Исто и јас примав зреење две инекции во два дена во 28 недела,во четврток влагам 33 недела и докторката ми рече најверојатно ке те задржиме да го примиш второто зреење,иначе со второто дете,примив зреење 30/31 недела само,не се сеќавам точно пред 9 год беше,а се породив 34та и се беше во ред бебето беше 2080 и не беше во инкубатор.
Moze i ambulantski da ti stavat i da te pustat doma i naredniot den pak da dojdes za inekcija i za ctg, kako ke odluci doktorot.
Јас не примив второ зреење, ама откако изминаа тие 2 недели ме следеа многу почесто. Докторката ми рече ако дојде до породување дека има опција и бебето да прими веднаш по раѓање. Ама за среќа, некако успеав да стигнам до 37+0, па бебето иако имаше помала тежина беше супер и си дишеше самостојно.
Здраво пишав и во друга група но да пишам и тука.. 27 недела сум, прва бременост, цервиксот е скратен на 30 мм и забележан е фјунелинг( претходната контрола беше пред 4 недели и се беше во ред и цервиксот беше 43 мм), докторот предложи наредна недела да примам инекции за зреење на плодот, дали некоја има искуство и примила вакви терапии? Дополнително строго мирување, во која положба е најдобро? Ми препиша токорелакс, магнезиум, пролутекс инекции, утрогестан. Земам и антибиотик заради уринарна инфекција, е.коли. На постелката виде и лакуни, но јас веќе примам клексани поради мутации.. Докторот кажа дека во ваква ситуација можно е предвремено порудување, дали некоја има искуство.. многу се исплашив Дали некоја се породила пред време, дали било се во ред и во која болница?
Само смирено прими инекции за зреење заради доброто на бебето.Јас ги примив во 25 недела поради скратен цервих се породив во 26 недела и 2 дена.Нема некоја реакција од инекциите само не го осеќаш бебето неколку дена послабо е актовно.Кај мене немаше бактериа ама грлото се кратеше а бев со серклаж.Моја препорака оди на Гак барем за бебињата има добра нега.Јас водев во Систина бременост ама самиот док ми кажа оди на гак добра нега за бебињатс има.Кај тебе изгледа е.коли го крати грлото.Пиши слободно ако ти треба нешто.
Каде примаше за зреење? Кога се породи и каде? Дали контракциите ти беа пропратени со како кафеав исцедок?
Здраво, јас 3дена со менструални болки каде 3тиот ден прокрварев со кафеав исцедок и болки како за одење во вц а не можев да излезам. Се упатив во ремедика да ме прегледаат во 32+5 со цервикс 29 и тежина на бебе 1950гр и таму се видоа кафеави лигави парчиња мали. Ми рекоа дека треба да ме задржат најубаво за да ми дадат за зреење, да ме боцнат со пролутекс, да ме следат на цтг и да ми пуштат венска терапија магнезиум која тече 12ч. Со тоа што јас се боцкам со клексан и примам терапија утрогестан. Еве ден потоа гледам пак дека има некое кафеаво лигаво парченце и болки во половина и ниско во стомакот кај јајниците (контракции на цтг не покажува). Инаку сум задржана во ремедика и вечер треба да примам пак доза прогестерон и доза за 2ро зреење. Дали некој отприлика знае колку може да се продолжи времето за бебо да си остане внатре до сигурна недела или нема правило?
Здраво,јас со кратко грло од 18 недела (26мм) со зреење,прогестерон и строго лежење стигнав до 34 недела.Се надевам се ќе е океј, чим си во болнички услови е супер зашто те следат. Со лесно
Јас примав зреење во 28 недела во Ремедика,после почнав да одам на Гак,зашто пред 34 Недела не пораѓаат во Ремедика бар така ми кажа докторката.На ГАК одев секоја недела на контрола и на цтг и не ми дадоа второ зреење затоа што немав болки, а грло си беше цело време околу 17мм, и сметаа дека можам така да терам,уште не сум породена утре влагам во 36 недела,иначе второто детенце ми е родено во 34 Недела со едно зреење во 31 недела каде што се отворив 5см и мислеа дека ке се породам,јас истерав така уште скоро 3 недели до 34, 2080 се роди и фала богу се беше во ред.Иначе од 25 недела сум со скратен цервикс и издржав ама со строго лежење,ако си хоспитализирана мислам дека не треба да се плашиш,ке те следат и ке биде се во ред,сепак 32недела и не е така рано.Со лесно
А каде се породи во 34та недела? Јас еден ден хоспитализација со 2 дози зреење и потоа ќе ме пуштат дома. Е сеа точно е пред 34та не пораѓаат така да и јас ќе морам на гак да продолжам. Кај кој доктор или како ќе ти се погоди? Јас имам болки и кафеав исцедок ама на цтг не покажува контракции и затоа мислат дека може болките и кафеавиот исцедок да се од уринарна инфекција.
Во 34 Недела кога се породив тоа беше пред 9 години на Гак,тогаш отидов во 31 недела со болки ме хоспитализираа,почнав да се отварам,примив зреење лежев околу една недела ама отварањето стагнираше и ме пуштија дома па кога ме фатија болки во 34 Недела отидов ама веќе бев скроз отворена и мн брзо се породив, сега одам кај Весна Ливринова исто на ГАК,отидов кај неа со приоритетен и среќа ме прими,и ме праќаше каде треба дд-димери испитував,крвна слика,на ендокринолог каде имаше потреба таму ме праќаше и после се ми закажуваше кај неа да одам,според мене најубаво да си се распрашаш за докторка некоја постручна на Гак да видиш кога е во амбуланта ,да земеш упат од матичен или бар приоритетен и да си почнеш таму да одиш и таму да те водат,ако идеш на дежурен тогаш кој ке ти се погоди,јас идев Ремедика ама после викам за што одам кога да испадне нешто порано како и да е на ГАК ке морам,јас одам секој четврток на контрола,тогаш е Ливринова во амбуланта и одам со претходниот извештај,така да мое мислење да си појдеш на ГАК.
Majki ve molam ako nekoja imate iskustvo ili vasa bliska licnost, vo situacija na predvremeno poroduvanje dali ste zadovolni od negata na bebeto vo zan mitrev i ako mozebi znaete cena.. ili spodelete iskustvo od drugi bolnici.. jas sum so rizik od predvremeno poroduvanje, skraten cerviks i faneling.. Vi blagodaram na site za spodelenoto iskustvo i za odvoenoto vreme ❤️
Здраво женски, јас се породив денес во 34 недела на гак, бебе ми се роди 1.9кг сега е на топол кревет, успеавме да избегнеме инкубаторче.Од патолошка до овде мора да ги пофалам сите на гак, ептен професионални и ангажирани, хигиена на ниво. Среќна Стара нова година и со лесно на сите идни мајки, Ви посакувам многу здравје, храброст и сила!