1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можно ли е младите во Македонија да живеат самостојно?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 31 јули 2017.

?

Дали младите во Македонија можат да живеат самостојно?

  1. Да

    81 глас(а)
    32,0%
  2. Не

    180 глас(а)
    71,1%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Е баш тоа. Знам мажи од 33-34 години што по цел ден лутаат по градот и чекаат некој да ги части едно пиво, или од дома да им дадат пари па да седнат некаде, да ги потрошат.

    Под осамостојување баш тоа го подразбирам, да не чекаш на твоите за покривање на трошоците за живот и да си способен сам да се грижиш за себе, а не да чекаш на мама да ти ја избрише прашината во собата или да ти ги испере алиштата. Некако многу погрешно се сфати темата и тргна дискусијата во неповрат.
    Најмалку е битно каде живееш, битно е ти да имаш контрола над твојот живот. Па така, еден ден кога решиш да си створиш твое семејство да бидете ти и твоето семејсто, а не да се мешаат родителите на едните и другите, затоа што така сте ми дозволувале до тогаш, така сте ги научиле. И после свекрвата ваква, свекрвата онаква... Епа кога му менувала пелени на сопругот твој до пред брак, каква сакаш да биде?
     
    На crazylady, Nigredo Odor, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  2. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Убава тема друже.
    Пракса на животот е додека живееш со родителите да не им бараш пари да заработуваш сам(откако ќе завршиш образование)
    Колку што може да се трудиш да не зависиш од родителите.
    Е сега кога се работи за станбено прашање тоа е малку потешко но еден ден мора и тоа да биде,најдобро е сам да си живееш со животниот партнер ама и сам да си го спечалиш:D
    За под кирија тоа за мене е тапкање во место,подобро кредит ќе земам и ќе направам да ми остане одколку и без пари и без свој кров над глава.
    Но со нашиве плати не чека тешка борба но мора да биде(highfive)имам многу да не тупам:talk:
     
    На La.loca, elimkd, AURUA и 2 други им се допаѓа ова.
  3. clen1

    clen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    Не е можно и доказ за то се младите на форумот за политика што прават пропаганда за партиите за некој денар.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Тебе па само партии ти се во умот:rofl::rofl:

    Кој дава пари за млатење празна слама денес?!:rofl:
     
    На La.loca, eli25, theowndemon и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Тоа е реалноста во РМ, најголем работодавец е власта, најголем сектор е нишање врата, непобитен факт. Само сега пред избори исповработиле 7.800 народ.
    Може некој од тие 7.800 ќе дојдат на темава да објаснат колку се независни...
    Пример некој советник на советникот за интеграција на семафори во ненаселени места, фино си зема 25К...
     
    На sjdgo, Lella, clen1 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Не гледaм зoштo дa не мoже дa се oсaмoстoиш...Акo знaеш прaвилнo дa се oргaнизирaш и дa ги трoшиш прaвилнo пaрите, тoгaш зoштo дa не. Нo, луѓетo се тукa мaмини и тaтини гaленичињa пa не им се рaбoти вooпштo. А и зoштo дa рaбoтaт кoгa мoжaт дa уживaaт се дoдекa мaмa и тaтo се живи, немa пoтребa дa се мaчaт гревoтa е..."млaди луѓе некa уживaaт вo живoтoт".... нo штo ќе прaвaт кoгa нив ќе ги немa?
    Oвa гo кaжувaм зaтoa штo рaбoтaм oд мoите 18 гoдини и никoгaш никoј не ме слушнaл дa се жaлaм oд рaбoтa. Без рaзликa кaквa е рaбoтaтa aкo знaе чoвек зa блaгoдaрнoст ќе уживa и ќе биде нaсмеaн дoдекa рaбoти. И дa и пoкрaј се нaoѓaм време и зa излегувaње и зa се. Акo се сaкa се мoже се и мислaм декa немa ништo пoдoбрo и пoубaвo oд тoa дa бидеш сaмoстoен и сo свoи пaри вo џеб, нo сo дoбaр плaн нoрмaлнo.
     
    На "Zoki" му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kathrynn

    Kathrynn Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Женски
    Многу исфрустрирани мислења и предрасуди прочитав во темава.
    Дечко ми живее сам 2 години. Зема плата 200 евра. Да имаше нормална фамилија со која може да живее во хармонија и да можеше да си најде работ во неговиот град не сум сигурна дека ќе си заминеше од дома уште од сега. Во однос на ќириите, и во Скопје може да се најде поевтино сместување, т.е. во селата скопски, 20 км од центар, со мизерни услови и арогантни газди што се изживуваат врз тебе и си мислат дека се Господ ако имаат еден скапан спрат со мебел од 1940 година за издавање. Ама тоа е. Ќе си седиш, ќе си трпиш и ќе си чекаш подобри времиња. Сите се надеваме на подоби времиња.
    Јас живеам со моите, не сум вработена пошто сум пред дипломирање, јадам и пијам дома на сметка на моите, од нив земам по нешто ситно некогаш за да излезам, а одмори, облека и останати работи си плаќам од стипендија. И сега автоматски паразит сум што живее на грбот на мама и тато, како погоре некој што имаше пишано?
    Секој нека си живее како сака и со кој сака. За осамостојување, вработен човек може да се осамостои па макар и минимална плата да зема. Само што во тој случај нема да живее, туку ќе преживува.
     
    На eli25, Tamatam, crazylady и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Да се дополнам...
    А најнајнајлесно е да се напише вакво мислење и вака да се размислува. За сите ситуации и начини на живот има многу различни нијанси на реалност, ама зошто да се задлабочиш кога можеш да гледаш црно бело и да се издигнеш омаловажувајќи ги сите со различен начин на живот? :clap:

    Има паразити што уживаат до којзнае која возраст со парите на родителите, шетаат, не бараат работа, па можеби и ништо не знаат од домашни обврски. И само тие се за осуда, а се ендемски вид, за среќа. А зад затворени врати, многу од оние кои останале во родителскиот дом – бараат и наоѓаат работа (може прво и каква било да е, па после којзнае колку време и по струка), придонесуваат и финансиски и со домашни работи. Некои дури и за болен родител се грижат... ама не, најодговорни и созреани личности се исклучиво оние кои живеат сами, а најбитно е да се има место каде да се има секс. :drunk: (fingers)

    Мило ми е што повеќето од мислењата се реални, а не во тој филм дека сме блиску со можностите до Америка и скандинавските земји и дека сме земја во која е бесмислено да се ,,плука“ по стандардот.
     
    Последна измена: 3 август 2017
    На Priroden, La.loca, Tan4ence и 16 други им се допаѓа ова.
  9. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    На Водно:!: под отворено небо птици,ѕвезди,месечина филмови,пробај ќе видиш :D
    А дома што четири ѕида,романтика јок:$
    :rofl::rofl:
     
    На cresa-jagoda, Nigredo Odor и BlackNight им се допаѓа ова.
  10. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Ние што не работиме од 18 сме паразити :o
    Им се извинувам на сите амбициозни од името на ние што не сме тоа.
    И од кога децата се товар на родителите? Родителот е должен да те школува доколку е во можност. Може јас не можам да менаџирам со две обврски, со оглед на тежината на факултетот и фактот дека некаде се оди редовно на предавања и вежби. Се извинувам и ако не сум снаодлива, не се сите исти :)
    За мене паразит е 30 годишник што чека за едно кафе од мама и тато. Паразит е да не помогнеш во домашните обврски оти не е твоја работа. Можеш да придонесеш и на тој начин.
    Во однос на темата со добра организација се може се. И некоја солидна плата, ако сакаш да си приуштиш повеќе. Зависи и од желбата на младиот човек. Зошто па да не заштеди некој денар додека живее со неговите. Јас не ги осудувам таквите воопшто, напротив ја оправдувам оваа одлука. И не ги осудувам тие на кои им помогнале родителите да се осамостојат. Знаеме колку е тешко во поголемите градови да се започне со живот. Секоја чест и на таквите што успеале сами да се осамостојат. :clap:
     
    На sanja.burgundy, Tanjamm, Kathrynn и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Ужаси бе.
    Според напишаново замислувам некоја со физиономија на Вупи Голдберг како бере памук на плантажа и вика јес маста, јес бос :devil:

    Кажи и на оваа да се церека на работно место на пример :

    http://mhc.org.mk/announcements/619?locale=mk#

    Интересно, како никој не сподели цифри, како тоа изгледа, само теории.:party:
     
    На Purelove92, sjdgo и Gosh им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.980
    Допаѓања:
    166.544
    Пол:
    Женски
    Ај пред да почнете да млатите слама за паразити, да напраите прво една дистинкција.
    Значи да појасниме, мамина/татина маза или синче - е карактерна особина, а не адреса на живеење.
     
    На Giovanna, Jason123, AURUA и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Може некој да ниша врата како партиски сендвич и да зема 400-800 евра, да живее под кирија далеку од родителите а истовремено шивачка да се убива од работа за 200 евра и да нема теорија да изнајми стан и да живее одвоено.
    И сеа кој е паразит во случајот?
     
    На НаталиЛили, BoaVista, Priroden и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214
    Ако работите од 18 години, а при тоа земате мала плата, не сте самостојни. Самостоен е тој што има свое живеалиште, сам плаќа сметки, храна, одмори и ред други работи. Ако од 18 години земаш 9000 не си самостоен, а со тие пари и на 50 години нема да бидеш самостоен. Важна е висината на платата, а не дека земате каква таква плата како и повеќето во Македонија, колку да не седиме дома без работа.
     
    На AURUA и sjdgo им се допаѓа ова.
  15. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    Можно е, зошто да не.

    Гарсоњера со сметки = 10 000 ден.
    Храна = 4000-6000 ден. (по 1000-1500 ден. неделно)

    И ете ти самостојност со 14-16 илјади денари што е 250 евра. Ако земаш плата над 350 евра можеш да живееш самостојно. Што поголема плата поголем комфорт и повеќе штедење.

    Се може бе луѓе, не филозофирајте многу. "It always seems impossible until it's done." ќе каже во една прилика Нелсон Мандела Бог да го прости. :D

    Живеење со цимери не го сметам за самостојност, пошто каде е тука самостојноста? Никаде ја нема, ја делиш со 3-4 лица.

    Кога можеш сам да се издржуваш и од никого да не зависиш = самостојност.

    Нормално најубаво е да имаш свој стан или куќа, ама додека тоа да биде... подобро самостојно живеење под кирија отколку со родители. Нема ништо поубаво од апсолутна слобода. Не значи дека си скаран со родителите ако живееш самостојно на 20 и кусур години. Едноставно созреваш и биваш свој човек. Учиш одговорност, ред, дисциплина, планирање, буџетирање итн.
     
    На Cka и theowndemon им се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.572
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Тоа дека ќе имаш ќирија и сметки од 10 000 денари е реално само ако живееш со цимер. Сам со овој есап не верувам баш, затоа што ќириите за гарсоњерите се отприлика од 150е нагоре, во зависност од населбата во која се наоѓаат. Можеш да најдеш и некоја од 120е но во населби како К.Вода или Ѓорче можеби. Ама навистина не се наоѓаат баш лесно во последно време.
    За сто евра месечна ќирија не верувам дека ќе најдеш стан во кој ќе живееш сам во Скопје. Во другите градови можеби, затоа што таму и ќириите се многу пониски.
     
    На AURUA, Tanjamm, Emy867 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Можно е, како не е можно. Уште само да беа единствени трошоци кирија и храна и супер ќе беше. Абе види, ако одиме по твоиве математики, ајде да речеме дека 90% можат да живеат сами. Ама тоа ќе значи преживување, а не живеење. Животот ќе треба да ти се сведе на работа-дома. И не би ми било проблем животот да ми се сведе на тоа секојдневие некој одреден период доколку имам некоја повисока цел од финансиски аспект, ама знам дека сето тоа е жртва за на краток период, за некаков мој напредок. А која е целта ако јас одам под кирија, со 250 евра, плаќам кирија, храна и толку? Тоа ти се вика тапкање во место. Никаков напредок јас не можам да си дозволам. Ни од социјален аспект, ни од аспект на образование... Каде е тука крајот на сето тоа? За мене е тоа губење време, фрлање пари во празно. Јас да живеев под кирија, за возачка ќе положев може на 35 години, уште ќе се малтретирав со автобуси, кола ќе купев на 40, или пак воопшто немаше да си купам и еден куп останати секојдневни лично мои потреби за личен мој развој сигурно немало да си ги дозволам. Јас бирам да живеам со моите, ама тоа да го искористам и да постигнам барем 70% од целите до 30 години.
     
    Последна измена: 4 август 2017
    На BoaVista, AURUA, Artemission и 2 други им се допаѓа ова.
  18. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    5.306
    Пол:
    Женски
    Во првиот пример. Дали само платена кирија, сметки и храна колку да преживееш се за тебе живот? А пари за бензин или јавен превоз, а за облека, обувки, козметика, па трошоци за курс или дошколување, доколку ги има па и дружба. Па, за на работа само треба да личиш на нешто. Аман, не викам да се адздисува, ама не треба животот да се сведе само на елементарни и неопходни работи и толку. Што е толку голем грев и некое задовсолство да се приушти. А можноста нешто дас е заштеди практично ја нема.
    Да, секако дека треба да се осамостои секоја индивидуа од родителското гнездо. Само четиринаесет илјади се одамна премала сума за нашиве трошоци. Со тие пари само десетина пати ќе имаш саглам пазарење по маркетиве. А месецот има 30 дена, па удри го есапот.
     
    На BoaVista, AURUA, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  19. clen1

    clen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    Кој нема мувата на капата да ќути. Јас не сум за ни една партија да ми се партии во умот.
     
    На Brojka и referentka им се допаѓа ова.
  20. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Морам да признаам дека Спешлка е далеку позабавна и покомпетентна за водење дебати на форуми. (highfive) Ружо сесре, напни малку, те изедоа. :)

    Македонија не е Скандинавија ниту ФИРОХунзија ^_^ и тоа што само политика ви е во глава покажува и зошто уствари не можете да видите дека не мора татко ви да е стечаен управник за да ви фрла 1000 евра џепарац секој месец и да се осамостоите.

    Исто така, повеќе членови прочитав дека вметнуваат муабети за болни или изнемоштени родители, па тие ги издржуваат нив, па слични правдања зошто некој живее со родителите... нема потреба од правдање пред никого за начинот на кој го живее некој животот, ниту некој има право некому да му наметне вина за неможноста да се оддели, а сака. На темава се зборува за тоа дали младите во Македонија можат да живеат самостојно, значи не ги земаме сите стотици илјадници семејства поединечно па да ги анализираме, туку генерално се зборува за финансиската и општествена состојба и можноста младиот човек да се осамостои.

    Ружа, можам низ бројки секако и не, не со оние кои ни ги нуди Завод за статистика, пошто сериозна е темата, не е ко на религија па да си играме гачки. :angel: Сакаш? Пошто бројките се факти, наука се. А науката ја сакаш, нели?

    Зборевте и за цимери и живеење со нив. Некој напиша не било исто. Не знам дали никој од оние кои дискутираат тука никогаш не живеел со дечко/девојка ама така изгледа. Живеење со дечко/девојка е исто како живеење со цимери, плус секс. Исти се предностите, исти се негативностите. Таа заедница неминовно ќе има меѓусебни проблеми и расправии, а ќе има и прекрасни моменти во дружње и уживање.

    Разликата меѓу цимери/партнер и родители е што во првиот случај човек е сам за себе и тој се грижи за домот. Презема одговорност и живее по свои правила и принципи, нешто кое со родителите никогаш ниту едно „дете“ нема да го има. Може да зборуваме што сакаме, но речиси и да нема семејства каде децата се оние кои кажуваат што и како ќе биде направено дома, што е сосема нормално, зашто природата оди по тој тек, родителите ги учат децата, а не обратно и родителите ги поствуваат правилата во домот, не обратно.

    Финансискиот аспект дефакто е проблем и не, не сме Скандинавија Спешлке, колку и да сакаме да се контраме, тоа е реалноста и вистината. Немаме 3000 евра плата и не можеме да си заминеме кога сакаме од дома, кој сака да се спротистави на тој факт е само инаетлив и ништо повеќе.
    Но... ако сакаме да бидеме реални до крај и да не сме инаетливи, мора да прифатиме дека нашиот народ ужива во наоѓањето изговори зошто нешто не е како што треба во сопствениот живот. Еве ја политиката како најдобар пример. Две влади се сменија само еден етнички Албанец се најде доблесен да поднесе оставка зашто не сработил нешто како што треба. 100+ министри, сите безгрешни, државава тоне.

    Како политичкиот врв, така и обичниот човек долу. Секогаш ни е изговор за сè, нема пари. Епа ќе нема пари кога не можеме да поставиме приоритети. Како беше она Ставревското, трошиме на чоколади. Како владата, така и луѓето, нема пари, ама мора на одмор да се оди. Мора за цигари да има. Мора за кафе. Некој напиша позади, сакале луѓето понекогаш да купат нешто убаво. Океј, секој има свои желби, ама и јас имам желба да одам на одмор, па еве дома сум годинава, зашто имам приоритети, не можам да си го дозволам тоа.

    Македонците сакаат да живеат во 1970 повторно, а тоа не е возожно. Генерциите кои живееја во благосостојба, ги научија своите деца и внуци дека и тие треба да „учат за да не работат“ и затоа сега имаме огромна маса на инертни млади луѓе кои очекуваат дека треба да сме Холандија по дифолт. Не можат да ја прифатат реалноста дека сме речиси земја од третиот свет. И додека живеат лошо посочуваат на тоа дека не сме, а треба да сме Холандија. И како тоа го решава нивниот проблем? Нормално никако. Цела младост им помина на луѓе седејќи дома и чекајќи некој да им го реши проблемот. Не ти Специ, ни ти Ружо, нормално, вие сте паметни деца, ама многу други луѓе. :?:

    Пред некое време пишував дека Кисми не може да најде пекар за 600 евра плата. Да простите, со 600 евра сам ќе живеам и ќе си ги плаќам сите сметки и два пати месечно ќе се глупирам у Привилиџ. Ама треба некој да стане во 3 по полноќ и да меси до 12 на пладне. Работа има и не ми викајте нема, ама сите очекуваат да се графички дизајнери или директори на увоз-извоз фирми кои седат по кафани секој ден. Сите завршиле некој факултет и тоа го даваат како изговор па викаат „не работам за 200 евра плата“. Не викам дека треба сите да работат за 200 евра плата, велам дека треба да се смени менталниот склоп и младите да почнат да размислуваат дека секоја работа е океј работа, а не да очекуваат невозможни нешта. Не сме рајот на земјата, ама што вреди тоа што сакаме да сме, кога животот ни минува во беда, а ние седиме смрштени како Grumpy штрумфот и кукаме.

    Имам другарче од 22 години кое работи на две работни места. Едното добиено преку ПАРТИЈА, другото е келнерска работа. Не кука дечкото, заработува. Неговите врсници седат по кафичи и му се смеат, ама погодете кој на 35 години ќе има добра плата, оној кој набил стаж и искуство или оној кој се смеел по цел ден со пластично лажиче во уста. И ако тргнете да ми верглате партија партија партија, пак да ви кажам дека никому не му вредат ниту значат тие верглања. Додека некој вергла во празно, луѓето се снаоѓаат и работат. Не збориме за министри, збориме за обичен дечко на 22 години.

    Малку избегав од темата, па ќе пробам да се вратам. Двете работни места нека бидат по минимални за Скопје 200 евра, тоа се околу 400 евра. Да, малце се, ама за оној чиј приоритет е самостојен живот, не е невозможна работа. Келнери, таксисти, градежнички работи секогаш ќе има. Да, тешки се, ама пак ќе повторам, не може да очекувате дека по правило мора сите да се веб дизајнери и да работат под клима и на компјутер. Пошто работа за веб дизајнери и ИТ сфера има кооооолку сакате и тоа за плати од по 1000 евра.

    Ќе почне човек со малку, ќе биде силен и ќе стигне до одредено ниво во животот ако работи напорно. И нормално, ако целта е да се осамостои, ќе најде начин, ако не сака да најде начин, ќе најде изговор.
    Коељо got nothin on me. :D
     
    На CameliaMiller, Annath, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.