Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можно ли е младите во Македонија да живеат самостојно?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 31 јули 2017.

?

Дали младите во Македонија можат да живеат самостојно?

  1. Да

    81 глас(а)
    32,0%
  2. Не

    180 глас(а)
    71,1%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @PaLaVa неоспорно е дека 500 евра не стигаат за двајца да живеат под кирија, не стигаат никако :!:
    муабетот ми беше за тие што викаат дека живеењето сам под кирија или сам во место кое е на родителите не било осамостојување.
     
  2. ninavila

    ninavila Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Kako primer na zdravo gledanje na rabotite.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Тања, убаво напишав јас што е самостојност. Ама таа вистината боли малку, па затоа сега ќе се извртува цела теза како ним што им одговара.

    Еден искрен совет од Аква, престанете да глумите западњаци. Не сте тоа и далеку сме од таму.

    Испровоцирана сум секогаш кога прочитам мислења на темава кои се граничат со здрав разум.
     
    На AURUA и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Дали младите можат да живеат самостојно во Македонија???
    Секој сака и може да живее самостојно ако има услови за тоа, а особено младите. Се оформиле во возрасни личности и сосема е логична потребата од самостоен живот.Финансиите се најбитниот фактор за секое семејство, а и пресуден услов кој во нашава држава е проблем број 1 за стекнување статус на индивидуалец. Ретки се младите во државава што знаат како е да се живее под друг кров и каков е вкусот на храната која ја платиле со дел од сопствената плата без да очекуваат помош од страна.
    Знаејќи го животниот стандард колку и да ја подгреваме надежта за подобар живот со минимални примања може само да се тешиме дека преживуваме во годините кога треба да живееме, наместо да постигнеме нешто.
     
    На AURUA, Tanjamm и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  5. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Дали младите во Македонија можат да живеат самостојно?

    1. Да
      53 глас(а)
      32,9%

    2. Не
      114 глас(а)
      70,8%
    Патем, вака изгледаат резултатите од анкетата.
     
    На Someonespecial и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Eдна од девојките погоре пишала како 10 години ќе работиш за стан или куќа, уште 10 за да го средиш, па уште 10 да школуваш дете. Еве јас работам скоро 10, па немам за куќа и стан, а камо ли семеен човек. Што нему ќе му остане од плата?Нема ни да му стигне. Инаку, таа смета 10+10+10, ама не зема в предвид дека може во тие години кога најмногу ти требаат пари, да останеш без работа и со месеци и години да бидеш без примања. Плус после 38-40 години луѓето имаат проблем да најдат работа, им викаат „стар си бараме помлади“.
     
  7. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Многу се разгорила темава и не ми се верува колку се упорни некои луѓе да докажат дека се се може ако се сака. Пак ќе кажам поголемиот дел не можат.
    Еве ги земам за пример другите градови (не Скопје) отворете огласи за работа ќе видите по 5/6 и тоа најчесто однапред пополнети. Било каква работа тешко се наоѓа. Познавам луѓе кои не земаат ниту минималец. Платите се движат од 6к-12к, 15к е реткост а над 20к зема 1 во 100 а можеби ни толку.
    И сега ќе речете дека самостојност и успех е да речеме двајца партнери кога би се преселиле во Скопје и би работеле било каква работа, би плаќале ќирија и едвај би преживувале?
    Не е самостојност преживување е а за да зема да речеме над 30к треба да биде солидно квалификуван, можеби да има некоја врска или неверојатна среќа.
    Колкав процент од младите го имаат тоа?
    Затоа и заминуваат од државава!
     
    На AURUA, elimkd и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.625
    Да, може. Под мост.

    Да работат за минималец, и наместо да даваат пари за сметки, кирии и кредити, ќе јадат.
    А може и да јадат по контењери. И да се облекуваат таму. Ќе се греат на картони.

    Тамам за 30 години ќе заштедат за стан.

    П.С. Не сметам дека ќе фрлаат пари по лекари после првата година, оти ќе им се навикне организмот.
     
    На AURUA, crimson, littleflower и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Леле како ме насмеа со ова. Ма ништо не треба бе, ни веш, ни влошки, ни лекар, ни на кафе да одиш, оти од 12000 ќе заштедиш за стан ако живееш 101 година.
     
    На AURUA, crimson и Gosh им се допаѓа ова.
  10. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Зошто да погледнат? Зошто да излезат од фиктивната реалност и да видат како се живее во мкд? Ќе ги мавне депресија, подобро е вака. Висок стандард е мислена именка и за скопјани и тоа многу одамна. Градот е токсична зона и младите “провинцијалци“ кои се обиделе да си пробаат среќа таму, се враќаат дома разочарани, откако ќе видат дека после плаќање сметки не им стига ни за храна. За тоа ли треба да работиме во мкд? За да бидеме сиротиња која се лаже себе дека е продуктивна?

    Пола од тие овде кои тврдат дека се “самостојни“ лажат.
    Парите кои ви ги праќаат од дома, не се знак на самостојност, едноставно ниска ви е платата. Keep dreaming.
     
    На AURUA, Sanjichka007, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    А ти отиде кај сите и провери?

    Факт е дека платите во Македонија се премали, ама никогаш не спаѓаат и нема да спаѓаат сите луѓе во ист калап. Некој се снашол и може да живее самостојно. На еден или друг начин. Повеќето не можат. Тоа е реалноста. Нема апсолутно ништо лошо во тоа да живееш со родители.
    Многу полошо е да се мачиш за минималец и да го даваш пола за кирија и пола за храна.
    А дефинитивно најлошо е да си лечиш фрустрации врз тоа како другите го живеам животот само затоа што ти не си задоволен со својот.
    Во две многу лоши крајности се оди, едните кои тврдат дека секој може да биде самостоен ама не сака, и другите кои тврдат дека самостоен си само ако си купиш куќа или стан, а се подолу од тоа е граѓански отпадок.
    Темава е трагична и гадна во исто време.
    Трагична затоа што двајца со минималец не можат ни под кирија да живеат самостојно.
    Гадна затоа што се наоѓа некој што на еден или друг начин ќе се обиде да понижи или навреди некого и да си излекува некој негов комплекс.
     
    На AURUA, crimson, Nigredo Odor и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Дефинитивно можат, но не секој е способен за таков предизвик во Македонија.
    Пред се генерациите зад мене имаат поинакво сваќање од генерациите пред мене. Не се живее самостојно само во Скопје. Кириите се поефтини да речеме во Штип, Велес , Тетово... Да сака да се осамостои , за почеток ќе најде работа во ск а ќе изнајми во Велес... или такви некои комбинации... се е изводливо кога се сака да се осамостои човек... има секакви можности. Некоја старица на чување... дедо...
    Поентата е што сваќањето на нашите родители е поинакво од моменталниот начин на живеење. Тие имале преголема почит спрема нивните родители, спрема државата , спрема се што е позитивно. Не се жалеле, гледале само напред без разлика на препреките. За разлика од сегашните генерации коешто без мама и тате , тешко некое дете да успее само.
     
    На Naturel, AURUA и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.710
    Пол:
    Женски
    Ти ова сериозно? (facepalm)
    Ќе дојде во друг помал град и секој ден ќе патува меѓуградска релација до Скопје? За што? За епитет „самостоен/на“ со која после ќе се удира во гради и ќе си мисли дека е нешто подобар/подобра од некој што допринесува во родителскиот дом само затоа што останал во истиот после некоја возраст?
    Кој прејак предлог и блескава логика еј :D
    A патетикиве и генерализацииве каква врска имаат со темата?
     
    На Sanjichka007, crimson, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Вистината секогаш понижува и навредува.

    Точно, има многу комплекси и на форумов и надвор од него.

    Не треба спојлер. Еве ти кажи ни колку си самостојна.
    Braging all the time, останува за кирија, хммм?
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Не мислев да понижам некој за купување стан Јас не сум купила, немам да купам, Примерот ми е од професорка по социологија која велеше дека „ако живеете под исти кров со мама и дете и ѕиркате во нивното тенџере што направиле за ручек, не сте самостојно. Самостојни сте со свој покрив и комплет плаќање на сметки“. Мојата ја ставам во делумна самостојност, се прехранувам, си плаќам сметки, одмор, се облекувам сама, со години не барам од никого пари, но неам свој кров и затоа сум делумно самостојна.
     
    На AURUA, izmislena, Aquamarine93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Па јас сметам дека не е проблем пола саат со автобус кој кошта 100 ден од Велес за Скопје. 22 работни денови се 2200 ден за превоз. А киријата е дупло поефтина во Велес Се зависи шо работа ќе најде, колкава ќе му биде платата... Да, точно е дека генерализирав, ако дадев конкретно решение требаше темата да се затвори одма. А има и решение, но не секој е способен да го спроведе. А и зашо кога мама носи а тате меси.
     
    На izmislena и ninavila им се допаѓа ова.
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.988
    Пол:
    Женски
    1
    160 со бисер пром и 180 со другите е повратна СК - ВЕ ;)
    3500 денари за 22 дена, плус кирија во велес.. многу заштедиле, нема збор. Зијан се
    И два саати на ден изгубиле..

    Плус платите во Велес се помали него во СК за истите професии
     
    На Tanjamm, Gosh и LiliBoz им се допаѓа ова.
  18. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    @izmislena и @ninavila под кирија живеете сами?
    Сериозно прашувам и да се птосетиме дека зборуваме за Македонија не за странство, пошто сум свесна дека на форумот има членки кои живеат во странство.
    Замислете работам неколку години и ниту ставам вештачки нокти, ниту надграби, на прсти можам да избројам колку пати сум излегла во кафана итн значи сепак живеам скромно.
    Не дека не можам туку едноставно не сакам зошто размислувам реално и паметно, иако сум женско работам физичка работа треба да сум секогаш свежа или одморена зошто едно невнимание може да останам без рака или нога, инвалид засекогаш. Да ја работам во странство оваа работа под 1000 евра плата не би била, тука да ви кажам што и како рабтам и колку ми е платата ќе ми се смеете. Облека купувам ретко и замислете немам ниту едно парче брендирано. Можам да си ги дозволам сите овие работи ама не сакам зошто дома има едно дете кое гледа во мене и од моите раце чека. Мои другарки и познанички цела плата си ја трошат буквално за себе, а јас прво гледам за дома да има секој втор ден влечкам кесиња зошто нели едно по едно се троши и секогаш фали нешто. Гледам прво дома да е средено колку толку, јадење зготвено, исперено па ако се искубам да излезам 2 саати на едно кафе. Колку и да сакам за стан/куќа никогаш нема да заштедам, а парите за кирија ми се џабе фрлени пари зошто ќе плаќам и на крај пак ќе немам ништо.
    Не знам колку е платата во Скопје ама по другите градови луѓето работат во маркет и конфекции за смешни 10 илјади, зошто нема каде нема избор. И тоа и таа работа не е сигурна зошто ако останеш бремена или имап здраствен проблем па подолго време ќе си на боледување може во секое време да те избрка ич како ништо.
    Верувам дека има во Македонија луѓе кои живеат убаво и на висока нога, со завршени факултети и убаво работни места ама во нашата државичка важи девизата "Ако вујко ти не е владика, никогаш нема да бидеш поп". Факултет немам завршено зошто за јас да завршев факултет мајка ми ќе требаше на таа минимална плата да извади кредит што никогаш тоа не го дозволив, Се решив за работа и сеуште сум на истото работно место. Полека стигнав до сума која не е којзнае колку голема ама не е ни мала. Така да не се удирајте за џабе во гради, денес си горе утре си доле никој не знае што го чека во животот. Се знае што е осамостојување сам плаќаш кирии, сметки, купуваш храна, переш, готвиш, чистиш, сам си водеш сметка буквално за се. Не се важи ако твоите ти помагаат со сметки или ти праќаат торби храна, тоа не.
     
    На AURUA, Nausicaa, Tanjamm и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.483
    Допаѓања:
    96.984
    Знаеш што е разликата да работиш чистачка овде и чистачка во странство?! Платата. Таму ќе земаш 1200-1300 евра плата и да дадеш 400евра за стан, остатокот не е воопшто малку за достоен, нормален живот. Тука ќе зимаш 8000-10000ден (дал редовно, дал не и тоа не се знае) и ај кажи ми ти за што попрво ќе одвоиш од нив за да бидеш самостална?!
    За обработување земја знаеш ли дека за во ќар да бидеш треба се да е твое? Ниви, механизација, се! Од каде на некои луѓе тоа? Сигурно нема некој да се ака по грутките за ќирии на ниви и да плати за орање, репро материјали и работна рака (аргат/и плус кога е ек на сезона)! За да се нафатиш на некоја работа треба есапот да го направиш прво, а не само на форум да напишеш како тоа да е плукни залепи.

    Младите кои заминаа по белиот свет во потрага за подобар живот мама и тате ли ги снајдоа? Не дека нема такви, ама не можеш заради некои, сите да ги вбројуваш во готовани.
    Едноставно е - со глобализацијата младите го имаат светот на дланка. Секој сака подобар живот и подобра платена работа без секојдневни уценувања/мобинзи и оди во потрага по истиот. Сам се снаоѓа, каква мама, каков тате.
    Не знам што го споредуваш ова време со времето во 80,90тите на минатиот век да речеме (времето нашите родители кога стварале). Во времето кога без проблем се купуваше пакети зејтини, млека и било што друго без 100 пати да броиш и пребројуваш пари дали ќе има за нешто друго, а не како денес што се трча по кило зејтин кога ќе се истроши целосно претходното шише. Каква почит спрема државата, какви бакрачи. Од љубов спрема татковината не живее, туку тогаш парата ВРЕДЕШЕ. Ајде сега да те видам со тие пари живеј како што тогаш се живеело.
     
    На НаталиЛили, AURUA, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    АЈ да почнеме од почеток. Еве, јас живеам под кирија Искрена да бидам, сакавме со маж ми да си направиме куќичка или пак да си купиме готова некоја викендичка накај Марков манастир и во неа да и живееме. Здравје, така си велевме. Сега искрено попрво би избегала од државава неголи да градам или да купувам. Спомнуваш факултет...зошто бе луѓе за факултет сите се фаќате? Во државава ОПШТО нема работа, а реално, секогаш повеќе би требало работници неголи академци. Зошто е тоа така? Зашто за да докторот нешто потпише треба сестрите да испитаат. Ми ја сфаќаш поентата? Сите зборат мое мое мое...а реално, зошто ми е мое? Да, сакам куќичка, не велам не. Еден стол што се вели да имам -да имам на кого да го оставам велев порано. Но сега гледам вака. Имаме наследство и од моите и од неговите. Утре моите деца без ич нема да се, та јас дали под кирија ќе седам тука или во странство-мање битно! не приметувате дека секаде по светов владее кирија? Знаете колку поретко се купува? Од една страна можеби од финансиски аспект е тоа така но од друга, барем јас што имам видено и прошетано-НИКОЈ не сака да вложи во имот.
    И не се лажи дека ако имаш факултет ти е загарантирана убава работа. На чиста среќа работам нешто што не е во склоп на мојот факултет туку се водам како со средно за да го работам тоа (читај преквалифицирана) и заработувам повеќе и од некои што заработуваат со факултет, а на повеќето им парирам. Имало период кога сме живееле со мојата плата, јас маж дете кирија и сметки. но не сме се откажале. Во маркети во Ск плаќаат од 9 до 11 000. за 6 дена работни во месецот. Ништо повеќе ништо помалку од местото каде што ти кажуваш.
    Нокти ќе си пуштиш, сама ќе се фенираш. Облеката ќе си ја сочувуваш поубаво за да ти трае и тоа е тоа. Ќе се снаоѓаш.
     
    Последна измена: 28 октомври 2017
    На prashinka, DAngel, izmislena и 2 други им се допаѓа ова.