Значи итно на трансфузиолог, превисокии, прее. Нешто ги качува, мора соодветна терапија. Не се саглам, не знам бе како вака ти се погоди, што ќе беа таму. Ама и леукоцитите, упорно се качуваат.
Јани му пишав пишал да се зголеми терапија ама нека ме исконтактираат утре, зарем јас треба да барам . Од два часот се резултатите дојдени и никој не ги погледнува. Неколку пати спомнав и за леукоцитите и само сменија антибиотик . Сега нема живо пиле да помине.
Знам не е утеха, ама мене после бременост на контрола за хемостаза во државна лабораторија ми ги извадија димерите скоро 17.000. Кога го фатив листот во раце, само си помислив - јас ќе умрам... Па после на приватно проверка околу 750 беа. Затоа, постои веројатност да не се точни, ама ти сега нема како да провериш на друго место. Иначе да, на Гак воопшто не се замараат со хемостази и времиња, не знам кој им кажа така Последните 3м од бременост примав по 1 клексан од 0.4 и од кога стапнав на Гак за пораѓај па се до испуштање, устата пена ми фати да ми ги проверат, за дали уште да примам клексан или не... Не брате, не знам на колку луѓе реков, никој со прст не мрдна. По испис, на своја рака се контролирав
Незнам ќе ме мрднат... сега на мм му плачев, многу сум под стрес овде. Као проаѓаат на визита, да ме плукнеш ако. знаат историја само потпишува цтг, и сестрата чита терапија она ја препишува. И викам на Камилоска сабајле може хемостаза и ддмери, зошто вика.. па викам високи беа, да знам колку да примам дома.. а зошто примаше по два ми вика и викам мутации на лејден 5. ок вика. и пиша. А 6 дена поминува и зборат специјализантиве мислам од едно им влага од др излага. Симеонова само ја гледам памти историја и што како кој пациент. другиве проформе. Да не побарав што ќе биде.
Повеќе денови си, затоа се нашол некој во сето време. Мене на 3от ден ме пуштија и иако цело време баев да ми проверат, тоа не се случи. На патолошка тие неколку саати и на пораѓај ми се погоди супер екипа, стварно супер поминав, ама после се друго... Така ме испуштија, ниту епизиотомија ми проверија, ни ништо. Со канила на рака можев да си заминам, ако не се повратев по сестрата да ми ја извади.
Бидејќи бевме во иста соба,не ми е јасно дали само мене ми е тоа впечаток или самарџиски само се замара со жената што треба маж и да дојде да се договорат,со огромен притисок и на итен царски ни еднаш не дојде до мојот кревет да ме погледне..
Читам и не ми се верува зарем толку не се замараат на ГАК зошто? и после како да имаш доверба во државно ??? @Ladyme изгледа ти ако не си ги збркаш работите таму тешко дека не се потакнува некој друг... барај го Јани утре и провери уште еднаш крвна слика па ако можеш и на приватно
И јас имам искуство со лаб грешка, грешно разредување и димери исто 11000. Не се плаши, на крај краева и да е точен рез со два клексани ќе се средат, но провери точност прво. Јас додека се потврдив со два клексани бев. Авицена боцкаат и дома. Те гушкам силно!
Те молам смири се. Не ти треба дополнително стрес на се што ти се случува. Ќе биде добро и се ова ќе биде само еден лош спомен.
Aх бе мила се намачи ти,јас вчера правев испитување на ддимери моите 1500 во 22 недела мене по 1 од 0.4,твоиве 1100 или 11 000 ? Многу се за еден ваљда,но ако викаат така дека треба не се плаши.
Сега смири се.Јас дека сум со тромбофилија золва ми рече на секој кој и да дојде ќе му кажуваш дека си имала тромб со епилептичен напад.И да видиш на секоја визита јас тоа го кажував со извештајот од док Нинослав каде ми се спомнати сите генетски муации,тромб,дека епилепсија и се.И ми правеа контроли на хемостаза и ме боцкаа по 2 клексани.Јас послем пораѓај цел ден не сакаат да ме боцнат со клексан а знам дека треба и следниот ден и кажувам на док кога дојде на визита и вика зашто не е запишано во картонот викам јас кажав. И одма ми направија хемостаза и јас и го дадов бројот од док Нинослав и се слушнаа и почнаа да ме боцкаат. Димерите ми беа 6000.Ама твоите се високи.Спомни одма на док утре на визита и тука пред тебе да се слушнат со Јани да одредат терапија.Јас колку што знам на високи ддимери се прави контролна анализа.Ајде смирено и мора да бидеш упорна и само така функционира таму.
Дури сега стигнувам денес да ве отворам и да ве прочитам сите Lady што стана, реши да рушиш рекорди ти! Оф бе мила нема што не искуси последниов месец … од грло од димери од контракции … оваа твоја женска од сега бурна. Јас би дала совет да свикаш по сестри по доктори … да осетат дека си исплашена, не да се смириш туку да те видат изреволтирана за да се стрчаат. Сабајле рано дигни узбуна уште пред визита за да знае докторот што ќе помине дека ќе има работа со тебе. Високи се, Јани мислам дека одма би препишал два, да се види можда и два од 0.6 за ваков случај. Ти пуштам многу среќа, ноќта е за спиење, однори го системот на мисли и секако сабајле праќај абери што ќе кажат
Регуларен преглед кај др. Котларова 28 недела, бебе понапредно за неделата,се е одлично но грлото е 2.0 Др рече дека секако грлото ќе мора да се крати. Јас имам и превентивен серклаж заради полипот кој го имав. Докторката ми препорача мирување/лежење, 2x1утерогестан,2x1токо релакс форте и за две недели инекции за превентивно зреење. Побарав сега ама дека немам никакви болки, инсистира во 30 недела. Се исплашив многу, од друга страна имам чувство дека ќе издржам барем до 36 недела.
Од овде што ја имам читано докторката навистина сите ја фалат па сигурно проценила дека тогаш е најдобро да се примат инекциите. Со терапија си покриена само гледај одмарај си за да си бидеш на сигурно. Не се наведнувај, напрегај и ке си биде во ред За инекциите на колку растојание ти рече ке ги примиш? Јас наредна недела сум на контрола и тогаш најверојатно ке договорам за кога да се примат
Јас и ти сме тука негде во денови разлика со бебушките, во среда сум на контрола јас да мериме цервикс последно пред 4недели беше 4,4цм ама нормално е да почне да се крати вероватно. Ти секако си лежиш продолжи си дома си. Се ќе биде ок
Кај мене беше 3.2 Др. ми рече дека не сум многу за лежење и јас си се раздвижував. Се плашам, можеби требаше сега да ги примам инекциите, да не ризикувам.
Док најдобро знае ти одмарај повеќе јас ги примив инекциите кога грлто беше14мм.Мислам дека ти е добро грлото и серклаж имаш.Така да без стрес