Еве јас, 23 недела 2.8 грло плус фанелинг и слаџ. Втор пат поминувам низ ова. Прошлата бременост со терапии и строго лежење истерав до 38+6. Сега се трудам да одмарам колку можам ама имам мало дете па потешко ми иде. Инаку според мене 3 и не е баш загрижувачки ако немаш ете како јас дополнителни компликации. Докторите под 2.5 го сметаат за скратен. Сепак чувај се колку можеш. Се надевам ќе истераме до безбедна недела и двете
Јас имав во првата бременост 21 или 22 недела 3.0. Ставав утрогестан до 34та. Се породив 37 рамно, но не мирував воопшто цела бременост.
Bez grizi ne e tolku strashno , jas sum od 21 nedela so 1.9 cervix i eve denes sum 36 nedela, odmaraj i miruvaj. Pozdrav i se najubavo
Женски јас да се јавам од контрола , затворено грло 33мм тераме накај 25 недела. Се надевам вака ќе си останува докторката не изгледа загрижено . Женската е добро 750грама е веќе
Девојки, денес примив флостерон заради заостанување во раст на едното близначе, еднојајчани се, на почеток на 30та недела сме. Утре уште една доза. За колку време се постигнува зреење на бели дробови со инекциите? Која недела би било безбедно да немаат потреба од кислород?
Здраво на сите, дали некоја имала ниша или isthmocele на матката од претходен царски. Јас сум 23 недели бремена и докторот вика може матката со оваа ниша да пукне пред време. Ми вика само да не креваш тешко и тоа е тоа. Доколку има некој вакво искуство ве молам за мислење и совет.
Мислам дека инекциите делуваат послем 24часа во следните 10 дена.Сите бебиња на гак ако се пораѓаш таму првите часови ги ставаат на кислородна подршка.Поголемите ги ставаат на неинвазивна кислороддна пидршка Цпап маска ,ама пак зависи од состојбата на бебето.
Здраво девојки, скоро 34 полна влегувам во 35, отворена прст - два. Има некоја што издржала две недели со вакво грло?
Направија ли цтг? Јас и ти сме тука иста недела јас наредна недела сум на прво цтг и да видиме како е ситуација. Ти со двечки секако поранко ќе биде што рече докторот да мируваш или да движиш нормално?
Направија мила, почнавме порано со цтг дека 2, покажа болки, имав и преглед со рака и така виде дека процесот веќе почнал. Ми дадоа магнезиум венски и некои други инфузии, цтг покажуваше мирно дека е и ме пуштија дома ама со престрого мирување.
Немој да се загрижуваш ајде веќе за една недела влагаме во 9ти, се ќе биде добро. Колку може повеќе да си останат внатре подобро ама нема паника веќе се safe weeks да си ги гушнеме уште малку
Девојки има ли некоја искуство да се породила во Систина предвреме а бебето да е преместено на клиника поради подолг престој во инкубатор?
Имам некаде по темиве читано дека може, инаку е многу скапо, пак со близнаци изгор, 1000 евра од ден.
Помалце се осеќа бебето послем инекциите.Јас дали еднаш или два пати во денот.Касни нешто благо.Кај мене бебе секад реагираше на сладолед
Еве успеав со гласна музика моите реагираат на гласни звуци. Колку време е вака дури да се нормализираат со движења?