Моето од почеток тера за 2 недели плус,рана обулација,плус јас и маж ми родени крупни бебиња сега во 34та има 3кг бебе
Не добри вести, грло се скратило 1.4, контракции ги фативме на ехо, има инка, има слаџ пак. Пак антибиотици, лежење до понеделник терапија дупло. Од пон ќе мора изгледа во болница дава предлог докторката да се прими интравенозно магнезиум некој... ах. Бебе поголемо за недела, вода на горна граница... тоа е
Lady во минатата бременост во еден момент ми спомнаа за сумамед интравенозно + магнезиум за поголем ефект прашај и за тоа молимте држам среќа и ти пуштам многу сила
Ајде смирено само.ти спомнале интравенозно магнезиум заради контракции.Дали ти спомнаа за зреење инекции превентивно.Дека јас примив 2 дози.И кај мене денеска леукоцити во урина и крвна слика покачени,ке чекам рез утре од уринолултура а црп се намалило.А пред 10 дена се беше ок.
Немам конкретен совет, ама знам дека во добри раце си.. добри доктори и верувам дека се ке биде добро. Тебе ти останува да се пазиш максимално и позитивни мисли само Ние ти ја пуштаме цела среќа и те чекаме со нови убави вести
Еве идеме со сопругот накај Гак, ќе направат испитување ако има простор ќе ме задржат, да ми спомна и за зреење ама вика рано е Др Афродита, незнам овие од Гак што ќе направат. Др Афродита вика ако те примат на Гак супер барем тројна терапија да примам за слаџот и магнезиум. ќе видиме ајде некако сум исплашена.
Мене Ана Данева на ГАК ми го спомна интравенозно сумамедот минатата бременост кога и реков дека во систина виделе слаџ. Сигурно ќе те хоспитализираат и ќе пуштат одма се да тече. Бори се Lady се молам и за тебе и за твојата бебушка од срце
Смирено само ќе те примат на Гак ми кажаа примаат.Јас чекам Понеделник на контрола Систина ако ми рече болнички ќе се дружиме изгледа на Гак.Смирено и ќе биде во ред .
Сега дојдовме дома.. контракциите на цтг не ги фати а два пати додека лежев се здрви стомаков. Докторот ни прими преку друг доктор тука од Гак пријател наш и ми вика грло исто 1.4, касно за серклаж и нема да смени искрено, слаџ не гледа што не значи дека нема инфекција кај прворотка без абортуси без операци грло не се крати без причина или лошо земени брисеви или лошо направени тука на државно итн... Ако сакаш ќе те примам, а мислам дека можеш дома терапијава или ја би идел на др место, овде само инфекции ќе закачиш и сега да зрееме е рано, исто ми рече др Во ремедика... така да дојдов дома терапија зедов и чекаме до понеделник. Др ми рече ако сметам во пон ако можеш да се сместиш барем 48 ч во ремедика да ти пуштам магнезиум интравенозно. Тоа девојки..
Во Систина ставаат подоцна серклаж и во 27-28нед. Отиди си за мислење. Тука читав дека Панчевски го фалат за тоа. Мн среќа и здраво бебче.
Кај мене па кога измери 14мм грло одма ја викна сестрата да ме боцне за зреење секој док различно.Да побезбедно е дома да си лежиш да не закачиш нешто друго ама што со оваа инфекција.Само смирено знам дека е тешко ама мора да мислиш позитивно и дека се ќе биде добро.Крени ги нозете на перница јас користам 2 перници.И само до тоалет ми рекоа да намалам и со туширање не секој ден .Јади во кревет ,избегавај седење.Ајде мора да издржиме барем до 1 мај
Бев Еми кај Панчевски он измери грло 2.7 - 2.9, ми прекина сумамед, вика не само да лежиш и некако нормално тоа ми е подраго да го слушнам...другиве 2.2 тогаш во таа недела измерија и препорачаа сумамед и се најдов на средина лежев ама и си станував за храна, да се избањам, кафе да направам тако звано се опуштив малку и еве после 10 дена од преглед се скрати уште грлото... и др на гак и др во ремедика вика ако ја поставам вака јас сондата доаѓа поголемо ама не е реално има инка и 1.4 е ...сега само лежење, тројна терапија и не серклаж затоа што нема да смени јасно ми е.. ако треба понеделник ќе се сместам Ремедика на 48 ч за магнезиум...
Незнам Веци двајцата рекоа рано е за зреење, вика овој од гак, да зрееме и после три недели пак да зрееме! ? и таков вика нема сигурно да те породиме во 28 недела... ми препорача и он мг интравенозно 48ч исто како во ремедика ама таму да го правам не на гак .. одолжува вика контракции ќе ја опушти матка и нема да има наредни недела и нешто притисок на грлото... да почекаме барем да влезеш во 30 недела па да зрееме. Др Афродита вика не се препорачува зреење пред 28-29 недела... може да се издржи до тогаш па ако треба ќе дадеме.
Пази се само и сепак, пак види со некоја членка од оваа тема за серклаж, кој доктор, кога, како... И види за но спа таблетите, ако не ти ги дале, ги релаксираат мускулите на репродуктивниот систем и спречуваат контракции.
Најубаво оди си кај Док што најмногу му веруваш.Јас одам само во Систина и се он ми правеше и серклаж,и брисеви и знае се.Кај мене може док сака на сигурно дека предходната бременост ми пукна водењакот во 20 недела и може затоа ми даде зреење.Планот беше за 27 недела ама ги даде порано.Тоа е некад патот не е така лесен ама барем да заврши со убаво.И јас се надевам барем Понеделник ќе ми кажат дека е ок засега оди дома лежи си.
Да затоа, останува по тоа што се договоривме со Др Афродита. Ме подржи за Гак да отидам со намера да ме примат за магнезиумот да го добијам интравенозно , да не плаќам приватно. Ама и докторов на Гак ми пристапи вика како на близок човек ми даде совет и се понуди вика доаѓај ако сакаш ќе те следам редовно како се движи грло, не ти треба ни упат ни ништо. Фала им на сите... се смирив дома сум, пиев терапија све и лежам. Понеделник ќе идам во Ремедика ќе видиме ако треба ќе ме хоспитализираат на 48 ч. Здравје ќе биде ќе издржиме, да знаат овие деца што мајки имаат хаха борбени ❤️