Немам чисти се брисеви два пати правев, закажав четврток кај Панчевски Систина, тогаш имаше најбрзо термин. Ќе биде добро се надевам гледам позитвно. Мора да биде добро.
Строго мирувај до тогаш и уште нешто без стрес зошто верувај се влијае. Знам дека и ти е стресно и страшно ама пробај што е можно повеќе да си смирена.
Да имам срцебиење и осеќам и она повеќе мрда движи... чекам да дојде сопругот да си ја смирам главата. Фала ви многу на сите, неможам да ве тагирам многу ми значи ❤️
@Ladyme Моја сугестија да се направи консултација со др Панчевски, многу е стручен за оваа проблематика.. да се исклучат предвремени контракции, да се среди инфекција со тоа и тие се смируваат, евентуално и во болнички услови, па потоа да се става серклаж, ако се брза може да е контрапродуктивно..полека и смирено
Така планирам, искрено све ќе му кажам дека ми треба мислење, и да видиме почнав терапија ако ја потврди и неа и да видиме што ќе предложи. Па ќе сумираме во четврток.
Те прочитав и баш ми е жал што поминуваш низ ова. Те советувам да бидеш позитивна и да не се стресираш. Верувам дека ќе се среди. Мирувај најмногу што можеш. Немав скратено грло, ама имав намалена плодова вода и не живеев буквално тие недели дур се породам. Ќе се среди сигурно, ако треба и серклаж направи. Само позитивно и ти испраќам гушки.
Денеска бев за брисеви кај матичниот имало некои нови (5 дена како работел апаратот) во пролеќе, фармафлор ли рече не ме фаќајте за збор све испитувале детално. Мереше цервикс вика 2.2 исто како Ремедика, и вика има инфекција да се мачка со гентијана на два дена и тераме до 40 недела... му викам не ме мачкајте утре имам преглед во Систина кај Панчевски, да го поздравиш да му кажеш што кажал Стамболиев не си за серклаж. И така однесовме брисеви и утре кај Панчевски, терапија да продолжам од Ремедика.
Немам чешање, имам исцедок ама неможам да кажам некоја боја посебна бело-жолта, ставам утрогестан /циклогест цела бременост тие се топат течат по цел ден, кандида имаше пред нова година кога осеќав како стуење некое вагинално и слаѓ рече тогаш па на следните два прегледи немаше ни во ремедика ни кај матичниот и нели терапија за кандида и се среди тој зголемен исцедок брисеви направени после терапија чисти беа ама... не запре имам цело време исцедок. И сега он вагинално додека земаше брис вика слузница е воспалена има инфекција од тоа се скратува . На брисеви сега ќе видиме пак.
И јас имам исцедок бело некогаш и жолтениксво на гаки по капка а брисеви чисти, тоа од бременоста си е зголемено лачење. Баш е загатка ова од што да се воспали слузницата, ти почна со сумамед нели?
Да затоа и не сум паничела читав сите од самата бременост и дополнително прогестеронот имаат исцедок, земам вчера првите две, сега ќе пијам 7 дена. Денеска се качив на 5ти спрат, лифтот не работи во железничар страшна работа. Му викам како да се качам така вика полека. ах држава наша и здраствени домови во распад...
Немој веќе да одиш таму. Качување по скали никако. Продолжи само на приватно … за упати праќај некој да зима ако треба. Мирувај лежи на лева страна и држам среќа се да се смири. Сумамедот ќе даде резултат за инфекцијата сигурно
Тоа му реков на мм, последно се надевам качување, сама ќе се мачкам ако треба не идам више по скали. Ќе биде добро се надевам све ❤️
Со првото се породив 37 +6/7 и беше во инкубатор па на детска вкупно 2 недели... Во Чаир ми го водеа предвремено а на детска дека има бактерија во плуќата (веројатно фатена на пораѓај) Сега сум со второ бремена ,вака по прегледи се е ок ама и со првото така беше. Се плашам да не се случи истото... не знам на што би обрнала внимание за да спречам... секој совет ,искуство ми значи.
Зошто во инкубатор со 38 недели не ти дадоа објаснување?. Царски кога договораат чекаат да влезеш во 38 и ќе те породат. Евнтуално да не одговарало со неделите па тоа да било проблем да не е развиено иначе многу чудно.