Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можно ли е младите во Македонија да живеат самостојно?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 31 јули 2017.

?

Дали младите во Македонија можат да живеат самостојно?

  1. Да

    81 глас(а)
    32,0%
  2. Не

    180 глас(а)
    71,1%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.145
    Пол:
    Женски
    Живеам во Велес. Тврдам дека и 500е да зимам ќе немам услови да се осмостојам. Па луѓе не е само киријата и јадењето. Кај се излегувања, шопинг,шминки,здраство итн м?
    А па можам да замислам како е во Скопје со 200е плата да се осамостоиш :envy:
    Не е возможно!! Со 200е човек не може да преживува а каму ли да живее..
     
    На P.S.love, sjdgo, Prijatelot и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Со ова што мора што не мора да се има како почнавте ќе излезе и нема потреба да јадете три пати дневно ќе заштедите ако јадете два пати :devil:
    Веќе пишав на темава и ќе надополнам дека не е никаков успех ако некој отиде да живее сам а притоа едвај преживува освен ако семејните односи се нарушени па е приморан. Сметам дека не е луксуз да се излезе за викенд, да се седне некогаш на кафе, да се отиде на одмор барем до некоја соседна земја, да се купи некое парче облека и сл. Сега ќе се вратиме на тоа дека не е неопходно но зарем тогаш човек да живее само за сметки и храна која ќе гледа да е што поефтина. :tmi:
     
    На P.S.love, Emy867, Mr.Awesome и 5 други им се допаѓа ова.
  3. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
  4. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Со еден збор,невозможно е со две плати од 200 евра,сами да си живееме.
     
    На AURUA и elimkd им се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Не гледам зошто по втор пат ме цитираш. За да ме убедиш како 200-250 евра се достоинствена плата, нешто кое треба да се приграби ентузијастички?
    Нема.
    Oд тоа прифаќање на ситуацијата таква каква што е, од тоа земање што се нуди, оттаму минуваат децении тапкање во место.
    Кажав уште во почетните мислења, постои подобра и поветувачка алтернатива од 300 евра, се вика странство.
     
  6. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Ова од мојот пост го препиша?:D.Се шалам малце. Не сум те читала дека фаворизираш странство. Не ги читав сите коментари детално и не разбирам што сум ти нејасна. Кон исто целиме ама јас не идам со глава во зид и не мислам се што лета се јаде. Јас оправдувам да почне работник со минималец и да доспева до покачување па и дури еве 10год. нека има минималец, ама ако успее да тргне на страна да вложи во себенадградување наместо по кирии да троши ако има кај да седи. Зошто во странство нема без да вложува во себе да му речат еј баш тебе ваков недоделкан те чекавме одма да те платиме 300евра и нагоре. Секој сака готов производ. Кога човек ќе се стори готов производ тогаш вреди да се појави на берза на труд и да бара поплатена работна позиција па макар ко што веќе пишав ранец на грб и надвор ако таму е поплатено тоа што е остручен да го работи.
     
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    @AURUA Ако не си ми ги читала коментарите, не ме цитирај тогаш за да изведеш поенти од мои мислења :D. Нема смисла јас да се повторувам, ти да ме повторуваш и т.н.
     
    Последна измена: 14 август 2017
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Смешен е бројот на луѓе што не се стручни ништо да работат, а не се ни желни да се "устручат" во било што за 200-250 евра.
     
    На Mr.Awesome му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Сите нешто... „устручени“ во оваа држава, а се е дисфункционално.
    Тоа е, за толку пари, толку музика.
     
  10. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    @Feminka192 Тоа е мила, тоа се вика ропство....
    Ланците се парите, работиме за да си ја платиме само основната егзистенција.
     
  11. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Немаш право да ми кажуваш ако не те читам цело време да не те коментирам што пишуваш. Што се замислуваш ти? Мислиш единствена си што пишува на темава и е цитирана од мене, некој друг итн. По твои правила на твој форум. Бреее умислењаци.(facepalm) Не ти се допаѓа што пишувам имаш игнор. А на твое и било кое мислење мое право е да цитирам, коментирам. Затоа служи форумов. Кога ќе се таборизира ко општествово што ни е поделено е тогаш нема да си се мешаме нит во мислења нит во било што. Засега замислата на тој што го правел форумов е ваква каква е ти се допаѓала тебе или не.
     
    Последна измена: 14 август 2017
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. playful girl

    playful girl Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Во принцип лугето во Македонија не можат да живеат самостојно а камо ли еден млад човек од 20тина години.
    Денес лугето се доведени во таква ситуација да секој зависи од некого, а на крај сите ние од тоа која партија ќе дојде на власт.
    За каква самостојност зборуваме на младите лице кога 80% од лугето земаат едвај 200 евра плата? На сите звона звонат минимална плата ќе било 200 евра, епа браво, голем успех.
     
    На ЕденЧлен и AURUA им се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Смири си ги емоциите и држи се до темата. Имам право да ти кажувам, зашто не можеш да не си во тек со моите коментари, а да ми повторуваш едно исто и да филуваш, во два наврати. Спомна дека ми го почитувала ставот, а ме убедува. Прифаќање работа за бедни плати, е една од причините зошто ситуацијата не се поправа. Нема ништо лошо да кажеш на човек од немаштијата да замине во странство, наместо да аргатува со години за минималец. Па уште 10 години вели, еееј :x...Иам роднина кој за 10 години стори чуда преку океанот, ама ај... одамна било тоа, и за во друга тема е. Од една страна, се жалиш дека не чини, од друга, поддржуваш статус кво. Не може така, покоординирано треба.
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Немам намера понатаму да губам време со тебе. Ништо лично. Колку си ме разбрала толку.:hai:
    П.С.И за да тргнеш до океанот и преку него ти требаат финансии. Е сега ако си гребатор и шеташ по сите роднини а они емоционални будалетинки те сожалуваат и од устат си двојат да те испратат со пари тогаш не ти треба ни за 200евра да почнеш да работиш некаде за да заштедиш и Самостојно отидеш кај нозе те држат. Толку од мене.
     
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ама ниту јас не планирав да губам време со тебе, а ти упорно ми досадуваше, колку што се сеќавам.
    Веројатно работиш за минималец, или долго време си работела за истиот, па затвораш очи пред фактот дека тие соништа за пат до врвот преку македонска плата од 200 евра, се само сон кој нема да се оствари. По втор пат, смири си ги емоциите и не ме финансираат мене роднини некои си, да е скраја.
     
  16. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    Не земаат толку плата, мит е. Повеќе земаат. ;) Скопски просек за млади момци и цури е измеѓу 20-30 илјади денари, зборам за оние што имале волја да го греат столчето и да стекнат струка или диплома, пошто факт е у денешно време диплома ти е само хартија. Она што се бара е струка, колку те бива за работа, а не она што го пишува во дипломата. Па така имаш млади економист(к)и, правници, маркетинг лица, HR (human resource), talent hunter и ред други слични позиции кои плаќаат во овој ранг. Па после имаш добро платени позиции како на пр. медицина (оние што специјализирале), IT сектор (телекомуникации, програмирање итн.), финансиско-услужни дејности, фармацевти итн. После имаш така да кажам поспецифични професии како стјуардеси кои кркаат 30-40 илјади денари, па дечишта што се растрчале да врбуваат други во пирамидални ствари како Herbalife, Lyoness итн. за профит. Се снаоѓаат младиве како знаат и умеат и имаат повеќе од фамозните 200 евра, што симболички кажано стигнуваат само за тоалетна хартија. ;)

    Еве 3 статии на тема најплатени/најнеплатени професии.
    http://emagazin.mk/vesti/vest/21552
    http://emagazin.mk/vesti/vest/21554
    http://bankarstvo.mk/index.php/ostanato/item/3740-koi-profesii-se-najloso-a-koi-najdobro-plateni

    Како што филозофирав во еден од претходните постови, а гледам и @DAngel :clap: ја сфаќа поентата низ своја призма, работи кои што секој може да ги работи секогаш ќе се ниско платени. Утовар - истовар пффф секое машко може да го работи тоа, ама затоа таа работа е едвај платена, дали и 12 илјади зимаат. Продавачица секоја цурка може да биде. Епа сеа... е нема сеа, тоа е што е, колку имаш да понудиш на пазарот, толку ќе си платен. Крај приче. :D Супер си е капитализмот, колку и да го критикуваме. Те тера стално да еволуираш, да се приспособуваш, ти дава мотивација да грабаш напред. Можам да замислам колку глупоќата царувала во социјализмот пошто радио не радио, свира ти радио, ебати социјализмот. Да беше добар систем, ќе опстоеше. Друже Тито жао ми је шта си мртав, али капитализам је боље. Слагао се ти са мном или не, знам да не можеш причати. :D

    И додека ич не е спорно дека стварно има луѓе во тешка позиција што едвај крпат крај со крај, не сакам да формирам таква генерална слика за нашава земја, пошто не е се' така црно. Дечишта возат бесни колишта, шмизлички тип топ средени, кафичи полни, дискотеки полни, сите се курчат на Инстаграм кој поскапа храна јадел, одење на шопинг во Солун секој викенд, значи не е се' така црно. Народ живее и не се замара. Еве кај доаѓа овој vicious cycle до изражај (прозборев Југословенски :D): тие што имаат доволно парички си ќутат и не се бунат, тие се тие што ја прават гужвата по градовите и границите. Од друга страна тие што не се задоволни ја прават галамата дека просекот е 200 евра. Шта речи друго? :?:

    Опрајте се, ве изеде неинформираноста и мрзата. ]:) Data entry jobs што обично инволвира внесување дата и користење на Word и Excel ќе најдете на интернет колку сакате. Платата е најразлична: од $300-$500 месечно би требало да вадите без проблем што е над просекот од тие 200 евра. Ви треба да знаете англиски и основно користење на Word и Excel. Нели го ни ова знаете... седи кец, еве ти 200 евра плата.

    Инаку постов не е никому упатен, општ е. Инспириран од иритација, а и од греота што ме фаќа за тие што се на'рмбуваат за 200 евра пошто е нечовечка плата и не само млад човек, туку никој не заслужува да робува за тие пари за да им носи 1000 евра профит на газдите на кои исто така треба добро камшикување да им се удри што свесно потплаќаат big time. Ај да беше лебот 5 денари, горивото 20 денари и сл. фул ќе си со 200 евра, меѓутоа не е така.

    Како се осеќав додека го пишував постот.
    [​IMG]

    После постот.
    A bullet has been fired and it can't be stopped till it reaches its destination: македонското кукање и лелекање.

    [​IMG]

    Може да си лаеме на темава колку сакаме, ама караванот си врви. И така. :lol:
     
    На viviette и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Во мкд нема капитализам. Има мутантче од систем. Повампирен феудализам на апарати. И не е Скопје целата држава.
     
    Последна измена: 14 август 2017
    На SexiLy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Коста Петров ти ли си сине? И како е на врвот? :devil:
     
    На SexiLy, Gosh, Priroden и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    :rofl:
    Прекрасен е погледот. Ко птица в лет пошто финансиите даваат таква слобода. :D

    [​IMG]

    Ружо ружице ненабрана со сиот црн негативен сјај :D, само сум реален и гледам на позитивната страна. Можно е млад човек да успее во Македонија и тачка. :emo: Настрана што има песимисти што ради свое лошо искуство, што ради љубомора и завист сакаат да ги влечат другите доле па им зборат најнегативни работи. Останува на самиот младич да не потпадне под тие негативни влијанија дека е осуден да рмба за 200 евра for life.

    Тоа е реалната слика кај нас: doers and complainers. Make sure you are a doer. Also make sure you're not wussy. :D

    [​IMG]

    Општо зборам не те атакувам бај д факинг веј. :) За некои работи у животот можеш да примениш црно-бела логика. Не ти се свиѓа таму кај што си во моментов? Барај чаре и излез. Кукање и плукање по државата и системот никогаш не вродило со плод. Мислам... можеш да плукаш по све што не чини во државава не е забрането, ама тоа никогаш не носи личен и професионален напредок. Small talk не носи ништо, action does. Треба да си Action Мan бе. :rofl:
     
    На Captain-Omni му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    https://www.google.com/search?tbs=s...0QByfAYX62x-98NU21cNYw0TWJI5dXqivHQlsKm7QnURA

    Десен клик и гугл срч кажува дека фотката е галиба од Токио.
    Одлично, мило ми е, коничива Коче-сан.:devil:
     
    На fallenangel, Gosh, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.