Можно предвремено породување

Дискусија во 'Бременост' започната од zanusi, 7 октомври 2014.

  1. Buca_91

    Buca_91 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2025
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Фала на одговорот,мм вика да почекаме до среда кога сум кај матичниот на контрола и брисеви,како И да е покриена сум со терапија и лежам буквално цело време,и од тоа да одам со кола натака навака малце страв ме фаќа.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Pearl44

    Pearl44 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2021
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Земи магнезиум бистлицинат на now можеш и по 3-4 на ден да пиеш од нив. Обавезно но-спа јас ги најдов во ани фарм во Капитол ама беа дефицитарни, најдобро да се јавиш на телефон и да прашаш. Исто така токорелакс по едно на ден. Обавезно мирување, лежење на страна, станување само за до тоалет, ако осетиш почести контракции обавезно да одиш на лекар, ќе ти дадат венски магнезиум и ќе те смират.
    Јас исто како тебе со првото сум предвреме породена, сега до второто издржав до 35та недела со комплетна терапија строго мирување и пратење на 1 до 2 недели кај добар доктор. И јас би ти препорачала да одиш кај Симонида.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Buca_91

    Buca_91 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2025
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Фала на одговорот,утре сум на контрола кај матичниот ке видиме дали има подобрување ,како и да ке појдам на уште едно мислење само да видам утре како ке поминам,за Ремедика сите викаат кој доктор и да го одбереш сите се добри,иначе магнезиум пијам 3 ×400,а тие но спа и токорелакс не ми ги спомнал матичниот дали може да си ги земам на своја рака без рецепта,а за мирување не сум станата од кревет буквално само со тоалет
     
  4. *Снегулка*

    *Снегулка* Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Здраво, на 18+6 е измерен цервикс 24мм со присуство на слаџ , по терапија и следење, на 22+5 ми е препишано антибиотик поради присуство на инфекција, грлото на матката сеуште е 24мм.Поради немање прогрес и ефект на антибиотикот,на 25+1 сум примена на патолошка и дадена е тројна антибиотска терапија, две се примаат венски една орално.Лежев 5 дена и по терапијата е направен преглед на 25+5 со измерен цервикс 20мм. Дома сум со строго лежење, станувам само за тоалет.Денес повторно бев на контрола 26+5, слаџот полека се чисти но цервиксот е мек и се намалува 17.3мм.
    Во петок ќе лежам повторно на гак и ќе ме боцкаат со инекции за зреење.
    Сакав да ве прашам сите вас мајки со ваков проблем како се носите со целата ситуација? Јас многу тешко поминувам, имам преголем страв бидејќи ми е прво бебе, цело време сум под стрес и нон стоп се расплакувам.
    Ви благодарам на сите што ќе одвоите време да прочитате и да ми одговорите
     
  5. New123

    New123 Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2025
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    На мене во 20та недела ми беше измерен цервикс од 23мм. Микробиолошките брисеви беа чисти но имав уринарна инфекција Enterococcus faecalis. Ми препишаа антибиотик за инфекцијата.
    Од почеток примам терапија за цервиксот:
    Циклогест вагиналети 2х1
    Утрогестан таблети 2х1
    Магнезиум глиценат 2х400 мг
    Витамин Д
    Фемибион 2.
    Наредната недела влегувам во 34та недела, до сега цервиксот се движи од 23 до 27мм. Но да напоменам дека цело време сум во кревет, станување за тоалет и туширање.
    Немој да се нервираш, стресот прави само полошо. И на мене ми е ова прва бременост,и јас бев на почетокот многу исплашена но верувај Господ помага во овие ситуации. Само смирено и ќе стигнеш до побезбедна недела.
     
    На *Снегулка*, Pearl44 и AniSk им се допаѓа ова.
  6. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    955
    Пол:
    Женски
    Знам дека е стресно го поминав тоа ама мораш малце позитивно да мислиш,знам тешко е ама ќе биде се во ред.Гледај да лежиш повеќе .Моја препорака инсистирај за инекции за зреење.Јас ги примив во 25 недела кога грло беше 20мм.Јас бев со вагинален серклаж ,грлото не се кратеше од инфекции кај мене дијагнозата е некомпетентен цервих.Се породив 26 недела и 2 дена бебка беше 68 дена на интезивна,ама еве сега се гушкаме секој ден:l:.Затоа ајде мисли позитивно мора да издржиш,да бидеш силна за бебка .
     
    На Peperutce6, *Снегулка*, Anie93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Buca_91

    Buca_91 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2025
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Мене ми е скратен цервиксот од 25 недела имам и фанелинг,од тогаш сум со лежење ,сега сум 28 недела флостерон примив,кај мене брисеви уринокултура се ми е ок,второто детенце ми е предвреме родено исто бев со скратен цервикс и отворена 5 см од 30/31 недела па со мирување издржав и до 34 Недела и најверојатно ми е таков цервиксот,само строго мирување,тешко е се нервираш ама мора да издржиш,да мислиш позитивно и се ке биде во ред.
     
    На *Снегулка* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    3.636
    Пол:
    Женски
    Колку и да ти кажеме помалку стрес, не е возможно .
    Се породив 29 недела , беба беше 27 недела според мерките на ехо.
    Лежев прво три дена на патолошка со цервикс 22мм и плус серклаж , за една недела се намали на 19мм па на 11мм и на крај ми пукна водењакот .
    Бебето ми беше 54 дена на интензивна во ГАК и еве ја дома ужива сега.
    Од кревет не станувај , пиј терапија и побарај побрзо да те здрееат .
    Се водев со оваа мисла , ако има век ќе има и лек .
    Среќно :l:
     
    На *Снегулка* и Anie93 им се допаѓа ова.
  9. Maricheee

    Maricheee Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Извини што се убацувам
    Правев и јас брисеви ми искочи ентерококус. Дали ти се среди со терапија и кој ангибиотик го пиеше?
     
  10. New123

    New123 Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2025
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Пиев амоксиклав, и секоја вечер чај од брусница. Слаба инфекција сум имала па не ја проверија повторно дали е излечена или не.
     
    На Maricheee му/ѝ се допаѓа ова.
  11. *Снегулка*

    *Снегулка* Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам многу, се надевам ќе дотраеме до некоја поголема недела. :l:
    Сакав да прашам и дали се боцкавте со кетонали? Мене докторката ми рече поради тоа што лежам дека најверојатно ќе треба ама да видиме прво резултати од д-димери.
     
  12. Maricheee

    Maricheee Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Мислиш клексани?
     
  13. *Снегулка*

    *Снегулка* Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Да да, од еден куп лекови што пијам џорба ми е мозоков хах
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Aleksandra321

    Aleksandra321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Zdravo, se porodiv predvreme so prvoto dete vo 33 nedela zaradi skraten cerviks. Sakam da si napravam nekoi ispituvanja vo plan mi e vtoro dete ali od strah da ne zavrsam pak isto. Osven brisovi pap testovi kaj maticen ginekolog, sto uste da ispitam.
     
  15. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Женски
    Втората бременост ќе ти ја водат како високоризична, најдобро кај специјалист, не само кај матичниот гинеколог. Клучна одлука ќе биде дали да бидеш со серклаж, како превентива, а зависи од претходната историја. Евалуација на должина на цервикс пред бременост.
    Без разлика дали без или со серклаж, најбитно е да биде се чисто пред и во бременост, без инфекции и бактерии.
    Дали знаете што е причината што си се породила предвреме, имаше бактерија, слаџ нешто детектирано? Што ти кажаа докторите?
    Работеше ли претходната бременост или мируваше - во следнава веројатно би биле на боледување.
     
  16. *Снегулка*

    *Снегулка* Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Здраво, во понеделник ќе одам на клиника да ме боцкаат со инекции за зреење, тогаш ќе сум 28+1. Дали знаете колку инекции се примаат и после колку време имаат дејство? Исто ме интересира дали прават некакви испитувања пред боцкањето?
     
  17. Buca_91

    Buca_91 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2025
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Јас ги примив минатата недела,две инекции се во два дена,значи примаш една и втората за 24 часа од првата,испитувања претоа мене не ми правеа и мислам дека после 24 часа имаат дејство.Исто да знаеш да не се плашиш бебето може по успано ке биде и нема да го осеќаш мн неколку дена ,тоа е нормално мене докторката одма ми кажа за да сум знаела.
     
    На *Снегулка* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. *Снегулка*

    *Снегулка* Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу!
     
    На Buca_91 му/ѝ се допаѓа ова.