Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можно ли е младите во Македонија да живеат самостојно?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 31 јули 2017.

?

Дали младите во Македонија можат да живеат самостојно?

  1. Да

    81 глас(а)
    32,0%
  2. Не

    180 глас(а)
    71,1%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Можно е ако ми плаќаат моите стан и кирија, храна и облека.
    Со минималецот мочан од околу 200 евра можам да си овозможам само да одам на работа, да јадам еднаш, да купам цигари и кафе и толку. Тие што живеат самостојно , нивните од дома ги осамостоиле ....
    Не знам човек што сам се осамостоил а при тоа има 20 - 25 години ....
    Таков ни е ебаниот стандард, сендвичите поскапуваат а остануваат исти - мизерни.
     
    На fallenangel, crazylady, elimkd и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    Затоа намерно спомнав цифри да видам кој како ќе реагира. Кој реагира негативно = не може да живее самостојно пошто уште нема доволно финансии. :D Јас спомнав онака минимум колку би било потребно (смештај, сметки и храна е апсолутен минимум), а за комотен живот секако што повеќе тоа подобро.

    За 200 евра може да се најде смештај + платени сметки за 1 лице. Факт е тоа не го негирај или ако го негираш дај контрафакт. Ти сега ако сакаш да живееш во Центар или Водно нормално ќе плаќаш 300-400 евра+. На фини места во Скопје имаш топ гарсоњера или стан за 200 евра со сметки.

    Еве и ти се буниш, значи јас кажав која минимална сума е потребна за самостојност, а тоа не значи дека тоа подразбира вкупни приходи и дека едвај ќе го тераш месецот и ќе немаш денар за други потребни работи како на пр. облека, па уште кола ако имаш гориво, регистрација, поправки итн. Абе скап е животот, за све треба пари. :D На приходи од 1000 евра, 300 евра трошоци за самостојност не се многу. Не откривам јас колку земам, ама ти викам самостојно живеење е можно кај младите. И мислам дека многу живеат самостојно само си ќутат и траат за да не ги разгневат другите и да не си закачат љубомора и завист. Сега ако некој работи во супермаркет, келнер итн. реално ку*ац што може да живее самостојно пошто се мали платите. Зависи кој како се снајде. Треба и среќа да се вработиш во добра странска фирма што ќе те кешира солидно. :D

    Да сумираме, еве оволку пари се потребни за самостојно живеење (се надевам сликава нема да предизвика револт, бес, завист итн. :rofl:). Се зезам бе релакс.
    [​IMG]

    Интересни и смешни ми се дискусиите кај што се дискутира за тоа колку пари треба пошто нема шанси да се дојде до бројка или спомне бројка што ќе одговара на сите, што мислам дека е реално пошто секој си има разни трошоци во животот. Некој сака секој месец да се подновува со облека, некој на 2-3 месеци, некој пуши цигари и мора да троши на тоа, друг е непушач итн., некој сака секој викенд да се курчи во Солун, абе колку луѓе толку буџети и потреби! Џони Деп сигурно има трошоци од 20-30 илјади долари месечно (и повеќе сигурно), додека Трпе од Македонија тера месец со 12 илјадарки во денари. На Ивона од Сител малку и се 1500 евра месечно пошто се осеќа ко мечка во пештера итн. Ете ти релативност
    [​IMG]

    Она што сакам да поттикнам (иако реално не можам да влијаам на ничија свест) е да размислуваме позитивно и оптимистички, да не бидеме класични негативни и песимистични Македонци пошто многу се такви, а некои се намерни такви за да ја уништуваат желбата и волјата кај другите што сакаат да мрднат напред во животот или да превземат ризик за подобро утро.

    Само затоа што некој не може да живее самостојно заради недостаток на финансии (тоа е 99% од причината), не значи дека треба да пропагира дека е невозможно или да се редат 100 причини зошто е поисплатливо дома да се седи. Нема погрешно ни во едното ни во другото. Добра причина да се живее со родители до доцни 20-ти или рани 30-ти: полесно штедење пари за учество во купување стан или куќа = самостојност.

    Ние Македонците сме мрчатори големи со ужасно лоша работна навика, ова зборам општо не за сите. Некои пре би да седат дома наместо да работат макар и за помала плата, ама барем ќе стекнат работна навика, ќе се навлечат на пари и ќе сакаат уште повеќе пари, ќе штедат, ќе се борат, ќе земат пасош в рака и ќе отидат во странство за поголема плата ако не бива кај нас. :D Порано мислев дека американците се изматеријализирани роботи, ама океј се дечките. Многу ставаат фокус на работата и само на работа и пари мислат. Затоа и имаат :cash:. Сега не вреди да споредувам македонска и американска економија, ама сакам да поентирам дека average Joe не се жали и не кука, туку ќути и работи за разлика од average Трпе кој плука по сите влади, наместо да го бара проблемот кај себе во недостатокот на квалификации за работа за повисока плата. Кај американците нема ништо чудно и срамота да работат по 2, во крајни случаи и по 3 работи. За Јапонците да не правиме муабет. Таму работната недела им е во просек 100 часа, ова е веќе претерано и за мој вкус. Work-life баланс е доста важен. Џабе робуваш ако немаш време да уживаш и трошиш од сработеното.

    Доста паламудам, ако морам да пресечам и да кажам дали е можно или не, веќе се изјаснив, можно е младите во Македонија да живеат самостојно. Што, како, зошто, колку и за што треба :cash: е релативно и подобро е да не навлегувам во детали, иако загребав по површината со спомнување на некои цифри. И за крај, самостојно живеење на младите не мора да значи да се живее сам. Дечко и девојка ако седат заедно во стан и не зависат од дома се практично самостојни. Живеење со цимери е дискутабилно и не го сметам за самостојност пошто зависиш од другите цимерчиња да си ги подмират трошоците редовно и навремено. Ајт доста е.

    Не знам што ми требаше постов, ваљда нема да предизвика бурни реакции. Немој да сте гаѓале со камења по @Mr.Awesome, ќе ве разбијам сите. :D

    :*
     
    На Captain-Omni му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тебе.
    Скоро сретнав школски, ми вели сега живеам таму и таму, си купиВ стан?
    Како бе другар си купи стан, возиш БМВ, шеташ секој викенд надвор од МК, се храниш по најдобри ресторани?
    Нема шанси, тоа се неговите му купиле и овозможиле...
    Исто како и јас како него да речам си купиВ стан, а не сум го спечалила јас, туку моиве.
    Во МК тешко живеење под друг кров освен со домашните, доколку станбено прашање не е решено.
    Еве да се дополнам, јас моментално живеам под кирија со дм, само за сметки и кирија ни одат 250е, а каде е тука храна, нешто за дома покуќнина, шетање, горива за коли, регистрации, одмор, облека/козметики/лични потребштини?
    Платите се тие, трошоците се тие..
     
    Последна измена: 4 август 2017
    На Annath, cresa-jagoda, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    Или имаш богато другарче т.е. неговите се богати или типот си тера некој бизнис ама си ќути и ништо не кажува, не гледам трета опција. :)

    Некои деца имаат среќа и добиваат самостојност на тацна. Мама и тато им купат кола, стан, ги оженат/одадат и ајт си живеат со нова фамилија во новиот стан платен од украдените пари на мама и тато. Голема веројатноста за такво нешто. :D При секоја промена на власт, 10000 души добро се опаруваат пошто има над 1000 државни институции и кој е директор таму зема голема плата + што поткраднува. Во суштина не повеќе од 50-60 илјади души ја прават сета галама и гужва во Македонија. Т.н. богаташки крем. :D Децата на овој крем си немаат гајле, самостојни се од раѓање, студираат на најпрестижни универзитети во странство, работеле неработеле имаат доволно пари за цел живот итн.

    Кога веќе ја начна таа категорија на млади лица, да ја продискутирам во склоп на темава. :D
     
    На Prijatelot му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Неговите се директори, тоа го знаеме сите, исто како што знаеме дека он има отскочна даска во животот со тоа, тоа е предност и во ред е.
    Не сакам да навлагам во детали дали се чесни или не, не ми беше тоа целта, туку неговиот муабет во први лице, дека сам си овозможил стан во елитна населба :D
     
    На Mr.Awesome му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    Реагирам негативно и живееев комплетно сама и имав финансии, фала Богу сум со работен стаж од 10 години. Настрана, што земав стипендија на факс која си ја менаџирав самата. А сметкиве ти се четвртина од износот од 14000 под претпоставка дека живееш во стан од околу 70 тина кавдрати и трошиш струја во ефтина струја, не користиш греалки и клими (што малтене и не еможно). Имам познаници со 50 квадрата стан, плаќаат околу 5000 денари сметки. А што е со средства за перење, чистење, тоалетни хартии, сапуни, срества за туѓирање, крема, лекови и ред други нешта, не дај Боже расипен бојлер или фрижидер, а газдава на станот моментално на пример е на пат, па мораш ти да ги поправиш, иначе ќе си седиш без топла вода едно десет дена, или без фрижидер! Башка живот под кирија за жал не е алобода, далеку од тоа. Некој газда да ти дише во врат, да те избаци низ прозор при прва прилика и покрај договорот, да те проверува на секое и ти да се селиш нон стоп не е лесно. Сепак, во однос на живот во заедница (за брачни парови или малку,, постари,, млади самци е далееку подобар избор, па макар и во гарсоњерче.
     
    На cresa-jagoda, Tanjamm, Mr. Right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    @Rubiii реално ...
    Еве и ја би живеел со девојка и би делеле кирија и би можеле да вадиме по некои 300-400 евра месечно, и во секој случај би ни било јако да си го живееме моментот, да си фураме хедонизам и све топ али ако напраиме пресметка реална за тоа колку кошта тој момент ебаните 400 евра се ништо и воопшто нема да бидеме самостојни , пошто дефиницијата за самостојност се сече со дефиницијата за финансиска независност.
    23 работни дена x 500 денари = 11500. ( 500 денара трошок дневно ) што муабет праиме тука ? :)))
    Од паразитите нема да си пркнеме никад .. мора да ги смениме токовите и да ги презимаме работите во свои раце и да се бориме за повеќе! На волкот му е дебел вратот пошто се сам си праи. Бидете волци не овци. :))

    @ph.orhideja Се чуствува гневот на глувците ... несвесно се креира генерализација, пошто на канализацијата и е преку к од генералноста на секојдневниот живот.
    Секоја чест на тие што поштено си заработиле и им обезбедиле полесен живот на своите деца. Така и треба! Во нормалниот свет така си е и така треба да биде.
    Многу лоша канализација имаме тука , јебига ....
    Генерално така е , сите ( 90% ) кои ги имаат обезбедено тие услови , се по некаков пат на паразитизам и тоа е факт. Такви се начелата на опшеството , не се криви луѓето.
     
    Последна измена: 4 август 2017
    На Mr. Right и Rubiii им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Ако неговите му дале пари а тој си го купил, тогаш да, сам си го купил :D Може не го заработил ама го купил. Пример добиваш на лото или пари оставени од наследство и си купуваш стан, кога ќе те прашаат за станот стално ли ќе објаснуваш дека со пари од лото е купен? Не, ќе кажеш -си купив. :D
     
    На YoungandBeautiful, Mr. Right, Rubiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Зошто ваква генерализација?

    Зарем родителите што обезбедиле живеалиште за своите деца мора секогаш да се етикетираат како крадци и профитери од одредена политичка гарнитура?
    Има такви како што опишуваш,но има и вредни луѓе кои со домаќинско работење и живеење им дале отскочна даска во животот на своите деца.Може ниви продале,може наследство добиле,може работеле во белиот свет и им обезбедиле.

    Не се сите луѓе исти и затоа не треба вака да се ставаат во ист кош.
     
    На Annath, BoaVista, Giovanna и 14 други им се допаѓа ова.
  10. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    Хахаха

    Зад тоа прво лице еднина всушност се крие прво лице множина (ние) или у случајов родителите. Ние (родителите) му овозможивме. :rofl:

    Мој совет до твојот пријател и таквите како него: подобро да си ќутаааат отколку да испаѓаат смешни пошто се приметува дека лажат. Има разлика од тоа родители да ти купат стан и сам да си купиш стан. Второто е далеку потешко, ама и поголема е сатисфакцијата пошто знаеш со свој труд си го спечалил и повеќе ќе го цениш.

    Крај краева, имаш имаш твое си е и нема што никому да се правдаш кој ти го купил, ама смешно е тој чалам на млади бизнисмени што сакаат да се прават, а во суштина 1 месец да им биде скратен џепарлакот од дома ќе немаат ни за гориво. Ваљда знаеш такви типови и типки @Rubiii :D

    Не мора фала богу. Должност на родителите е да помогнат на децата, нели? Сепак се постари и повеќе време имале за печалба и сл.

    Такаааааа се согласувам. :hug:

    Генерализација некогаш е потребна, кај што страдаат и тие што не се криви. Покрај сувото гори и суровото. Проблемот е што сме лицемерен народ кој што кука нема пари за ова, она и после оп нова кола, нов стан итн. Сметам нема потреба од такво лицемерие. Врти-сучи, македонскиот менталитет е таков да не можеш на никому да угодиш. Ако се опуштиш и трошиш пари ќе си сметан за расипник и фраер, ако глумиш сиромаштија и после рокнеш нова кола од 20 илјади евра ќе си сметан за лопов итн. Затоа подржувам генерализација за правење пресек и после да се преброиме кој каде сме ставиле. Не ми замерај кога генерализирам. :D Не го правам со лоша намера. И не викам дека сум во право. Меѓутоа мора да пресечам во одреден момент. :*
     
    На Annath, ph.orhideja и Rubiii им се допаѓа ова.
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    @ph.orhideja апсолутно си во право, кај нас е таков случајот, моите најдобро си знаат.
    Не е ок да осудуваме ако некој има можност да почне од нешто, наместо од 0.
    Иако и јас ќе добијам стан од моите, сега живеам под кирија со дм, зошто зградата не е готова, но имаме и др опции за кои размислуваме, а истите не би постоеле да небеше тоа станче, затоа сме им мн благодарни. Од многуу глава не боли дефинитивно.

    И да се дополнам, секаков вид на осамостојување не е возможен без финансии и нормално станбено прашање.
    Имам другарки кои не се осудуваат да се земат, само зошто немаат каде да живеат. Заработуваат по 20-22000 ден, дома се по 4-5 души, но си живеат по опуштено, сакаат да си седнат на фини места, да се во ин со се, и после се жалат дека кириите и кредитите се високи, па затоа не почнуваат заеднички живот.
     
    Последна измена: 4 август 2017
    На Mr. Right, BlackNight и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  12. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Имам 26 и живеам со моите, зошто они се зависни од мене, не јас од нив :)
    Со мојата плата, која не е многу голема, би можела да живеам сама. Со партнер мислам, сама да живеам не ни сакам, еден месец би ми било доволно па ќе ми здосади.
    Заборавате многу други работи кои кочат. Со конкретнава ситуација дупла плата да земам или пак 50% поголема ќе може да се осамосталам. Друга работа - кредит или кирија? Секако кредит е боље опција, доколку имаш можност да собереш за учество :) И кредит дечки не е кирија од 120 евра, секако нема 20 години да отплаќаш 40 квадратен стан за поевтино да поминеш.
    Јас размислувам долгорочно, не ми се фрлаат пари за само да кажам дека живеам сама.
    Ќе си дојде све на свое место за година две, а со моето загревање на столче, може и побрзо.
     
    На Gosh, Rubiii, Emy867 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Е ова никоаш не го сфатив, како бре се пишуваат толкави бесмислени Коста Петров глупави текстови како реплика на сосема едноставни ствари како што е - да видиме цифри, како тоа е изводливо, примери, искуства. Пошто не прочитавме ништо конкретно освен пар фантазии а нема ни да прочитаме ништо конкретно, одиме понатаму.

    Значи рајата тука има стандард да живее одвоено од родители, ама поради некоја мистериозна причина се одлучува да живее со родители. Доообро.
    Знаеме дека има професии каде што се заработува над 500 евра но тие се екстремно ретки, си живеат на страна и тоа е тоа. Муабетот е за огромното мнозинство на млада популација.

    Мене малку ме фаќа непријатно, како кога гледам некој 1,60м како трипа дека забива на кош, знам дека не може, знам дека ќе скрши глава ако проба ама неам срце да му кажам дека е забеган.
    Така и кога ќе видам 200 евра сума и разни прикаски за "независно живеење".

    Рајата не живее во 1970 него живее во објекти градени во тие времиња, среќа во несреќа што е така инаку ќе живееше раја по улици.
    Напротив, сеуште колку-толку цврстите семејни односи и живеачката "на купче" е главен фактор во опстанокот на рајата тука и некаква илузија на пристоен живот со кинески смартфон за трета зона пазар, кабловска со пиратски картици во декодер, гардероба на кило која се кине по трето прање и евентуално до Грчка еднаш на три години недела дена со полн гепек во голфот тројка од 1997.

    "Менталниот склоп" кој го фураш е голо говно. 25 години младите прифаќаат ниско платени работни места и ситуацијата е се полоша и полоша. А тоа што се отвориле факсови во сите села ќе го прашаш пастирот, знаењето било моќ.
     
    На Priroden, Rebecca_R, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Да, може да се најде гарсоњера која со сè сметки ќе изнесува околу 200 евра. Меѓутоа проблемот кај нас се платите. Со 200 евра не можеш да се осамостоиш и тоа е факт. Има и некои млади кои зимаат плата повеќе од 200 евра меѓутоа не сакаат да се тргнат од своите. Дали поради комодитет, спремање, јадење, сметки и слично. Тие си знаат.
    Да бидам искрен јас стравувам за мојот понатамошен живот. Помош од родители нема да имам и тоа многу добро го знам. Исто и плативе кај нас ме плашат, а и секојдневните поскапувања на производите.
    Ми викаат утре ќе имаш жена, деца...и тука ги прекинувам. Ни на крај памет не ми паѓа да се женам и деца да имам со плата од 200 евра. Ризик е. Па едни пелени се цела илјадарка. А каде се сметките за струја, вода, интернет, непредвидени трошоци? И плус кај ќе живеам со жената? Дома, со свекор и свекрва? Не доаѓа во предвид.
     
    На Annath, dunika, referentka и 15 други им се допаѓа ова.
  15. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски

    за се си во право од збор до збор. Ти посакувам иднина со успешна и добро платена работа и убав семеен живот.
     
    На stetoskop, simonka93, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Фала ти. :hug:
    Истото и на сите им го посакувам. :)
     
    Последна измена: 5 август 2017
    На simonka93 и BlackNight им се допаѓа ова.
  17. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.792
    Допаѓања:
    3.114
    Можно е, ама нема да биде добро како што би требало да биде. Повеќе ќе биде мачење, од финансиска гледна точка.
    Меѓутоа, не мора да значи дека сите така... Многу зависи од работата и платата што ја добиваш. Ако е се океј со тоа - зошто да не е можно да си самостоен?
    Јас сум бил самостоен неколку години, сега не сум =)))))) Ама тоа е проблем кој е поврзан со недоброто плаќање на мојата професија во земјата. На пауза сум, се надевам дека во скоро време пак ќе се осамостојам. Но, во некоја друга држава, секако...
     
  18. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    3.337
    Пол:
    Женски
    @Mr. Right Ти ги сфаќам грижите. Од една страна сакам семејство, а од друга страна, знам колку е тешко да се излезе на крај со сите трошоци. But on the bright side, не е така страшно да си дома зет, брат ми е таков случај и супер функционираат. Али секој си е индивидуален случај. Иако лично јас, го делам твојот став, не би сакала да живеам со свекор и свекрва, од милион причини. Ако најдам погоден партнер ( im still searching :) ) си го земам кај мене, без свекрви, свекори итн.
     
    На Mr. Right му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    Кога сме веќе кај животот на брачните другари со постарите, колку не би сакала да живеам со свекри, толку не би ни со моите. Зошто? Прво, повторно немам приватност макар во палата живеела сосе нив. Ако се скарам со сопругот, макар и за најбанална работа, оп ете ги, сакале, нејќеле може и ќе се смешаат. И да си молчат не ќе да се неутрални, па за детето нивно се работи. Потоа, голема е веројатноста и сопругот да има некакво недоразбирање, па жената во средина. И не мора да се конфликтни, луѓе се, не се роботи, понекогаш ете ќе се скараат. Со стареењето на старите, старосниот јаз само ќе се продлабочува. При не дај Боже некоја старачка сенилност, не младите и децата ќе пострадаат.
    На крај, сопругот си има едни навики, родителите на невестата други. Невестата ќе се прилагоди на него и тој на неа, ама нема што родителите нејзини да се прилагодуваат на него. Сум за заедничка комуникација, понекогаш гости, седнување заедно, одење негде заедно, ама секој под свој кров на крајот.
     
    На Cka, elimkd, Mr. Right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Не дека кратките постови ти се полни со мудрост, ама поише ти лежи брзиот сарказам од пост со 3+ пасуси во кои се губиш комплетно, држи се до кратките жити све. ;)

    Цифри сакаш, ти пишав цифри, ако читаше ќе ги видеше. Еве ќе ти пишам пак. Сметки комплет се 100 евра. Освен ако не возиш Хамер или живееш во 250 квадрата стан на Водно, сметките ти се 100 евра. Струја, вода, парно, телевизија, телефон. Пресметај си сама, ако сакаш да дебатираме ќе видиш дека се толку. Ако се одлучиш за гарсоњера и многу ти е битно да се осамостоиш, можеш и поевтино да поминеш.

    Кирија во Скопје е 100 евра од по селата до 200 евра во Дебар Маало. Ако сакаш да се осамостоиш, нема да ти биде проблем да живееш во Волково или Драчево, ипак и 22 и 41 има на секои 6 минути. Остатокот е индивидуално, колку ќе трошиш на храна, колку ќе сакаш да одиш по кафиња и да купуваш у Сити Мол. Значи со 250 евра си спремна да се осамостоиш во стан од 40+ квадрати, со кабелска, клима, мобилен и да си згреана во зима. Ако сакаш да живееш како на Fine Living, тогаш ќе си пишуваме цела вечер саркастични твитичиња. Нема да крадам од србите, ветувам. (fingers)

    Ако читаше, ти пишав за другарчето кое работи на две работни места. Значи работа има. На Вработување.ком имаш еден тон работни места. Еве ти едно речиси без квалификации, значи треба само да си способен да одиш и да си го напишеш името на тастатура.
    Низ град, има куп огласи во кои бараат продавачи, келнери, работа за таксисти има колку сакаш, значи ти зборам за работни места без НИКАКВО школо. Ако имаш познавања од некои струки, тогаш ќе збриме и за поинакви можности. Сеа, ако си студирала некоја струка чиј пазар е презаситен, не очекувај дека ќе работиш по струка, никој не ти е крив што си одбрала такво нешто. Има стотици илјади дипломирани адвокати и економисти, никој со сила не ги терал да учат за нешто кое знаат дека тешко се наоѓа работа.

    Ти си фрустрирана од социјалната неправда и економската ситуација во која се наоѓаме сите ние. И јас сум. Ама јас, очигледно, за разлика од тебе сум доволно возрасен да се соочам со фактите и да не кукам по социјални мрежи туку да се изборам за најдоброто што е возможно на ова место и во ова време.
    Тоа е мојот „ментален склоп“, твојот не знам.

    И пастирот, селата и образованието никаде не ги спомнав, ама и тоа е одраз на сопствената немоќ да си го реши соптвеното животно прашање. Увек пастирот е крив. :D
    Многу ќе се смеам после 4-5 години кога пастирот нема да биде на власт, а вие уште него ќе го прозивате дека ви е крив за бедата, исто како што он 11 години правеше гласачите да му трзаат на реченицата „Бранко е крив“. Е тоа сестро ружичашта е РАЈА.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.