Ти ја знам историјата и среќна сум што имаш здраво и живо бебенце. Да ве чува Господ и понатаму. Честитам од срце
Ме пуштија дома денеска утре 27ма нед, грло се опушти. Магнезум течење два ноќи и два дена по 1грам на час и сега на анализите 0.8 вредноста од 0.7- 1.1 на јонизиран магнезиум во крв. Значи троши тело мн од контракции и ова што пиеме е смешка. Сега дома треба да пијам 1200мг дневно па што се апсорбира се апсорбира. Денов е бомба убав ☀️☀️ Среќен 8ми март и бидете ми добри сите.
Девојки.. само што се вратив од контрола. Грлото е 2см, 28+3 сум. Последниот преглед пред 3 недели грлото беше 3,2см. Докторката ми рече строго мирување, станување само до тоалет. Утре ке одам повторно за да ми земе брисеви и уринокултура. Во паника сум….
Не. Ништо. Утрогестан ставам од 22ра недела, ми рече да продолжам со тоа и четврток да видиме резултати од брис и уринокултура. Претпоставував дека по резултатите ке ми даде терапија
Само смирено повеќе ќе одмараш .Напрај си ги анализите и ако има нешто ќе ти даде терапија.Напрај си и Црп кај мене брисеви беа чисти и уринокултура а Црп покачено па примав антибиотик.
Ива еве и јас сум на таа граница, мирувај само, јас мислам циклогест ти е подобра опција, сабајле ставам утрогестан навечер циклогест и на клиника и во ремедика исто ми рекоа тоа е доволно, магнезиум еве 1200мг дневно, но спа по 3x2 пијам ферона по две. Некако го одржаваме. Контракции има некакви?
Немам контракции. Се мислам дали да одам сега во Ремедика или да почекам до четврток со резултатите од брис, уринокултура и црп. Ама се смирив малку и веројатно ке почекам до четврток, до тогаш ке мирувам и не одам на работа. Читав искуства тука, па ми дадоа надеж дека ке биде ок
Почекај за брисеви, терапија све земаш, слободно појачај магнезиум тоа све и мирувај. Со брисевите ќе види дали треба антибиотик или не.
Јас бев дури и хоспитализирана и имам примено за зреење на бели дробови со грло 1.3цм последно во 34та недела,на ГАК веќе во 35та несакаа ни да ми го мерат грлото и рекоа слободно движење еве и чистам и шетам и ја терам 37ма недела.
Аман женски што стана сите со скратен цервикс после 26/7ма и мене сега полека ме фаќа страв нареден преглед ми е за 2недели тек во 28ма недела. Лежи @Iva.T и магнезиум и циклогест обавезно ти пуштам убава енергија за тебе и бебе