Девојки и јас да се пријавам, со добри вести фала богу. Во 12та недела цервикс ми беше 3.1 цм. Сега во 16та 3.7 се зголемил. Не сум се пазела нешто многу. Терапија примав утрогестан сабајле, циклогест навечер. Ферона сабајле и навечер и магнезиум 2 х 400. @Iva.T не се грижи прошлата бременост лежев од 20та до 34та недела , во 38+6 се породив.Од 28ма више цервикс 1.4 ми беше. Провери брисеви ако треба терапија , мирување и ќе издржиш.
Добри сме.За сега сме стабилни.Пие млекце,јас одам по 2 пати дневно се молзам .Само да продолжиме така и да качиме килажа.Од интензивна ги пуштаат бебињата кога ќе имаат 1800 до 2000гр и се да е ок .
Денес бев за брисеви и пак ми мереше грло. Денес 2,6см.. реално ли е за еден ден да има толку разлика? Освен лежење ништо поразлично не правев од вообичаено.
@Ladyme дали ти спомнаа инекции за зреење тебе? Денес Котларова ми рече ке следиме, најверојатно 30та недела ке треба да примам инекции.
Па Др Афродита не е за инекции додека не дојде на последно, вика сакам да издржиме максимално, зреење може да сс стави ако дојде да се скрати ептен доволни ни се 8часа да се узрее дете. Ми се смири маткава немам како тогаш контракции. Грло да кажам можам дека стагнира милиметар плус минус. Бев на Гак вчера докторкава Симеонова вика ај да те сместам да ставиме зреење. И викам ај не докторке ќе дојдам пак во петок да ме видите. Некако мислам дека ќе можам да издржам.. незнам. Ти почна антибиотик?
Не, не ми дадоа антибиотик. Чекам утре резлутати од брис и уринокултура, па понеделник здравје пак на контрола. Моментално, покрај основни витамини за трудници, пијам ферона х2, но спа х3, магнезиум х2 и утрогестан вагинално х2. Котларова вика засега сум покриена со терапија, да ги видиме прво резултатите. Само трет ден како лежам, веќе досадно ми стана.
Мислам дека за зреење инекциите потребно е да помине 24часа од примената инекција за да почнат да делуваат.Така ми имаа кажано.Мислам дека не е доволно 8часа Провери си пак со докторот.Јас ги примив кога грлото ми беше 14мм.
Да Веци ги читав, пред неколку дена. Ама сака да каже дека ефектот вика најдобар е после 72ч до недела ама и за 8-12ч од дејството има добар ефект. Сигурно имаат искуство.
Да, она ме прегледуваше. Претпоставува дека е инфекција некоја, ама ке видиме утре. Инекциите ги спомна како опција, здравје ако нема подобрување за 10тина дена на следен преглед (30та недела ке бидам тогаш).