1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можно ли е младите во Македонија да живеат самостојно?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 31 јули 2017.

?

Дали младите во Македонија можат да живеат самостојно?

  1. Да

    81 глас(а)
    32,0%
  2. Не

    180 глас(а)
    71,1%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.222
    Ова со парталот ме уби од смеење, кај ти текна. Инаку ми текна една сосетка така правеше за да заштеди, ама постара жена. Добро не фати инфекција некоја цел живот со крпи во гаќите.
     
    На BlackNight, Emy867 и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.983
    Допаѓања:
    166.601
    Пол:
    Женски
    Може, секако. Во некоја Македонија во некој друг далечен паралелен универзум.

    Добро де, со какви примитивци вие се дружите што не сакаат да се отселат од дома, та дури тоа срамота да било? :^)
    Јас еве, не познавам никој таков. Со сите што ги знам, муабетот е "да најдам нешто подобро" или "да најдам нешто стабилно и да се тргнам на страна".

    Што толку не напраивте прости и затуцани ко нација.
    (Ма да некои строго се држат до одредени специфични примитивни навики)
    Не дека нема такви, обично по руралните подрачја, па дури и тие испозаминаа на запад и се осамостоија. Ама тие примитивните што ги спомнувате се незначителен број. Крај краева секој си води свои есапи, за кои ние поима немаме, ама ете лесно е да се бере туѓо гајле и да те етикетира некој според сопствените дубоки прорачунати анализи. Е таа примитивна навика да можеше некако да ја искореневме.

    Факт е дека за живеењето во задништво главен виновник е стандардот на земјата. Можам да плукам по тоа колку сакам и истовремено да си праам пресметки и да планирам.
    Ама Боже сачувај. Менталитетот та менталитетот. Некој ќе ти брои колку долго го тегнеш кафето во кафиќ со друштво дур пцуеш лоу лајф стандард, иако не знае ни приближно што всушност ти е приоритет. Е сеа чив менталитет е дискутабилен овде? И кој не пцуе држава денеска? И од кога ако опцуеш држава значи дека тоа е единственото што го праиш во животов? Нејсе.
    Фино си кажа Еми.
     
    На WildMk, BoaVista, Rebecca_R и 15 други им се допаѓа ова.
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Да живеат самостојно можно е, али повеќе би го нарекла тоа преживување. Ќе речат 300 евра плата, незнам што мислите дека се 300 евра, еве не се ништо. Кој живее во Скопје, си знае. Да речеме идеш под кирија, плаќаш сметки струја, вода, парно, кабловска, интернет и секако храна со која треба да издржуваш 30 дена. Кај се тука дневните трошоци, ако имаш кола кај е бензинот, кај е годишната регистрација, па не дај боже некаков си дел да поправаш, ако немаш кола, кај е тука автобускиот превоз и зашто немаш кола уствари?!??! Идеш на работа, нема да гладуваш цел ден, ќе си купиш барем еден сирот ѓеврек. И од толку стрес дека ништо не ти стигнува, ќе почнеш да пушиш, па и за тоа пари плус. Сакаш да тргнеш некој динар на одмор да си ја изладиш, пошо нели си работел цела година и реално заслужуваш и таман ќе тргнеш ќе ти искочи некој трошок, ко роденден, свадба, крштевка, дипломска, матурска, именден, слава и се по ред. Потоа ти се расипала пеглата, фрижидерот, ти пукнала цевка, си се разболел, антибиотици, витамини, апови итн.
    А, облека?!?! Па ни 3 за 100 гаќи нема да ти стигне. Треба некат да се социјализираш, па едно мочано кафе ти е 150 денари, да не праам муабет да се луксузираш на Цезар салата.
    Подобро ќе живеам со моите док ме трпат и ќе собирам грото од платата за некаква си иднина, во смисла на купување на стан, отколку да се осамостојам пошо ете не чинело да сме паразити. Ми е гајле кој што мисли, битно е да имаш план и стратегија.
    И еве да речеме сакаш да се осамостоиш, имаш добар факултет, диплома а.к.а. газобришач, си волонтрирал, си идел на пракса и конкурираш за работа,тие ти викаат минимум 3 или 5 годишно работно искуство.Потоа или ќе работиш ко келнер, продавачка, судоперачка (да се разбереме, не осудувам никој со тие професии),годините ќе ти поминуваат и на крај плукни му се на факултетот и терај џенем.
    Секогаш ќе постои некој со помала плата што одлучил да живее самостојно, да му се дивам, не... Лошо ми е дома, не. Тргам заштеда на страна, да. Си уживам додека сум уште млада, да.
    И ете многу повеќе ќе имам и имам со тоа што сум се одлучила на таков чекор. Секако, да се разбереме, моите трошоци, јас си ги подмирувам, моето образование, сама си го покрив, свадба ќе правам, сама ќе си ја покријам, било какво финансиско прашање доколку е поврзано со мене, сама си го реализирам. Едноставно она што го должиш на државата т.е. институциите те убива, и зошто да не го прескокнам тој дел, додека не решам дека е време за осамостојување, па макар тоа било и на 30 години.
    Не се правите многу паметни, при првата криза одма мама и тато ќе ги молите за да ви пратат некоја канта сирење и туршија. Јас се трудам тој дел да го прескокнам. Е тоа е вистинското осамостојување според мене, кога веќе ќе решиш да тргнеш по тој пат, немој да бараш помош, стисни заби и терај...
     
    Последна измена: 2 август 2017
    На WildMk, НаталиЛили, marama и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.222
    Тешко луѓе, тешко од финансиски причини, не од друго. До работа се доаѓа тешко, до пријавување тешко, до покачување тешко. Додека да се средите отиде животот. Каква плата е тоа од 200-300 евра? Никаква. Дури знам еден куп луѓе кои имаат деца во средно, па не се самостојни затоа што платите се мали и се принудени да живеат со свекор и свекрва кои ќе плаќаат барем една сметка, ако не повеќе. Нема таков што при добра плата би живеел со родители. Велите заради готвење, мамини мази, ова она, абе тој што има пари да се смести и живее оделно најмал проблем е готвење, плус денес и не мора да готвиш, многу работи можат да се купат.
     
    На elimkd и Feminka192 им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.983
    Пол:
    Женски
    Теоретски кога би зборувале да, зошто не би било можно.Во пракса е малку поинаква сликата.
    Имав период од животот кога живеев сама, не како студент туку како млада вработена.Сама бев,во гарсоњера.Мислам тие неколку месеци ми помогнаа да созреам и да сфатам како се редат коцките во животот.Научив многу за кратко време.Се вратив дома,не од што јас сакав од сосема други причини,болест на татко ми.
    Првиот месец не размислував многу до половина на месецот ја потрошив платата а потоа златни чекови во тоа време ме спасија,вториот месец ја научив лекцијата си кажав прибери се малку и работите сосема беа поинакви,третиот месец доживеав газдата на станот да ми досадува и да бара пари однапред...
    Имав кратко искуство ама доволно да сфатам некои работи.Сфатив дека по цена на киријата изгубив многу работи.Можност да купам кола,или да отидам на подалечно патување.А не успеав ни да заштедам нешто.Е имав слобода,ама па што и ако се враќав касно и на никого не полагав сметки,тоа баш и не ми значеше нешто страшно.Мм исто од млади години билподстанар и самиот кажува колку има и убави и неубави работи.Многу зависи и дали живееш сам или со цимер/и ,какви карактери се.Имам и пријателка која после средното е подстанар и баш пред некој ден ми кажуваше колку и е смачено од станови,а има семејни куќи и имот,ама ете неслагања во семејството..
    На запад е нормално да застанеш на свои нозе.Ама на овие простори ќе протече уште мнгоу вода додека се смени мислењето.Имам син полнолетен и мува не го лази,мислам дека тоа до некаде зависи и од карактерот на човекот.Желба за ризик,самостојност и секако барем до некаде некоја плата...а дали е можно?Да можно е со најмалку 30000 плата за да не тропаш секој ден кај мама со тенџерето.
     
    На WildMk, marama, Giovanna и 8 други им се допаѓа ова.
  6. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Треба минимум 500 евра плата за во Скопје зборувам за да живееш сам под кирија, пристоен живот. Е сега не заборавајте дека во животот треба да си најдете и партнер и тогаш ќе се олабават тие давачки ама пак требаат пари.
    Како и да е, поддржувам напори за осамостојување - нема подобро од тоа, верувајте:)
     
    Последна измена: 2 август 2017
    На WildMk, crazylady, theowndemon и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.242
    Допаѓања:
    124.451
    Бидејќи од 18 години живеам одвоено од моите, до 23 со нивни пари а после со мои, ај вие што до 30 живеете со родители, кажете ми, каде бе луѓе имате секс?
     
    На moonlight-girl.55, DzingrlakaDzikica и Brojka им се допаѓа ова.
  8. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Не можеш така да гледаш на работите, некои преферираат секс на места каде може да бидат фатени на дело! Ризикот ја носи возбудата ;) Добро после тоа малку ќе биде чудно кога ќе се видите денски со родителите ама...
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    93.760
    Пак сексот како аргумент, како и во секоја друга тема кога немаш што друго да кажеш!

    Немаме никаде секс:(. Ние живееме среќни и задоволни од самата помисла дека вие самосталните имате секс оти имате каде (плаќате ќирија), па самото тоа сознание ни ги задоволува сите сексуални нагони и живееме во целибат среќни заради вас и вашиот богат сексуален живот:inlove:.

    ТоВа е. Нема пари за ќирија, нема секс:(.
     
    На WildMk, НаталиЛили, Giovanna и 29 други им се допаѓа ова.
  10. Brojka

    Brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2017
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    1.722
    Зошто да се мачат да одат макар и под ќирија кога можат кај мама и тато и 5 генерации дома да се да има напната атмосфера..
    Ја нервира деверот кој не е женет и си носи друштво дома, зошто да носи, ја нервираат старите зошто тие во се се мешале, ја нервирал мажот зошто ја прашал нешто мама, ја нервира золвата зошто иако мажена таа секој ден е кај нив. Мажот нервозен како не може на раат фудбал да гледа, старите нервозни од младиве како само трошеле и не биле домаќини. За родендени, слави и сл. натпревар помегу свекрвата, золвата и снаата која ќе се покаже повеќе. Хаос.. Сите нервозни помеѓу себе, јасно е дека не може толку генерации и карактери во заедница ама седи ќути арно е вака. Дур да се омажиш дома ќе си после ќе одиш кај мажот...

    Потполно те разбирам што сакаш да кажеш и во право си, ама кој како му одговара сфаќа. :)
     
    На moonlight-girl.55, TutiFuti и Cka им се допаѓа ова.
  11. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Инаку малку оф топик. Често ги земаме Американците како пример за самостојност кај младите луѓе. Сепак, во последнава декада расте бројот на millennials (родени во осумдесетите и деведесетите) кои живеат со нивните родители. Околу 35% се такви според некои проценки. Значи не е само финансиски. Денешните луѓе се повеќе сакаат да уживаат, да не работат, да избегунваат обврски и да филозофираат. Не знам дали е тоа добро или лошо ама знам дека светот нема да оди напред со такво размислување (ако на некого му е гајле каде оди светот:)).
    Две убавини нема.
     
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.316
    Наместо иронија или сарказам можете да споделите како вие успеавте со скромните примања без помош од домашните да живеете сами, па да се поттикне и советува оној кој сеуште не го сторил истото.
    Ти @Brojka се исселивте со сопругот од домот на свекрвата или муабетов е од рекла/казала и комшии?
     
    На WildMk, BoaVista, cresa-jagoda и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.242
    Допаѓања:
    124.451
    Jaс имам пишано неколку пати, прва плата ми беше 10 000 во друг град, си најдов цимерка и двајца цимери, во стан под кирија од 120 евра, голем, ама малце подалеку од центар. Сметките се делеа на 4, киријата на 4, значи околу 100 евра ми одеа за кирија, сметки, автобус, а 100 евра за јадење и трошок.

    После кога ми се зголеми платата на 20000 живеев со една цимерка, во стан од 150 евра, кирија и сметки на пола, значи пак околу 8000 ми одеа за сметки и кирии. 12 000 беа за мене за трошок, а плаќав и мал кредит за магистратурата.

    После ми се качи платата на 30 000, почнав да живеам со дечко, во стан од 200 евра у центар, дел од парите ми одеа и за моите.

    Кога раскинав си, земав гарсонења од 150 евра и сама си живеев подолг период.

    Знаев да штедам, и да си направам приоритети. Не е рекла казала во никој случај, а бидејчи од 18 сум надвор од дома, стварно ми е најсно како живеат со мајка татко баба дедо брат сестра девер тетка и уште некој дома...

    Луничка убаво пиша, кратко живеев сама ама научив распределба на средства. Некои не знаат ни еден месец сами, а кукаат како немало. Мене моите една сметка за струја не ми платиле, нити ми полнеле торби. Прв пат сега ми даваат зеленчук оти е органски за бебето, иначе сама си одев до пазар.

    Значи ако сакаат можат.

    И учењето и работењето не е проблем, јас и магистрирав и правосуден положив вработена и живеејки сама.
     
    На WildMk, crazylady, Brojka и 4 други им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.316
    @Cka кирија 30 евра месечно е топ.

    Ова било пред околу 10 год претпоставувам. На жалост верувам дека кириите се рипнати (според пишуваното по темите, слободно корегирајте ме) а примањата стагнираат.
    Може и споредбана цениза месечна , комуналии... јас не живеам Скопје па не би можела да кажам.
     
    На WildMk, Giovanna, Rebecca_R и 11 други им се допаѓа ова.
  15. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Мислам дека може. Но, под услов мама и тато да не паднат во депресија зошто заминало детето. Во помалите градови може да се најде стан и за 50 до 100 еу. Според мене имаме многу мрзлива младина. Имам познати кои до 25 години го мрзи се, дотогаш студираат, па после дома, па мама вари кафе, мама готви, мама пере мама се. И после се жениш и очекуваш се ова жената да ти го прави. А денешниве жени некако не многу сакаме да сме мајки на 30 и кусур годишни деца.
    Може да се проба да живееш сам, месец, два три година, колку да видиш како болат да трошиш свои заработени парички, како ќе гледаш на ефтината струја, како ќе одиш да пазариш на акција, па и ќе си одиш пешки или со велосипед. Секако ако имаш работа. Но и работа денес сите пребираме.
    Од живеење сам лошо нема. Ако не друго барем ќе се осамостоиш.
    А и да живееш со родителите, одиш на работа па да гледаш да мислиш некако да си направиш нешто сам, да спечалиш, да се одделиш.
    Утре ќе ти се родат деца, и како што ти чекаш од мама и тато се да добиеш така и тоа ќе чека.
     
    На eli25 и Brojka им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.242
    Допаѓања:
    124.451
    @danichap киријата во стариот стан од 120 уште е толку, оти е подалеку. Сега сум во центар во наместан стан и е 200. СТан се бара кога си одат студентите,а секако е и поевтино кога седи некој посериозен што нема да им го уништи станот. Треба искуство сепак.

    Јас секогаш сум гледала да е стан блиску до работа за да не плаќам автобус или ако е далеку да ми се чести автобусите.
     
    На WildMk, Brojka и danichap им се допаѓа ова.
  17. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    93.760
    Не знам колку ви е јасно дека во Македонија да даваш пари за ќирија додека си сам за да си ги тренираш личните способности за понатамошно осамостојување е луксуз по мене.

    Би се осамостоила со партнер веднаш. Тоа ми е првиот и најголем услов впрочем за заедничко живеење. Поинаку, не. Возрасна и зрела личност и додека живее во заедница со родителите, ќе знае дека некои работи треба сам/а да ги направи. Дека може сам/а да си постави маса, сам/а да си ја крене, да си раздигне кревет, да си расчисти соба... Тоа е до личноста. Некој/а ако е мрзлив/а и главата ја носи само за фризура, ако сакаш и на улица фрли го/ја, џабе е.

    За време на студии, сите сме почувствувале како е да менаџираш пари, без разлика што сам не си ги печалел. Сепак броени ти се и знаеш дека не е извор, па ќе ти препраќаат твоите 100 пати во месецот. Тој што сака, може комотно да ги научи сите лекции на самостално живеење во текот на тие неколку години. И да чисти, и да пере, и да готви и се да прави. Другите, никогаш нема да ги научат. Па има брачни парови кои живеат самостално и што дека? Се се без пари, се немаат време дома да си погледнат оти куќата ќе им прооди и сл.

    Затоа, не се мешајте во туѓи есапи. Не знаете зошто таа неомажена девојка или неоженет дечко живеат со своите. Можеби штедат пари со некаква намера. Битно е да имаат цел. Ако немаат, жалосно за нив.
    Јас знам дека имам цел со моите пари. Друго не ме занима, а не треба ни вас. И не секогаш вашите одлуки и постапки се најправилни. За вас се, за другите, не мора да значи.
     
    На WildMk, BoaVista, Giovanna и 18 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.222
    Што сте запнале бе со тие кирии? Аман, тоа е давање при во празно. Мој роднина 8 години со жената живееше под кирија за да немаат караници со свекрвата, и кога остана без работа се вратија анзад. Со тие 8 години што седеа во мизерни две соби во подрум скоро ќе собереа пари за плац, ако не за повеќе.Вака полниш туѓ џеб и на крај пак си со празни раце. Во кој свет живеете? Да не е просечна плата 1000 евра, а да не сум информирана? И да напоменам роднината внимаваше што јаде и пие за да плати кирија, а тоа значеше да се јаде леб и паштетка колку да не си гладен. И каков живот е тоа? Со мали плати не се оди под кирија, тоа е само мачење. Имал, немал, доцни плата, газдата не го интересира. И за мене не е тоа самостојност, туку е фрлање пари во ветер. После кога се вратија кај свекрвата пак мораа да најдат заеднички јазик.
     
    На cresa-jagoda, AURUA, Daydream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.222
    Се сложувам комплет. А зошто сите запнале дека тој што живее со родители, му принесуваат и готват. Еве јас живеам со моите, па повеќе јас им готвам и принесувам, мијам садови, па и купувам доста од храната.
     
    На WildMk, cresa-jagoda, AURUA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.242
    Допаѓања:
    124.451
    Слободата чини пари, не викам не. Секој сам си бира, сакаш самостојност или сакаш пари. Јас цел живот сум била независна и самостојна, па не ми значат многу парите кои се трошат во таа цел. На друг му е побитно кола да си купи, на одмор да отиде.

    Сепак, слободата нема цена.

    За живот со свекрва па... подбро немажена него со свекор и свекрва у стан.
     
    На moonlight-girl.55, Brojka, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.