Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можно ли е младите во Македонија да живеат самостојно?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 31 јули 2017.

?

Дали младите во Македонија можат да живеат самостојно?

  1. Да

    81 глас(а)
    32,0%
  2. Не

    180 глас(а)
    71,1%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.084
    Допаѓања:
    134.882
    Јас пишав у бројки, со плата, со кирии со се. Аме ме рипате и не ме читате оти не ви одговара.

    исто било со мајка и со цимери, рече некој кој само на одмор се двои од мајка му...
     
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Пишеше за делење сметки со цимери и дечко, тука се збори за живеење сам. На крај некое време си живеела сама со ќирија од 150 евра и толку. За сметки не напиша, струја, греење, превоз, интернет, телефон, храна...
     
    На cresa-jagoda, Emy867 и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  3. Michelle*

    Michelle* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    838
    Пол:
    Женски
    цело време читам и се воздржувам и морам да ти кажам дека многу си нереална
    во твоите цифри спомнато е ќирија и сметки а кај се тука превоз, јадење, цигари,oблека, излегување,па ќе ти се расипе дел на компјутерот, па ќе пукне некоја цефка, па ред други непланирани трошкови
    и исто е во поглед на сметките со мајка и со цимери те читаме ние тебе но ти не не читаш нас очигледно па во секое мислење мораш да се одбраниш со генерализирање и навреди. Те некој свршувал на черешна, те само на одмор се одвојувал.. а знаеш ли ти вистинска причина зошто само на одмор се одвоил?
    ти си семоќниот јунак, а сите ние слепци кој неможат да се одвојат од гаќите на мама?
    многу МНОГУ грешиш
    секој си има своја цел во животот
     
    На cresa-jagoda, SuperGirl24, Emy867 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.084
    Допаѓања:
    134.882
    Ајде бе, ако ве интересира делот кога 3 и нешто години живеев сама.
    Гарсоњерата е 150 евра.
    1600 денари струја, 300 вода, 1600 парно, 350 станарина. Одев пешки до работа. 550 за телефон.

    Околу 200 евра вкупно.

    Појадок 2000 денари на работа. Се друго беше за мене трошоци, значи од нешто под 30 000 денари, имаш 10000 кои ги трошев како сакав. Најчесто ги штедев, за одмор, за викенд, а кога немаше, не одев никаде

    Луксуз ко цигари нема кај мене, тоа кај богатите :) Автобус не трошев, ретко такси за навечер во сабота ако излезев. Најчесто одев на кафе после работа, и нормално не јадев по ресторани, туку пиев или пиво од 80 или еспресо од 50. И тоа не секогаш. Цевки не ми пукаа, и да пукнеа сопственицити си плаќаа, а компјутер не ми се расипа, а и да се расипел, тогаш го купив за 8000, сигурно нов ќе сум купела.

    Е сеа ќе речете, нема секој 30 000 плата. Немав и јас, затоа имав цимери. Кога ми се качи платата си отидов.
     
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    70 евра отприлика сметки, 35 евра појадок, 150 евра ќирија = 255 евра. Храна немаш ставено, а сепак ти останувале 10 000 (170 евра) што си ги трошела како сакаш. Мене ли не ми оди математика или тебе?
     
    На cresa-jagoda и SexiLy им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.084
    Допаѓања:
    134.882
    Епа ако зимам 500 евра. а трошам 250, колку ми остануваат за јадење? Не сум слон, не заебавај. Кој сам човек 250 евра ги јаде у еден месец?
     
    На Mr.Awesome му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Мислев за 300 евра збориш ти за 30 000 ден си пишела. Таман е, само ова кога ти се качила платата на 500 евра, а за тие под 500 евра како? Само сметки без храна ако е 250 евра, храна најмалку уште 100 евра со готвење дома без излегување, имаш 350 евра отприлика трошок (без превоз) без да настинеш ниту еднаш или патики да ти се скинат, или да излезеш на кафе или вечера или на роденден/свадба да те канат...
     
    На cresa-jagoda, Rebecca_R, SexiLy и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.084
    Допаѓања:
    134.882
    Според мене и со цимери, одвоени од родителите, пак е самостојно. Тој што не живеел со цимер мисли дека е исто. Може, ако цимерката ја гледате како мајка...

    Кога ми беше помала платата и киријата ја делеви сметките. Значи за стан од 150 плаќаш 75, за сметки од 100 еу плаќаш 50. Значи 135 евра, 8000 денари. АКо платата ти е 18 000 значи 300 евра, пак имаш за трошење и јадење.

    Со последната цимерка јас скоро и да не се гледав, јас на 2 места работев, а она сменски, па 2- 3 пати неделно ја гледав.
     
  9. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    Кратко и јасно: можно е, со плата над 30.000 денари (долна граница: 25.000). Препорачлива плата: 40-50 илјади и јаче. Ете. Mystery solved. :D
     
    На cresa-jagoda, YoungandBeautiful, Emy867 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Тој стан од 150 евра кажа претходно дека гарсоњера е. Една соба и за спиење и за јадење и за секс за двете. За такво осамостојување тука мислам дека не се збори.
     
    На cresa-jagoda, SuperGirl24, Rebecca_R и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.084
    Допаѓања:
    134.882
    Не беше тој гарсоњера, после сама бев у гарсоњера. Тој беше со 1 спална, дневна и мала кујна.
    Одвоено спиевме , и не се гледавме. Не си бевме мајки, јас не и готвев, не и чистев, не ја перев, не ме интересираше каде е и кога си иде, ниту па она мене. Тој беше 150 оти не беше у центар и не беше луксузно дотеран.

    Никој не ми викаше, ти мама јадеше денеска?Дај алиштата да пуштам машина, ете ти у кујна манџата.
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    157.422
    Можат.
    Не сакаат.
    Точка.
    Знам и за такви во брак кои живеат сами, па во еден ден воопшто не се самостојни. Се им обезбедија старите и уште чекаат од нив за да они си се шират како сакаат во секаква удобност. И згора под закани ако не биде како сакаат они, еден ден внуците нема да им даваат да ги гледаат.
    Тоа е тој легачки и лигушки материјалистички карактер.
    Сакаш или не сакаш.
    Тоа е прашањето. Се друго е лигавешки со изговори.
     
    На fallenangel, Annath, moonlight-girl.55 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. greenota

    greenota Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2015
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Ако збориме за млади што не студираат и работат, може АМА или да имаат плата накај 20-25 илјади мин. или стан добиен на поклон/купен од некој друг. Кирија да се плаќа, сметки, храна, лични трошоци се многу пари за некој да седи сам. Ако збориме за партнери тогаш е океј до негде и по 250 евра да има секој плата, ќе се искочи на крај.. Јас лично се уште живеам со моите од причина што имам уште малку од факултетов па немам реално услови за да се тргнам:(. Од хонорарни работи тука, стипендија и летно време надвор тргам пари за кога ќе се вработам да имам за кирија првите месеци:clap:, но познавам луѓе кои се по 26-7 години и се во брак а имаат услови („добра“ плата од по 25тина илјади и двајцата) ама си седат во заедница со родители и не ги разбирам:worried:(facepalm)
     
  14. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Еве земи ме мене. :D

    А сега сериозно. Немам такви предрасуди от типо дома зет и слично. Ако дома кај мене немам доволно место (а реално и немам, сигурно со брат ми во иста соба нема да спиеме) би прифатил да одам во куќата кај жената. Но, само ако тоа е привремено. За стално живеење не, не сакам.
    Причината веќе ја спомна и @BlackNight . Мали расправии и слично. Плус си сакам приватност.
    Може ќе ми текне гол да се шетам, а не можам.
    Кога ќе имаме односи со жената да бидам цело време на штрек дали некој ќе влезе (а си влегуваат) или некој ќе ми тропа - не сакам....
    Сè на сè живеењето во заедница има повеќе недостатоци отколку предности, меѓутоа тоа е друга тема. :)
     
    На fallenangel, Kaetana, Rubiii и 2 други им се допаѓа ова.
  15. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    3.336
    Пол:
    Женски
    ^ Па може да те земам, ми треба цимер за делење трошоци хаха
    I agree completely with you.
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Таа плата од 400 или 500 евра е над просекот, што значи дека ти или некој друг со иста плата треба да живеете над просекот. Се радуваш дека си завршил добар факултет, магистрирал, се вработил на добро работно место, добиваш плата колку 3 минимални, успех (треба да) е, а од друга страна си среќен ако ти останат 100 или 150 евра за работи надвор од ќирија, сметки и скромна храна. Една свадба и едно парче облека во месецот и тие ќе ги снема. Не дај Боже цигари да пушиш. Па ако така живее некој со добра плата и добро работно место (самостојно), како ли ќе живеат тие со многу помалку? Не дека не е изводливо, но не е соодветно на позицијата и платата. И тој со 250 евра може да најде соба од 50 евра во некоја куќа пример, за сметки уште 50 да дава, за храна исто со 50 да се снајде (секој втор ден грав и леќа) и него ќе му останат пари. Ама тоа живот нема да е соодветен на трудот што го вложуваш, испод чест е, ама ајде, барем самостоен ќе си.
     
    На fallenangel, Annath, BoaVista и 19 други им се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Пак си замислуваат луѓе дека се во Америка.

    Ако, сонувањето помага човек да не полуди скроз.

    Точно е дека дури и во Македонија секој може со трчање наваму-натаму и со напорна работа, под голем стрес и притисок, да си обезбеди пристојна живеачка, колку да не трпи за леб де пристојна... па и нешто заштеда може да присобере, која секако околу педесеттата година ќе ја даде за лекови.

    Јас живеам сама и знам доволно за да не може никој да ми врти капиталистички филмчиња како трудот се исплати, штом се сака се може и слични искуства од преку барата звана Јадран.
     
    На Daydream, AURUA, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.084
    Допаѓања:
    134.882
    Испод чест? Мене ми е испод чест мајка ми на 30 години да ми ги пере гаќите. Не гледам зошто би се срамела од мои заработени пари да живеам како што ми е убаво.

    Од што да ми е срам? Од тоа што не купувам марка, не пијам коктели у тегло и не носам купечки нокти? Што сама се фенирам, што купувам на попуст? Од кога е тоа срамно?
     
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Не генерализирај дека на сите дома мајка им гаќите им ги пере.
    Тоа што за тебе е убав живот што си се одделила од дома (неперспективен град претпоставувам) и си живеела со цимерки, дечковци и сама покривајќи сметки и најосновно, за тебе е личен успех, ти си задоволна и тоа е ок. Но не треба да го славиме општо како успех, човек на добра позиција и плата не треба со тоа да е задоволен, тешејќи се дека таков му е стилот -скромен и дека ноктите, шминката и парталчињата се вишок, ко да интелектуалци успешни во својата работа на тоа го трошат остатокот од платата. Овие работи треба да ги покрива минималец, па тогаш ќе збориме кој сака а кој не сака да се осамостои. Се додека за скромен, нормален живот ти треба плата над просек, нема што да збориме.
     
    На fallenangel, Annath, BoaVista и 24 други им се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.084
    Допаѓања:
    134.882
    Темата е дали е можно младите да живеат самостојно, јас само преку личен пример покажав дека можат.

    И за мене тоа не е личен успех, повеќе како успех го гледам тоа што сум независна во секоја одлука, од 18 години па и во брак. И што не сум згрешила, ниту во избор на работа или партнер или начин на живеење.

    Тоа што сум се снаоѓала да работам, учам, живеам самостојно, не е огромен успех, нити пак успех ќе ми беде начинот на облекување, марките на патики, козметичарките или шминкерите.

    Нормално е сите различно да го гледаме животот. За некој успех е да е подотеран од другите или да седи у Лофт. За мене едноставно тоа не е живот.

    Ако мислиш дека немам квалитетен живот, тоа е твое мислење. Ме загрижува тоа што младите и покрај тоа што имаат можност, се плашат да се одвојат од дома. Само види ја темата - дали да се оди по веридбата кај вереникот или да се чека свадба, колку само пишале дека мајките не ги пуштиле до свадба.

    Колку само се развеле оти не сакале да живеат пред брак со дечко, па после утврдиле дека имаат лош партнер со кој не си одговараат.

    Мора да се пресече папочната врвца, и тоа е поголема пречка отколку парите. Затоа и се зезав со черешна се од корен корнеше. Оти многу жени прв пат ја напуштаат домата на ден на свадба.

    Иначе јас имав понуда да работам и во родниот град, ја одбив. Веќе со години бев надвор од родната куќа.
     
    На Abeja, moonlight-girl.55, Dust и 2 други им се допаѓа ова.