Последно купив во Дна Ани фарм во Хром ( сигурно истите и во капитол имаат) , имам купувано и во Данеа фарм во Ремедика, мислам може било која аптека да ти го нарача од веледрогерија.
Здраво на сите. Дали некоја од вас се соочила со тоа да биде отворена во 21 недела и што и сугерирале во случајот?
Со лесно нека ти е . Немам такво искуство но ти посакувам да помине се во најдобар ред. Што велат докторите?
Здраво Буби, јас бев исто ама 31ва и 3прсти отворена , ама претходно лежев од 26та и примав терапија.Ако прв пат примаш терапија сега, зреење, и нема контракции. Со мирување може да издржиш долго. Дај боже да е така. Имаше девојче од 21ва лежела отворена беше 29та више кога се породив и ми раскажуваше. И првиот пат кога бев ја сретнав и после остана после мене.Прва бременост и беше и мене исто. Така да мн е тешко да се лежи, ама ако тоа е патот за да биде успешна бременоста ќе се идржи.Биди јака Јас примав магнезиум, антибиотик, кортико и атосибан.
Мене ми се случи пред 5 години од 20та недела бев 2 прста отворена и со 10мм грло.. со строго лежење стигнав до 35та. Лежев и некоја недела во државна ми дадоа се што е потребно зреење итн. Смирено и среќно.
Здраво, Во петокот ми беше измерен цервикс 23мм со ЦРП покачено. Докторот ми препиша: Цикловер 2х1, Полигинакс 1х1, 6 дена Сумамед по едно апче на ден, 6 дена Лекоклар 2х1 Магнезиум 400 мг 2х1 Три дена бев на строго мирување, станување само за јадење и тоалет. Бидејќи вчера имав упат на ГАК таму ми измерија 27мм цервикс,веќе сум 21 недела, со препорака да се продолжи со терапија и да се испитаат брисеви и уринокултура. Прашав за серклаж но од ГАК ми рекоа дека нема потреба сега, ако се намали повторно тогаш може. Дали на некоја од вас се покачил серклажот за толку кратко, и доколку имам инфекција има ли шанса со терапија да се зголеми серклажот? Благодарам
Ако имаш инфекција најдобро е да не се става серклаж.И да сакаш да ти стават мора прво да се прима антибиотик за да се расчисти инфекцијата.Без серклаж и со терапија може да се одржува грлото и со строго мирување.Кај мене беше серклаж 16 недела ставен поради некомпетентно грло на матката.Брисеви и уринокултура на 2 недели правев чисти беа и пак од тежината на плодот грлото се скратуваше и се породив 26 недела.Кај мене со серклажот се качи во 19 недела 34мм ама веќе во 24 недела беше 20мм.
Dali se bese vo red so bebeto? Mene maticniot dosta me isplasi, mi rece so toj cerviks nema da go donosam bebeto. Dodeka od GAK voopsto ne dobiv takvi reakcii, ke prodolzam so miruvanje sekako pa na naredna kontrola se nadevam deka ne e uste skrateno.
Здраво. Во 20та недела ми беше измерен цервикс од 24мм. Без дерклаж со терапија и лежење се зголеми постепено на 38мм. Не прават серклаж на цервикс поголем од 25мм. Мене не ми направија и ради крварење. Матичниот исто беше исплашен ми рече ќе се продиш за двњ недели ама еве од утре 36та сум фала му на Бога. Те молам само станување до тоалет и ќе се среди се.
Само мирување, лежи, немој да седеш. Јадење во кревет и станувај до тоалет само. Ќе изгураш до крај, Господ е со тебе и со сите што сме поминале низ ова. Верувај!
Инаку прават серклаж и на подолго грло ако е некомпетентно. Лично јас имав должина на цервиксот, но беше омекнато грлото и имав како мало вклинување. Така да не е пресудна должината, може да ја качиш, може и грешка при мерење да се направи. Би ти препорачала ферона да земеш.
Да бебето беше добро само мораше во инкубатор остана на ОИНТ 68 дена. Мораш да мируваш строго ,напрај брисеви и уринокултура за ако има онфекција да се спречи.
Здраво, повторно јас Денеска матичниот гинеколог ми рече освен вагиналети Циклогест од 400 мг 2х1, да пијам и таблети Утрогестан од 200 мг 2х1. Дали некоја од вас ги користела и двете во исто време? Бидејќи како што читав коментари од поодамна на форумот користени се или едните или другите.
Здраво. Јас ги користев двете истовремено. Утрогестан пиев 2х200мх, а навечер ставав вагиналета циклогест 400мг.