1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можно ли е младите во Македонија да живеат самостојно?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 31 јули 2017.

?

Дали младите во Македонија можат да живеат самостојно?

  1. Да

    81 глас(а)
    32,0%
  2. Не

    180 глас(а)
    71,1%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Па и ти не си живеела сама, ти како имаше секс, а живееше со цимери?

    Јас знам луѓе кои живеат со цимери во стан од 30 квадрати, па двајца спијат во една соба, друг спие на креветот во дневна, четвртиот на креветот во кујна. Еб*ти самостојноста и приватноста. Каде е тука независноста? Ако се споредам со нив, јас сум 1000 пати посамостојна, независна и имам приватност. Од друга страна пак имам една познаничка што живее под кирија во стан со цимери сите во посебна соба. Ама за тој стан и цената е доста повисока. Така што има милион варијанти. Не знаеме како некој располага со парите, за што ги троши, за што штеди и дали сам ги заработува. А и секогаш и секаде има исклучоци. @Cka не се однесува на тебе муабетов, чисто се надоврзав само.
     
    На WildMk, BoaVista, Jason123 и 22 други им се допаѓа ова.
  2. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Живеењетo сaмa е супер рaбoтa, aмa aкo зимaм 200-250 еврa плaтa пoпрвo би живеелa сo рoдители зa дa зaштедaм нештo зa кoгa ќе се oмaжaм oткoлку дa јa дaвaм целa плaтa нa кирии и сметки. Пoбитнo би ми билo дa живеaм сaмoстoјнo сo мaжoт и децaтa без дa се стискaм oткoлку дoдекa сум немaженa дa се стискaм зa дa имaм секс вo мoј стaн.. мoј и нa некoлку цимерки.

    Вo Мaкедoнијa е премнoгу низoк стaндaрдoт зa млaд чoвек дa живее удoбнo без пoмoш нa рoдители вo вистинскa смислa нa збoрoт, без џепaрлaк и без прaќaње мaнџи.
     
    На WildMk, cresa-jagoda, AURUA и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.983
    Допаѓања:
    166.595
    Пол:
    Женски
    Е да, денеска со примања од 200 до 250 евра плата, дечко и девојка ептен можат да изменаџираат и да си дозволат ќирија и сметки. Yeah right.

    За оние двајца што земаат по 500-600 еура плата секој, не се ни дискутира. Тие одамна живеат сами. Ама таа плата е ендемска, па според тоа и тие парови се такви, ендемски.
     
    На WildMk, Rebecca_R, cresa-jagoda и 15 други им се допаѓа ова.
  4. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски

    Ќе се надоврзам само... Имам другар, прекрасен човек кој и тоа како придонесува дома. Помагаше при реновирање на домот, што со пари, што со физичка снага, подмирува голем дел од сметките, полни и фрижидер и се лишува од многу задоволства, односно разумно троши, но не аздисува. Си закинувал и одмори, ги сведувал летувањата на минимум или воопшто ги немал, ама помагал. Другарка ми, со свои пари учествуваше во реновирање на домот, а знам и такви кои подигнувале кредити заради родителите.
     
    На WildMk, cresa-jagoda, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Многу мал процент на млади можат да си дозволат лукзус од типот - ќе живеам сам. Лично повеќе би избрала живот со родителите отколку со уште 2 цимерки а и парите што би ги давала за кирија би си ги заштедила. Не го гледам задоволството во животот со цимери каде ќе морам секоја вечер да трпам собири на разни друштва, влечкање на дечковци/девојки и сл. а и тој живот ми е повеќе студенски од самостоен. Студент не сум веќе неколку години и не ми е до експерименти.
    Со нашите плати од 200 евра грев е да кажете дека младите живеат со родителите поради тоа што се мамини синчиња и татини принцези. Океј познавам и амеби со 25+ кои не знаат блуза да си испеглаат и макарони да сварат и се убедени дека немаат потреба од тоа поради тоа што уште не се во брак (facepalm) но тоа не е причина сите да ги ставаме во исти кош.
     
    На WildMk, cresa-jagoda, AURUA и 6 други им се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    На истото место каде што ќе живееш со цимери/цимерки.
     
    На Dust, cresa-jagoda, Someday и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.223
    Допаѓања:
    124.267
    Не прочита погоре или читаш што сакаш?
    Неколку години живеев сама без НИКОЈ.

    А постов само покажува дека уште живееш со мама. Малце понапред да погледнам, така ќе биде до брак, а после најверојатно исто.

    А не е постигнување у животот сам да живееш, туку да не си фластерче на мама и да ја пресечеш папочната врска.

    И кога имаш цимери сите одат на работа, не се студенти, сите се прибираат само за спиење. И нормални возрасни луѓе не носат гости по дома. Студент и вработен е различно. Се гледа дека немате искуство во живеење со други возрасни луѓе, а да не се мама и тато.

    Имам роднина у Данска. На 18 надовр од дома, со цимери. На 30 сам живее под кирија. Ама кај нас тоа е назамисливо. И не се само парите причина.

    Срам ви е од комшиите што ке речат, а и не знаете без мама. Пола бракови се растураат од живот со свекрва или син нераздвоен од мајка му.

    Причини и оправдувања ке си најдете куп, ама вистината е дека сами без мама и тато не знаете. Не сакате. Не обвинувајте никој, едноставно луксузот да ви готват по дома и да ве перат, ви е помил од самостојноста.

    Како и да е, не се согласуваме на темава и тоа е сосема во ред. Јас сметам дека младите треба да бидат надвор од гнездото, вие до брак нема да се одвоите од мајките и правете така. И речете си, до парите е оти е многу полесно така, отколку да речете не сакам сам, срам ми е, страв ми е, не сум пораснал доволно.

    Сега за да одите по кафичи ви требаат пари и да заштедите за кола, после ке седите кај свекрва за да соберете пари за учество, и кога ке се освестите до 40 години живеете со родители. Уште 20 и толку е од животот.

    А вие сте живееле во патријархална заедница.
     
    На moonlight-girl.55, Brojka и eli25 им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^
    Во вакви теми ко ќе прочитам Данска, Америка и остала елита просто не знам како да реагирам. Па тие од Данска со Мк плати да треба да живеат повеќе од половината од старт ќе се самоубијат, останатите ќе се прашам дали ќе размислуваат за живеење самостојно.
     
    На WildMk, BoaVista, Giovanna и 27 други им се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    122.047
    Може ама ми се чини грото не сакаат. Со мм земавме просечни плати на почеток ама убаво ги распределувавме финансиите и ни стигаа и за кирија, и за јадење и кафанче , и за по некое парталче. Помош од дома немавме, сами сами се. Во државата постојат и многу фирми кои даваат солидни плати, барем еве со работава увидов ( а не ми било верно) иако повеќе се просечни. Факт е дека е скап животот, ама и дека младите дома се осеќаат посигурни па и уште кога мама и тато не даваат да работи за 15000 оти имало факултет. Имам пример со 1 братучед, сега правеше свадба невработен, жена му работи со 300 евра примања. Фак. не го заврши, маж ми му најде 2 работи со по 15000 плата одеше по 2,3 дена и наоѓаше глупи причини за да даде отказ. Од дома зема пари за леб и цигари кога немаат, сметки не плаќаат. Ама вујна ми вика мое дете за 15000 нема да работи. Онојпат он бара 150 ден за цигари она му вика повели мама 500 ден (facepalm) Имаат фамилијарен бизнис и тука му е тешко да работи. Јас сум за осамостојување , за жал ретко познавам луѓе кои успеале заради ситуацијата во Мкд:( А ете има и такви кои не сакаат. Приказната има повеќе страни.
     
    На Cka и DAngel им се допаѓа ова.
  10. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    На темава може да се дискутира до сто едно и назад. Што е всушност самостојност? Еве познавам мои врсници кои на 18 почнаа да живеат сами и верувајте беа саде фраерки и фраери и никој не ги исмеваше и осудуваше. Како живееа? Имаа простор за собиранки, гласна музика, алкохол и секс на претек, ама сметки платени од мама и тате, ручек од мама и тате, прано од мама, чисто од мама или кај побогатине чистачката од кај маме и тате. Тие појма немаат ни од сметки, ни од пари, ни од ѓубре фрлање, ни од пазарање, ни пеглање, ни од попусти, ни од средства за перење, ни од поправки и преправки. Ама битно сами се. За многу сопствено возило и дозвола е самостојност. И е. Не чекате автобус, превоз од некој друг, не давате пари за такси, не одите пеш кога се чувстувате уморно, достапно ви е секогаш во секое време.
    Имам другарка,си реши пред брак да си живее сама со другарка. Од истиот град од каде им се родителите. Не знам некој да ги исмеа или осуди. Ама не беа самостојни и се договараа која кога ќе си го викне дечкото. И јас живеев речиси година дена потполно сама пред брак, сама правев се во смисла на купување, сметки и да, навистина човек добива некаква реална перцепција за нештата, учи да се себеорганизира. Имаше предности, но дека е потешко е. Рано станувате, фрлате ѓубре, сами чистите буквално се, се враќате од работа, мртви уморни, но одите да пазарувате, во спротивно нема да имате за јадење.Сепак, овие нешта добро може да ги научи и оној кој живее со родители, па и подобро, особено ако се грижи за болен, изнемоштен или невработен родител. Не би да се повторувам, но наведов пример за грижливи деца кои придонесуваат во домот. Еве, имам неколку примери на луѓе околу мене кои имаат и преодлични плати за наши услови, ама не сакале да живеат сами, непријатно им било, но ете немаат партнер ни на плус 30. А придонесуваат дома, работници се и далеку од мрзи. И да, реално е добро младите да се осамостојат, сепак се работи за генерациски разлики и различни сфаќања, но не може да се постави реска граница од кога тој процес треба да почне. За жал има безброј примери не само на млади со мали плати, но и млади со никакви плати. И секако сум за добар план. Секоја чест за оние кои тргаат на страна за вистински самостојно утре со сопствен дом. И мислам дека темава не се однесува за живот во заедница од типот на свекор-свекрва-снаа, баба и дедо сосе зетот, па не би да коментирам за тоа.
    Што се однесува до живот со цимери, тоа е далеку од сам свој ага, сам свој паша. ама е искуство, секако да. Понекогаш болно, но поучно во секој случај. Но, дека сте самостојни да правите што и кога сакате, тоа не. Познавам и такви кои имале многу поголема слобода во родителскиот дом, одошто со цимери.
     
    На Mr. Right, eli25, Emy867 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Слобода, независност, сексови и пари да го живееш животот, да си ги финансираш хировите... ма ова да ти било Америка, и тоа филмска!
     
    На Црна Ружа, AURUA, simonka93 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски

    Точно, има вакви примери на стврови кои на четириесет и кусур немаат работа, имаат прилика, ама не би они за толку смешни суми. ваквиве ме нервираат до срж. И јас не сметам дека ја примам платата соодветна на моето образование, ама работам и се стремам кон повеќе. За жал познавам еден леб нема да јаде, ама не не би работел он за 12000. Тешка мрза, пие, пуши, почнав да се прашувам дали стварно не би работел, или не го примаат. Знам и мајки кои за синчето со средно велат, аууу син ми тешко да крева, ауу син ми у маркет да работи, аууу син ми ноќе да работи, аууу за толку мала плата. А што сакаш ма, директор да биде. Овие се посебна категорија. Па уште ги презираат високообразваните ои работат за малу пари, зошто подобро малку од ич.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.983
    Допаѓања:
    166.595
    Пол:
    Женски
    Премногу себезаљубеност, препотентност и потреба да се понижи друг за да се чувствуваш супериорен.
    Напумпани прикаски кои никако не можат да ја побијат реалната слика за просечното македонско семејство.

    Земајте по 200 еура плата па ќе ве прашам дали ќе живеете сами.
    Ајде ако не сите да веруваме во бајки.

    Срам ни било од комшиите да заминеме од дома... :rofl: Поголем срам е покрај навидум "совршениот" живот да имаш толку време во изобилство за да го трошиш есапејќи ги домашните буџети на комшиите до 5 блока подолу - кој што работи, колку зема, зошто нејќе да си замине од дома, мама и тато не го пуштале итн итн.
    Хипотези, хипотези евриуер. Пуста желба за козата од комшијата. И зошто е сива, а не бела.
    Сабајле во 7ипол не дочека комшиката на прозор и за да дознае кај сме биле со брат ми ни вика.. ааа пешачевте? Брат ми и вика од црква се враќаме. Да не и кажевме ќе живееше исто вака во заблуда дека сме пешачеле. :( Неа и ќе ја разберам 70 има. А и вие исто чим толку ве интересира, прашајте ги комшиите за нивните планови. Не е убаво да си праите филмчиња.

    Дај бе не се брукајте со прикаскиве. Сите во Македонија живееме, знаеме како е.
     
    На НаталиЛили, BoaVista, JollyGirl и 22 други им се допаѓа ова.
  14. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски

    Јас пак не знам од каде срам од комшиите. Па знам барем едно петнаесет души што живеат одвоено од родителите, кој сам, кој со брат или сестра, кој со дечко. Па стварно не сум чула некој да ги исмева, ниту па ми има некаква логика.
     
    На eli25, Mr. Right, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Млад човек по 18 -тата неможе да се осамостои од неколку причини:
    -зашто допрва треба да студира и треба некој да го финансира ( а ако те финасираат од дома тоа значи дека НЕ си самостоен)
    -зашто платата би била 200 евра кои не се доволни за храна,кирија ,автобус, партиципација,плус книги..
    А каде е забава?..сепак имаш 18..бар еднаш неделно на кафе да излагаш..
    А каде е гардероба?..бар еднаш на три месеци да обновуваш..

    Да не се залажуваме со приказни од типот:јадев стар леб,дење во кафич работев а ноќе во пекара па успеав во животот..

    ..едноставно-времињата се сменија.

    За жал,стандардот ни е катастрофа.Може само да глумиме самостојност до кај 5-ти во месецот..
     
    На Mari*, BoaVista, Giovanna и 25 други им се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.983
    Допаѓања:
    166.595
    Пол:
    Женски
    Па тоа и ми е муабетот. Ниту има логика, ниту е точно. Само ај... :)
     
    На Mr. Right, Nausicaa, SexiLy и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Нема срам, туку нема пари за преживување, а не пак сами да живеат. И не е мрзливост, платите се мали и з мрзливите и за вредните во Македонија.
     
    На crazylady, Mr. Right, AURUA и 10 други им се допаѓа ова.
  18. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Ај вака да ти биде појасно, уште живеам со мама, точно. Со свекрва не сум ни помислила да живеам, туку јас и мојот партнер си купивме стан, ќе го исплатиме за некое време и кога ќе биде вселлив, тек тогаш ќе се осамостојам од дома. Друго, он си има сопствено превозно средство, јас си имам свое, купени со наши пари. И сега што мислиш според тебе, подобро е од 18 години да се осамостоиш и цел живот да се влечеш под кирии и да немаш ништо свое, или пак да живееш со родителите и платата плански да ја пренасочиш кон кроење на иднината. А реално и не ми се нешто брза, кој ме брка, се во свое време. Кој е во предност сега?
     
    На Jason123, cresa-jagoda, Mr. Right и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    А тебе душо која свекрва те изнервирала толку па што за нив се фати? Не е тоа темата. Тоа ќе си пишуваш во проблеми снаи и свекрви. Тука друго е муабетот. Еве да ти кажам јас сум една од тие што не чека од мама и тато затоа што може сама. Настрана живеев три години сама без цимери сама подмирував се. Си дојдов мк живеам со мама во мој стан затоа што јас така сакам. Јас помагам на мајка ми пошто таа не може. Јес дека примањата во Мк се мн помали и тоа малку потешко пди ама јбг тоа е. Зошто јас или тие ако можат меѓусебно да не си помогнеме а? Па макар и сама скроз да живеам. Значи ако мене ми помагаат јас ќе бидам амеба. А јас нив ако им помогнам тие што ќе бидат?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Нема такви кои живеат самостојно. Зборам општо за сите млади. Гледам примери насекаде околу мене. Нема можности и премногу е потребна поддршка (финансиска се разбира, од најблиските). Македонија јако држава не ги помага младите, туку старите. Не само со автобусите, пензиите и бесплатните летувања зимувања, туку општо од многу работи се задоволени и од секаде земаат пари буквално и со вработувања исто така, на пример во поштата, и секаде имаат предност. Тоа е жално затоа што ние младите сме оштетени премногу. Заебана политика, заебана држава. Јас сигурна сум дека многу млади не чекаат на своите уште пред полнолетство, а не па после, и бараат начини да се осамостојат ама овде во нашата чудесна Макрдонија парите немаат вредност. Шо е 1000 едно блузе да си купиш. И толку а порано до 5000 денари куќи гледаја а сега? Сметките се тоа само а за јадење нема потреба другио месец ќе јадиме ќе пиеме или на вода ќе живејме.. а во странство уште од 12 години работат и родителите им ги чуваат парите на сметка за фах или за стан со нивна доплата. А кај нас ако немаш наследство и ако не си мафијаш или кредит да земиш (а за да земиш кредит за стан да купиш, пак треба да ја клајш на родителите куќата под хипотека, за да си купиш ти и да исплаќаш кредит, во секој случај заебан си) неможиш да имаш свој самостоен дом без поддршка.
     
    На theowndemon, Црна Ружа и Tanjamm им се допаѓа ова.