Бев рече исто е, но на извештајот стои дека е 24мм, а не 25 мм. Сеуште постои некој крвен чеп, но нема фанелинг бар не пишува. Докторот не изгледаше загрижено. Ми рече да продолжам со утрогестан, магнезиум и циклогест и мирување, а контрола наредна среда. Имам јас некои болки повремени во вагина незнам дали се нормални. Сеуште не сум мирна. Како си ти?
Супер, тоа се добри вести, милиметар ,два,три не е некоја разлика. Супер е што нема фанелинг. Само продолжи така се ќе биде ок. Јас добра сум, повремени стврднувања имам на стомакот ама ништо страшно.Примам терапија денеска 5ти ден и одвај чекам контролно ехо да видиме како стојат работите. 24+6 сум. Се надевам да остане све така да стигнам барем прво 28ма недела.
Терапијата ќе те среди, можда пофино таму колку и да е тешко бар под надзор си. Ќе истуркаш со сигурност и мојата цел е 28ма, а уште подобро 30та да издржиме. Јас сум од утре 22ра. Имам уште доста недели неизвесни, страв ме фаќа ама ќе се тешиме. Стануваш до тоалет или воопшто не стануваш?
До тоалет и назад. Пијам многу течности и инфузија тече цело време па стално идам до тоалет. Тешко е ова лежењево ама мора да издржиме. Многу се надевам да се стабилизира све и да ме пуштат па ќе си лежам дома.
Многу е тешко лежењето да, јас трета недела лежам. Среќа детето ми е 7 години и може само да си земе што му треба, ама и помош имам. Мораме да сме силни, психички да издржиме. Ќе се среди се после терапијата, полесно ќе ти е дома што бар детето ќе си го гледаш ❤️
Ме пуштија денеска. Терапија кларитромицин уште 5 дена и сумамед 3 дена. Таму 3 вида антибиотици 5 дена, пред да идам 10 дена Панцеф. Се отрув , страв ми е за бебето се надевам ќе биде све во ред. Инаку грло ми се зголемило од 1 цм на 2.5 цм. Слаџ сега не видоа, а фанелингот уште си стои... Незнам више кого да верувам и што да правам. Во болница како што кажа Лејди на секоја визита различни доктори и сите различни терапии кажуваат, дури како намерно да се контраат еден со друг . Така да Господ нека не чува незнам што да кажам друго..
бравоооо, ептен се радувам дека е се како треба не добро, туку одличнооо. Бебе ќе е добро, не мисли негативно. Сега мирување од дома и Господ да не чува
Здраво девојки, 33+3 г.н сум. веке некое време имав мендтруални болки и грчеви и пред 3 дена одлучив да отидам на лекар и ми измерија скратен цервикс 22мм ми дадоа одма инекции за зеење и ме хоспитализираа 2 дена примав инфузија за да се сопрат контракциите. Вчера ме пуштија дома и ми дадоа вагиналети утрогестан за 5 дена за да влезам во 34 недела и после 34 недела ми рекоа дека и да дојде до порагај дека веке не соречуваат, као безбедно било па сакав да ве прашам дали има некоја со вакво искуство, бебето е сега 2 кг и многу се плашам дали ке се породам предвремено( инаку не ми препорачаа никакво мирување што ми чудно)
Не се плаши воопшто. 22мм и не е така страшно за 33 недела. Дуеи и да дојде до пораѓај бебето ќе е супер. Јас сум 22 недела со грло од 24мм.
35+2, цервикс ми измерија 2,7. Нормално ли е? Исто имам чести бракстон хикс контракции, не ми дадоа никаква терапија ни препорака за мирување
Супер е. Мене веќе од 35 недела не ми ни мереа грло. Контракции имав и имам сеуште, не е страшно, матката се спрема. За недела дена ти би почнала и со цтг. Така да, не се плаши воопшто Уште малку останува.
Епа воопшто немаш простор за паника Те следат, а и во скроз безбедни недели си. Само со лесно да е кај сите
Девојки дали вакви протоци водат кон предвремено пораѓање? 35+2 денес. Едно не ми се верува дека стигнав до овде и многу се радувам, ама имам и голем страв од царскиот. Помагајте