огласот беше CELOSNO OPREMENA GARSONERA DEBAR MAALO, POVOLNO, TEL. тој и тој:D:D

    Маргарин, ајвар, купечки леб....тоа е нула од храна која само залажува дека стомакот е полн.

    Мене ми се сосема познати ситуациите кои ги носи киријата, и тоа не само од РМ и затоа не гледам никаков успех во одење под кирија, дури ми е фобија сега и имам мисија да не одам никогаш повеќе под кирија:devil:
     
    На fallenangel, Gosh, galapce и 9 други им се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Финансиска независност и успех е да поседуваш твој дом, ничиј друг, и сите трошоци да можеш да ги подмириш сам/а, без штедење, без родители, баба-дедо, дечко, цимерки... Цело време се посочуваат родителите, како делење кирија со дечко или купување заеднички стан да е врвно достигнување, а е всушност заедница и заемно помагање, исто како што си помагаш и придонесуваш со родителите, братот или сестрата... Дури и помала слобода би рекла, им отежнува смена на партнер ако посакаат.
     
    На fallenangel, Tanjamm, Црна Ружа и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Читам и размислувам, колку мора да е тажно и жално да си растен во нездрава околина, и неубаво опкружување, да немаш друг избор во животот, и животен успех е да избегаш од тоа... Стварно ми е жал што има такви судбини.
    Ја имам таа среќа да ги сакам моите родители и моето семејство најмногу на свет, и да можам да бирам искрено би сакала никогаш да не се одделам од нив, и знам дека ќе бидам многу тажна кога ќе дојде тој момент, да се отселам за постојано. Свесна сум за фактот дека нема да живеат засекогаш, и не брзам да избегам, сакам што е можно повеќе време да искористиме заедничко.
    Не сум паразит, сум работела надвор од МК по 3, по 6 месеци, зависно од потребите на работата, и секогаш со радост сум се враќала дома.
    За наши услови спаѓам во оној мал процент што заработува повеќе од 500 евра, и ни во лудило не би дала ни евро на некој странец под кирија да одам.. Нормално дека со здрав разум размислуваш дека подобро тие пари да ги дадеш на твој некој, него туѓинец. Пак ќе кажам ја имам таа среќа да не е морален мојот придонес дома, али кога сакам да помогнам секако е добредојден. Сон ми е, и се надевам дека ќе ми се исполни, денот кога ќе дојде за мажачка и деца раѓање, да се купи голема куќа одделена со два влеза, еден за мене , еден за моите. Да ми се блиску, а сепак одделени. Што знам, јас така размислувам.
    За ова што читам тука... Немам коментар. Да не се цени човек сам себеси до тој степен, за нешто најбитно како здравје да не се грижи и да вика `може и без тоа`.... Е тоа стварно не можам да го разберам.
    Мора да си се тешиш и лажеш сам себеси, не би поднел другачие.
    Со кој памет избирате попрво да делите вц со некој што прв пат го гледате, него со некој кој ве створил??
    И озбилно за `лагоден` живот се смета вечера во ресторан?
    Лагодно за мене е одмор на Бора Бора, работи како козметика, фризер, забар, гинеколог, итн. се под must.
     
    Последна измена: 8 август 2017
    На ivimis, sanja.burgundy, Mr. Right и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Џе си Бендере, стари друже. :) Конечно тема за конфронтација, а не све да мислам дека станувам ноќе и месечарам пишувам по форумов. :) Туку, цитирајте ме бре луѓе хеееј, шо е стравов од квоутање?

    Значи... за првиот пасус, во Скопје никој не зема плата под 200 евра. Можеби во 2009, ама не денес. Оние на семафори што ги гледате што просат или мијат шофершајбни, праат по 50 евра дневно. Докажано. Значи плати од 200 евра ги земаме како некој минимум. Генерално слаби приватни фирми на луѓе без образование, значи кревање кутии и слично им даваат по минимум 12 илјади. Плати како 100 евра може да се најдат во помали градови, ама да не ја шириме темава.

    Вториот... не знам зошто е проблематично да се гледа како нормално пешачење до работа или одење со велосипед. Во западниот свет кој го земаме цело време како репер, луѓе патуваат и 200 километри дневно секој ден на работа. Со јавен превоз секако. Луѓе работат по две работни места, а лудине Јапонци не си ни одат дома, спијат по метроа и тоа се факти. И сега зошто за Македонецот е тешко да се ака до работа, а ако треба да оди у Њујорк да работи au pair за 800 долари и иде од Њу Џерси до некое преградие на север на Њујорк со метро 2 саата натаму и наваму, онда океј е.

    И втора работа, од искуствата кои ги споделиле со мене Македонците кои одат во странство на работа, не сум видел дека сите живеат во пентхауси со базени и се бањаат у млеко. Мислам, ако одиме во крајности, тогаш да, отселување во станови за 100 евра се живеење во мувлосани подруми без прозори, ама ај малку да се симнеме од облаците на паранојата и да погледнеме пореално.

    А реалноста вели дека оние услови кои во Македонија ги сметаме за понижувачки, со задоволство одиме да ги работиме во странство за некое евро повеќе. Значи дека не е до нечовечноста на условите за живеење, туку до неприфаќањето да се биде нечовечен за помали пари.

    Исто така, кога паштетата и сапунот станаа дно дна на човечкото живеење? Паштетата е евтина, но и други производи се. Се фаќаат членови, а и ти Бендере :D меѓу нив, за она кое им е приложено и дискутираат само за тоа. Отворете ги погледите, паштетата е земена како синоним за евтина храна. Сапунчето како хигиенско средство кое е евтино и е замена за шауер геловите. Исто како што имате бик жилети за 10 денари и оние од 1000 денари. Но подеднакво ја завршуваат работата.

    Поентата на земањето примери во паштети и сапуни е дека ако човек сака, ќе најде начин да заштеди.

    Имам чувство (кое рака на срце воопшто не ме изненадува) дека луѓето кои дискутираат на темата контра мојот став дека е возможно да си самостоен со 250 евра, сакаат да имаат сè сега тука и веднаш и ништо под нивните очекувања не се смета за достојно.
    Повторно ќе кажам дека има стотици илјадници луѓе кои она кое вие го нарекувате нечовечно, го гледаат како нормално бидејќи тоа и е. А ако сакате да одиме во крајности околу тоа што е хумано или не е за живеењето во Скопје, тогаш само ќе напишам звучна и воздушна загаденост и проверете ги бројките на болни од рак на гради по болниците и џабе ќе збориме понатака. Никој од нас во Скопје воурбаниот дел не живее здраво, затоа не продавајте басни за влага, која патем е само хипотетички случај бидејќи кирија од 100 евра не значи влага.

    Понатаму, како вашите родители и родителите на оние кои условно не можат да се осамостојат живеат и ранат деца со истите плати како и младите, бидејќи не работат тие во Катар, туку исто така во Македонија.
    Го прават тоа со помош на магичните сапунчиња и пазење колку и на што трошат. Е сега вие ќе ми кажете дека младите имаат поинакви потреби од возрасните, па каде е тука дружењето, па бла бла и јас ќе ви кажам да пораснете, зашто ако сте млади по години, не значи дека не може да бидете возрасни и да се грижите за себе и своите финансии како возрасни.

    За крај, дедо ми пред почетокот на `90-те кога „Господ одеше по земја“ си имаше ковертчиња со сметки за секој трошок. Си водеше евиденција. Ретко имаше вишок пари, зашто му одеа на ракија, ама имаше за ракија, зашто си водеше евиденција. Ако ме разбирате. (fingers)
     
    На Capricorn96 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.580
    Допаѓања:
    201.795
    Пол:
    Женски
    Убаво е, пожелно е, ама тешко изводливо во нашава земја, со овие услови и минимална плата. Осамостојување со 200 евра плата е рамно на мизерување со оглед на скапиот живот.
    Сум за осамостојување, но не по секоја цена.
     
    На Gosh, Tanjamm, Jason123 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.851
    Омни, неможев да одолеам :)
    Еве јас ќе ти набројам кој зема плата од и под 200 евра:
    -вработените во Кам, Стоко и касиерките во Веро
    -градежните работници (кои се печат на 42 степени)
    -продавачите/продавачките по дуќани, бутици
    -работничките во текстилната индустрија
    -шоферите во приватни фирми, мрчендајзери и слични
    -среднистите во државни институции.
    Од септември се покачува и минималната плата од 10 080 на 12 000 денари...не зашто се земаат многу големи плати...
    Еве краток извадок од судија.
    Само 1,4% од вкупниот број на вработени имале месечна заработувачка повисока од 40 000 денари. Повеќе од 10% од вработените земале плата од пет до осум илјади денари. Ова го покажува најновото истражување на Заводот за статистика во кое се прави анализа на пазарот на работна сила во земјава. Најголем процент од вработените или скоро 18% земаат плата од 12 000 до 16 000 илјади денари. Еве колку од вработените какви плати заработувале:

    -до 8 000 денари 10,3%

    -до 10 000 денари 13,2%

    -до 12 000 денари 16,1%

    -до 16 000 денари 17,0%

    -од 20 000 до 25 000 денари 23,8%

    -до и повеќе од 40 000 денари 3,4%

    Анализата на бројките покажува дека најголем дел од вработените лани, или повеќе од 109 илјади лица месечно живееле со плата од 162 до 200 евра

    И самиот кажуваш дека е нормално да се пешачи до работа.
    Јас би додала-ДА...дури и здраво е.
    Ама од Ѓорче или Лисиче до Центар тргни во 5 сабајле, за да стасаш на време на работа:)
    Препорачливо е користење на јаен превоз.
    Се слагам потполно и за животната средина е добро, ќе се намали загадување.
    НО..НО...нели тоа чини пари?!:?:..не е страшна сума, ама е значителен постоток во 12 000 денари.

    Дно дна е Омни..да не глумиме лудило:(
    Исто како што солта е синоним за сиромаштија (Она - нема пари сол да купи во очи да си фрли)

    со тебе се слагам во ова:
    Не се ЖИВЕЕ Омни со 200 евра.Се преживува.И тоа ако си зацрташ некоја цел, па ставаш парички на страна...ама паричките те ,,топлат,, и ти даваат кураж да издржиш со ПАШТЕТА, знаејќи дека после 20 месеци (хипотетикал) ќе биде се ОК.
     
    Последна измена: 9 август 2017
    На christinnn, Gosh, Annath и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.710
    Пол:
    Женски
    Се надмина себеси :D Друже, во која тоа Македонија и во кое тоа Скопје ти живееш и зборуваш за нив? Знам во Охајо, Америка имаше еден град Macedonia, можда и Скопје има негде ,,имењак“ со кој си го помешал :D:D:D

    Толку далеку од реалноста, а толку упорен и самоуверен. :drunk: И тоа е умешност, bravissimo :clap::D
     
    На Gosh, Annath, Rebecca_R и 7 други им се допаѓа ова.
  12. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Дека ќе се избричиш ќе се избричиш т.е. у 2та случаи си бричен, ама со 10ден. со 100 посекотини и рани кои не се дезинфицираат само со вода или ракија. Така да рачунај дезинфициенс, да се премачкаш со лосион, фалстерче ако си заглибил со 10ден. жилет подлабоко.
    Јас претходно пишав и пак ќе пишам кој колку сака нека се објаснува, разубедува на крај секој ќе си влече на своја страна. Таа одозгора лагодност што и е одмор на Бали и ти што велиш и во 100евра куќа во Волково ќе преживееш не ќе да имате исти начела и можности во животот. Јбг тоа е:):(.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    @Captain-Omni сериозен си дека денес никој не зима плата од или под 200 евра?! Знаеш и свесен си каде живееш, така?

    (facepalm)
     
    На SuperGirl24, christinnn, Gosh и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    Констатира(в)м(е) дека е во рамките на можностите младите да живеат самостојно во Македонија, само тие рамки се многу растегливи, па не можеме да им најдеме точна димензија. :D

    Исто не дефиниравме до која година се млади во Македонија. До 29, до 35, до 40 години? Јас би направил 2 категории - млади до 29 години и постари млади до 36 год. Над оваа година се исто млади, ама зрели луѓе, да не се налутат некои околу и преку 40-ка. :D

    Е сега млади до 29 години, може исто во 2 категории да се подели: 20-25 каде што е тешко млад човек да се осамостои во оваа возраст пошто му треба време да се школува ако иде на факултет и да заработи доволно за да има самостоен живот. 25-29 години е екстра возраст да се проба да се живее самостојно и или ќе заврши со epic success или со epic fail. Ништо страшно кое и да е. Најголем ризик е ништо да не се ризикува.

    Од 29 до 36 нема потреба од делење на подкатегории. Мислам дека во оваа возраст 90% од младите би требало да се во можност да живеат самостојно, што не значи дека мора, зависи од нивната индивидуална желба.

    Ете фрлам ново светло врз мистеријата.
     
  15. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски

    За тие над 30 има посебна тема ама бре никако не можам да ја нАјдам.
     
    На Mr.Awesome му/ѝ се допаѓа ова.
  16. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.035
    Допаѓања:
    11.815
    Пол:
    Женски
    Не можам да ги читам сите мислења наназад, но од мое скромно искуство кажувам дека со добра организација може да се осамостои човек.
    Кратко откако се омажив аплициравме за станбен кредит, на ни помалку ни повеќе 15 години. Тогаш мојата работа не беше сјајна, платата прениска, но со добри рачуници и математики успеавме да купиме стан. Во меѓувреме двајцата менувавме работни места и буквално крпевме крај со крај. Првата половина година имаше денови кога во фрижидерот немавме ништо освен некоја зимница и малку сирење, па со солзи во очите доаѓав накај него чувствувајќи се очајно. Моите многу ни помагаа (и се уште знае да ми наполни мајка ми ќеси со јадење), но тоа е баш тоа, помош. Не сакав секогаш да знаат за нашата ситуација, затоа што реално фамилијарно не достигна некој црн период на беспарица, па ќе беше целосно неблагодарно од моја страна.
    Првичните давачки не убија. Данок ваму, такса таму, пополни ова, плати нешто трето што во мрѓувреме изникнало. Па сметки треба да се платат, треба да се јаде нешто, треба да се испереш. И најбитното, рата за кредит. Одење по ресторани, или палење кола и одење на шетање во друг град, како што често знаевме, скоро и да заборавивме.
    Како и да е, полека почнавме да испливуваме на површина. Поминаа скоро две години, многу падови, ама многу, емоционални кршења, болести, за на крај да поминеме се' се уште држејќи се за рака и сакајќи се.
    И пак ќе се согласам да го поминам истото од почеток, до него, мојата потпора, затоа што мирот што го имаме не би го менувала за ништо.
    Треба само многу упорност и сила за да се издржи во ова парче земја. Ама не е невозможно
     
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ево ме Капетане, болан, џе си ти? :D

    А бе зашто конфронтација, чуму цитирања, па ја не гледам дека ја и ти имаме спротивни ставови на темава. Ти рече дека младите можат да живеат самостојно и ја реков дека младите можат да живеат самостојно во Македонија. Со тоа што ја реков дека во Македонија животот генерално се живее со ускратување на некои, по мене, основни животни потреби.

    Затоа ја земав просечна бројка од 200 до 300 евра. И тие пари, според мене не се доволни за нормален живот со животните трошоци во земјава. Знам дека многу луѓе успеваат да живеат баш со волку пари, некои и со помалце од ова и мислењево не ми е за да ги омаловажам оние со вакви животи - напротив, ја им се восхитувам. Ама генерално, нашиве услови се поише преживување, а не живеење.

    Ми беше трагикомично кога пред последниве избори никнаа билборди на кои пишуваше „30000 ДЕНАРИ МИНИМАЛНА ПЛАТА“, затоа што знаев дека ова е млатење празна слама и дека никад нема да се оствари, ама шала на страна, по мене, минималната плата стварно треба да биде 500 евра за да можеме да збориме за некаков нормален и пристоен живот во Македонија. Ама, да биде сега, а не за 60 години. :D

    Пешачење или возење точак до работа не само што не е проблематично, туку е и докажано дека е здраво и е препорачливо. Проблемот настанува кога ти не одиш пешки на работа затоа што тоа е твоја лична одлука, туку затоа што немаш избор. Проблемот е кога одиш пешки на -20 по заледени тротоари или на +40 по бетон без сенка, затоа што 25-те денари кои би ги дал за автобус ти се од пресудно значење за месечниот буџет.

    Паштетата за мене е синоним за најефтина и најнеквалитетна храна. Сапунот (ако е нагласено дека е исклучиво само сапун) - синоним за нецелосна хигиена.

    Арно ама, паштета (во буквална, не во метафоричка смисла) со леб е реалност и секојдневен оброк за многу луѓе. Сапунот (и само сапунот) е единствено средство за хигиена за многумина - и за лице, и за тело, и за коса - истиот сапун. Е сеа, дека ова е реалноста - е. Тажната реалност. Ама дека така треба да биде и дека ова нешто е нормално - не е.

    Поентата е дека штедењето се одвива за сметка на квалитетот на животот.

    Ако човек сака, ќе најде начин да заштеди. Се слагам, скроз.

    Ама со нашиве услови и плати штедењето најчесто се одвива со ускратување на некои услови за нормално живеење, на некои основни човечки потреби.

    Ако збориме за времето кога „Господ (или Тито :D) одеше по земја“, дедо ми со плата на ѕидар успеа да направи куќа, да издржува сопруга и две деца, нив да ги исшколува, па дури и остави нешто пари позади себе кога почина. Штедлив човек беше, ама у неговото семејство никад не се јадела паштета секодневно и никад не се одржувала хигиена само со сапун.

    А денес, у земјава, ако си ѕидар, биди штедлив колку сакаш, ама богами тешко да спечалиш од плата за куќа да направиш и семејство да гледаш.

    Муабетот ми е, можда луѓето биле поинакви порано, ама и времињата и условите биле други. :)
     
    На SexiLy, Gosh, Bozica1980 и 12 други им се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Повеќе ти се исплаќа да не работиш ништо, отколку да работиш за 200-250 евра, реално :D Ова второто нема шанси да го правам. Времето ќе си го вложам во учење и осознавање начини на заработка, макар било во домашни услови, а ќе си ги очувам и нервите богами. Жално колку луѓе се принудени на спротивното и тераат по старо.
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Ова е прилично еретично :devil: ситуација каде што на одредена територија работата сама по себе има тотемски статус (заедно со лебот и некои други ствари) но сеуште е табу тема, може треба да се отвори нешто тема околу тоа пошто е поврзано со самодоверба и самовреднување и некои работи кои за жал не се учат на овие простори...
     
    На SexiLy, sjdgo и AURUA им се допаѓа ова.
  20. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Брич од 10 денари ваљда на бит пазар само ако земе паковање од 5, во маркети немам видено испод 30, и исто да ти било со Мах-3 :worried:, секој ден човек учи по нешто, турско бикче кое е ваљда погодно за сунет и клање јагниња по Анадолија, универзално, па може ќе послужи и за сечење нокти а може и сам да се ишиша човек, со огледалце :devil:
     
    На sjdgo и AURUA им се допаѓа ова.