Јас сум сигурна дека ќе изгураш минимум 36та. Мислам и више дека ќе тераш. Верувам во тоа, верувај и ти.
Добра сум. Лежам, одмарам колку што можам. Резултатите од брис и уринокултура се чисти, утре црп ке видиме. Сабајле сум на контрола, се надевам дека ке има подобрување. Одвреме на време си плачам по малку, од толку слободно време мозокот е 300 на саат.. па и хормони, емотивна на се.. Хаос..
Мене прегледот со рака не ме болеше,само не е пријатно.Ајде ти држан среќа денеска се да е како што треба
Девојки.. јас се вратив од контрола, кај мене има подобрување. Сега грлото е 2,8см. Продолжувам со иста терапија и мирување, па за една недела повторно на контрола. Само убави новости да пишуваме сите
Веци од вчера имам доста контракции и некоја болка ниско, па денеска мереа грло 1.8 беше, ама докторката вика да примам атосибан да се смири матката и ме остави да лежам уште некој ден. Немав вагинален преглед, Симеонова вика никако нема потреба кај неа. Чудно ми е незнам како мерат иста килажа ми кажа од вторникот дури.. на различни апарати, различни луѓе... ваљда нема потреба и за тоа да се секирам.
Не се секирај, не е толку веродостојно, ехото. Грлово се качило малку, така? Кој недела стигна? 29+ си така?
Да Феникс, денеска сум 29+1, малку 4мм се подобрило грлото. Сега само за контракциите и болката решија атосибан да ми дадат ме задржат.
Јас примав атосибан во Систина кога ми правеа серклаж превентивно дека се работело во матката ако прими нема штета.Ако мислиш на килажа на бебето мене понеделникот наутро Систина м го измерија 1012 гр,гак го измерија 960 се роди 930.Така да не се секирај различен апарат различно мерат.Еве и сега кога го мерат на интензивна секој ден некад качува некад стагнира некад симнал 10 до 20грама нормално е какаат ,мочкаат и плус електронски вагите кога се точни кога не се.Важно бебе да е ок кг ќе се качат.
Ќе се издржи, уште некој ден тука. Има едно девојче више месец е тука со скратен цервикс а 21ва нед, ох викам неможам да се жалам, да сум среќна само што има терапија и нега.
Те читам некое време Сакам да те гушнам и да ти кажам да стиснеш заби оти знам дека ке стигнеш бар до 34гн Јас од 33 гн бев 2см отворена грло немаше па се породив 16дена над краен термин со провокација
@Ladyme како си ? Ти кажаа ли нешто за инекциите за зреење ке треба пак да се прима? Мислам дека те прочитав дека имаше доста читано за нив, од која недела најрано ги стават и како одлучуваат колку дози ? Дали ти кажаа нешто докторите? Јас ја почнав 26та и неможам да додржам за преглед, наредна недела сум. Со пернициве под газ се измачив значи хаос. Денеска толку се извртев у креветов да најдам позиција страшно... се осеќам како да сум била на работа толку уморно и истрошено.. никако не ми е згодно, секако ме боли како и да се свртам. И сеа на мисла ми дојдоа инекциите. докторката рече секако царски ајде тоа во ред него и дека ке ме спремаат за порано( мислеше на инекциите ).
Не Најс уште сум во болница, незнам кога ќе ме пуштат примам атосибан и антибиотик. Едвај чекам да идам дома.. утре 6ти ден овде
Ајде без гајле ќе те пуштат за некој ден важно добри да сте, ќе има само позитивна мисла ќе биде се во ред
Осеќам хаос во главата денеска ги замолив за контrлна крвна слика и хемостаза да ме пуштат утре, ми се смирија контракции. Не ми се седи само за антибиотик можам и дома. Стига крвна слика леукоцити 18000 зголемени... ддмери 11000. Хаос и пак нов антибиотик а хемостазата никој не ја искоментира сега со другарот што е на мм ја виде, се шокирав. Му пишав на Јани дали со овие ддмери јас со еден клексан треба да бидам. Немам коментар.
11000???? Жено ти не за два јас со 1600 ддимери после бременост, примав 0.6 клексан. Тој и според килажа е, ама wow. Не те боцкаа додека си таму?
1 od 0.4 значи јас незнам филозофија... толку ме земаат некако здраво за готово не сум за операција не сум со притисок и толку претрчуваат покрај креветот. Нервоза почна да ме јаде, денеска самарџиски го прашувам вика ок иди дома ако сакаш, ама викам дали можам, дали мислите дека е ок бебе и све остало. и се смее и вика ок ќе примаш дома терапија. Незнам ми се плаче