1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можно ли е младите во Македонија да живеат самостојно?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 31 јули 2017.

?

Дали младите во Македонија можат да живеат самостојно?

  1. Да

    80 глас(а)
    31,7%
  2. Не

    180 глас(а)
    71,4%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.198
    Допаѓања:
    93.434
    Ги има, и жими се такви човечки креатури ни сакам да знам, а уште помалку да живеам со некој таков. Јас најмалку ги оправдувам тие таквите кои немаат жал за своите родители, па прават од мајка си слугинка за без пари.

    Жалното во темава, па и во повеќето на форумов е тоа што кога има неколку начини на располагање за да се направи/изведе/оствари нештото, се величи само сопствениот избор, а туѓите се обезвреднуваат и омаловажуваат. Јас тоа не можам и не сакам да го разберам.
     
    На 1209, Giovanna, Jason123 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Нели имаше некоја ваква слична тема? :?: Многу од мислењата овде ми се дежа ву :D
    Јас само ќе кажам дека ако ги фрлав парите на кирија, со мојава плата можев само да сонувам за заштеда која ќе ми ги покрие трошоците за правосудниот и испитот за судски преведувач - две работи од кои одма осетив фидбек по џебот. Патем, своја кола немам, со автобус си се возам 8) Така што, секој знае како ќе ја искористи помошта од живеењето со родителите. А кога веќе ја имаш, за мене подобро е да ја искористиш за да вложиш во нешто што ќе ти се врати понатаму, отколку да ги фрлаш парите во воздух за да имаш место за секс :^)
     
    На WildMk, НаталиЛили, 1209 и 22 други им се допаѓа ова.
  3. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.091
    Пол:
    Женски
    Ти речиси немаш живеено САМА.
    Се што прочитав е цимер, цимерка, сопруг што значи делење на сметки ЕДНАКВО.
    Многу луѓе живееме со родителите кои ни се цимери, читај убаво - плаќаме и делиме сметки и храна во домот ЕДНАКВО.

    Има и луѓе што издржаваат родители дома со сопствена плата па и истата ја даваат на апчиња за родителот да живее и не се лупаат од земја како истите се независни зашо родителот не е во ситуација да им помогне финансиски, дали ради болест или немање работа, напротив дека тие го издржуваат цело домаќинство.
     
    Последна измена: 2 август 2017
    На WildMk, Belgin1, НаталиЛили и 32 други им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.983
    Пол:
    Женски
    Самостојност не значи секогаш да живееш сам. Самостојност доста често значи машкото да не бара пари од тато за кондоми, а женското да не бара месечно од мама за улошки. Секој да си го менаџира своето примање и да придонесува. Живеењето во заедница не секогаш значи дека се е на грбот на родителот. Денеска бар, живеењето во заедница најчесто е поради заштеда за подоцна да може да се тргнат младите на страна.

    Па дури и кога ќе живееш сам, мајка ти ќе ти праќа тегли туршија, мармалади и ајвар.

    Тешко оние што израснале без родители, тие научиле што е самостојност од млади.
     
    На WildMk, marama, Giovanna и 20 други им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.192
    Допаѓања:
    123.804
    9000 денари е правосудниот... колку време штедеше? За судски преведувач бесплатно беше јас кога полагав.
     
    На Brojka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Не штедев, од една плата си го платив. Затоа што не давав за кирија :) За судски преведувач веќе не е бесплатно :(
     
    На marama, Rebecca_R, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  7. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.091
    Пол:
    Женски
    Државен завод за статистика на Р. Македонија констатира дека само 1.4% oд вкупното вработено население зема плата поголема од 40 000 денари.
    Да речеме дека само 2% од вработените може да си дозволат да живеат САМИ без цимери, на сопствен грб во 2017 година во Р. Македонија.
    Другото е „во заедница“ со цимери, родители, сопруг итн.
     
    На WildMk, Annath, Rebecca_R и 13 други им се допаѓа ова.
  8. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    11.292
    Пол:
    Женски
    А живот ли е до 50 години да си под кирија? Кога ќе си свој на своето чукај се во гради. И јас од 18 години живеам сама и тоа не во Македонија, ама друго е кога имаш свое, ќе плаќам кредит ама ќе знам дека не работам за џабе. Под кирија секој може да отиде, ама многу зависи и кој во какви услови сака да живее. Свое си е свое, макар била и куќа на родители.
     
    На Annath, cresa-jagoda, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  9. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Дали ќе живееш со родителите или пак цимерите исто ти е. Не е тоа осамостојување, па да те ставиме на педестал и да ти се вчудоневидуваме за твојот успех. Оди со ниска плата и изигравај супер херој, ти дое инкасатор те обере со се дупнатите гаќи. Факт, значи факт е дека неможе млад човек да се осамостои, освен доколку мамичка и татичко не купиле веќе станче и количка. Во тој случај и ја ќе продавам муда за бубрези.
     
    На WildMk, Jason123, cresa-jagoda и 13 други им се допаѓа ова.
  10. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Да. Јас живеев под кирија неколку години. Не исполнував услови за кредит а башка таа опција ми изгледаше како големо оптоварување за цел живот (добро малку сменив перцепција после тоа). Тие неколку години имав слобода да размислувам за себе и својата иднина што верувам дека немаше да ги имам ако живеев со родителите. Едноставно поинаку гледаш на работите кога ќе направиш таква промена. После тоа коцките се склопија - што со моја работа и труд што со среќа :)
    P.S. ако е станот земен со кредит кој уште го плаќаш пак не е сосема твој повеќе е на банката :).
     
  11. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    11.292
    Пол:
    Женски
    Така де. Барем не идат кај газди за џабе секој месец. Подобро со киријата плаќај рата.
     
    На cresa-jagoda, Tanjamm и BlackNight им се допаѓа ова.
  12. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Акo се испoти дoбрo "гaзoт" и aкo прaвилнo се рaспредели семејниoт буџет мoже.
     
    На edenandrej му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.091
    Пол:
    Женски
    Ја неам проблем дали некој ќе живее под кирија, у сопствен стан или под хипотека, со цимери или дечко, со сопруг или родители.
    Имам проблем кога сите ние што живееме со родители сме нападнати како „паразити“ или „неспособни“ да „полетаме“ од гнездото.

    Пак ќе повторам не сте свесни колку деца има што живеат со родителите и целата плата ја даваат дома за сметки и храна. На многу од нив, родителите им се оставени како технолошки вишок, болест, со инвалидска пензија итн. Истиве деца решиле „место шо те ебам“ дај под кирија да идам да се ебам, да помогнат дома и тоа со целосно покривање на трошоците.
    Така да пред било кој да се залета и да кенкави како он е најспособен, а сите други сме лузери нека стаи прст на чело и нека прегледа пред се податоци колку РЕАЛНО во Македонија можат повеќето да бидат независни и сами.
     
    На Giovanna, Jason123, Rebecca_R и 18 други им се допаѓа ова.
  14. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    И со каматата финасирај ги банкарските службеници :) Јас не викам дека е полоша опција ама е далеку од идеална. Има многу ризици и стресови и во најнормална ситуација тебе ќе ти помине животот што се вика и конечно ќе имаш стан што може да го наречеш сосема свој.
     
  15. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    11.292
    Пол:
    Женски
    Станот под кирија никогаш нема да биде твој, ако пак гледаме така. Или живуркај си месец за месец и не му ја мисли.
    Имам куќа и моја и од сопругот, и двете прилично големи, а живеам во стан од 70м2. И замисли, уште плаќам кредит. И не е ништо страшно, ни трагично.
    Можев да живеам луксузно и да не му ја мислам, ама подобро ми е банки да финансирам.
     
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.192
    Допаѓања:
    123.804
    СЕРИОЗНО??????? Жити се, колку години имаш и колку имаш живеено одвоено од мама?
     
    На moonlight-girl.55 и Brojka им се допаѓа ова.
  17. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.091
    Пол:
    Женски
    Цка еве ја ќе се дрзнам да ти одговорам. Исто е во поглед на финансиски аспект, исто е кога и со цимерката делиш обврски во однос на чистење на домот за да не се оговарате после по предавални на факултет „немој со оваа ни гаќите не си ги пере“.

    Ако решиш да живееш и се однесуваш одговорно во заедница ќе мораш да ги исполнуваш обврските што ти следуваат на пола, и за финансии и за одржување на домот. Сеедно дали таа заедница е формирана со родител, цимер, дечко, сопруг, брат/сестра.
    Ако решиш да живееш САМ ќе треба да спаѓаш во оние 1.4%.
     
    На WildMk, cresa-jagoda, SuperGirl24 и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Па со просечна плата реално не може. Не знам, како сакаш врти ги, ако парите се броени, тоа е тоа. Кирија, сметки, јадење..... чао плата. А и па не е животов само тоа да плаќаш, шо знам, посебно ако одиш на работа, па сакаат луѓево да се дотераат малце, да испаднат, да прошетаат.

    Со натпросечна плата/заработка или со просечна работа и нешто плус настрана, веќе е изводливо. Ако се има партнер за да се поделат трошоците е каде-каде полесно, не само во Македонија. Како некој што планираше да живее со партнер во странство, пресметките ни беа дека за една година ќе успееме да заштедиме така посолидна сума ако со една плата покриваме трошоци, а друга тргаме настрана. :)

    Јас сум моментално во некоја ваква фаза, да речеме, каде што сум со план целосно да се осамостојам. Не сум во план да делам трошоци со цимери затоа што едноставно ја надраснав таа фаза. Значи, сама - кирија, сметки, јадење.

    Дали ќе успеам?
    Немам поим, коски ми се тресат ама сакам да пробам. Мислам, мене математиката ми е направена и би требало да излезе на крај се' океј ама..... свесна сум дека дома и на пазар не е исто. Од друга страна па, знам колку и за што сум способна па си викам... ќе се снајдам, по секоја цена.

    Ќе ви кажам за некој месец дали сум успеала или не.

    Причини зошто се селам... па некој може да рече од аздис, јас викам за раат. Не дека дома го немам ама полека го надраснувам и сакам само мој раат. Како човек што последниве 5-6 години ги поминал некаде надвор и е МНООООООГУ независен во секој можен поглед, малку ми е тешко што треба да се прилагодувам на други луѓе, па макар тие биле и најблиските. И не, мене моментално дома никој ни ми пазари, ни ми готви, ни па ме тинтри во кој било аспект...

    Друга причина е што веќе почнува да ме гуши средината и едноставно... ај кент тејк ит енимор вака. Џабе голема заштеда/заработка на месечно ниво кога едноставно не сум исполнета и не ми е убаво. Спремна сум да кеширам доста голем дел од тоа што исто така доста мачно си го заработувам ама едноставно чувствувам потреба да се мрднам од мртва точка во животов. Не дека баш мртва точка де... ама пациент како мене... тоа е.

    Гледам мои колешки, другари и другарки и познаници што живеат под кирија со некои просечни плати од 250-300 евра и искрено не им завидувам затоа што цело време мислат на тоа како ќе покријат кирија, сметки и сл. Можеби и јас наскоро ќе станам таква, ќе видиме. Ама па, реално, се пораат од мене.

    Памтам еднаш со еден другар муабет што правиме и ми вика - ама Дузичка, не треба сите да бидеме генија или натпросечни со интелигенција и со заработка за да можеме да си дозволиме нормален и комотен живот САМИ. Ете те, во Германија работи во Мекдоналдс, па ќе можеш едно станче и едно количе да си дозволиш, а фрижидерот полн ќе ти биде. А искрено... не дека продавачката од Вили (карикирам ова, да не се навреди некој) ќе може да живее сама и да плаќа кирија, бензин, јадење и сл.

    И да, веројатно многу ќе пробаат да ме разубедат во ставов ама нејсе... јас мислам дека не губам ништо ако се обидам и пробам, па ќе видиме како ќе бидат работите, само здравје.

    А да........ тие што се мрзи-мрзи мислам дека не ни работат воопшто. Па на крај краева, секој со своето.
     
    На WildMk, 1209, Giovanna и 22 други им се допаѓа ова.
  19. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Секој со своите замисли за животот. Јас ти кажувам дека доколку јас и сопругата останевме да си живееме со родителите како некои други што прават (а во тие моменти не можев кредит да земам) тогаш немаше да испадне вака како што испадна. Значи зборуваме за различни ситуации. Ќе заштедев пари ако не живеев 2-3 години под кирија ама изгубеното време со свекрви јатрви свекори никој немаше да ми го врати.
    Изгледа не се разбравме до крај - сопствен стан на кредит е подобро од кирија ако имаш услови да бираш а кирија е подобро од живеење по дома ако имаш услови за одење под кирија :)
     
    На WildMk, elimkd и augustd им се допаѓа ова.
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Моите години се тотално ирелевантни. Исто е од аспект на тоа дека дали со родителите живееш дали со 100 цимери, сепак делиш. Муабетот ми беше, оди сам, значи САМ, живеј, па коментирај како си постигнал нешто во животот и како уствари живееш....
     
    На cresa-jagoda, SuperGirl24, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.