Не можам да ти пишам порака. Не знам кој доктор те прегледал на ГАК, ако можеш да го побараш Ќаев. Цел гак сакаше да ме пораѓа итно во 34та, само Ќаев рече не и ме изгура до 38ма да се породам, здраво право, терминско бебе. Верувај препосветен доктор е, и ќе се обиде највеќе што може да те изгура во сигурна недела. Ти испраќам гушки, и верувам дека ќе биде се добро и дека ќе изгурате со женската до крај. Не знам како гледаат па не гледаат слаџ, ама очигледно е дека има и дека прекинот на антибиотик направил беља. Затоа ако можеш, побарај го Ќаев, нема да згрешиш.
Помина 10 дена од последна контрола кога ми го измери грлото 1.3 денес на контрола грлото затворено и е 1.7,тераме понатаму
Фала Феникс најмногу ❤️, ќе пробам да исконтактираме и со него. Идеме све со намера да се издржи најдолго што може, др Афродита вика јас целам 37 недела, и ако иде све како што треба ќе успееме.
Денес бев отидена кај него на контрола, но не беше дојден на работа. Ми рекоа вторник од 9 е во амбуланта 37. Евентуално претходно ако го фатиш на дежурство, ако се погоди дежурен до тогаш..
Истото имам да кажам за докторот. Пред 3 год кога бев трудна со син ми сите доктори викаа ќе го родам во 22ра недела и ќе го изгубам бебето само он се ангажираше и истерав скоро до 39та недела.
Јас лежам како на првата слика.Така ми рече док во Систина.Само повисоки се перниците нозете ми се погоре.Првиот ден ми беше неудобно послем се навикнав.
Да се трпи така, дека ми рекоа под задникот, крстот.. некако не ми е згодно ради кичмата имам проблем искривување... Ајде ќе видиме како ќе е вака. Иначе Веци имаш контракции некакви осеќаш некое здрвување на стомакот? Денеска еве два пати осетив баш доле кај мочниот меур тука во пределот како здрвување затегнување и се прошири накај папукот и после омекна
Не ми се здрвува стомакот.Приметувам одкако ќе јадам малце ми е потежок потешко се вртам.Кај мене денеска на уринокултура испадна Enterococcus 100 000 а пред 10 дена чисто беше и урина и брисеви.Па пак антибиотик. Ќе видиме сега Понеделник што ќе кажат дали мора болнички.
Завршив со преглед, грло 19- 20мм од лежењето и терапијата се зголемило малку. Сега четврток пак на преглед. Продолжувам со терапија. Бебе беше со главче на само грло и проба да размрда, ама не се гледаше слаџ. Само вика продолжи терапија и ќе видиме како ќе иде. Диазепам 2 мг ми рече два вечери вика смири се и одспиј.. затоа и е мн вознемирена и толку е активна денеска дека си заморна.
Да и викам докторке јас спремна дојдов со ранче, вика иди си дома мирно е вака.. понатака кога ќе се заврши до терапија да видиме дека е чисто нема слаџ, да биде како опција магнезиумот. И така сега да испијам све апчињата и да пробам да поспијам. убав е денот уживај.
Баш ми е мило, сепак терапијата си го прави своето. Сега одмарај, опушти се и само позитивно. Ќе се среди ќе видиш.
Женски јас од денеска сум во болница.Грло не постои ,водењакот до конецот .Бебе е супер 1кг одговара за 27 недела.Па сега да видиме до кога како што ќе издржиме не се знае.Јас сум дури изненадена дека не паничам ама тоа е .Само позитива и да задржиме бебе што подолго во меше.
Мило ми е, одмарај, позитивна мисла и се ќе биде ок Со лесно и со убаво да поминеш.. пуштам среќа се да биде ок Известувајте двете како ќе се одвива се, имате тука голема поддршка
Веци во систина те задржаа? Ти се восхитувам на смиреноста… дај боже да издржите и двајцата и што повеќе да остане дечкото внатре