Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можно ли е младите во Македонија да живеат самостојно?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 31 јули 2017.

?

Дали младите во Македонија можат да живеат самостојно?

  1. Да

    81 глас(а)
    32,0%
  2. Не

    180 глас(а)
    71,1%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.039
    Пол:
    Женски
    Пријателка живее самостојно под кирија. Зема 30 000 плата и накрај пак се жали дека нема. Јаде на работа и еднаш дома, ретко готви, нема маж и деца, плаќа кредит, кирија, струја, да купи нешто ако и се скине оти мора да е средена за на работа, нема никој кој да и помага не и дава никој друг пари. Добро е што најде таква добро платена работа иначе незнам што ќе правеше со 20 000 само.
     
    На kelly.r и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Се жали затоа што 30000 у денешно време се мизерна плата. Стави од нив некои 12000 за кирија и плус-минус уште 6000 за сметки, ќе ти останат се на се уште 12000 за сите останати животни потреби. А ако некој со тие пари успее да се нахрани, да плати превоз за на работа, да води соодветен социјален живот, да оди на одмор и да се облече и среди пристојно тогаш заслужува државно признание.
     
    Последна измена: 8 мај 2023
    На Anyshka, sweet-cherry, dea.18 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.075
    Допаѓања:
    134.789
    200 евра се доволно за еден човек. Ама кој би скусил одморче на Малта? Подобро со мама да седи и да носи марка алишта.
     
  4. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.897
    Допаѓања:
    7.550
    Пол:
    Женски
    Да ако има свој стан но да нема кредит, ако некој друг евентуално плаќа сметки, бидејќи само за телефон и интернет фаќа 800ден. Да не пие вода и евентуално туширање строго еднаш неделно, да има анорексија бидејќи секое одење во Веро е -1000ден. Да има многууу добро развиен вид у темно како був за да штеди и навечер струја. Ова се услови за да преживее поединец со 12000. Одмори и облека не ги ни спомнувам
     
    На Anyshka, kolovoz, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.075
    Допаѓања:
    134.789
    Читај на што се надоврзав. не 200 еу за се, туку за јадење и излегување и по некоја гардероба.
    Со 30 000 плата е сосема океј. 300 евра за трошоци, 200 за живеење

    Не можам да сфатам млад човек со 30 000 денари да чека дома мајка му да го испере, да му готви... стварно не знам дали на 30 години чекате да излезе мама до веро за да имате секс со дечкото, или па мајка му да отиде на кафе.
    И најјако ми е, од кај мама право кај свекрва. Зошто не пробате некогаш со помалку луксус да пробате сами да живеете? Или отидете у странство, најдете цимери, делете трошоци...
     
    На SuperGirl24 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  6. eleven

    eleven Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Разликата е што младите во странство веќе на 18 се самостојни или започнуваат со самостоен живот. До 27 повеќето се со кариери и стабилна плата. Секој е различен. Ти имаш свое искуство за тебе позитивно, јас немам ниту пак познавам некој што има. Факт е дека во Македонија нема услови да се усовршат младите. Како што реков има причина ЗОШТО ИСЛЕУВАЊЕТО Е ПРОБЛЕМ. Никој не рече дека во странство е лесно туку има разлика од корумпирана земја до врв со кронизам и социјално развиени земји што овозможуваат базични услови за работа и усовршување на секој. Каде го имаме тоа овде?
     
  7. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.559
    Допаѓања:
    12.805
    Пол:
    Женски
    Дечки, врие станови по огласи за 8000-9000 денари, во пригратски населби, и реално со 30 илјади еден човек може да преживее сам.. Ако сакам луксуз да терам, треба да изнајмам стан кај Тобако 2 што кошта 35 квадрати, 300 евра, да пазарам во Веро, да јадам на работа нарачана храна секој ден, да возам моја кола, за неа да плаќам рата и плус, не ме расправаат 1000€.. Реално, 9000 денари за кирија, 4000 за сметки, стави уште 4000 за на работа за јадење, и другите пари ти се за уште нешто дома да купиш за јадење и облека.. Вие сакате ист луксуз како кај мама/тато дома затоа неќете да се осамостоите а не дека не можете да се осамостоите со 30 илјади.. Факт е дека повеќе би дале 600 евра за Египет, него за да соберете некој денар да почнете сами од негде.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eleven

    eleven Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Не е проблем живеалиштето и киријата колку што се дополнителните трошоци.
     
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.559
    Допаѓања:
    12.805
    Пол:
    Женски
    Кој се тие дополнителни трошоци?
     
  10. eleven

    eleven Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Транспорт, храна, облека, социјален живот , студии што уште не. Нели би требало да ги знаеш според коментариве ?
     
  11. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    856
    Допаѓања:
    4.275
    Пол:
    Женски
    Живеам сама, имам кола и тоа на бензин.

    Храна кога купувам купувам за едно лице не за 3, ако готвам готвам само за едно лице. Можам да поминам и со 150 денари ручек.

    Струја иако не штедам да напоменам не ми троши никој од понеделник до петок сум на работа у 5 саат се собирам. И машина да пуштам и болјер и да готвам не можам да потрошам толку колку за 2ца или за 3ца.

    Детергенти или останати работи само еден човек ги троши ( сакам да кажам не се трошат брзо)

    Не е толку страшно како што изгледа. Плус минус исто ти доаѓа како живеење со уште еден. Дополнителните трошоци кои ги имаш кога би живеел со уште еден (поголеми сметки, повеке јадење) ти одат во кирија или рата за стан кога живееш сам.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.559
    Допаѓања:
    12.805
    Пол:
    Женски
    Дручарче ми кажуваше, вика толку споро ми се трошат детергентите/прашок/сјај за садови што и по година дена ми трае ако купам поголеми пакувања, и он вика, скапи се, ама споро се трошат што не ги ни осеќаш како трошок што го имаш секој месец..
     
    На Cka и Lotus Girl им се допаѓа ова.
  13. eleven

    eleven Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што си се снашла. Али јас очигледно зборам генерално, бидејќи реалноста е немаме повеќето услови. Би било многу поубаво кога повеќето би можеле да се осамостојат почнувајќи од 18-19 години. Нормално не е лесно, али во земја што се декларира за демократска социјалните услови не треба да бидат невозможни за поголемиот број ѓраѓани
     
    На Selena01 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.075
    Допаѓања:
    134.789
    ЈСП месечен е скап? За студии не зборуваме, туку за возрасни чичковци и тетки од 30 години.
     
  15. eleven

    eleven Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Под транспорт не се подразбира само ЈСП. И сите знаеме каков е транспортот во ЈСП. Очигледно тоа беше и мојата поента. Да ни е системски овозможено по полнолетството осамостојување и мотивирање на младите, не би правеле муабет за чичковци и тетки. Би биле ретки исклучоци
     
  16. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    856
    Допаѓања:
    4.275
    Пол:
    Женски
    Да. Имам живеено со другарка така што знам како е со и како е сам.

    Секогаш се нешто фали, дали е шампон, дали е детергент нон стоп нешто нема.
    И секогаш што и да купиш мораш х 2. За сметки пак да не зборам. Ако тогаш сум плаќала струја над 4000 сега плаќам 2,000 ( без никакво штедење)

    Едно ќесе макарони нема да се изедат на 2 пати туку на 4 најпрост пример.

    Ќе стиснеш заби ако сакаш да се осамостоиш. Не е баш ништо страшно. Подобро менаџираш со парите според мене кога се осамосталуваш.
     
    На Cka и нина122 им се допаѓа ова.
  17. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.559
    Допаѓања:
    12.805
    Пол:
    Женски
    Јас сепак сметам дека ако сакаш да се осамостоиш можеш, има луѓе што би почнале и со празен стан со еден кревет во него, само да знаат дека е нивно и дека сами го заработиле.. Повеќе од нас не сакаат да живеат сами така од причина што ако кај мајка ми и татко ми имам соба, машина за садови, телевизор колку цел ѕид, мебел нов и други луксузи, зашто да одам да живеам во стан што ќе го плаќам 10 години пред да стане мој, со скоро ништо во него нели?
     
  18. eleven

    eleven Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    За малце ќе ја сфатиш поентата што ја кажувам. Ако било така како што викаш "ако сакаш можеш" , зошто имало и има толку дебати околу иселување на младите? Младите очигледно сакаат али не тука него надвор
     
  19. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    1.207
    Пол:
    Женски
    Каде ги наоѓате тие станови за 9000 денари кирија? И ако е пример станот во Маџари, јас до Центар да стигнам пак имам трошоци, така? Немам кола, ќе мора или со јавен превоз (месечна карта) или да се задолжам да купам кола и да ги трошам на гориво тие 6000 денари што би ги платила плус за кирија во Центар. Не е луксуз, туку многу фактори влијаат за тоа кај ќе одбереш да живееш. После трошоци 4000? И за телефон, струја, вода, парно, оддржување на зграда? Секое влегување во маркет не ти е под 500 денари и тоа за скромен ручек. Да не набројувам други работи... Лесно е вака да правиш математика, ама во реалноста има плус трошоци. Не е невозможно, ама потешко е отколку што пишувате сите.
     
    На Anyshka, Selena01, kolovoz и 3 други им се допаѓа ова.
  20. eleven

    eleven Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Не ги разбирам нивниве размислувања, од кога минимални услови за живот се луксуз? Луксуз е скапа кола, облека, храна и одмори односно "непотребни " трошоци. Не пари за да отидам до факултет или лекарски предлед
     
    На Anyshka, Nature4lovd, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.