Aјде не се нервирај.Таму ќе лежиш и терапија ќе примаш и ќе се зголеми грлото нема да се малтертираш на 4 денови на контрола .Пиши ми ако ти треба нешто слободно јас одам по два пати во денот.
Не се грижи под надзор си во сигурни раце. Ќе примиш зреење и више нема страшно. Сигурна сум дека ќе издржиш до 36та а може и повише. Мене ми беше 1.4 во 28исто.Не ме хоспитализираа ама после зреењето више не ми ни мереа грло од 30та натака. Со лежење до 34, а после се движев истерав до 38+6. Само позитивно , се ќе биде добро
Во сигурни раце си верувам. Се ке биде добро! Ја исчитав цела тема тука, има толку многу позитивни приказни, искуства. Само со позитивна мисла и верба, се ке биде добро! Известувај не
Ете на контрола демек, и ме сместија.. примив една инекција зреење, магнезиум примам и така... ќе биде добро , смешки сум тие ме боцкаат неможе да најде вена, јас со дечко еден на тел за теписите да ми ги земат за перење тој пред стан дошол..
Смирено мила,колку пати се случуваше знаеш па пак се стабилизираше,полека мисли позитивно само ќе биде се во ред
Офф, не се секирај се ќе биде добро. Знај дека од инекциите движењата на бебето помалку ќе ги осеќаш. Поспани се, да не се плашиш.
И ја со лежење до 35та исто бев и на Паталошко и зреење и од 35та абе немам легнато освен за спиење и по скали и чистење и се и еве сум 37ма полна терам 38ма и ме вратија од контрола пак дома сеуште не сум за пораѓај Така да чувај се ама повеќе % сме ние што сме истерале до крај.
Пак биди си релаксирана и со позитивна мисла, се ќе биде во ред. Ќе примиш инекции за зреење и јас сум сигурна дека ќе турните 36+
Денеска мирно, ни жени, ни доктори, две сестри ко да ги нема. Ме утепа досада, среќа имам една цимерка со близначиња и она со краток цервикс. Проблем слабо спијам од 4 сабајле сум будна... Се надевам утре да ме пуштат. Надвор незнам како е времево ваљда врнежливо
ќе издржиш некако ајде чим се подобрува работа утре дома стискаме палци @Iva.T како си ти? кога си на контрола?
Може и од инекциите што ги прими за зреење да не ти се спие.И јас не спиев од нив 2 дена како несоница имав и многу жешко ми беше цело време со врата отворена од тераса.На интензивна е подобро да ви е мирно .Ајде биди силна дали има подобрување со грлото.
Незнам, од прием не го мереле, ќе видам утре како ќе биде. Да и сабајле тоновите беа пониски малку, како успано бебче од зреењето изгледа. Да тешко мн кога не се спие незнам што со себе. Денеска имам благи менструални болки. Примам три дена антибиотик линдацин, никој не ми кажа зошто. Се здробив антибиотици... и пробиотик пијам стомакот партал. Како е синчето? Добри сте?
Линдацин и јас примав дека леукоцитите качени послем пораѓај.Да бебе ќе ти биде помирно од зреењето нема да биде како предходно ама не му штетат тие инекции на бебе.Бебе е добро денеска ја надмина родилната килажа .За сега е стабилен јаде млекце тоа е најважно.Еве сега ке одам да се молзам.
Антибиотиков да не е за слаџот? Иначе денес нема да те прегледа никој, жив петел нема викенди. Утре тек сабајле. И спреми се за преглед со рака. Мене ме прегледаа со рака тогаш. Иначе јас тогаш си пуштав нетфликс си гледав на телефон, мене продолжен викенд ме фати пукнав од досада тогаш.
Па ми рече не гледа слаџ на ехо, само крв ми зедоа од тоа едино викам дане нешто. Незнам едвај чекам да идам дома. Леле не збори за преглед со рака. Ќе им спомнам од старт.. ајде уште тоа ли ми фали.
Иста недела бев првиот пат кога лежев, и ме прегледаа. Ај може ќе избегнеш, дека кратко грло. Ја и маж ми го отеков тогаш цел ден на глава му се качив од пишување. Епа може и нешто покачено во крвта, црп прегледале сигурно, заради тоа примаш.
Мојот беше ми донесе храна му поплакав, дома е работат со таткому собите ги мачкаат поликолор да се освежат. Да е спремно за бебче