Ме ставија на цтг ама како што претпостсвувсше др немам кинтракции За брисеви др вика немам знак на инфекција. А и пред 3 дена завршив со сумамед за слаѓот кој е минимален и од 22 де го има де го нема и брисеви сега нема да се валидни Се мислам слаѓот да не прави проблем ама од 22 до 30 до сега партал од грлово ќе направел И Котларова и во Систина др вика минимален е не е проблем за грлото. Ама сепак пиев сумамед 500 6 дена и полигинакс 7 вечери. Полигинаксот исто без брис ми го дадоа како превентива пошто до сега на брис само еднаш сум имала минимална форма на кандида и тоа во 2018. Од тогаш се чисто( иако не можам да речам дека секој месец ми земале брис) ама покрај инвитрово ма 6 месеци брисеви правев се чисти. 16 недела беа чисти На уринарен статус имав бактерии во урина а на уринокултура чисто Не знам што може да ги дава тие бактерии во урина ама јас се сомневам на уринарна. Мада урино култура правев и на државно и на приватно.
2 x 400 цитрат и плус тоцо релакс Немам 1200 мг пиено Од колку ти се врати на 40? Кај мене е 17 мм не верувам до 40 би дошло. 35 ми беше уште во 14 недела
Одлично ќе се опуштиш, ќе се среди ќе го качи нивото на мг во крв и тоа е битно, после дома е полесно кога ќе пиеш а има основа во крв. ❤️
Дај Боже. Др Котларова вика дека не сум многу за магнезиум.ова повеќе самоиницијативно. Таа е за една доза ама ќе видиме утре.се што е во наши раце да се направи, па од тука оставам и во раце на Господ и тој да помогне
Тоа е правиме све што можеме еве и јас гледаш, а Кочоски ми рече првиот пат кога ме виде и нозе да зслепиш на таванот и да лежиш кога ќе реши да се отвори ќе се отвори.. и еве сега чекам колку ќе ми даде време телото примам пак магнезиум атосибан. Тоа е се помирив ❤️ ни прва ни последна во оваа ситуација само све да заврши најдобро. Да шетаме летово бебиња, све ми е испрано испеглано избришано, мајка, сестра, мм све средиле колку сум среќен човек.
@Ladyme ти ми си херој ,една храбра жена ,мајка Не сакав да те означам да не те замарам ама сега после ова мислење сакам да ти дадам поддршка и љубов иако ја имаш. Ќе си се гушкате најсилно
И јас го мислам тоа. Ама па ако реши да стои и со 1.2 се тераат месеци. Колку можеме се да нсправиме па може и Господ ќе помогне. Ќе си рече чекај бе на таа упорност да им помогнам и јас… Сега лежам во соба, сама сум и времево никако не поминува а инфузијав не да ме боли… ама си викам подобро јас по болници да одм сега кога на неа и е убаво во меше, отколку таа. Јас ништо не сум спремна, мм се враќа деновиве од Швајцарија, мајка ми и брат ми ќе помогнат се. Свекрва ми исто. За ден два ќе средиме се. Се договоривме со малава, уште најмалку еден месец во меше па после кога сака нека повели. До тогаш мама и тато ќе средат се. Ти веќе си скоро во 8ми месец, не е страшно. Јас верувам дека се во животов си има причина. И за ова има некоја. А и девојчиња носиме. Ќе издржат и тие и се ќе биде добро
Фала многу, многу ми значи кога ќе ми пишете, партали ми се вениве и рацеве со лева тешко ми иде пишување сега сум во таа фаза. ❤️ бидете сите добро жени сме све ќе издржиме.
Јас со 1.4 од 29та недела па на крај со итен царски во 37+ @Ladyme ми беше цимерка во соба иако се дознавме одкако мене со бебе ме преместија више у соба Верувајте во нашите борци,да ве потсетам спијте зошо ве чекаат непроспиени ноќи,мене така ми викаа ја не ги слушав ама вие мене слушајте ме
Ми давате надеж кога ќе прочитам вакво нешто. Јас се надевам барем 34 да ја стигнеме, па и 36 нема да е лошо.Ама ќе биде како треба да биде. Едвај ги чекам тие ноќи, само да си ја земам во раце да ми е жива здрава и среќна. Ќе се навикнам на неспиење
На Now, е сега дали од 200 пиев 3х2 или од 400 3х1 не ми текнува. Знам само цитрат дека беше. Ама кратко две три недели, иначе 2х400. Не, онака ти споделувам искуство со магнезиумот, секој случај е посебен. Мене така ми препишаа. Иначе грлото тогаш почна во 30та недела да се крати, ама и го осеќав ко тежина и тегнење, 29-30мм беше и со појачана терапија и лежење за 3 недели се врати на 40. И после завршив царски што од оваа гледна точка си велам можда така природно оди процесот, не знам, нивна работа е да не водат не наша. Иначе нема правило ништо, имам другарка од 30 недела отворена 2-3 прста до 37ма изгура, се породи природно, жив здрав бебуш, девојка е веќе.
Девојки после колку време од примање на инекции за зреење Фостерон бебињата беа активни? Јас една доза примив овој четврток и една во петок. Денеска сме сабота. Ја чувствувам ама не премногу често и не и се толку силни ударите. Дали имам место за паника?
Не, нема место за паника. Исто и јас како тебе го осеќав син ми со не мн.силни удари и поретко од вообичаено
А после колку време се врати во нормала? Пошто мојава е доста активна посебно ако се свртам на десна страна, се буни. И клоцка а сега само како истегнување чувствувам. Немам силни удари. Дали треба да бројам пр 20 удари да има во 2 часа?
Послем 3-4дена кај мене.Имаше удари и тогаш ама послабо и понежно.Нормално е не се секирај.Касни нешто благо и ќе го осетиш.Ајде опуштено бес стрес.
Кај мене сега повеќе е како истегање. Ама прочитав после 24 - 48 ч треба да биде поактивна. Ако не ќе отидам до матичен да направиме цтг и ехо.
По 2-3 дена од примање на втората инекција се врати во нормала. Не, не ми кажаа да бројам и се си беше ок. Не се грижи се ќе биде добро