Искрено подобро прими уште антибиотик отколку да го мислиш и јас така размислувам. Само внимавај на твојот имунитет пробиотици обавезно јогурт пробиотски и се друго си знаеш ајде женски уште некоја недела и на safe side ќе сме па помалце ќе се плашиме
И јас тоа викам. Читам дека ако слаџот е минимален може да се повлече сам од себе. Ама треба многу јак имунитет за тоа. А во бременост јак имунитет е тешка работа. Да, да пијам и јогурт и пробиотик секој ден. Здравје Боже сите да си дочекаме безбедна недела и во оваа група веќе никој да нема потреба да пишува
Замислувам како ќе пишуваме летово во тема бебе … нејке да спие … нејке да цица …. Зошто плаче ај побрзо да ни поминат некако магично неделиве наредни само
Девојки јас си дојдов дома нема посреќен човек од мене денеска. цтг беше мирно, грло 17мм, бебе супер, еее сега вода повеќе и изгледа по све таму што јадев неможев да пазам, мм беше растргнат работа болница сеа сум на строга диета за шеќерот и јас неколку пати прашав леукоцитите може и од гест. дијабет да се качуваат, не бев само за антибиотик ама тоа е тоа.. добив шок а негатив пишале од трансфузиологија, а јас сегде пишана А позитив од возачка испитувано. Сега шок 30+2 матичниот вика утре пак проверка па ако треба инекција да се прими. Така само дома си е дома од владо јанески
Леле леле ова со крвнава група е тотално ненормално сеа дома те замислувам легната на твој кревет уживааааш ајде све да си биде супер сега
Лејди те пратам и баш се израдував сега Уживај дома ќе те чуваат блиските, више си во безбедна недела со една нога. Се изнамачивте и ти и бебка. Ќе биде добро, јас со тоа грло од истата недела издржав до 38+6. После 34та почнав и да се движам по малку, и више не ми ни мереа грло. Прими си зреење и одмарај уште малку зошто после нема одмор.. Сигурна сум дека ќе истерате до крај... А сега више крајот се гледа
Драго ми е за тебе Пола саат вчера бев на ГАК и доволно видов. А пак 4-5 дена ама тоа е. Битно помогнал престојот таму. За диетата, ти препорачувам топла вода( млака) и стисни или исцеди лимон и на гладно секое сабајле. Ова ти го кажува човек кој се дави во благо а шеќерот кога не бев бремена ми беше 3.6 во бременост 3.9( секако сега внимавам да јадам здраво , ама пак јадам доста овошје)
Дома Лејди Ептен ме израдува! Околу шеќеров, кај мене не го качува благото ама тестенини, теста и слично знае да покаже. Мој совет: цедени сокови/смути и мед никако, тестенини, тесто и благо после јадење на салати и протеини. Не треба најстрога диета. За благово со неколку членки сме пишувале и сме мереле со апаратче дома и заклучокот е дека не го крева толку. Види како ќе биде кај тебе.
Ја утре ќе правам гестациски 28ма сум на крај више сма не стигнсв порано, на гладно 4.9 ми е, си каснувам благичко и искрено нејкам ни да помислам дека нема да биде утре ок оггт тестот зошто си сакам и тестенини и благо ама што се мора не е тешко баш ќе ви пишам што ќе искочи
Да денеска јадев само домат краставица и пиперка салата со малку сирење и парче тонус леб. Сега покасно ќе видам нешто. Зкг сум качила во болница две недели што лежев. Сега малку се осеќам и отечено. Фала Кејт на советите ❤️
Да Бејби планирам да внимавам може и малку ќе намалам и килажа. Се осеќам надуено. Иначе точно 10 дена на Гак и 3во ремедика месецов рачунај две недели во болница поминаа. Важно помина нека расте бебче да издржиме уште малку.
Се надевам Ена, поминаа 4 недели, сега ми е цел наредните 4 да ги поминам. Зреење еднаш примив па ќе видиме за понатака ако треба пак. ❤️
Ептен се радувам за тебе. Сега уживај дома, се ќе биде во ред! Јас утре сум на трансфузиологија за крва група и кај мене на сите документи сум А+ , да се замисли човек што прават
Како мислиш цедени сокови/смути никако да не се пие ако се има гестациски дијабет? Значи само вода ни останува за пиење.
Овошните шеќери многу влијаат кога се во таа цедена форма. Се препорачува цело овошје да изедеш, всушност внесот на влакната од овошјето нема да дозволат шеќерот да се качи. Препорачано е поголем осврт на малини, капини, бобичасто овошје со низок гликемиски индекс. Органичување на банани, портокали… Плус, при јадење овошје, најдобро е да го консумираш во умерени количини, во комбинација со протеини или масти (на пр. со јаткасти плодови или јогурт), за уште подобра стабилизација на шеќерот.
Мене од возачката не ми признаа крвна слика.Имав од Систина ама касно ја донесоа и ме боцнаа ама испадна иста крвна група.Како можеле до толку да утнат кај тебе.Ајде сега релах дома ,уживај и да издржиш што подолго .Јас на моево бебе му викам прво ме излежи скоро 7 месеци а сега ме раздвижи цел ден сум натака навака