Мислам дека имаат рок до кога им е ефикасност. И пр ќе де удрат порано ама дојде до породување во подоцна недела ( која не е безбедна) ефикасноста веќе поминала. Мислам дека од тоа се плашат Заради тоа бараат оптимално време кога да сд удрат
Е како ќе созреат беливе дробови па после пак нема да се зрели затоа викам имаме некое инфо што не го знаеме измеѓу изгледа
Така прочитав некаде ама и мене не ми беше јасно тоа, како би созреале па после не. Др не ми даде ниедно објаснување зошто не во 28 недела. Рече дека преферираат да се удрат во 30 почеток на 31 недела. И јас сум збунета. Ама ако така смета, вајда има некоја причина.
И исто не ми е јасно ова со скратувањето на цервикс кај малтене секоја втора трудница? Цел живот сум активна, внимавам на исхрана. Прва бременост ми е без претходни негативни искуства и сл. Ајде кај мене имаше полип може тој го намалил цервиксот ама кај другите?
Инфекции амниотски.. еве до мене едно девојче од Куманово.. 25 нед пукнат водењак, незнае што и се десило.. вика све ок, ништо болки.. ваљда или не и видел слаџ некој или незнам што.. она вика се било ок и сега е отворена 3 прста и нормално незнае ништо плаче и ставија зреење и викам не плачи ама вика како без вода и викам да нема вода ќе има болки и контракции не е истечена чекаат да поминат барем 24 часа од зреењето, те следат... и прашува дали вака може да остане недела две и докторов и вика ај пукни ќесе дали ќе може да се сошие. Ама ако издржиме 3ден макс и да те породиме да не фати бебе инфекција.. ако остане подолго 50-50% е дали ќе преживее. Незнам искрено мн жени млади со скратени грла и овде на гак и на фемина... не верував ни јас читав мн уште од 16та недела викав нее јас неможе ова да ми се деси никогаш сум немала проблем ама ете... колку пазев пиев читав контроли контроли... тоа е што викаат ако тргнало да се отвара се отвара.
@Ladyme Jас со едно прашање, кој е дежурен доктор денеска утре имаш ли информација? Осеќам болка ниско како бодежи еве веќе два три саати... да знам на кај да фаќам дали систина или државна да одам
Денеска Камилоска само ја гледам. Утре незнам да не те лажам, вчера беше Кочоски. Ако имаш мака дојди ќе те видат овде.
Според моето истражување за инекциите за зреење,знам дека одкако ќе те боцнат дејството е по 24часа и трае 10дена.Док ја одредува дозата според опасноста за предвремено породување и која недела од бременост.Послем тие 10 дена ако не дојде до породување пак те боцкаат ако си испод 34 недела .На ехо док гледа дали има потреба по 34 недела ама тоа е најчесто кај близнаци.Инаку кг немаат врска еве на интензивна има неколку бебиња по2 до 3кг кои се на кислородна подршка.Најмногу штета има од инфекции кај поголемите бебиња.Затоа Бабу гирл смирено некад и стресот влијае ама ако ти е цело време на мисла појди до гак барем ќе се смириш.
Колку можам се трудам да не се плашам. Ама од крв и месо сум не можам да бидам смирена, а во ризик да ми е тоа што најмногу на цел свет го сакам. Ама гледам да се смирам. И јас некаде го прочитав ова за инекциите. Дека не е за цело време. Ќе видам од наредната недела. Ми е страв да не се погодат некои специјализанти само да ме поисплашат. Пошто многу ми е 3 недели да чекам. Мада др. Котларова е упорна да лежам примам терапија и да не се плашам.
Вторник доаѓаат Самарџиски, Симеонова од Пин, другиве сите се тука сигурно после продолжен викенд. Ако мислиш еден преглед ќе побараш и готово. Сега нема паника за два дена, немој да си правиш.
Фала на инфо за докторите. Ќе се потрудам да не мислам на тоа, Само вчера ми дојде како шок и ми треба време малку да се навикнам на ситуацијата. А и хормониве, де ми се плаче, де се смеам викам се ќе е ок. Ама по природа сум паничар и кога се контролирам само собирам во себе.
Леукоцитите 16000 толку се спуштиле... од 18000, Сега пак пиша антибиотик, е добро викам како вака. Епа така вика Докторкава. Јас незнам дојдов со 12.500 леукоцити, што нормално е кај трудници да се покачени, и опнаа антибиотик еден друг трет имунитет нула, и сега како да се спуштат. Љута сум на себе што дојдов искрено. Грлото е исто, незнам ни тоа зреење дали требаше сега незнам ништо. Само многу сум нервозна.
Јас само што излегов од ГАК. Од страв отидов да не мислам. Серклаж држи. Грлото го мереа околу 2 цм. Де 2.14 де 2.04 Болки немав ама искрено кажав дека имам за да ме прегледаат. Црг не регистрираше болки. Беа многу фини. Ми препорачаа за секој случај да ме хоспитализираат за да примам зреење ама одлучив да ја слушам др. Котларова да ги примам после 30 недела. Имав некаков густ слуз ама тоа е од вагиналетата утерогестан. Ја имав ставено пред 2 часа. Ми рекоа брисеви да направам за секој случај. Инаку рекоа минималниот слаѓ си стои, а др Котларова во два прегледа рече дека е чисто. Одлучив Котларова да ја слушам. За слаџот на ГАК ми рекоа минимален е не треба амтобиотик. Главата сега ми е уште поголем хаос Ама ќе лежам и ќе чекам 30 недела. Ќе ја замолам котларова ако треба уште еднаш да пијам сумамед
Кај тебе искочи цел месец со триста антибиотици а леукоцитиве качени уште толку … со што се бори организмот баш ми е чудно. А црп имаа нарачано да видат?
Котларова што вика за слаџот? Тој не треба ич да го има … реално затоа е и антибиотикот ако од една доза уште стои вероватно ќе препише втора
И пишав - чекам да види. Пред 3 дена таа не виде слаѓ. Сега ме прегледуваа специјализанти. Не знам што да кажам
Zdravo, i jas da vi pridruzam,da vi dadam podrshka na site i da vi posakam site da si docekame bezbedna nedela. Jas sum 30+3 gn, so 1.4 cervix so pesar cirklaz (silikonski prsten). Pozdrav do site i samo hrabro
crp 1.5 ниско е, незнам читам може од стрес да се качат, може и од шеќери, многу работи. Ништо не осеќам посебно да речам. Ама можеа барем брисеви и уринокултура кога дојдов да проверат после лаб, ако 13 леукоцити им биле причина за лендацин одма да ми дадат.. немав земано антибиотик може недела ипол ќе покажало нешто, сега ништо отруена од антибиотици.
На се ми одговори др. Котларова освен на тоа што ми рекоа минимален слаџ. Упорно пак и пишав. На ГАК кога им реков ве молам дајте ми антобиотик за слаџот.. рекоа ама многу минимален е. Дури не пишале дека имам слаџ на извештај… Леле или јас сум преголем паничар или докторове не го земаат слаѓот како нешто сериозно…
Сега се слушнавме со др. Ми препиша антибиотик. Со таа доза терав два месеца без да мрдне грлото. Дај Боже и сега така да биде пошто уште 8 недели да издржи бебе да не излегува после слободно може кога сака