Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можно ли е младите во Македонија да живеат самостојно?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 31 јули 2017.

?

Дали младите во Македонија можат да живеат самостојно?

  1. Да

    81 глас(а)
    32,0%
  2. Не

    180 глас(а)
    71,1%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Па, јас не мислам дека е така. Перцепција е во прашање.
     
    На izmislena му/ѝ се допаѓа ова.
  2. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Да, апсолутно се слагам дека е перцепција во прашање. Веќе кога отидовме оф топик, би сакала да кажам еден пример. Имав еден газда кој во периодот кога работев кај него едвај вадеше за мојата плата. И тогаш и сега работеше outsourcing. 3 години подоцна - има 10 вработени кои земаат по 500 евра плата, патуваат секоја година по 2-3 пати до USA и често низ Европа. Јас не мислам дека ова е пекол за него, а богами ни за вработените. Туку јас се зезнав што не останав во фирмата :))
     
  3. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    trpenie, spasenie :!:
     
    На izmislena му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Four

    Four Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Машки
    Со вакви плати, и иструена држава на политички план, не.
     
    На sj *O*, crazylady, Aquamarine93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    На страна нашата желба да живееме во конфор што ќе биде со природата и зелената површина во иднина ако сакаме да живееме сите самостојно? Колку зелена површина и обработлива почва ќе се уништи за на нивно место се изградат комплекс згради?
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Four

    Four Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Машки
    И без ти да живееш во комфор таа ќе се уништува.
     
    На RockinIt, Cosmic Girl, Aquamarine93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Ова е релативна работа. Сметам дека може, но зависи од повеќе фактори, како најбитен фактор се финансиите, дали го дозволуваат тоа или не, потоа, желбата за самостоен живот, сметам дека откако децата ќе стапат во брак, веќе и треба да живеат самостојно, да не си пречат еден на друг и за повеќе да се почитуваат.
     
    На crazylady, Lovelybaby<3, Недопирлива5 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.792
    Пол:
    Женски
    Потешко, ама има млади што успеале во тоа. Значи, е можно. Еве јас сакам да живеам самостојно во свој стан, ама засега не можам, од финансиски причини. Под кирија можеби би можела, ама сакам свој имот. За таа цел, (ќе) си штедам пари и штом можам, во прва прилика си создавам свое катче. И така, светот иде напред, а за нас некои обични работи се луксуз. Генерално сме сиромашна земја, која се мачи да преживее.
     
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Овие 60 што гласале потврдно администрација ли се? :D

    Шала, не се тригернувајте. :bandit:
     
    Последна измена: 27 август 2019
    На sj *O*, VoodooGirl и Harper им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    upload_2019-8-27_16-57-19.png
    :rofl:
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Ако успееш со административна плата да плаќаш сам кирија + сметки + други тековни трошоци + да се прераниш а да не е тоа паштетичка... тогаш да, администрација се. :D

    Мислам, знам дека често ги критикуваме сите административци (и јас јадам бурек за нив) ама не дека ќе се наполниш со пари како обичен административен работник.

    Едина предност е што лесно земаат станбени кредити, платата легнува на 1ви у секој случај. :) И они се заглавени во истово срање како и ние. (една рака народ и се делиме на они и ние, ама ок :D)

    Патем, и јас имам гласано ДА на темава ама ме мрзи да разглабам сега... уствари, ЗАВИСИ е правиот одговор. :)

    У принцип, ако почнуваш од нула и идеш од едно просечно семејство, можеш да живееш под кирија било сам (ако имаш поголема плата), било со партнер/цимери (ако имаш помала плата), ама ќе верглаш со години за да си купиш нешто твое или ќе земеш кредит за следниве 40 години... а најчесто и двете. :D

    И така.

    Рај бе, рај. :D
     
    На sj *O*, Cosmic Girl, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Зависи за кои сектори зборуваме. Највисоките административни политичкo ориентирани редови не се бројат во сето наведено.
     
  14. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Може, ама само ако добиеш на лото или пак ако си една од многуте „индиски крави“ во државава кои ги имаме. Освен тоа можеш да живееш самостојно исто така и во сон.
     
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Пиши минус на лото опцијата. Зошто и таа е наместена..
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    не може зашто младите сакаат да се расфрлаат на сите страни. Да живееш дома со мајка татко каде нормално трошоците за живеачка се на нивни товар а и ти да работиш имаш можност за одреден период да заштедиш па да успееш за нешто посамостојно. Ама гледам другари на маж ми кои се неженети на возраст од 27 до 29 години и работат со маж ми се многу позадолжени со кредити одколку татко ми или свекор ми со по 60+ години. (facepalm) маж ми со по 15 000 денари плата допринесува за домашни заеднички фамилијарни трошоци а тие ергените се жалат како 15 000 не им стасуваат?!?! Е како бе побогу? Епа затоа не може младинава да де осамостои. Една изјава на другар од маж ми: - ауу не ми стаса платата (од 15 000) платив кредитот (до околу 5000 месечно,а кредит земен за буквално бес без никаква потреба реално) и сега една недела ќе си седам дома или ќе позајмам од мајка ми ( која зема приближно плаќа сметки куќни трошоци храна козметика средства за покуќнина и сл. И и остануваат )
    И кај е проблемот? Ама навистина мене не ми е јасно.
     
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Можат.Оние кои имаат приходи или оние кои можат да се снаоѓаат по дома без мама и тато.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Ако живеат во фантазија, тогаш може. А во реалноста се животари (не зборувам за млади, неизживеани, лигави кои имаат пружено од дома на тацна).
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    8.698
    Пол:
    Женски
    Да бидеме реални, плата од 250 евра и без кредит тешко дека е доволна за нормален живот целосно осамостен. Прашање е дали ќе си ги покриеш и сметките со тие пари. Не велам дека не се земаат кредити за глупости и не се троши неразумно ама и платите се кај нас во просек се ниски.
     
    На marchi-cool и prashinka им се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    8.698
    Пол:
    Женски
    Во тек сум со платите и во јавен и во приватен сектор. Во принцип во приватен сектор платите се повисоки во просек и максимумот кој може да го земаш приватно е далеку поголе него во јавен сектор. Гледам дека на форумов сите мислат дека е обратно, ама тоа не е така.
    Од друга страна пак работата во приватен сектор се смета за понесигурна, зашто секоја фирма се бори за опстанок и може утре да ја снема и да останеш без работа. Заради големата невработеност и големата понуда на работна сила на пазарот на трудот, полесно се бркаат вработени. За фирмите што сакаат да ќарат на трудот на своите вработени, секогаш се наоѓа некој што ќе работи исто или повеќе за помалку пари. Но сигурноста на работното место никаде не е загарантирана. Никој не сака неработници. Уствари тоа е реалноста на која треба сите да се навикнат- ерата на стабилни работни места одамна е завршена. Тешко веројатно е дека ќе работиш една до две работи во цел живот и кариера. Значи флексибилност и менување работни места и организации е одлика на ова време.
    Кај нас платите се стварно ниски генерално. Повеќето луѓе не си ги покриваат трошоците. Дел имаат за трошоците ама немаат за нормален живот во кои остануваат пари и за одмор, концерт или за да си купат нешто. Многу мал дел имаат за да си купат дом, и тоа со кредити или не би можеле ни така. Така да вака гледано ние сме далеку од тој стандард кој треба да претставува нормално самостојно живеење. Ние сме како нација, според мене, во просек сиромашни вработени. Тоа е термин за лицата кои не можат со 8 саати работа, пет до шест работни дена да си дозволат дури ни основи потреби. Мора или да се задолжуваат или да работат две работи, да имаат дополнителни приходи, да работат над осум часа. Сето тоа значи дека за да платат трошоци, да рмбаат цел ден, од работа да немаат време за нешто друго во животот што не е нормално.

    Вработените во ит секторот во приватните фирми се добро платени, во смисла дека можат да живеат нормално, да гледаат деца и плус да си дозволат рата за кредит. Е ама тоа само во споредба со другите професии кај нас. А во споредба со работа во нивната професија вон земјата и тие сметаат дека не се доволно платени, така да стварно не сме за фалење.
     
    На Tanjamm и mssuniquee им се допаѓа ова.