Кога ќе ми текне на инекциите и после тоа кои паники ми беа. Читаш нормално е да не движи ама џабе во глава триста филмови Секој ден мислам одев на цтг, на крај докторот ми рече ај на прием порано и така имав закажан царски. Нормално е инаку, јас искрено стварно слабо ја чувствував после втората доза.
Да,да на крај се беше супер. Природно ја родив. Во 29 нед примив една доза инекции за зреење После тоа уште една. Бебе самостално си дишеше одма беше во инкубатор 12 дена само заради топлина и ради килажа пошто се роди 1800 .
Ти благодарам голема да расте! Тоа сакав да прашам, дали беше во инкубатор, некако ме плаши тој момент… едно родив во 35 ама немаше потреба од инкубатор, 10/10 се роди со 3300гр. Џинче! Ама сега ова малечко го мерат, на последната контрола 1900 едвај, а мене и 35та сега ми се гледа далеку, којзнае дали ќе издржиме.
Нека не те плаши инкубаторот ич. Подобро во него топлина си имаат. Нас апгар ни беше 7/8/8 со 1780 грама. Другото се си беше уредно чекавме само на килажа да крене затоа што последните недели во бременоста почна да заостанува во раст и веќе 34 недела беше крајниот исход да ја родам веќе бев отворена 6 прсти. Немој да се секираш они се најголеми борци сега еве ја машала девојка од 18 месеци ги има стигнато и нејзините врсници си расте и развива нај нормално.
Девојки ме е ме хоспитализираа на ГаК. 24та недела сум.Грло 1цм со фанелинг и слаџ. Контракции цтг покажа само една јас не осеќам болки ама имам често стврднувања. @Ladyme мила знам дека ти лежеше тука. Во која недела лежеше и како ти беше грлото? Колку време те држеа ? Ако не ти е мака сподели искуство да ме утешиш. Пробав да ти пишам порака не ми дава. Од една страна викам добро е , штом сум тука на сигурно сум ќе ми даваат терапија. Од друга страна ужасно многу ми фали ќерка ми, прв пат сме разделени за спиење Неможам да се смирам цел ден сум уплакана. Држете среќа да истераме до 28ма барем ... Оф а како далеку ми се гледа еден месец..
Ох Ена јас со детево се оправам сега гледам, ќе ти пишам јас па слободно пиши кога сакаш. Јас прво бев Ремедика со 1.3 ме сместија само со магнезиум интравенозно се врати на 2.1, и додјов дома тоа беше 26+4 мислам кога ме сместија. После некако дома со магнезиум носпа ферона го одржував варираше 1.4-1.7-2.1 и све беше со инка мислам да ме утеши до макс го мереше. Првиот пат 28+4 ме примија на Пин со 1.3 и инка имаше, немав некои големи контракции ама ми стави зреење, магнезиум, антибиотик.. и од стрес таму што викаш плачи нервирај се почна да се качуваат леукоцитите, па контракции се зголемија и почнаа атосибан, па антибиотици уште. Останав точно 13 дена таму. Ме пуштија на мое барање со 1.8 грло . Дома продолжив терапија и на 31+2 за нецела недела од кога ме пуштија на контрола отворена 3прсти. Дома осетив само ептен благи менстуални болки напред и во кичма. Пак ме хоспитализираа, ставија зреење и атосибан, магнезиум демек да се даде на време. Ама беше бебе тахикардично и итен царски ме породија. Да ти кажам, смири душа знам не е сеедно посебно што дома те чека едно дете, ама мислам многу си го оборив имунитетот од нервози таму, со тоа леукоцитите и почнаа многу јаки контракции од зголемените леукоцити. Ми дадоа на време колку и да е со терапијата да порасне ова бебче. Сега ќе ти дадат терапија, секоја жена. е различна. Имаше девојче тука на пин 4 недели од 21ва ја чуваа прв пат кога дојдов, после кога дојдов све на све после 3 недели пак кога ме породија она уште беше таму. стигнала 29та недела Грло и се смирило, и ставиле серклаж и таму остана јас кога заминав. Друга беше месец дена таму, отворена 3 прсти и остана јас кога заминав. Значи ништо не е репер све е инвидуално. Каде си на Пин или доле на патолошка?
Исто јас Ремедика отидов на контрола, и Др Афродита мереше 1.2 цм и вика ова е за хоспитализација оди на ГАк директно. Овдека долу на приемно тројца специјализанти. Неможат да се договорат кој да ме гледа , исплашени. Мислам рака му се тресеше на овој дур ме гледаше со тоа спектумот или како и да се вика. Видоа све дојде една докторка Данева беше мислам Вика ок не си отворена , ние што да ти правиме тука ? Па викам ми рекоа да ме хоспитализираа. Среќа дежурен докторот што ме пораѓаше со првото му се кажав па ме примија на ПИН. И еве примам 3 Вида антибиотик и магнезиум. Значи според твоето искуство сепак може да се подзголеми цервиксот ? И јас имам фанелинг и тоа е загрижувачко. Оф само да се исчисти ова слаџот и да ме пуштат да си лежам дома барем другово дете да си го гледам. А што е тоа атосибан , ми рекоа рано е за тоа , и рано е за зреење.. Ајде дај боже и ние како вас да издржиме барем 28 па зашто да не и 30та недела Фала за споделеното искуство. Друго е коа ќе прочиташ некој друг прошол низ истото и има позитивен исход...
Добро што те пратила Афродита, и мене она ме водеше цела бременост. Мислам дека добра опција е тројна терапија, мене ниеднаш не ми ги дадоа така, мислам само менуваа антибиотици, а успехот е многу добар кај тројната како серклаж е а сепак грлото е флексибилно мускул е, ќе се врати на 1.8-2.0 ќе видиш и ќе те пуштат дома ќе мируваш. Само смири се во добри раце си. Да истераш до 30-32 ра одлично све повеќе од тоа е екстра. Многу искуства овде прочитав и таму видов, и во 28-29та со мн добри оценки деца раѓаат и мн помалку ги држат на неонатологија. Јас мн долго слаѓ неистретиран како што треба мн антибиотици, мн терапија / два пати атосибан / многу доктори поминува секој си додаваше терапија на тоа картонот и затоа ми е најмногу тешко, бебе се роди со добра килажа 2 кг ама апгар низок 5/6/6. Секоја вечер кога ја успивам ми доаѓаат све мисли како беше и се молам само да е добра со здравјето и развојот понатака. Мајка е најјака улога во животот, борец и столб на семејството. Биди храбра, ќе се среди, мора бебче да дојде дома со мама ја чека многу љубов Ако треба да останеш малку повеќе за терапија (тројната се дава 7 дена мислам) , многу е тешко те разбирам потполно а сум немала дома дете, ама прифати барем да дојдеш дома на раат и да може да издржиш повеќе.
Одамна Ве следам преплашена како и Вас. Втора бременост, првата сосема уредна. Бо оваа бременост на почетокот полип на грло на матка и хематом крварење секојдневни, терапија утрогестан 2х200. Во трети месец ништо од тоа, се уредно. 18та недела редовна контрола, се уредно грло 41мм, по препорака на докторот прекинувам со утрогестан. 19та недела се јавува крварење темна скоро црна крв, итно на преглед малку внатрешно отворено грло со слуз, грлото исто 41мм ми даваат терапија сумамед. После 5 дена контрола, слузта иште стои грло намалено на 27 и почетен фанрлинг. итно се јавувам на ГАК и таму должината е иста, нареден ден е 26мм. Серклаж поради слузта неможе, дадена терапија една доза сумамед, 2х400 утрогестан, 2х400 магнезиум и навечер 1 вагиналета циклигест. На контролата после скоро недела дена грло 25мм, слузта уште постои, препорака да продолжам со терапија освен сумамед и секоја недела контрола. Во моментов сум 21-4 дена, мирувам постајно, со повремени болки кои од страв незнам дали се нормални. Многу сум исплашена, Ве молам за споделено искуство би ми значело.
Добро фала на прашање, се помирив лежам во болница не мрдам. Примам терапии и се молам да делуваат да се исчисти тој слаџот. Незнам кога пак би ме гледале на ехо. Докторот не е загрижен вика ова е сто посто успешна терапија 10 дена се прима. Ќе си лежиш вика до 9ти... Да боже да е така само да се исчисти слаџот ... Прочитај го моето искуство погоре. Слична ситуација. Тој слаџот прави бељи а што е тоа и зашто се дешава уште никој незнае. Јас прошлата бременост го имав исто. И да пиев сумамед 7 дена се намали но не се исчисти. За една недела пак сумамед 1 грам 7 дена и се исчисти ама више бељата беше направена скратено грло па си лежев до од 5ти до 9ти месец ама истерав супер родив живо здраво девојче во 39та недела. Втор пат поминувам низ истото.Овој пат прво ми дадоа Панцеф 10 дена и не помогна грло скратено и Моментално сум хоспитализирана со тројна антибиотска терапија , се надевам да го исчисти слаџот. Пак грло 1 цм, слаџ и фанелинг.
Утре сум на контрола ќе видам каква ќе е ситуацијата и ќе барам антибиотик пак. Јас само две дози и тоа со прекинод една до друга испив сумамед. Да сме само добро ❤️
Дај боже да се средило, ти држам среќа Мене тогаш Др.Елена (во пензија е сега)од Ремедика ми даде 7 дена 1 грам за слаџот. Ми беше страв од големата доза ама она кажа само тоа го чисти според некои нз какви истражувања.И знам неколку членки од форумот што ја примаа истата терапија и била успешна. Овој пат ми даде др.Ќаев Панцеф, Др.Афродита се согласи и земав тоа и ете,неуспешно. А си мислев да земам сумамед ама ајде неможе на своја рака. Не сум доктор. Сега сум на тројна антибиотска, се надевам да биде успешна терапијата.
Со толку терапија сигурно ќе се исчисти, а особено што и докторот е позитивен. Ќе си се тешиме и ќе се молиме, сигурно ќе сме добро, ќе се родат бебушки кога треба, а не порано