Докторкава моја вика со 0.9цм од 31 ва недела со лежење, синчето го родила во 38-39та. без серклаж. Ајде ќе се издржи јас еве лежам од 23та вечност ми се гледа , Веци од старт лежи и уште многу други ќе издржимеее.
Исто, со таа должина и без серклаж се породив дури во 40та недела. Само лежење и соодветна терапија и ќе биде се во ред
Јас лежам од 6та недела од позитивен тест.Со серклаж и грлото се скрати 14мм 25 недела и 3 дена.Сменивме терапија ќе видиме следна недела ако не болнички ќе лежам.Денеска примив 2 доза за зреење.Важно бебе да е здраво за лежењето ке издржиме.Мора да бидеме силни за нашите бебиња и позитивни.
Ајде Веци, биди силна. Ќе издржиш мора за бебче да порасне уштее малку јас 25+2 денеска незнам како е грло мм не е тука четврток дури Докторкава ми е на смена за преглед многу ми е мисла пробувам да тргам мисли.
Ајде и ти само позитивно.Мора да истераме.Онлине си барам за бебе работи и денот поминува .Си се паркирав дневна ММ ми купи надушек од дормео да ми биде поудобно .Е малце е зезнато спиењето со перници и нозете нагоре ама ке издржиме.Само со позитивна мисла.
37мм цервикс ок е за 25+5? Матичната вика ок е, ама ми даде утрогестан вагиналетки и да одам пак на контрола за 2-3 недели. Ми кажа дека грлото било меко. Малку ме збуни, дека вика ок е ама ми даде терапија и порано контрола
Мене ме лечеа од скратен цервикс со истите димензии во 30 недела, грлото се врати на 40мм за на крај во 40 недела не се отворив ич и завршив царски.
Ништо од ова не спомна, само да внимавам да не кревам ништо тешко и да не се заморувам многу. Рече дека од 28ма недела веќе ке почне бебето и понагло да расне и да притиска, па затоа да одам таа недела да ме провери. Советите и се делуваше како да е во ред, ама терапијата и контролата ме збунија
И кај мене беше омекнато во 16 недела кога док ми направи серклаж рече дека е меко грлото.Мислам дека се ќе е добро само пешачи ама не да претеруваш.Може терспијата ти е дадена превентивно нема штета.
Жени,кажете ми 34та недела сум веќе,со скратено прекратено грло последен пат мерено нешто повеќе од 1цм,сега кажете ми дали е нормално да ми го мери грлото и после 34та недела бидејќи нели секое вагинално ехо доаѓа до контакт со грлото?