Не се секирај и серклажот држи и веќе сме во поголеми недели. Има ли причина зошто што покасно ги одложуваат инекцииве кај сите иако гледаат кратење на грло нагло? Мора да има нешто што не го знаеме околу тој сегмент …
Мислам дека смета дека сега немам ризик од породување и ќе ги даде за џабе. Вика да имаше болки и сега ќе ги дадеме ама вака со мирување да се издржи уште две недели и после. Пошто и инекциите имаат траење и кога би се породила после 30 ако ги удрат сега ќе треба пак( пошто за породување пред 37 мислам мора зреење)
Ме исплаши тоа дека ако сум имала болки дека сега ќе ми даделе зреење. Мада и верувам многу на др. Симонида, а и си верувам на телово и на паметов никогаш до сега ме немаат изневерено Ама вајда ми треба ден два да си создадам рутина и се навикнам Пошто јас не почувствував искрено болки кога грлото се кратело. Мада пред некој ден се движев многу и почувствував од еднаш како тежина во стомакот. Сабајлето ја снема тежината. Мислам од тогаш ми се скратило грлото
Да и тежината на плодот го крати грлото.И јас немав болки кога се кратеше грлото лежев цело време.Не се плаши имаш серклаж.Само не се наведнувај и не стој подолго време и ќе боде се ок.Да супер што и веруваш на док ,и јас му верував на мојот док.И да дојде до порано породување не е страшно со примени инекции ,еве моето бебе супер е така само да си продолжи.Денеска се кенгуриравме за првпат и беше возбудливо
Јас утре сум 30та, денеска мирна матка, како денов сме сите жени тука. @Baby Girl123 терапија ти даде антибиотик нешто или само мирување?
Само мирување и за две недели да одам да ми дадат зреење. Јас во паника ниту прашав од што се крати, ништо. Ама вајда докторката ќе приметела ако имам пак слаѓ или некоја инфекција. Ниту брисеви не ми препорача да направам. Многу се плашам,дали од страв сега го чувствѕвам стомакот потежок Се мислам и јас на ГАК да отидам ама др не рече дека сум за хоспитализација Во еден момент викам се ќе биде добро во друг момент ми се плаче
Стомакот ни е потежок од неделиве и мене исто.. ма да високо ми е, не ја носам ниско. Незнам што да кажам.. мене мн брзо ми варираше грлово.. контракции имав и на цтг ги фативме (може и тоа едно да ти направи да види зошто ти е тежок) и терапии пиев. А да ја слушнеш вторник да и предложиш магнезиум да примиш една доза, ќе го опушти стомакот, грлото ќе се врати барем 4-5 мм .. Не платив многу мислам 7000-7500 од ден беше. Не ме примаа на гак со тоа грло знаете пишував.. сега ако имаш некој може и ќе те примат да не плаќаш ваму. Види не седи дома да се нервираш и мислиш. Јас еве контактирам нон стоп до Др од ремедика, она ми предложи за овде зошто таму неможам прво да дозволам толку да седам а друго нема да ме породат ако дојде нешто пред 34та. Др Котларова е мн разбрана жена кажи и дека имаш грижа и страв и сакаш да превземеш нешто.
И јас баш мислев за магнезиумот. Ама дека таа ништо не ми спомна за тоа викам може не треба. А вака дома лежејќи ми е страв пак да не се крати грлото. Контракции може само на цтг да се видат? И тоа ме чуди што не направивме проверка. Не знам што да кажам и што да правам. Маж ми има доктор на Гак- познаник. Се мислам да му се јавиме па да направи преглед и тој. Може ќе каже нешто. Во шах мат позиција сум. Треба да лежам а да одам да барам друго мислење треба да се движам
Прво ти препорачувам да се смириш, не ти треба дополнително паника сега. Второ др. Котларова е една од подобрите доктори во државава, сигурно нема да те остави така ако постои некој ризик. Ќе те пратела на цтг, и се што е потребно ако мислела. Така да не се секирај. Грлото е оке со оглед на тоа што имаш серклаж. Опушти се и одмарај максимално, сигурна сум дека не е никаков проблем.
Истото мислење го имам за докторката. Не би ме оставилатака ако мисли дека има ризик. Од друга страна ми е страв додека лежам да не се крати дополнително Мислам кај мене не е од инфекција. Мене сите доктори ми викаа дека не сум за лежење и јас претходната недела бев доста активна. Мислам дека се движев едно два часа и тогаш почувствував како тежина во стомакот која дури утредента помина. Мене цервиксот ми е 3.5 од 16 недела. Што е најинтересно толку се опуштив изминатиов месец и уживав во бременоста и сега ова А не сум човек кој може мирно да седи и да чека што ќе се случи. Му пишавме на др на Гак да направиме преглед и кај него ако смета дека треба и ако има некој ризик
Сега се слушнав со др. Трајковски од Њу Борн вика да ги примам инекциите. Кај него правев ивф, успеа од прва. Не знам што да правам
Мене ми кажа Док дека инекциите немаат никаква штета за плодот.Ама мислам дека ти со многу док се консултираш најди еден док кој ќе му веруваш и ќе ти тера бременост.Ако веруваш на Док во ремедика а ти е во мисла грлото барај почести контроли наместо на две недели отиди на преглед за една недела само смирено.
Смета дека не сум за чести контроли др Симонида. Контрола ми е дури за 3 недели а инекциите за две недели( притоа мислам не би правеле контрола) Имам веќе и благи болки во цервиксот- ми вика дека ми е ид страв. Се плашам да не дојде до предвремено породување без инекциите. Најмногу верувам на др Владимир ама тој е ивф и ништо во овој случај не може да помогне А сега др. Симонида ми пиша да одам на ГАК па да видат тие. Ух искрено премногу сум исплашена.
Може се потпира на серклажот, затоа, но еве кај Веци беше друг случајот, кај мене еве е друг, мислам сите сме различни. Но је стварај паника и јас кога мислам имам болки вака така цервиксот е во боље стање него кога немав болка. А ако сакаш мислење иди на Гак и овде секој е со свој памет, кочоски ми вика иди дома дојди за 10 дена, Симеонова одма сакаше со 18 цервикс вика качи се зреење.. и јас го одложив три ден сама од страв и мене ми вика за после 30та во ремедика.
Мислам дека серклажот го држи грлото затворено но ако почне процесот ништо не помага. Одлучив да терам по ставот на др Симонида. Може и од самиот страв да е, може и од што лежам. Пошто вчера пред преглед можев и да трчам. Евентуално ако се засилат болките ќе одам на гак Инаку, за да отидам на гак дали ми треба упат? Цела бременост ја терам по приватниве клиники и поима немам како треба. Треба матичен да ми даде упат или директно на ургентен можам да идам?
Не ти треба ништо, доле има дежурна амбуланта и креираат сами.,прават цтг, све. Ајде уживај во продолжен викенд, лежи одмарај.
Пак читам и пак не разбирам ако се боцнат инекцииве за зреење во 28ма недела и белите дробови созреат каква е целта да се чека во неизвесност до 30та па после ако бебе реши да седи до 36та супер ако не сме спречиле еден куп компликации не е вака едноставно како мене што ми иде паметов? Или нешто пропуштам во инфо
Ако нема потреба, не треба да се стават. Има многу што примаат и порано, ама тоа е случаи каде што мора. Мене во 34та кога сакаа да ме пораѓаат, рекоа нема потреба од инекциите, зашто го мереа бебето 3кг. Ама има и случаи, каде што се породиле во 38ма па имало респираторен дистрес бебето, зашто ете не созреале уште како што треба белите дробови. Викаат дека се што е пред 38ма треба да примат, зависно од мерките на бебето.