Ајде Веции, чим си хоспитализирана, бебе е зреено. Издржи колку можеш максимум. Ти праќам позитивна мисла и сила ❤️
Фала ти ќе биде мора да издржиме.Ајде и ти одмарај и опуштено само.Видов грлото ти се покачило супер е тоа баш ме израдува.
Ќе издржите како нема,позитивна мисла само мила.Ти пишува една личност која е родена во седми месец 950 грама а сега има 32 години Што вие ќе терате уште многу сигурно а веќе сте и безбедни
Не сум Систина.Гинекологот го прашав од Систина да лежам тука , он ми кажа нема потреба од тоа.На Гак е негата ок и за табе и бебе.Дека Систина реално е многу пари самиот доктор ми кажа.Сега сум на Гак кај Док Аддела Стефанија сум.Докторката е супер ме искара само зашто не сум фарбана јас со бела коса и дојдов дека дома лежев кога на фризер.За сега е ок.
Женски да ве известам јас се породив.Моето момче бонбонче за сега е ок 1кг оценка му дадоа од 10/6.Го водат 7месечно .Сега да издржиме и останеме позитивни големи да пораснеме.
Ајдее Честитки Веци да е здраво и живо синчето ❤️ ќе биде све добро, биди и ти јака да му дадеш сила. На време ти дадоа зреење, процениле добро све тоа е најважно.
Нека е живо и здраво и среќно Веци ❤️ Многу бебиња се родени во 7 месец па дури и поздрави се од оние во 9ти месец родени. Секоја чест за позитивната енергија и стабилноста што ја имаш, верувам дека и тоа ја почувствувало и ќе се избори за себе.
Честитки мама да е жив и здрав и да порасне голем убав и умен дечко! Од срце ти посакувам мн сила за наредниот период, ама не не заборавај и нас тука ти пуштам гушки безброј
Фала Бабу само со позитивна мисла и ќе биде се во ред.На сите ви посакувам да си истерате безбедно до крај со бебушките и да имате лесен пораѓај како мојот .Не ве заборавам тука сум ќе бидам со вас и ќе ве известувам.Да помине визита и ќе ме однесат да го видиме со ММ.Инаку на Гак првпат лежам не сум доаѓала ни на контроли.Болнички сум задоволна сега засега доаѓаат сестри док помагаат.Ако ви треба друга информацоја кажете.
Само како инфо На фб има група со мајки кои имаат предвреме родени бебиња Многу инфо и од таму ке добиеш Организација на мајки на предвремено родени деца
Честитки женска, да сте живи и здрави. Ти испраќам гушки. Известувај не како сте. Има една сестра Лиле, ми го направи престојот на ГАК уште поубав. Ете ако ти треба за разговор и поддршка, побарај ја.
Фала ти за сега добра сум.Јас сум позитивна личност за сега сум ок се држам.Сестрите и докторките се супер на интензивна кај што е бебе.Ми рекоа мора да сум позитивна бебе осеќа кога сум таму да му зборам ,пеам .Денеска 3 пати го видов бебе викаат немирко е прета само со раце и нозе, ги отвори очињата денеска кога му зборев,за сега е стабилен.
Се ќе биде добро мајка, бебе е борец како мама. Само да ти кажам, 1300 се роди бебе на една познаничка во 30та. Девојчето моментално е 7 години, женска права. Да ја видиш нема да речеш дека е 7ми месец родена. Машала па и буцка е. Остани така позитивна, се ќе биде добро.