1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можно ли е младите во Македонија да живеат самостојно?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 31 јули 2017.

?

Дали младите во Македонија можат да живеат самостојно?

  1. Да

    80 глас(а)
    31,7%
  2. Не

    180 глас(а)
    71,4%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    133.052
    Пол:
    Женски
    Има леб нели си толку храбра еве дојди во Тиквешијата на сезонска работа. 1000че дневница за гројзе берење ако имаш сила вреќа да крениш и да ја качиш на трактор 1500ден. Сезоната е веќе почната трае некаде до средина на октомври. за 2-3000ден имаш топ(ова е зборот за супер, нели ;) соба со купатило. Исто ти е ко пола година во метрополата да работиш за твоја плата од 16000. Тек ако дојдеш порано праски да сортираш само од јуни до октомври ќе покриеш се, другите месеци лежи си и кулирај ;)

    Он: Осамостојувањето и навика да работи и заработува не се постигнуваат само со отселување од дома. Не е ова западот па ај ке работи, ќе плаќа кредит за станот во кој живее, истовремено и ќе студира. Аха да. Со минималец нека постигне некој се и нек се јави. Ако научиш дете да биде продуктивно мање битно дали ќе се отсели од дома и ќе плаќа кирија некаде или ќе си живеете под ист кров па парите место на кирија ќе ги штеди.
    Сама не би живеела, со цимери можда ако сум во друг град, ако сум во мојот не гледам причина да си заминам од сопствената куќа. Со партнер е веќе друго...
     
    На cresa-jagoda, Rebecca_R, Skorpija25 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    33.311
    Па ако има леб надвор од Скопје, тогаш зашто цела Македонија е во Скопје дојдена? Подобро кажи им за работава на тие од Тиквешијата, да не мора да си го напуштаат домот...

    Јас си најдов работа во мојот роден крај, и тоа работа која не секој сака и може да ја работи, каде работиш и магационер, и со луѓе, и со недели без слободен ден, по две смени...
     
    На cresa-jagoda и Someonespecial им се допаѓа ова.
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    133.052
    Пол:
    Женски
    За време на сезона има доста луѓе од други градови, дојдени во овој крај да се осамосталат. ;) Минатата сезона имаше доста од Виница, Велес и Куманово. A Скопје семеен човек да плаќа кирија и да работи нешто за кое се потребни ниски квалификации за минималец чисто сумљам. Обично се високо квалификвани кадри кои им се исплаќа да плаќаат кирија со тек на време купуваат стан итн.

    Инаку осамостојување по цена на мизерување некако не можам да соџвакам. Поарно да делам сметки со некого, ама да спијам на топло и јадам убаво него без греење и колку да се касне нешто за да се преживее.
     
    На Victorian и AURUA им се допаѓа ова.
  4. Brojka

    Brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2017
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    1.722
    Ги прочитав сите мислења. Се согласувам со @Cka и @Mr. Right.

    Мое мислење млада личност со наполнети 18 г. не може да се осамостои. Да студира, работи и сам да се издржува е невозможна мисија кај нас ова. Имам размислувано за ова ама на крајот се откажав.

    Млада личност која да речеме има завршено факултет може да се исели и да живее самостојно.
    Ама, растени сме со погрешни уверувања, за жал сме заостанати со мислењата и срамота е да си одиш од дома, барем да беше мажена/женет вака што ќе кажат луѓето. |(

    Со бившиот еднаш имам разговарано и му кажав дека ми е во мисла на тоа да си се иселам некаде под ќирија. Кога почна да вика ти нормална ли си, па јас да земем девојка од улица :o што ќе кажам на моите дека те избркале од дома или што. |( Секако тука беше ставен крајот на врската.
    Не само он многу се со ова мислење.

    Се прашувам до кога вака. Не само млади туку и возрасни од 40 и 50 г. со оформени свои семејства се уште живеат под кровот на родителите.
     
    На WildMk, Victorian, 1209 и 11 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.435
    Пол:
    Женски
    Желба ми е да се одселам. Студирам ама сакам и да работам и сакам да ја почувствувам слободата. Барам работа, обично према тоа што учев средно па при крај се сите огласи и ќе видам дали ќе треба да барам и други и дури криво ми е што се охрабрив да почнам да пуштам на околу откако заврши семестарот, а не претходно, си викам можев да издржам ако ме викнеа ако беше колоквиумска и испитна сесија. Разгледвав колку пари се станови и соби, без сметки и не верувам дека можам самата да успеам. И дечко ми сака да се оддели па веројатно би се одделиле заедно, само јас се чекам. Другарка ми и другар ми сакаа еднаш да си попрајме ќеф еден период заедно четворицата, ама веројатно ќе пропадни планов зошто другарка ми има многу до крај на факултет, а од дома ѝ вршат притисок да не оди вонредно и да не работи.
    Е проблем е дечко ми што не знај да планира па вчера му ја зедов картичката и дојде да ме моли да му ја вратам и дека кога ќе се одселиме ќе ми ја дај мене да купвам се што треба, а не во него, зошто планирањето ми е мене подобра страна, а и штедењето.
    Па сега, ако ме примат во некоја аптека, нема да има посреќен човек од мене и спремна сум со првата плата да си одам од дома, а можеби и веднаш после зимата да не ми излезат непредвидени трошоци, па да бидам максимално спремна, во најмала рака мислам дека зимата е поскапа и ако ми треба месец/ два прилагодување самостојно, не би сакала да е зима зошто нема да бидам спремна на еден начин.

    Толку сум решена на овој чекор што висам на огласи за работа и висам на огласи за станови за изнајмување да знам од прилика како се движат, да не се изненадам. Па во меѓувреме ги гледам сметките дома кои стигаат, да имам ориентација колку од прилика би биле. И се надевам од следната пролет, ако е со во ред, да се одселам. I have a dream, работава.

    Од друга страна, познавам ретко луѓе кои се одлучуваат да живеат сами, со партнер или со цимери. Кога ќе кажам дека голема желба имам да се одселам и дека работам на тоа да си направам услови за да можам да го исполнам ова, често наидувам на коментари дека си го комплицирам животот. О.о
     
    На WildMk, Skorpija25, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.198
    Допаѓања:
    93.434
    Од твоите? И што мислиш, ти се важи?! Како па да не! Под ќирија, под ќирија моме, ако не ќути си и трај си, ова вака не се кажува:!:.

    Ти не си самостална се додека не гладуваш барем половина месец, а не, сакаш да пиеш сок во тегла по кафичи па после грабни од твоите станот. Еее, не така:!:.
    (facepalm)
     
    На Victorian, Jason123, m.i.g и 13 други им се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Ја читав другата тема, колку кошта животот на оние кои се доселиле во Скопје. Прочитав некои суми од 150 евра кирија( со цимери), 100 евра да речеме парно, вода, струја, телефон, интернет,одржување, куќен совет...јавен превоз плус, опција кола и бензин/паркинг, далеку поскапа варијанта. И јадењето секако, тоа пстанува на крај. Па може, прашањето е само како и со колку. Сфаќам ако 25-30 годишен се сречава да полни торбите со ајвар и манџички, како во студентските денови, од кај родителите, за да мине со тие 300 евра.
     
    На 1209, crimson, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  8. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    Секој за себе си знае дали може/ сака да живее независно. Малку глупичко е да коментираме зошто некој со 30 години или повеќе сеуште живее со родителите, како што е глупо да преиспитуваме зошто некој од дваесетина години живее сам. Не судам на никого, како што нејќам и мене да ми судат. Не се мешам во нечиј живот, затоа што ми пречи кога мене ми се мешаат со непотребни совети и мислења.

    Живеам сама подолг период. Не земам голема плата, но не земам ниту мала. Нема да лажам и не се срамам да кажам дека моите ми беа најголема помош за да бидам тука каде што сум. Имам завршено факултет, но после студиите работев сѐ и сешто. Секогаш чесно, а тоа најчесто значи дека заработените пари воопшто не беа лесни пари. Работев и надвор од Мк. Се вратив овде и моите ми помогнаа во осамостојување.

    Финансиите се секогаш проблем за независен живот. Мк не е Америка, во ниеден аспект. Најлесно е да коментираме дека некој не сака да живее сам, одбива да работи, сака само да ги користи мама и тато. Не можете да знаете што се случува во туѓите животи а и да знаете не треба вие да паметкувате кој, што треба да прави.
    Повеќето мои другарки (и врснички) живеат со родителите, а некои од нив се мажени. Јас не ги делам нивните ставови во врска со живеење сам vs. живеење со родители. Но тоа не значи дека нивното размислување е погрешно, а моето правилно. Или обратно.

    Кој како ќе се снајде, така живее. И понекогаш не важи она: Мора да се бориш со сопствени сили за да успееш. Јас се борев но пак немаше да успеам, а успеав благодарение на моето семејство.
     
    На WildMk, christinnn, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Најлесно е да се најде изговор. Така и за неживеењето самостојно.

    Само вие терајте си го филмот дека некој друг ви е крив за тоа што се осеќате лошо. Јас сум ви крив еве, осеќајте се поубаво... само ве молам, немојте такви егзибиции да правите како ставање вина на себе и преземање одговорност.

    Ништо не може да се направи, спречени сме. Владата е крива, не знаеме која само. Комшиите се криви, Американците, ХААРПот, Господ не дава. Ние сакаме, можеме, способни сме, ама не ни е дозволено ете, јебига.
    (facepalm)
     
    На SuperGirl24, Cka и Brojka им се допаѓа ова.
  10. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    33.311
    Ова очигледно се однесува на моето ,, мизерување ,, , според тебе. За мене не е мизерување да живеам на раат. Се дрзнуваш да осудуваш, оти ете ти не би направила така...Од каде знаеш дека не би направила така, ако си во моја кожа...;)

    Од друга страна, пак ќе повторам - леб надвор од Скопје нема. Сезонска рабоа не е редовна работа и редовно парче леб. Ако јас грешам, градов кој се менува од Метропола во пустина за две секунди за празници, не лаже.
     
    На cresa-jagoda, SuperGirl24, Mr. Right и 4 други им се допаѓа ова.
  11. anonymous16

    anonymous16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    921
    Ако со ова "леб надвор од Скопје нема" мислиш дека само во Скопје има работа и дека само таму плаќаат, грешиш. И зошто сезонската работа не е работа? Како моите родители работеле земјоделие пролет лето, а зима не работеле, и куќа направиле и пари набрале? И тоа е работа не ги осудувај луѓето со тој начин на размислување, секој има право на свое мислење но не можеш да тврдиш дека тоа е така. Секој поминал низ различен период од животот и кога гладувал и кога работел ден и ноќ за во иднина да не подолжи маченичкиот живот. Сега моите родители работат во градов во кој што живеам (зборувам за град од 8.000 жители) и земаат солидна плата и имаат стаж по 20 и кусур години.

    Јас сум студент на медицина и во текот на цела година не можам глава да кренам од испити и книги а не па и да работам за самостоен живот. Живеам со цимерки и тоа е немам друго. Сакам и јас да живеам сама и да не мора да се навикнувам на ничии недостатоци и карактери во домот барем каде што е дел за одмор и релаксација, но не можам да си го дозволам тоа. Преку лето сум на пракса и тогаш немам простор ни за сезонска работа. И не се срамам тоа што мајка ми ги полни теглите и ми ги праќа, барем тие пари што ми ги дава месечно да не ги трошам на храна, да ги имам за секој случај и за најосновните работи. Со овој начин на живот не може секој да се осамостои. И тие што се осамостоени и живеат сами сигурно се со помош на родителите.

    Имам другарка во Америка веќе три години живее таму, и работи и учи и не е никаков проблем бидејќи се платени според стандардите. Барем за неа знам.
     
    На WildMk, theowndemon, AURUA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.553
    Допаѓања:
    80.605
    Пол:
    Женски
    Ама не збориме за студенти дечки, на сите ни е јасно дека студент не може да се издржува сам, особено не пак ако е на некој позахтевен факултет и поголем дел од денот му минува таму на вежби и предавања.
    Се збори за млади луѓе кои веќе се вработиле или бараат/не бараат работа.
     
    На 1209, cresa-jagoda, SuperGirl24 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Врв на независност за еден млад човек во нашата држава е да биде студент,
    и да, за тоа е виновна државата.

    Не може никој да ме убеди дека сегашните генерации се неамбициозни паразити на кои приоритет им е само задоволувањето на хедонистичките потреби. Значи, ако десет од нив се такви, единаесеттиот ќе биде поразличен, но кај нас и тој единаесеттиот стана ендемски вид (читај: не постои).

    Лошите услови за живот се примарен фактор за оваа појава.
    Сите основни потреби за егзистенција (од типот на студирање, работа од која треба младиот да црпи парични средства за кирија и прехранбени продукти), на Западот и Скандинавијата сѐ третирани како сосем нормална и здрава одлика на едно солидно развиено економско општество, додека кај нас на нив се гледа како нешто што може да се добие само со многу труд и мака кои најчесто паѓаат на грбот на родителите, без оглед на статусот на младиот.

    Наспроти сето ова, постои и една друга, помрачна страна (кои некои од вас веќе ја споменаа), а тоа е пречката за себе реализација. Уназадувањето во психолошкиот развој во кој контрибуираше државата е од поразителни размери, а последиците евидентни. Сведочиме како стотици луѓе во цутот на младоста се соочуваат со невротски нарушувања, кои поради отсуство на обрасците за одговорност и финансиска слобода се гушат во сопствените фобии до степен на нефункционалност.

    Навистина е демотивирачки тоа што минималниот комодитет кој треба секој еден од нас да има можност да си го приушти, сѐ повеќе бива гледан како луксуз...
     
    Последна измена: 1 август 2017
    На WildMk, Lella, Rebecca_R и 20 други им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Да можам да живеам кај моите и да работам на струка не би ни размислила. Вака буквално фрлам 200 евра секој месец.
    Ама не би си дозволила да седам дома и ништо да не работам.
    Без трошоци за кирија, тато носи - мама меси, не би работел за 300 евра, понижување било. А да бараш од твоите за кафе на 25+ не е?
    Колку плата очекувате за некој кој нема ни еден ден работено во животот? Од некаде мора да почнеш, после можеш да се градиш и да напредуваш.
     
    На crimson, YoungandBeautiful, SuperGirl24 и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    Не е тоа некаква опција за самосталност, за некој да работи сезонски мора да се откаже од работата која веќе ја има пошто нема работодавци кои ќе се согласат на тромесечно исчезнување од работно место...и што вон сезоната, пак барање друга сезонска на некое друго место?

    Ти си крив само за својата неоригиналност.
    Али затоа сега ќе ни објасниш со бројки, конкретно како тоа се прави во земјата на античките хунзи, не се сомневам.
     
    На WildMk, Priroden, crimson и 6 други им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Доколку заработувам 300 -350 евра јас не би се селела по секоја цена. Би тргала на страна 200, годишно би дошла до сума од околу 2500. Ако имам партнер со кого планираме заедничка иднина ете ги 5000 и за некоја година учество за стан. Сите што седат дома додека имаат некакви примања може си имаат свои есапи.

    Инаку сезонскава работа.
    Има пензиско, здравствено осигурување?
    Таму ќе плаќа собче а кога ќе се врати во својот град ќе треба кај мама/тато пак, или дупла ќирија плаќал во меѓувреме? Оти нели, ти седел не седел во станот никој не го интересира, ќиријата си тече.
     
    На ***cute***, Giovanna, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  17. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Правите разлика меѓу живеење САМ и со цимери/сопруг. Во вториот случај делите сметки, во првиот случај сте оставени сами на себе.
    Ај сеа реално да збориме колку млади во Македонија можат да живеат САМИ?
     
    На WildMk, cresa-jagoda, Daydream и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Мoжеш дa преживувaш сaм aкo имaш oк плaтa, дa живееш тешкo. Хрaбрoстa декa еве јaс кo незaвисен Амер ќе бидaм и ќе се oдделaм oд прoсекoт кoј живее сo мaмa и тaтo е oк, дoкoлку ти е тaa делбa пoтребнa дa се oтргнеш oд некaквa нездрaвa срединa или немaш друг избoр. Вo спрoтивнo (сo прoсек плaтa или пoдoлу) е луксуз.
     
    На WildMk, Giovanna, Daydream и 10 други им се допаѓа ова.
  19. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Можно е, зошто да не....ако земаат плата околу 1000 евра, ако имаат волја за да се осамостојат, и ако си се амбиционзи :handshake:

    Не се сите млади исти.
    Си има поамбициозни луѓе, а си има и поинакви.

    Има некои (ретки) млади, што земаат големи плати ама не сакаат да се отселат, зошто?
    Не знам...Може подобро им е кога на готово си имаат јадење, пиење и не се замараат толку многу со сметки.

    Но, си има и такви млади што и со плата од 300/400 евра, бараат гарсоњерче, цимери, сакаат да осетат како е да живееш сам, да се трудиш и да бидеш горд на тоа.

    Плус да не заборавиме каков менталитет имаме.

    Реално во сите помали градови, не само во Македонија, ретко кој се отселува од дома.
    Прво и основно финаниите играат огромна улога, со просечна плата во земјава кај ќе одиш?... Второ, цел град ти е колку една дланка па каде и да заминеш ќе бидеш на два чекори од твоите...зошто да плаќаш кирија, кога буквално во комшии си имаш своја куќа? :lol:
    И трето, повеќето ќе те направат луд...Зар од дома те избркале?

    Е сега во поголеми градови си е сосема друго.
    Пример најголем град кај нас е Скопје...Затоа може има повеќе случаи каде што млади се отселиле, за разлика од Пехчево, Делчево....но за разлика од другиве Европски земји, процентот не може да се спореди.
    Прво заради плати, второ заради менталитет.

    Со пари, волја и амбиција се се решава, но во никој случај не може да речеме дека СИТЕ млади во земјава се исти.
     
    На WildMk и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Можно е, ако имаат родителите да те кофинансираат, или ако живееш со наследени пари. Ниту едно, ниту друго не ти е сигурна егзистенција.
     
    Последна измена: 1 август 2017
    На WildMk, AURUA и Someonespecial им се допаѓа ова.