Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можно ли е младите во Македонија да живеат самостојно?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 31 јули 2017.

?

Дали младите во Македонија можат да живеат самостојно?

  1. Да

    81 глас(а)
    32,0%
  2. Не

    180 глас(а)
    71,1%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Види сега работата го направила човекот човек од мајмун, барем на времето така не учеа. Делумно се согласувам и не согласувам со напишаново. Иако потполно ти ја почитувам поентата. Ама знаеш некогаш мора да се почне од некаде па макар и со минималец колку ли е 10 100 или 11 000 не сум во тек. Проблемот е кога една деценија тапкаш во место со минималец и трпиш и молчиш и нит планираш емотивно,интелектуално па и финансиски да напреднеш тоа е алармантно. А да почнеш со минималец па јбг мора да се почне со малце па да се граби кон повеќе, мотивација треба инаку ортома ни е работава.
     
    На Mr.Awesome, theowndemon, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Погрешно ве учеле, чоекот е за се` створен само не за работа. Хомо-сапиенс-сапиенс се одвоил од своите претци поради многу причини, пред се мозокот. Чоекот е еволуиран и денешната форма му е онакава каква што ја здобил бидувајќи ловец-собирач а тоа и бил во 98% од своето постоење.
    Работата доаѓа ептен касно и тоа е игра на случај.

    Секако, цивилизацијата се базира на работа но човекот сеуште се мачи негирајќи ја својата генетика. Не е створен за 10 часа пред ПЦ во канцеларија или да виси на скеле. Него да лови и собира, по 2-3 часа на ден, макс. И после неурози, психопатологии, црни хроники...е па тоа е...

    Се е трејд, зависи што добиваш од работата и за што ти врши работа, како што вели @sjdgo ако работата те уништува физички и психички а за тоа добиваш комична надокнада, тогаш поарно е минимализам него трпење и собирање во себе, тоа е најлошо. :party: Јас ги научив тие лекции на потешкиот начин.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Ај ќе одам оф топик. Се ти е наместо. Ама од ловци еволуцијата ли цивилизацијата ли итн. наметнуваат потреба од работна рака. Па работејќи се развиваат когнитивните функции, социјализацијата оди во нагорна линија бидејќи претежно тимска работа е работата со ретки исклучоци. Ама човечкото е да споделиш, комуницираш, ги прошириш видиците, рашириш мозочните виуги. А при ловот доминира моториката. Така од моторика се одело кон интелектуалното.
    MAN.jpg
    Инаку што се утнала работава па капиталистичкиот систем наметнал прегорување од работа 10саати пред компјутер што нормално не е нормална работна средина за толку саати работа без прекин и што за тоа ти фрла алчниот капиталистички газда трошки кои и те како ти требаат сметки прво да подмириш т.е. наметнатите давачки како данок за социјализација и користење на привидните добра на општеството тоа што да речам. Такви се времињава никакви. Ама луѓе сме, живееме во чопор кои наметнува давачки во облик на сметки па барем нив мора да можеме да ги подмириме. Кој може му останува повеќе со мерак да ги троши. Повеќето едвај за сметки издржуваме. Тоа е нашата жалосна ситуација во земјава ради која избегаа 600 000 луѓе со осет за промена кон нешто подобр, поплатено.
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Немој така не можев да одолеам, девојка имам. :lol: Не, озбилно, ако, дискусија е убава работа. Кога знае човек да дискутира, како ти на пример.

    Не се живее Рефке со 200 евра, ама сега, да се бесиме ли? :) Анкетава што ја прикачи од извесен „Порталб“ некој албански веб сајт, уопште не ми е меродавна, ама тоа не го побива фактот дека во Скопје, јебига, луѓе стварно работеле за 150 евра. Гуглав, барав, прашував... и признавам дека си у право. Е тоа е сестро нехуманост. Колективна. Газдите што се дрски да даваат работа за 150 евра, вработените кои работат за тие пари и особено луѓето кои купуваат во маркети каде луѓе работат за 150 евра. Трагедија.

    Да не ме сфати @Someonespecial погрешно, тоа не значи дека си у право Спешлке дека треба да се помириме со судбината и да легнеме па да почекаме да умреме. :D

    Ама мислам дека си доволно разумна и возрасна за да не мора да дебатираме за вакви детски муабети. Секако дека нема да пешачиш од Ѓорче до Центар, напишав и колку чини јавен превоз месечно, ама ако веќе зборуваме за осамостојување тогаш претпоставкат е дека оној кој си заминува од домот на родителите е писмен и ќе најде живеалиште кое ќе ги искомбинира неговите потреби. Не работи цел свет во Центар, ако работи во Аеродром ќе проба да најде на пример во Автокоманда, со велосипед до работа ќе му биде 10 минути. Пешки 20 минути. Сега очекувам некој да се избаци со пењавење како тоа многу му е пешки 20 минути. :D In advance, океј пријателче, преврти се и чекај да испуштиш душа пошто многу пешачење е.

    И да не те цитирам дополнително, пак ќе прашам, што е проблемот со сапунчето и паштетата и пак ќе побарам и ти и сите кои се обидуваат да реплицираат откако ги прочитале моите „паштети“ да разберат дека се синоним за евтина храна. Still, како се тие проблем во човечката исхрана и хигиена? Да ми објасни некој.

    Де бре дете, за лице или за балончиња бричење ти треба? Жилет е тоа, не е изоштрен камен. Како пред 20 години кога немаше Вилкинсон со 5 сечила на сите им беа океј жилетите од 10 денари? :wasntme:

    Еве таман да се надополниме за синонимите и паштетите со човек кој уствари разбира што е синоним. Паштетата е евтин оброк, како и повеќе други евтини оброци. Грашак, ориз, компир, грав, тестенини, ама не Барила, океј? Зеленчук во време на сезона, овошје исто така, не мислам на константно банани јадење. Значи ништо од ова не е нездраво, така ли е?

    Сапун не значи едно сапунче и за коса и за тело, ама пак ќе прашам што не е во ред со обичен сапун за миење раце и тело? Шампони има плејада по маркетите кои се по евини цени, последен девојка ми зема на Афродита, 2 литра за 100 денари. Топ шампонче, има долга коса и еве го веќе втор месец како го користи, непотрошлив е.
    Сапунот, како и паштетата е синоним за евтини, но сепак корисни хигиенски средства.

    Велиш со 200-300 евра се преживува, не се живее. Мислам дека стандардите ни се поставени малку превисоко за тоа што е живеење, а што преживување. Од наш, „урбан“, културен аспект, навистина личи на преживување неможноста да се троши пари на пиво и одење во театар, невозење со такси и пешачење до работа, но исто така мислам дека мајндсетот ни е поставен некаде во облаците и не соодветствува на реалната состојба во која се наоѓа Македонија.

    Темава е вистински показател дека луѓето се убедени дека живееме во Австрија. Не ме гледате мене како да сум крив за тоа, јас не сум бил креатор на политики, ниту директор на фабрика која отишла во стечај последниве 30 години. Погледнете си ги комшиите, роднините, луѓето околу вас, тие се виновни за ситуацијата.

    Но знаејќи го сето ова и прифаќајќи го како неминовен факт, тоа сè уште не е причина да се седне на форум и да наоѓа изговор зошто сопствените желби и планови не е возможно да се направат. Кој е резултатот од наоѓање изговор дека некој е крив и немрдање со прст бидејќи сме го нашле виновникот? Еве јас сум крив или #Ж или Бранко, како тоа го реши твојот проблем? Еве не зимаш ни 200 евра плата, Омни е крив за тоа и што ти ќе сториш во врска со тоа? Ќе останеш дома со родителите кои ги слушаш како се караат по цел ден? Ќе спиеш и понатаму во ист кревет со брат ти иако имаш 22 години? Ќе чекаш ред од сабајле за вц пошто дедо ти се бричи? :D Или ќе направиш план и со минимални средства ќе се отселиш. Ќе жртвуваш нешто за да добиеш нешто друго?

    Да Бенџо, нема добивка без жртва. Единствено да се пресмета дали добивката е доволно голема во споредба со жртвата.
     
    На 1209, theowndemon, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.851
    Омни и јас сум ,,зафатена,, не сум слободна за да одолевам/неодолевам ама нели дискусија си е дискусија и тука немаме ,,фулл контакт,, - безбедни сме и двајцата:rofl:

    Сакав да кажам дека со 200 евра се преживува само ако МОРАШ.
    А да изиграваш Робинзон Крусо во 21 век само за да се искушуваш себе си дали можеш со сапун и паштета да преживееш-не е во ред.

    Иначе ради општа информација, Рефо мој не признава за раце миење ништо друго освен сапун..и тоа најефтиниот:!:...а има баснословна плата.Значи, постојат луѓе (ние) кои сапунот го преферираат пред луксузните шампони:lol:
     
    На AURUA, Annath, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    @Captain-Omni
    Стварно си ми бил интересен, гледај, пак те цитирам.
    Границите се одамна отворени, Австрија, Германија, Шведска, Австралија, Америка не се веќе зборови кои само на тв може да ги слушнеме и еднаш во 10 години кога ќе си дојде некоја стара тетка да ни каже како таму се живее. Времињата се сменети, па ако имаш причина и желба да избегаш од дома оти пример се гужваш со три генерации во ве-це и со братот спиеш во иста детска соба, дали би ја насочил енергијата кон штедење, преживување, тапкање во место и често гладување без надеж дека работите во блиска иднина ќе се подобрат, или би си го спакувал куферот и би заминал? Северна Кореја ли сме па да не смееме да мрднеме, да не смееме да помислиме на повисоки/поинакви стандарди и да се задоволиме со тоа што Македонија го нуди убедувајќи не дека за нас толку е доволно? Зошто? Црнци ли сме? Мајндсетот ни бил високо поставен оти сакаме нормален живот, шампон што нема да ми ја прави косата и алиштата бели од првут? Да, ни е за разлика од претходни генерации кога биле задоволни ако сапун воопшто имаат и да, треба да ни е оти сега младите имаат избор. Ама тоа веќе друга тема е.
     
    Последна измена: 10 август 2017
    На fallenangel, Gosh, AURUA и 5 други им се допаѓа ова.
  7. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Можат да се осамосталат но не со плата од 200 евра. А во помаливе места толку зимаат, баш вчера една жена ми кажа дека во една фирма им давале 7 000 :(јас не знам како прифаќаат луѓево, па тоа треба сите да си отидат од работа и да видиме кој ќе му работи за 7 000....ама се плаши народот...си вика поарно нешто него ништо.
    За во Скопје јас не знам како успеваат со тие мали плати по маркетиве и бутиците....зар и на тие од city mall толку им се???
    Се фативте за паштетата гледам...аргета обичната е 39 денари (маж ми си ја сака многу таа и знам :D) , ама за тие пари можеш да земеш леќа, тестенини или ориз и да направиш убав ручек за два дена.
    Скапа е храната не викам не ама па и ние под изговор дека нема време одбираме нешто готово да се купи. И јас се ставам во ист кош, полесно ми е да купам готово или да порачам отколку да направам.
    Околу сапунот и татко ми и брат ми само со тоа мијат раце. Татко ми дури и тело со него се миеше долго време. Не признаваше ништо друго, а е човек со добри примања. Сега гледам кога одам на гости машки гелови му купува мајка ми :D така што тие два аспекта можат и со помалку финансии да се покријат.
    Е сега струја, вода, мобилен тоа е друга прича, таму стварно неможеш многу да влијаеш колку и да сакаш.
    Сума сумарум осамостојување во македонија е можно ако ти дадат стан твоите или ако сте двајца со плати нормални, инаку тешко.
     
    На Tanjamm, AURUA и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Ти благодарам што си почнала да ме почитуваш, можам да го видам тоа меѓу редови. Порано од ракав ме мразеше, чисто онака, антипатичен ти бев. :) И... велешанка ли си? Колку ве има бре велешани, пола планета сте.

    Зошто не би се отселил некој во странство ако има можност и желба? Feel free to, дури, сите сметам дека треба барем дел од животот да го искусат светот и да видат како тој живее, тогаш веројатно и самите ние би биле поубаво место за живеење, зашто искуството носи заклучоци кои неминовно ќе бидат, може поубаво, ама за све треба да се работи. Најдобра лекција за темава ќе биде. :!:

    Мајндсетот ни е високо поставен зашто сакаме нормален живот во ненормално општество. Само зашто нешто сакаш да се случи, не значи дека тоа безусловно и мора да се случи. Јас имам голема желба да поседувам јахта, ама додека не станам архиепископ, тоа нема да се случи, :D а за да станам архиепископ, треба многу лажни Дева Марии да кажам (читај многу труд да вложам и пат да изодам додека стигнам до тоа).
     
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Како замена за јахта, дали би купил кајче ако можеш да си дозволиш? 8-|
     
  10. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    No that's not the point, како не ме разбираш? :) Не можеш да се лутиш никому зашто не поседуваш јахта. Такви се околностите.
    Роден си во Етиопија, не очекувај дека ќе јадеш бифтек секој ден.
    Роден си во Палестина, не очекувај дека ќе те сакаат баш во Ерусалим.
    Роден си во Токио, не очекувај дека ќе живееш во 70 квадратен стан. Невозможно е.
    Живееш во Норвешка, родена си во Велес, не очекувај дека ќе јадеш ајвар со лепче извадено од фурна директ од оние џиновски тенџериња што собираат 50 кила. :inlove:

    Не можеш да очекуваш невозможни работи, но тоа што можеш да го правиш е да направиш план како најдобро да стигнеш до тоа што го сакаш.

    Да ти одговорам најдиректно, ако кајче е најблизу до мојата голема желба да пловам, тогаш да, секако.
    На темата, ако желбата е да се отселиш, ќе го направиш тоа „и во кајче“, а не во јахта.

    Ако желбата не ти е да пловиш, односно да се отселиш, шо ќе ти е кајче, шо ќе ти е кирија? Ама ако желбата е пловидба, онда кајче и тоа како е решение.(y)
     
    На 1209, theowndemon и Bridget им се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Шознам, за мене паштета е паштета, а сапун е сапун, не ни барав некое подлабоко значење у поимиве. :)

    А ова ти што го наброја е ем здрава, ем разновидна исхрана. И така се храни 90% од Македонија. За мене ова е нормално живеење, далеку од преживување.

    Ама, што правиме со оние со желба за самостојност, за кои со платата што ја зимаат паштета = паштета, а не паштета = грашак, ориз, компир, грав, тестенини, итн.? Пошто и такви ги има, не е дека не постојат.

    И кога веќе дефинираме поими, фино е да разграничиме и што значи зборот „штедење“, пошто гледам дека многумина на темава погрешно го употребуваат - забелешкава ми е генерална, не е насочена кон тебе.

    Штедење значи човек да си ускрати нешто - луксуз или основна потреба, сеедно, за да може да си дозволи нешто друго. Штедење не значи човек да си ускратува една или поише ствари, секојдневно, постојано, за да едвај го дочека крајот на месецот и да биде на нула, или па да биде у минус. Ова е преживување.

    Ја дефиницијата за нормален живот си ја базирам на некои мои критериуми, кои важат за сите, без разлика дали живеат во Македонија, Уганда или Норвешка. Никој не заслужува да јаде леб и паштета секој ден (мислам буквално на паштета :D), да живее у незатоплена просторија или да пешачи километри до работа, секој ден.

    А такви има доста. И тоа тука, у Македонија. Само што за жал не можат да пишат мислење на форумов затоа што се по 12 саати на работа (плус уште 2-3 пат до дома), затоа што немаат пари за интернет и компјутер или затоа што им ја исклучиле струјата ради неплатени сметки.

    Реалноста во земјава сите ја знаеме. И имаш право, не треба да кажеме „Не чини“, да дигнеме раце од све и да седиме дома. Ама не треба ни да се помириме со судбината, да кажеме „Тоа ти е“ и да се убедуваме себеси и другите дека живеењето у субстандардни и субхумани услови е нешто што е нормално.

    Тоа што ја викам дека сметам дека 500 евра треба да е минимална плата за нормален и пристоен живот нема да ме спречи да станам утре сабајле за да идам на работа и да работам за помалце. Ама и даље ќе стојам зад тоа дека со 200 или 300 евра пристоен и нормален живот, па уште и самостоен, е тежок, практично неизводлив.

    Пак ќе кажам - главниот и основен проблем е тоа што платите ни се премали у однос на животниот стандард, plain and simple.

    Аргументи како „Страв им е на луѓето што ќе кажат комшиите ако детето се отсели само од дома“, „Младиве се мрзливи и сакаат мама да им готви и да ги пере“, „Сакаат да живеат на рачун на родителите, а платата да си ја трошат као џепарац“, „Бираат работни места, иако се невработени“ итн. едноставно не држат вода.

    Не негирам ја дека постојат и вакви луѓе, ама нивното постоење пак не го негира фактот дека платите, ниските плати се сржта на проблемот.
     
    На Jason123, Tanjamm, Gosh и 15 други им се допаѓа ова.
  12. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Кога сјај, паштета и бикче од 10 денари се фактор кој го одредува животниот стандард...

    Паштета и јахта. Ок. Тоа е проблемот чиј симптом си ти. Мислам неам ништо против тебе нит те знам или познавам, но со тој памет и твоите внуци ќе расправаат за паштета и бикче, али тоа е друга тема.

    Што да се очекува од раја која правеше контрапротести коа беа за поскапувањето на струјата...
    Многу нормално дека секој како поединец си бара чаре, дали е тоа странство дали е тоа тука, дали е ИТ, дали е сива икономија, дали се роџаци, врски, партии или нешто десетто. Живот тече, мора да се опстане и цел тој банален муабет. Глупо е тоа да се потенцира цело време.
    Но стравот влезен во коски од барање одговорност каде што треба да се бара и несфаќањето дека се живее во заедница доведе во ваква ситуација. А ќе биде и полошо секако.

    Nesum ja krif brad hhehe snagi sepa zivej
     
    Последна измена: 10 август 2017
    На Gosh и sjdgo им се допаѓа ова.
  13. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Бендере брате лимени :D паштетата е поскапа од грашакот, на пример. Една паштета е од 20-25 денари нагоре за еден оброк за еден човек, една кесичка оброк за тројца е околу 40 денари. На пазар на кило уште поевтино е да купиш. Истото е и со другите производи кои ги набројав. Така што очигледно паштета не е само паштета како дно дна. :)

    Ама држат вода зашто тоа е мнозинството генијалци на темава. Очигледно е дека младите (луѓето генерално) се мрзливи, сакаат да живеат на рачун на родителите и дефинитивно бираат работни места иако се невработени. Еве ти од претходната страна:
    Ипак, ниските плати се факт, се сложувам, но дека се сржта на проблемот не се сложувам од едноставна причина што има премногу примери во кои ниските плати не се причина за отселување од дома.

    Шо знам, можда пошто сум растел со „паштета и бикче“ и сум видел што значи глад и беда, па знам да ценам труд и пари. 8-|
     
  14. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    За глад не верувам али ај.
    Не е до тоа, мене горе долу пола живот ми е пројден во тешка немаштија а првата работа ми беше за таква бедна сума што не сакам ни да ја споменувам. Не сакам ни да се присеќавам на тие времиња.
    Иако тоа е далечно минато за среќа, разликата е што бедата, сиромаштијата и слабите плати не ги ставам на пиедестал пошто знам што значат многу добро. тоа е све тажно срање
    Ако веќе некој се решава за самосталност, нека проба во странство по секоја цена, или пак алтернативен пристап (оф-д-грид) Самосталнот во земјата на античките хунзи со лишување од основни ствари е дно.
     
    На fallenangel, Nausicaa, AURUA и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Грашак не јадам, па не знам колку е, ама знам дека ориз и грав се поскапи од паштета. А има паштета и од 15 денара, ми ги служат за доручек у менза, затоа ги знам. :D

    А за грав, на пример, потребно е ваљда и нешто поише од зрна - камо зејтин, запршка, струја да го свариш, итн. итн.

    Додуша, по мене и нема потреба да забегуваме у детаљи и вакви банални рачуници на темава.

    Ама тие што им е убаво дома и ни на крај памет не им паѓа да се отселат нема ни да си го постават прашањето „Дали младите во Македонија можат да живеат самостојно?” За таквите нема ни зашто да дискутираме на темава.

    Темава е за оние кои сакаат да се отселат. Некои сакаат, ама не можат. Некои се отселиле, ама кубурат. Ретки се тие млади кои живеат самостојно и имаст нормален и пристоен живот.

    А главната и основна причина за ова се платите. :)
     
    На Gosh, Nausicaa, AURUA и 7 други им се допаѓа ова.
  16. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    И тоа се најчесто луѓе чии семејства имаат сопствени фирми и претпријатија т.е. се ситуирани и можат тоа да си го пружаат тоа зошто работат во фирмите на нивните фамилии. Јас не сум сретнал досега човек во Македонија кој навистина од сопствени пари (кои ги заработува во фирма која не е во сопственост на неговата фамилија) живее самостално, среќно и со фамилија.

    Во Германија на пример има, ама знаеме и зошто.
     
    На AURUA и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  17. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Абе кај пазарите вие? Најевтина паштета во КАМ е 7 денари, да да, пилешка паштета Пекабеско за оброк за една личност чини 7 денари.

    И ај да не глумиме лудило со Аргетите, сите оние кои пишаа паштета не мислеа на оброк кој чини 39 денари во КАМ, туку најевтината опција, а тоа се 7 денари.

    Да не заборавам, сите оние кои пишаа сапун сигурно не мислеле на Dove кој е 50тина денари, туку 4 сапуни по таа цена.
     
    На theowndemon, fallenangel, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    Сапунче и паштета, јак симболизам за темава. Плус бикче од 10 денари. :lol: Све си е тоа ок, може теоретски така да се преживее, ама реално квалитетот на животот ќе е на минимум. И нема да биде живот, туку преживување. Искрено не треба да се задоволуваме со малку. Таков народ сме некако. Не знаеме правилно да си ја одредиме цената. Некои луѓе мислат ко грев да прават или да не заслужуваат ако земаат голема плата. Чудно им е кога видат се можело бе солидна плата. Ова е резултат на тепање на вољата на народот 2 ипол децении да биде задоволен со минималец. :@ Тука треба самата индивидуа да се избори за повеќе, а не да дозволи системот да му го пере мозокот и работи у највише.

    Македонецот работи, ако му платат, добро.
    Американецот работи ако му платат добро.

    Многу запирки има кај нас. Несигурни сме. Од друга страна има многу мајмунски работи како на пр. доцнење на плата, што е мотивациски killer, па ваљда оттука бунтот кај многу. Никад не сум ги разбирал тие што работат, а платата им доцни 7-8 месеци. :o Тоа е више изживување, ја уште после вториот месец би напуштил таква работа.

    :clap:

    Поентата си е на место, посебно за младите. Одбивање за интегрирање во општеството води према паразитизам и клошарство. Како и секој бизнис, така и со работа. Почнуваш со малку, па наоѓаш за повеќе, па стекнуваш уште поголемо искуство и за уште повеќе наоѓаш итн. Битно е да се почне, да се стекне работна навика, да видиш колку е слатко парички да правиш и да добиваш мотивација за уште повеќе.

    Теми кај што има money money money, се идеални за вакви ствари (лупање едни со други со постови и ставови). Нема крај.
    [​IMG]




    Ултимативно животот не е фер, deal with it, пошто нели сме grown-ass people. Има ултра милијардери наспроти луѓе што живеат со $1 на ден. Сеа шта је ту јееееее. Нема некој што успеал да се осеќа лошо заради други што забрљале. Сакаш да не учиш школо и да изиграваш фраер во 20-ти години? Епа ќе си платиш скапо после за оваа грешка. :D

    Стварно нема крај паламудењево. :rofl:
     
    На AURUA му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Каква мотивација се 200 евра по месец :D не ме смејте. 250 евра се демотивација. Гледам јас како тие што гордо почнале со минималец, си останаа некаде заглавени на патот.
     
  20. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Не сите. Ова ти е генерализација. Да не се повторувам алармантно е кога не сакаат психички да созреат па како резултат на тоа да имаат и поголеми финансиски апетити низ годините. Алармантно е кога тапкаат на место. На пример оправдувам 10год. минималец ама живее со свои и не троши на кирија и др.луксузи туку штеди и парите ги вложува во себеразвој да најде поплатена работа,а ако не му успева ранец на грб и онаму каде ќе му се вреднува трудот. Што во најголем број случаи е така, бидејќи еве јас
    ќе генерализирам, кај нас за добро платена работа колку сакаш биди себеразвиен т.е. квалификуван ако немаш позадина или книшка се ти е џабе. На крај побарувачката ја прави понудата добра.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.