1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можно предвремено породување

Дискусија во 'Бременост' започната од zanusi, 7 октомври 2014.

  1. Buca_91

    Buca_91 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2025
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Јас бидејќи сум со ризик за предвремено породување,ама има и шанси да издржам да влезам во 9ти докторката ми рече доколку дојде до тоа да треба за неколку дена да се породиш а не си влезена во 9ти тогаш ке те боцнеме пак,( и јас ги примив 28 недела) иначе јас ги примив во Ремедика,таму не лежев само отидов, ме боцна сестрата и одма си дојдов.
     
    На *Снегулка* му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    337
    Пол:
    Женски
    Најголем ефект имаат првите 14 дена, по потреба се примаат повторно. Јас во Систина ги примав инјекциите ама одев само за боцкање, не останував во болница.
     
    На *Снегулка* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. *Снегулка*

    *Снегулка* Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Јас на клиника бев со лежење за првите две дози,ми правеа крвна слика после првата доза и после секое боцкање ми правеа цтг, ми рекоа да лежам таму за да ме следат да видат реакција од инекциите. Не знаев дека имаат одредено временско дејство затоа ме збуни др кога рече пак да ме боцкаат 2 недели по првичното боцкање. Најверојатно се сомнева дека мн брзо би се породила а сум порана недела па затоа ќе ме боцкаат повторно. Фала ви на инфоо :l:
     
  4. Buca_91

    Buca_91 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2025
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Здраво пак јас,со скратеново грло некако терам,вчера на контрола ми беше 20мм,влегов во 32 недела,ама имам гестациски дијабет и покачени дд-димери,примам клексани,на контрола вчера на гак докторкава вика постелката некако не била добра,ке видиме наредна недела да примам 2ро зреење и да ме породат после тоа за некој ден,бебе беше 1815, и некако се плашам се надевам ке направи бар 2кг,некако се беше ок освен грлово сега при крај испадна ова,ако има некоја искуство мн би ми значело,цело време само тоа мислам дали ке биде ок и само повеќе се стресирам.
     
  5. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.479
    Допаѓања:
    19.376
    Оди си на уште 1-2 мислења за постелката и сето ова што го кажуваш. Не се ослонувам на еден доктор. Иако ако таа те пораѓа нема што други да бараш, ама за ти да си мирна..
     
    На Buca_91 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Buca_91

    Buca_91 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2025
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Јас на клиника бев зашто матичната ме прати заради намалена плодова вода,на Гак ме гледаше Ливринова,и ми кажа дека имам доволно плодова вода,ама па покачени дд-димери,и постелката не ми била најдобра,а матичната не ми кажа ништо за постелката,и за грлото во рок од два дена двете мн различно ми го измерија.Иначе неколку пати бев и кај Адамовска во Ремедика,ама и за Ливринова читав дека е мн стручна докторка,а во Ремедика не пораѓаат пред 34 и затоа решив да продолжам кај неа на Гак.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.479
    Допаѓања:
    19.376
    Не знам што да ти кажам, јас би одела уште еднаш во ремедика на друго мислење. Они се доктори најдобро знаат во секој случај
     
    На Buca_91 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. *Снегулка*

    *Снегулка* Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Здраво женски,
    Сакав да ве прашам вие што сте со лежење дали одите на депилација? Јас не смеам да се бричам зашто имам реакција се исфрлам цела.
    Сакам да појдам на депилација ама малку ми е страв да не си направам беља..А мора да си средам нозе и интима барем.