Pozitivna misla i miruvanje , jas teram so 1.8 od 21 nedela , sega sum 33 +0 i sum so 1.4. Knigi, filmovi i serii i kje si dojde 9 mesec dodeka trepnes
Девојки, 26та недела сум и грлото на матката ми е 3.5 цм. Докторот ми даде дабростон. Во мисла ми е дали е во ред да биде 3.5 во 26та недела?
Мене ми беше 3.2 уште во 15 недела,па еве функционирам нормално исто и јас сум сега 26 недела ми нема мерено скоро докторпт колку е
Дали ти се јавуваат болки во стомакот, пример кога седиш и кога ќе станиш да осетиш како грч или болка?
Да знаат да ми се појават грчеви,инаку неможам да седам многу имам болки и во срамната коска,ме оптега некогаш околу препоните,и така на станување знае да фати грч но се е нормално не се плаши
А ти се случува да ти се стврдни стомакот и по некое време опушти? Извини, јас те нападнав со прашања
Даа и тоа е нормално почнуваат од овие недели лажни контракции,баш на станување знае да се стврдни така и после некое време пушта.
Добро девојки-ме интересира дали на секој преглед ви го мерат грлото на матката?И како ви го мерат-вагинално ли? Тука во Австралија имаш три скрининзи- од кои на првиот скрининг не се сеќавам дали го коментираат грлото но мислам во извештајот немаше напишано ништо за грлото на матката ,така да на вториот скрининг - ми констатираа и во извештајот ми пишуваше и плус докторката ми кажа за време на скринингот дека грлото е долго и затворено- тоа беше 20-21 недела и толку. Сега дури во 34 недела на третиот скрининг на кој сум за 2 недели пак ќе ме видат- во меѓувреме ништо. Имате ли некои симптоми тие што ви е отворено или како? Поздрав
Не, само на прв/втор скрининг и потоа на мое барање на трет дека тој период во претходната бременост почна да се крати. Ова за вагинално мерење, а иначе си следат и абдоминално до трет триместар отприлика, после потешко се гледа грлото со абдоминална сонда.
Мојот матичен ни еднаш не ми има спомнато за мерење грло. Вагинален преглед до кај 11та недела имав, освен сега абдоминално ако го мери, ама не ми има ништо кажано. Три пати сум појдена и кај приватен, таму два пати ми мереше.
Женски кои ви беа симптоми на скратен цервикс? И дали е нормално од време на време да имам како тежина на долу ниско? 19та недела сум. Втора бременост ми е ама не се сеќавам на се од првата
Мене ми правеа серклаж во 16та недела поради скратено грло, не знам точно колку ми беше ама немав никакви симптоми
Здраво Ива, мислам имаше и некоја друга членка пишано пред некој ден ама некако слабо сум активна деновие и празници и све ни се собра. Добро сум уште со раната се бафтам не ми е баш зарасната еве денеска 11 ден од царски уште дренира тече крв. Користам спрејеви сменив два. Ме фатија празници и денеска бев на контрола и ми ја стискаше некако и со шприц внатре ја чистеа во делот што не е затворен скроз. Бебе ми е супер, исклучена е од све, само температура што одржаваат во инкубатор и чекаме да стигне 34+ недела и да поминат некои испитувања за очи слух и ќе не пуштат наредна недела. Некако едвај чекам. Со Веци се гледаме таму секој ден
Мило ми е што се тече како што треба Уште малку и двете ке си ги земете бебињата дома и ке уживате целосно во мајчинството Храби мајки
Фала ти што мислиш на нас.Добри сме растеме.Сега да качиме уште малце кг и да поминеме контроли следен месец ќе не пуштат.И така да почнам да се спремам по дома .