Жал ми е душо биди силна знам колку е тешко ама верувај дека Господ ќе ти даде живо и здраво бебенце нема откажувања те гушкам
Мајче ете така требало да биде знаеш на Господ било помило Стисни заби преброди го овој период тежок исплачи се тагувај некој разумен период но после стани изправи се дигни глава и напред низ животот со нова радост да те благослови дедо Боже шо ти кажаа причина поради која се породи предвреме?
Период кој сакам побрзо да го исфрлам од мислите.. Причината е најверојатно бактерија ешерихијата, ама сепак резултати за месец дена ќе има за точната причина бидејќи се се случи во рок од 4 часа и болки и се.. ќе видиме Ти благодарам, за година дена се надевам ќе има радост
Леле најлесно и е изгледа се од ешерихија да ги раѓаме... душо несакам да те потцеќам знам сакаш побрзо да заборавиш и да тераш напред ама никако не се оставај така...така и мене ми викаа од инфекцијата за на крај да испадне од три хематома позади на постелка ја притискале се одлепила и дошло до пролапс на водењак и се случи што се случи...сеа сум од почетокот покриена со терапија и ете терам 8ми месец...што поскоро да чујам убави вести
И кај мене се спомнува нешто и со постелката па затоа ги очекуваме резултатите за да знајме од што точно се случи..сега за сега испитувам се чистам па контроли..знаеш се понатаму. А сакам да те прашам после колку време ја имаш оваа прекрасна вест за овие 8 месеци? Со лесно да поминиш до крај Господ здравје да ви дава, па да чекаме мекици
Здраво, сакам да прашам дали имал некој слично искуство како мојов случај? 29+0 сум а треба 30+1, стомачето касни 2 недели, доплер добар цело време од почеток, на постелка неколку лакуни, примав клексан месец ипол по еден на ден а веќе 15 дена примам по 2 на ден, плус аспирин. Ситуација е иста нема подобрување. Денес по пладне треба да примам инекции за зреење и можно задржување на патолошка. Се надевам да издржиме до 35/36 но некако целава ситуација ми е стресна.
После 3 месеца...добив две менструации веќе трета немав одма ми рекоа да останам пак дека се мачевме 3ипол год. Не верував од еднш да фати ама ете Господ е голем ти посакувaм и тебе поскоро полно меше гушкиии
Кај мене беа 3 менстиации и 4та немаше одма фати. Сите велат дека ако не си чекал многу после абортус одма фаќало исто и другарка после 2 менструации одма остана бремена.
Хихи суперр .. Ти благодарам за убавите зборови, јас си реков да прашам оти нас ни кажаја демек да почекаме барем 6 месеци да поминат.. Супер Оти нас ни кажаја 6 месеци да почекаме барем, зато и си реков да си прашам поарно тука оти се видело од докторите
Жалам за загубата, и искрено се надевам дека наскоро ќе бидеш благословена со живо и здраво бебенце. Ама мој совет ти е детално да испитате се' за ова воопшто да не се повтори.
Ти благодарам за зборовите. Дада најпрвин месец дена и фазла имам повеќе испитувања па ако е се во ред дај боже продолжуваме Ти благодарам срцко
Majche probaj da mislish pozitivno i jas pominuvav niz vakvo nesto vo 29ta nedela za na kraj da ja iznosam do 40,3 nedeli so provokacia se rodi